Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Колешке мор ^_^ ме израдува мор, реков, реков, реков, реков....што ти реков? :geek:
    Ај колешке да частиш сеа :D едно колаче, мало не барам појке, ајде пуштај жива музика :D
    Ептен ми е мило, со среќа. Знаев, знаев :!: слушај ти дада Ванѓа шо велит :rofl: :wasntme:
    Бреј денов, недела, ама најубава од сите претходно :D
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Оф до последно ништо не се знаеше колешке .Не по едно колаче колешке,по една ваква за сите праќам
    [​IMG]
    А песна ете ви :D.Ајмо живоо,живооо :dance:
    http://www.youtube.com/watch?v=F__uiaNZPe8
     
    На Monna.Monna, kravce, Adi888 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    6.520
    пили со среќе нека ти е.да знаеш колку се израдував за тебе.ептен ми е мило.и да частиш секако.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... 27 часа надвор од Скопје и се вратив целосно ментално рехабилитирана. :)
    Сега ми е сѐ поубаво, посвежо, посјајно, ooooh so shiny and new.
    Сега сум подобра.
    Привидно насмеана и мирна, подготвена да се соочувам со лоши луѓе и нереални предизвици.
    Патот и сонцето, ќебапчињата и палачинките, свирката на другар ми и смеата која се ширеше како невидена зараза, ме потсмирија и го замаскираа делумно фактот дека тој заминува за една недела.
    Не изгледаше како збогување, туку како увертира на уште една другарска авантура која ќе ја делиме, како што правиме со многуте во последниве 12 години дружба.

    А знам дека срцето ќе ми смали колку маково зрнце и ќе се расплачам како детенце кое го разделуваат од најомиленото другарче кога ќе чукне часот за збогување... :(
    Луѓенца, многу ми е тешко.

    Значи самата можна помисла дека другар ми нема да е тука за моите најважни моменти во животот, ме фрла во депресија и неизлечива тага. Одбивам да ги доживеам, ако немам со кого да ги споделам.

    Не знам кој колку го сфаќа ова, ама гледам сѐ кристално јасно... и солзите сами потечуваат.
    http://www.youtube.com/watch?v=nL49yZNE4yk
    Round my hometown
    Memories are fresh
    Round my hometown
    Ooh the people I've met
    Are the wonders of my world

    :(
     
    На bittersweet, kravce, Hipster и 12 други им се допаѓа ова.
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Го знаете чувството кога некој ќе ви каже еејјј ама ти е убаво тебе со ништо не се замараш и се ти е таман а нема поима што ви се случува моментално и низ што поминувате?
    Јас го знам и најискрено мило ми е што делувам така како се да е супер... :!: 8)
    И секогаш ќе кажувам така... - Се е супер ;)
     
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Паметов недај Боже ќе ми штукне од писмениве по мк :@
     
  7. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Стасавте до проклетата Франција! Студирате во еб*ната Франција! Како ќе ми биде вечна мистерија, ама проклето искористете го тоа! Океј, знам, ви недостасува фамилијата, ви недостасуваат бабичка и дедичко, ви недостасува бурекот, ма се` ви недостасува. И погодете што?! Ме заболе! Сте го прифатиле предизвикот, сте ја добиле таа неверојатна шанса, и престанете да кукате затоа што моментално имате, а многу веројатно и во иднина ќе имате многу подобар живот од било кој од нас!

    Имаш 21 година, среди си го животот! „Која година си?“ - „Трета, ама имам останато 2 испити од прва и 5 од втора.“ Абе ајде, ако е за така јас сум апсолвент ама имам останато 6 од трета и 6 од четврта. Или оној другиот, одлучи се друже. Не можеш секоја година нов факултет да запишуваш, знаеш? И цело време бе ти за еден поен не положуваш, се` тебе ти го даваат најтешкиот тест, се` ти си баксузот, се` тебе те имаат професорите на пик, ти, ти и само ТИ. А ти, имаш 29 години човече, престани да дуваш секој ден и уозбили се, не си тинејџер, најди работа, престани да се валкаш во сопствената кал и да излегуваш со 15-годишни.

    За сите нездрави врски, ОЗДРАВЕТЕ. Среќни и насмеани лица гледам однадвор, среќни и насмеани фотографии гледам на фејсбук, а кој да знае каква приказна се крие зад нив? Скарување - смирување, забрани, читање разговори, заеднички профили (врвот на шизофренијата) и што не. А инаку се среќни и заљубени, освен што оваа не смее да излегува со пријателките за викенди, а овој за тоа време се прави дрво во некоја од локалните биртии и потоа го бута јазикот во грло на некоја рендом разголена девојка. АМА ОН МЕ САКА, ЌЕ МЕ ЗЕМЕ. Сигурно драга, сигурно ;) Сум немала многу врски, се бројат на една рака, ама сега сфатив што всушност сум имала. Сум имала злато од дечковци бре луѓе, кај смееше било кој од нив да ми забрани да излегувам, да не ставам вакви или такви статуси, да не одам ваму или онаму? Па јас сум испуштила грст нормални мажи, околу мене гледам само ненормални! Епа после жените биле вакви или онакви, глупи сме, многу е глуп женскиов род, односно поголемиот дел од него, па слободно може да си ги носиме повеќето од доделените епитети.

    И вашите слики од храна, во огледало, од чевли, во кола, во дискотека, сите филозофии и демагогии - не ме засегаат! Уште малку ќе ми порасна к*р за да ме заболе! Ве молам, не го силувајте мојот фејсбук ѕид! Лошиот дел е што сите пријатели ми се и познаници, што ќе беше ако имав пријатели што не ни ги познавав?! Како преживуваат луѓето со 1000+ пријатели на фејсбук без да им се повраќа on daily basis?! Секоја им чест!

    Луѓето мора да пораснат. Мора да ги прифатат одговорностите. Немаме веќе по 15, што правиме денес, влијае на утре, еб*но размислувајте за своите постапки и еб*но не плачете откако ќе ја за*бете работата. Не покажувајте со прсти, виновни сте, лично и персонално, ВИЕ! За се` што ви се случува или не ви се случува, односно дозволувате да ви се случува или не, вие сте одговорните. Пријателите, љубовта, работата, успехот, не се работи кои паѓаат од небо. Можеби на некои им се посреќило и коцките им се наредени, макар што некој друг им ги наредил, ама ете, тоа не сте вие, па прифатете ја реалноста и мрднете ги газовите! Џизс!

    http://www.youtube.com/watch?v=uP9rAQLAKLk
    Една за да се смирам...
     
    На Chica.Loca, SparkyAngel, Monna.Monna и 25 други им се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.571
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Или честиткиииииииииииииии, многу ме израдува, бидете секогаш среќни и заљубени :inlove: , цел живот да ви биде исполнет со слога, почит и разбирање :* :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • 103.jpg
      103.jpg
      Големина на фајлот:
      297,2 KB
      Прегледи:
      358
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  9. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Некогаш е потребно да се тргнеш малку од се`, за да видиш кој е подготвен да те следи...
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  10. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Токму она што се обидував да го кажам. Зашто се ми изгледа како само јас да имам сфатено дека за било каква врска дали љубовна, дали пријателска треба труд. Потребна е посветеност и време. Да се разбереме време има за се, работата е во приоритетите.

    И смачено ми е само јас да се трудам околу сите, да гледам да не им повредам чувства, да бидам грижлива, да ја знам хиерархијата на работите, да бидам разумна. Проклето смачено ми е јас да бидам разумната додека другите дивеат околу мене. Кој себичен, кој љубоморен, кој завидлив, кој сака над тебе да биде, смачено ми е да им ги простувам сите каприци.

    Потребно ми е и мене еднаш да полудам, да се оттргнам од сите, па да видам кој, што, како. Ете толку :geek:
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Најпрвин честитки до Илипили, баш ми е мило, да бидите многу среќни заедно :*
    Потоа денеска денов сакам да го пофалам :lol: Многу убав ден. Абе се е поубаво кога ќе има сонце, се изгледа подруго и повесело. Незнам дали денов ми е убав пошто цело време сум со душата моја или пак поради времето. Сепак ептен ги сакам ваквите недели, кога целото семејство се збираме заедно и цел ден го поминуваме во муабет, смеење и разни игри и барем на еден ден забораваме на сите наши грижи и проблеми. Баш сакам секој ден да ми биде како овај. Бакнежи и гушки до сите :* :* :hug:
     
    На ilipili и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам пролет, ја сакам во село. Таму има птици, можеш да ги слушаш и да уживаш. Таму има трева, зеленило, животинчиња, има дрвја кои се радуваат на топлиот ветер и сонцето.

    Воздух од кој те болат градите додека го дишеш, бидејќи е толку чист и здрав, воздух на каков не сме навикнати.
    Таму има стари лица од кои можеш да научиш многу. Таму има мирис на убавини, мирис на природа, мирис на живот.
    Упорно пред да легнам пробувам да го доловам тој момент, тоа чувство.
    Оваа пролет, ќе одвојам барем една недела да го дишам тој воздух, да уживам во сонцето, да ги слушам песните, да газам по тревата, да шетам меѓу дрвјата па последно нека ми биде!
     
    На ilipili, Moira, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Вчера ми се расипаа сите планови,а пак денес беше убаво !
    Си дојдов од надвор,се избањав,научив физика,и сега си слушам музиче..
    Недела како недела,мрзлива и досадна. Музиката ја разведрува.
    http://www.youtube.com/watch?v=XmV1fL7yl_c

    Песничево ме смирува.. :) :inlove:
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Само јас можам да тргнам по леб, а да завршам со купени ББ крем и парфем :rofl: Ама па не сум јас крива кога во Тинексот има и Космо (лажам, крива сум, намерно таму отидов место до маалскиот маркет ]:) ). Самоконтрола ми е непознат поим :D

    Битно за мајка ми го купив најубавиот 8-мо мартовски подарок, кој лани не го доби од мене, бидејќи не можев да си дозволам. Затоа оваа година ќе и` надоместам, па зарем некој го заслужува тоа повеќе од мајка моја? Подарокот ме чинеше прилично многу, и знам дека ќе ми вика зошто сум се трошела и дека не сум требала, да си ги чувам парите за мене, ама пари се за трошење. Мајка е една и единствена и го заслужува најдоброто :)

    На запад ништо ново, освен еден куп новокупени партали :D Па колку се радувам кога ќе си купам нешто ново, па едвај чекам да дојдам дома да си го пробам уште еднаш и да си го исперам, на рака :rofl: Вчера со другарка ми се утепавме од смеење за ова, ама жива вистина е :D

    Не ми замерувајте на површниве муабети, не сум јас толку плитка :D само не ми се прави муабет за сериозни работи, бидејќи вчера се најдов малтене среде инцидентите кои се случуваа во центар и страшно беше :sweat: Затоа сега се опуштам, не сакам да мислам на тоа. Сакам само да си ги исперам новите алишта, да си се избанкам, да си ги излакирам ноктиве и да си запалам миризлива свеќа (која одеше во комплет со парфемот што си го купив, инаку никогаш немаше да ми текне да си запалам).

    Адиос мучачас :D
     
    На bittersweet, marama, Lepaaa и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Она што се случи во Скопје со (си дозволувам да речам) дивјаците, кои во никој случај не ни се браќа, е неподнесливо. Сведоци сме на едно време каде што младите толку се оштетени од власта (ма сите власти кои биле до сега!). На што личи ова? Има села од по 2 милиони жители и не знаат што е неред, а ние држава сме биле, тие од „горе“ дозволуваат да се гори македонското знаме пред нивни очи. За срамота! Сегашноста станува и минато и иднина. Сега она што се прави се запишува како бедно минато, ама и бедна иднина. А сите ние.. гледаме... и толку. Премногу сме тивки. Премногу сме проѕирни. Не сакаме со насилство да се спротивставуваме кон ништо. Се плашиме од револуции. Револуција е поим само во книгите за историја, ништо поврзано со нашето време. Пишуваме и пишуваме, како да сме поети, ама не се тоа дела, тоа се само записи за ова наше време...

    http://www.youtube.com/watch?v=abAOvoCRAZA
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК дека.. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На prettyliar и sweet-star им се допаѓа ова.
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Toлку жени на едно место не може нормално секогаш да функционираат. Get over it.
     
    На Speechless, kravce, sadangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Среќа,е толку мало зборче, кое содржи толку многу чувства. Ние-луѓето, сме сопствените автори на нашата среќа. Ние самите одлучуваме за неа, никој друг. Што ако имаме се, а среќата ја нема? Тогаш сме како без едно крило. Ако ние однапред не одлучиме за нашата среќа, тогаш некој друг ќе си поигра со неа. Ако ние однапред не одлучиме дали ќе бидеме среќни или не, тогаш некој друг ќе биде.
    [​IMG]
     
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.550
    Пол:
    Женски
    9 тулумби во рок од 2 саати. Браво С. браво.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Викендов фино се ослободив од нервозата, се чувствувам како нов човек. По малку изморена, малку поспана, малку заљубена. Вечера и винце, и либето мое. Ме фати за рака, ми рече: "Сакаш да се фатиме?" Го погледнав во очи и се насмеав... Се насмеа и тој... По подолго време бевме важни само јас и тој, постоевме јас и тој. Бевме далеку од сите и далеку од се... Далеку од љубоморните очи и злобните усти... И светот се вртеше околу нас :)
     
    На bittersweet, ilipili, Marjan007 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.