Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Очајно ми е да гледам како мали деца мислат дека се кул со хејтање и објавување цитати и песни од Џамбазов.
    Диши длабоко. Знаете ли за што воопшто е напишана?
    Блуз, зарем!? Muddy Waters ти значи нешто?
    -Така и си мислев.
    Оди слушај Бритни, таман ти е.
    "Статус за ракометот во Македонија, статус за 1ви март, слика од одмор"
    О-чај-но.
     
    На Lepaaa, kravce, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    Или ќе ме биде или не. Одговорот ќе го дознаам наскоро. Само држете ми среќа да го слушнам тоа што го посакувам. :$ :wasntme:
     
    На Lepaaa, kravce, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.458
    Допаѓања:
    17.135
    Неделно пладне, а дома сите на нозе.
    Мајка ми ги среднува дневната, кујната и спалната, јас детската, брат ми и татко ми надвор мијат кола.
    Надвор по комшии сите работат. Кој исто мие кола, кој средува двор, кој едно-кој друго. Абе, милина за очи. Сите весели на ова убавото сонце :sun:
    А уште поубаво кога се расонуваш возејќи ролери по пролетното сонце.
    За момент ќе помилиш дека е лето, дека си слободен, но некој ти го крши филмот и те прашува „Која смена си утре на школо?“. Пу бе, мајката!

    Него, денес сите алишта шо не ми стојат убаво си ги ставив на страна. Прво да ослабнам, па ќе ги носам. Скоро сите омилени маички. Ама ако! Тоа значи дека морам, значи МОРАМ да ослабнам. Од утре ќе се фрлам во акција. Добро, јас од секое утре сум на диета, ама тоа утре уште не е дошло. Ок.

    Друго, и покажувам на мајка ми блогови, кој како носел, каков накит имал шо сликал, што јадел денес, што си купил и тако даље и тако даље. Си мислев дека ќе и се допадне, дека ќе рече интересна работа или нешто слично, ама она само ми врати „Во наше време никој не се фалеше колку пари потрошил за шопинг и што јадел. Не ни ги изнасаше надвор обетките и прстените да ни ги покаже. Не гледавме кој во што е облечен, уште помалку да се фалиме. Вие денес незнаете да живеете!“. Да ви кажам, ме закопа у земја. Колку е само во право со последната реченица. Стварно незнаеме. Не дека не ми се допаѓа тоа водење на блог, ми се допаѓа и те како, него зборувам онака, општо.

    Сега гледам колку пари ќе ни отидат овој период.
    Иде осми март, треба да купуваме поклони за наставнички. Како баш петок се погоди, 5 разни наставнички имаме. На сите ако не повеќе, по една ружа ќе треба да и купиме. Ми текнува лани кога на класната нишо не и купивме. Срамота.
    Иде сликање за табло, па ајде слободни слики да извадеш, па ај поголеми за најблиските, помали за неблиските. Па на сите школски да им разделиш по една, башка други другари и другарки.
    Па последна година, на класната да и се купи поклон, па да се плати во ресторант, па да ми купат алишта. Па треба да си најдам партнер, мајка ми ми рече да почнам да си тражам :rofl:. Не дека ми е нешто посебно за полуматура партнер, него сите ќе влезат со некој во пар, и ја ќе треба сама. Додуше, ќе најдам некој што ќе нема за влегување, ама друго е кога ќе ми купат нешо :rofl:. Сега гледаме машки парфеми/колекции во Авон, и ми вика мама уште сега да обезбедам една за партнерот. Луда жена, еј.

    Имав уште нешто да кажам, ама заборавив шо.
    Во глава преска шо убав текст си направив, а сега колку глупав испадна.

    Утре на школо втора смена, у п.м.
    Сега им текна, кога се разубави времето. Срамота и ова.

    Чаоска. :*
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Adi888 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Прееска, додека се врткав низ собава и додека се мислев што попрво да фатам. Дали да учам, или да ја потсредам собата... Погледнав низ прозорот и видов како неколку девојчиња играа ластик, од друга страна видов едно девојче со јаже. А на трета страна, други играа фудбал. Таква слика, не сум видела, неколку години. Си седнав до прозорот и протумачував која игра ја играат девојчињата со ластикот. Нула еден. И така, ми се исцрта една крива линија на лицето. :)

    И знаете што? Удри гром во коприви! Официјално, ЈАС СУМ КОКА КОЛА! :rofl:
    Добив четворче математика, а за малце петче. Кога видов на што глупост сум згрешила, се лупнав по чело. Погрешно сум го препишала условот на задачата, наместо плус, сум пишала минус. И отишла цела задача-јабана. А бе, чорле едно.. :D

    Друго, што да кажам? И дома ми забранија да пејам. Не им требало пејач. Другарките и они, почнаа да ми вртат очи, затоа што за секој кажан збор, им наоѓав песна. Кооорпичка, кооорпичка.. и да ми е златна, ќе си ја носам. А сада идееееем, што даље од тукааа. Идам да учам, демек. :D
     
    На antonina, Glossy-girl, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Некако кисело ми е на душичкава, а толку торти и родендени имаше викендов. :^)

    Бев кај баба ми, и од тема на тема, од глупост во глупост, паднавме на една тема за тоа како се одгледани денешниве деца... И не знам што ме натера да кажам - Па ете, откако е родена сестра ми, и јас сум препуштена сама на себе, и фино ми е, се навикнав веќе на се' и сум самостојна и не сум отишла по лоши патишта. Очекував дека ќе реагираат бурно, дека ќе негираат, дека ќе има некаква реакција, дека ќе ја одбранат мајка ми, ама не очекував да добијам само едно ,,Знаеме,, и да наведнат глава.

    Ми дојде незгодно, тие се најмалку виновни. :tmi:

    Не знаев дека и другите го гледаат и го гледале тоа што го гледав јас. Да не ме сфатите погрешно, мајка ми ми овозможила многу, благодарна сум, ама... не се сеќавам кога последен пат ме гушнала или ме бакнала. Или ме прашала како сум. Всушност, се сеќавам, пролетта пред да се роди сестра ми. Пред 10 години. Знам дека сум идиотка во однесување на моменти, не искажувам емоции, ама тоа се учи од мали нозе. Не можам јас да се учам на 20 години да гушкам и да ширам љубовини наоколу.

    Ние секој ден муабетиме, ама како да муабетам со странец. Или со некоја тетка во автобус. Кај беше, со кого беше, јадеше ли, како на факултет... А толку многу работи сакам да и кажам. За другарките, колегите, за факултетот, за момакот. За некои мои размислувања и ставови. За секој ми е страв дека ќе ме препознае на форумов, ама она да чита, поима ќе нема која сум. Сакам да и кажувам како што кажувам овде. И еве, да пробам да ја замуабетам, нема време... Да да, ќе ми рече и ќе си испадне. Па сега иде и ми вика, ту, се изнаприкажа со компјутерот. Еми..... што да кажам.

    Дома триста глупости се случиле откако ме немаше, и ништо не разбрав од сето тоа. Немаше ни да дознаам ако сестра ми не пренесува. По телефон се' е сјајно и фино, а со тоа што сега ќе си идам месечно по 2-3 пати на 2 дена, мислам дека уште толку ќе се оддалечиме. Мајки, никогаш немојте да си ги запоставите децата. Јас нејзе не можам да и замерам и да и се налутам, мајка ми е, ме чувала и ме гледала и ме школува, ама нема да го направам ова никогаш на сопствена ќерка.

    Да живеевме во Америка, досега ќе ме испратеа на психијатар. :rofl: А некогаш и јас сама размислувам да почнам да одам, чисто да си доразјаснам некои работи. Немојте да си ги пореметите децата, макар и несакајќи. Ова моево е несакајќи, знам дека е, пак ќе речам, не се лутам на никого, едноставно, морам да искажам што ми лежи. Оти ако не искажам тука, ќе збрлавам со овие мисли во глава. Се' гледаат децата, се' памтам... :|

    Гледам прееска една стара слика од мене, имам 4-5 години. И гледам сенка на тага и страв во очите. Ниедно дете не заслужува да порасне пред време и да има таква сенка во погледот. Мислам дека до ден денес ми се гледа таа сенка во очите, ако сум насмеана поголем дел од времето. Затоа и не и се лутам на мајка ми, барем сестра ми може да каже дека нема нешто такво. Сакам да имам среќни сеќавања, да не ми се плаче кога ќе ми се вратат чувствата на паника дека некој може да ме земе, да не ми се враќа сликата во глава на бушаво девојче со долга коса како клечи мижејќи и си ги затнува ушињата. До ден денес не можам да се присетам зошто ги затнувам ушињата, знам дека сакам да се исклучам од светот, ама ете.

    Некој ден ќе ги седнам, сите, до еден. И има да ми објаснат и што и како и зошто. Не е фер спрема мене. Нема да можам да го пуштам минатото никогаш, секогаш ќе влечам некои стравови од напуштања и ќе имам мала паника кога насабајле излегувам од дома... Не сакам овој товар да го влечам цел живот.

    И сакам него да можам да му ги кажам овие работи, ама не сакам да го теретам уште од сега со моите испади... Ни тоа не е фер. Некој ден, можеби и ќе успее делумно да ме разбере и, се дрзнувам да речам, да ми помогне.
     
    На sweet-cherry, ludoto19, bittersweet и 34 други им се допаѓа ова.
  6. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Оној прекрасен, феноменален филинг кога се ти доаѓа преку стојкото и сфаќаш дека околу тебе шетаат зомбиња. Без никакви чувства, без грам почит и разбирање а за карактерот општо пак да не коментирам.
    На сите си им супер додека се смееш, додека си позитивен - у кратки црти кога поттиснуваш се` во себе и си велиш дека ќе биде подобро. Ама, нели мора секогаш да има ама.. Кога веќе болката и бесот стануваат неподносливи и имаш потреба од разговор или минимално одвоено време за да ти се посвети внимание е тогаш драги мои сите имаат нешто работа.
    И после аа, па ти ништо не спомна. Е а де, а. Акнем ти га ја!

    Хаос ми е последниов период. Невиден хаос.
    Ни сама незнам од каде ја црпам силава за да издржам. Жими се! До него ќе да е. Да немаше некој што ме третира како вистински човек со чувства, сега веќе ќе ми беше журка у некоја ментална установа.
    Се губам на моменти, нормално е. Кој би издржал толку нервози без да пукне.
    Епа работата е што јас не ни пукам! Лошо е само да ми доаѓаат бранови нервоза и да ме стега глава во истата секунда, да ми бие срцево и да припаѓам ама шта чеш.
    Не пука тиквата бре. Јака ќе да е. И ќе остане.. Додека е тој тука да ме исполнува со љубов и убавини нема зашто да пукне. always look on the bright side of life.. tu tu, tu tu tu tu :music:
    Тоа сонце што викаат дека секогаш иде после дождот, ако не запече толку силно што цела ќе бидам жар црвена и нема да можам ни да седам, тешко него.

    Имајте си убава недела и дај боже да немате воопшто нервози.
    И то.
     
    На bittersweet, antonina, Moira и 7 други им се допаѓа ова.
  7. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Ме избива на смеа , а воедно ме иритира кога ќе видам девојчиња од 6то , 7мо па макар и 8мо одделение ставаат статуси за Водка , статуси од типот „Полесно е да се умре“ , па коментираат нешо за девојките што имаат слики на кои се деколтирани.Абе ајде.А најмногу се тапа у недела.Секоја недела ај хејт мандеј , шортест хорор стори.. МАНДЕЈ бе , демек се ненаспиени се а легнуваат у 8ипол...бог да чува.Што ви згрешил понеделникот бе.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Инаку не ќе да е друго него ПМС , ПМС да да да да .Диши длабоко :D оф бре.Не е лесно да си жена. |(
    а да редактирам дека си најдов 200 денари во напуштен мој паричник и летам од среќа сеа :lol:
     
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.190
    Допаѓања:
    8.333
    Кога лошиот ден ти се претвора во редица лоши денови единствено што сакаш се неколку мигови на хедонизам крај познато лице, без компликации и сложени нешта.
    На пораката спремен ли си да оставиш се на 2 дена одговорот беше да.
    За 3 часа одбравме meeting point,направивме договор, резервација и го спакував ранецот.
    Жртвување на доста време во патување, треперење после долга разделеност.
    Не мислев дека некогаш ќе најдам partner in crime што толку добро ќе ме чита.

    Да си дозволиш бегство од реалноста, исклучување телефони, заборавање на обврски, никаква технологија, само ние, во пижами, во бањарки, со вино, храна и табла.
    Бубнување на рамо дур спиеш. Бесценето.

    Толку емоции за толку кратко време се пеколни. Добро се изразувам со зборови, ама кога ќе молкнам значи бура од емоции надоаѓа и никако не научив да ја кријам.
    Наполнивме батерии.
    Кнедла во грлото уште од попладнето, разделбите се толку одвратно нешто. Ама има работи кои не смеат да трпат промени, барем засега.
    Утре ќе се разбудам пак сама, но сакана. И среќна сум, немам никаква идеа што ќе се случува понатаму и немам страв од исходот.

    Ма љубов е кога му недостигал звукот на твојот аларм!
     
    На bittersweet, marama, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Недела ми беше омилен ден од седмицата се додека не ми стана работен! |( Недела е ден за опуштање луѓе не е ден за работење, се знае у недела се седи дома, се оди по гости, се оди на ручек, на Водно, у парк, у кафич... не се дреме на работа у недела па посебно кога е топла и сончева.
    А сабајлето се радував дека беше облачно, сиво и ладно. Си го фатив патот пешки, ролетните на куќите сеуште беа спуштени, само една вредна домаќинка беше станала толку рано и си ја тресеше постелнината низ прозор. Јас поспана, со црвен нос и намќорест поглед среде таа тишина, сите сеуште спиеа додека мојата флекница од чизмата водеше љубов со асфалтот. Гриз од јаболко, болка во непце и некое задоволство дека и денешниот ден ќе биде тмурен додека сум на работа, и како за инает пукна сонце веднаш штом стигнав, и за инает се повлече кога излегов од работа.
    Сакам слободна недела, во недела не терба да работи ништо, ни продавница, ни кафич ни ресторан бе ете, нека биде и така, никој нека не работи у недела!!!
     
    На ludoto19, bittersweet, Lepaaa и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Која сум јас? Зошто се однесувам вака? Што не е во ред со мене :(
    Не сум ваква јас, не сум не грижлива, не сум дрска, не сум непристојна... Периодов се изненадувам самата себе со своето однесување, се фаќам како после секој кажан збор размислувам, дали тоа го кажав од срце, или од инает што се трудам да бидам некоја што не сум :^)
    Почнав да се однесувам онака како што одсекогаш мразев, лута сум и се однесувам ладно дури и кон моите најблиски... Никогаш претходно не сум и викнала на мајка ми, ама ете денес и тоа се случи :tmi: и откако таа ја напушти мојата соба со солзи, ми доаѓаше да си врзам еден шамар за никогаш да не ми текне такво нешто повторно да направам :envy:

    Мразам кога луѓето одлучуваат наместо мене, и мразам кога нешто не ми оди според планот, а периодов е таков ништо, ама баш ништо не ми оди од рака....

    До кога вака? До кога :doh:
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    СДК Фемина наместо да биде убаво место за дружење,стана опасно место за виртуелни кавги и беспотребни препирки...уште полошо е што жениве своето драгоцено време си го трошат на такви работи.

    СДК мразам кога куќава ми личи на автобуска станица,а јас изигрувам кенлерка.Од Бога дадени толку денови баш денес поминаа преку 20 души .Господе [​IMG]

    И страшно ме нервира што само во недела е ефтина струја .На машинава душата и ја извадив,ќе побегне сиротата од мене ,ама не ,не дозволувам јас.Има да седнам на неа па нека мрдне ако може .

    ....ми кажа дека само јас сум мир за неговата душа....[​IMG]

    Сега се прашувам дали да гледам филм или да читам [​IMG]
     
    На teddybear, Monna.Monna, Serafima и 17 други им се допаѓа ова.
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ви се случило некоја песна да ја слушате на рипит,со недели и недели,а никој да нема појма за тоа !?
    На никој не сте кажале дека премногу ја сакате,и не можете да и се изнаслушате.
    И сосем случајно бендот во ноќниот клуб почнува да ја свири,а никогаш не ја свиреле претходно.
    Чуството е прајслес !
    Посакав да го земам микрофонот,и да ја испеам онака од срце,од душа.
    Овер енд овер агејн
    http://www.youtube.com/watch?v=MWqefennouo -те сакам песно !

    пс:ми се повраќа од недела :puke:
     
    На Sunchild, Miss.Ricci и NoellePage им се допаѓа ова.
  13. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Зошто толку негативна енергија кај луѓево?
    Зошто се сите толку кавгаџиски настроени?
    Како да имаат 100 животи, па овој го намениле за кавгаџиски активности :(
    Зарем вреди да си ја труете душичката со безпотребни работи?
    Смеете се луѓе, животот е само еден :*
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Недела.Навечер.Имам потреба да пишувам,да се испразнам да кажам многу работи.Овој пост ке биде долг.
    Чувставата ми се измешани.Еден момент сакам едно,друг момент друго.Незнам што всушност сакам,ама знам дека не сакам разделби.Од тоа многу се плашам.Ама,викаат една врата се затвора додека друга се отвара.И точно е.
    Никогаш не сум ни во сон помислила дека на овие години ке се расправам со вакви работи.

    Веке си направив план за утре.Прво ке отидам до библиотека па потоа ке одам ке си купам монистри за да си направам алки.Незнам.Ама ке се обидам,нешто што се сака се може.Изработката на наќит и одењето во библиотека е само глупав изговор да заборавам на тоа што се случи во петокот.А дали ке успее ке видиме.

    А брат ми си го користам како играчка.За жал.Во сабота прво ке одиме во зоо,па негде на јадење и нормално јас ке платам од парите што ке ми ги даваат мама и тато за во школо.Кога немам со кој со брат ми иако е 5 год. помал.Немам кого па него го најдов.Мислам дека се чуствувам како неизживеана,дека плачам по нечие внимание.А со другарка ми и мајка ми и мајка и во недела на Водно,ако е убаво времето,ако не во театар/кино било што.И сето тоа е е глупаво.

    Многу ме нервираат другарките ги мразам.Неможеле имаат за учење.Какво учење какви бакрачи нека излезат надвор животот е прекрасен.И затоа сега сватив дека јас него не го сакам туку го сакам неговото внимание.Кога и да му се јавив за 5 минути доаѓаше и одевме кај сакам и тоа со часови.Уживав.А сега го изгубив и него и неговото внимание.И сега ке чекам на другарките само за викенд бидејки не се во школо.Косава ми се крева кога ке ми текне.
    Треба да се учи не дека не,ама и треба да се живее.Незнам како не разбираат луѓево.

    ..И за вечерва толку....многу ми се спие неможам повеке.

    Ви посакувам успешна работна недела.
    Добра ноќ. :)
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Зошто паметот не те измачува пред да згрешиш, него те јаде жив откако ќе погрешиш?

    Ете на пример, да функционира на тој начин што маста ќе ти ја изваде пред да постапиш погрешно за да го направиш вистинскиот избор. Ама нееее, упорно се чека тој момент кога ќе направиш грешка за секунда после тоа совеста да те изеде жив.

    И зошто на пример, еве, пред да се одлучам да јадам благо (во големи количини) после полноќ, не се убедам себе си дека не е убаво, нит здраво, туку откако ќе го наполнам мешето до максимум сфаќам дека е грешка?! :doh: Ми се лоши...ау..
     
    На Serafima, kravce и anichka94 им се допаѓа ова.
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.221
    Пол:
    Женски
    Ме расплачи и ме наежи ;( :) :*
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  17. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    :inlove: Сакам да кажам дека ЈА САКАМ, ЈА САКАМ, ЈА САКАМ... најмногу од се мојата вкука која има само еден месец ... СОНЦЕ НА ТЕТА :inlove:
     
    На Lepaaa и kravce им се допаѓа ова.
  18. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Бла бла бла.. одам само рефреш на форумов на секоја минута и се едно исто, најјактивна тема " За форумцките работи... " аман а толку чекам да ми врати некој во темата Пудра за лице :sweat: ..........


    :headbang: :headbang: :envy:
     
  19. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека комшиите не ми се нормални во 1 саат излегле надвор и се караат абе докај мене се слушаат се ис ешто има по светов па и луди комшии како мојте.
     
  20. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Долг денот денес...ден година :) Цел ден навор поминат, тек сега се вратив и со душа чекав да го видам креветот, како да ми се смееше пред 5 минути.
    Топол ден денес, ама од сонцето не С не видов и осетив, од прозор си го гледав, додека си пушев цигарче :) И ги гледав паревите како си се шеткаат фатени за рака, му се радуваат на сонцето, ама штета, на мојот сакан никогаш нема да му текне пешки да оде некаде, така да тоа шеткање фатени за рака на топлото пролетно време ми паѓа у вода. Доволно ми било навечер преку прозор шо сум ги гледала ѕвездите и тоа гола :lol: Е добро, ама нешто ретко ги има ѕвездите ова време :D
    Сакав да кажам, подлоста и бесрамноста на луѓето нема граници, а длабоко верував дека има бе, неќев да прифатам дека луѓето с толку бесрамни и дволични и лицемерни. Скришно денес ме викнаа на разговор, за да ме "замолат" да не го подржам мојот сакан, да подржам друг кандидат за советничко место. Абе немој молим те. Против услуга у првите 3 месеци од новата владеачка гарнитура у градот работно место со висока плата. Де бе ај. Абе со кој памет му беше тоа. :?: Не, не ми треба сеа за сеа работно место, не ми треба висока плата сеа за сеа, а да не гласам за дечко ми да биде на таа советничка листа и да гласам за дуг е бесрамно. И да, безрезервно ќе го подржувам шо и да одлуче за тоа шо со него си ја кројам секој ден иднината, за тоа шо со него сум и коа сум среќна и коа плачам и за тоа шо он ми помага коа ми треба, а не со другите таму.
    Е така. Јас излегов поштена и со крената глава од канцеларијата а на другите иако не му беше срам да излезат, беа со наведнати глави
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.