Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.063
    Пол:
    Женски
    сдк дека многу мразам кога ми доаѓа менструација,проклето ме боли
     
    На srcekrsacka и homealone им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Почнувам да пишувам збор два во темава, ама се предомислувам и бришам.
    Зјапам во белиов простор и иако имам многу што да кажам, како да не можам сето тоа убаво да го склопам. Во меѓувреме ги прелистувам оние две-три теми кои се активни во моментов и се двоумам дали да се впуштам во целата дискусија. Некако, мислењата се погрешно разбрани, се извитоперуваат нечии зборови и добивам впечаток дека сето ова е дел од играта Расипан телефон.
    А на форумов е толку штуро и пусто во последно време...
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, wendy2, tweety26 и 24 други им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера ептен беше напорно ама херојски издржав и не ми се спиеше :D
    речиси цел ден со активности трчај ко луда-а кога ми пиша претседателот приквечерта а само што завршивме со кимовите дискусија е тоа беше :@ :devil: за срека што не бев далеку па можев брзо да се вратам и како по обичај заглавивме, настана збрка и јас си се прибрав во 12-точно на полнок дома-кој е ко мене :worried:
    отспав, се одморив, и сега пак со обврски-и мои и партиски-периодов, катастрофа
    и да сакав да одам за Охрид нема да можам веке сум ангажирана и планирана за нешто друго :lol: а кога ке се ослободам од сето тоа, си ветив дека ке отидам до маалото каде што живее тој да ги разгледам и запомнам улиците по кои ке треба да се движиме кога ке има материјали за делење-нема да биде тука, ке отиде на протести :D се е испланирано само уште да се исполни :)
    уживајте во прекрасното сонце со запчиња :* :hug:
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    :sun: Нов понеделник, нема лоши вести утринава. Изгледа некој ме послуша и навистина си ги спакува куферите за на плажа. Времево и јас, судени еден за друг. Како батерија, сонцето неизмерна енергија. Си сјаам, одморена, чист офис спремен за новата работна година. Е и да...изгледа и јас ќе одам на море...еден ден еден, јас и море и сонце :geek: прекраснотии.
    Не ми идат нит филозофии нит длабоки мисли, некако сум...хепи :) Ете така, ви испраќам насмевки :)
    И да и кажам на луничка во мај да дојде во Скопје, кога цветот на јапонските цреши веќе паѓа и цела Максим Горки е розева (ќе замижиме на спомениците зад нас :D )
    [​IMG]
    А сега ќе ви се претставам со песната :wasntme: Каааакооо ли јааааааас да пораснаааааам :$
    http://www.youtube.com/watch?v=0bF7f6A_IcQ
     
    На tweety26, bittersweet, teddybear и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас сакам да кажам, да се пофалам, да си објавам, да си најавам, дека сум заљубенаааааааа :D
    Ама сериозно, животот е поубав вака, и прв пат после не знам колку години јас ко тинејџерка си легнав насмеана и не можев да заспијам :rofl: И убаво ми е, се чувствувам слободно, конечно после толку долг период, јас мислам на некој, што е најважно некој нов, различен. И така сега едвај чекам да го видам. И постов ми нема некоја друга подлабока порака или замисла, еве тука завршува.
     
    На sweet-cherry, tweety26, teddybear и 23 други им се допаѓа ова.
  6. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Нов :sun: СОНЧЕВ :sun: ден... Ах, какво чувство :inlove:
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Се разочарав. Не сакам повеќе да сеам семки на форумот. Пред да се одјавам сакам да ви кажам само фала на дружба и останете ми поздравени.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк некогаш се прашувам дали вреди да си упорен за некои работи,ај парите што се потрошиле нема назад,се печалат,но што понатака? Ке дадам уште една шанса,и ке видам,ако биде ок ако не да сум жив и здрав,не вреди да се нервирам кога некои работи не зависат од мене.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    Одговорот не сум можела да го добијам така лесно. Истиот да ти бил фрагментирана порака поделена на сто прераскажани делчиња кои ќе ги примаш у одреден процес. Само знам дека сум мрдната од мртва точка. Дека сум чекор понапред од претходно. Но и дека веќе некои се подготвуваат да ме замразат од дното на душата. Свесна сум дека доколку ги има тие кои сакаат да ме сопнат на патот, истите ќе се со далеку поголема моќ од мене. Се чувствувам како осомничен зад она стаклото од кое не можам да видам кој ме набљудува и што набљудуваат од другата страна.

    Убаво ја замесив погачата, ептен ќе ми биде криво доколку печката ме зафркне кога најмногу ќе ми треба да не ме зафркне. Треба да се подготвам на интриги, скришни потези и ножеви зад грб и фер плеј на ниво на Величенствениот. Толку сум возбудена, почна да ми тече крв од носот.

    Теси :симавадвашамари: прибери се жено! За џабе ли гледаше Суљо, за џабе ли ти се погодија ем пист снаа ем пист золва? Наврати се на научениот материјал. Ајде, полека...размисли трезвено...диши...
     
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Се случуваат паралели.

    Никогаш не се допираат. А се гледаат. Живот. Подинамичен од сега, амин. Треба да размислувам каде да го натрупам остатокот од одморот. Да резервирам карта за Белград. Да не кенкам. Да кренам глава високо пред животот и предизвиците. Да се напијам чаша вино во име на Љубовта. И сето тоа да помине без ниедна дамка на чело, на блуза, на срце. Како? Како да пораснеш без да те заболат крилјата? Сите промени во рок од неполн месец ме тераат да мислам дека сами себеси сме си најголеми непријатели.
    И пријатели. Некаде измеѓу лежи оптимизмот и се чуди што да направи попрво.
    Со него се чудиме што ќе правиме. Летово е одлучувачко. To be or not to love не ми е баш добар избор. Наставката "ќе" звучи многу силно сега. Сега. Презент.
    Кафево ми е горко, а судбината не ја тегнам за јазик. Оставам времето да ми даде знак, а јас само да фатам старт. Срцево се исполни со дузина луѓе викендов. Паула дојде од север. Денсавме ко луди на Витни Хјустон во Мамас. Надвор студ, во срцево топло. Кога пиевме кафе попладнето, јас изѕемната трчав со лижавчиња во облик на срце низ плоштад, а меѓу мене и тоа сивило, цајкани еден куп...
    Пародија, гротеска на еден свет.
    Се трудам да сменам видици. Да насмеам лице. Да напишам нешто инспиративно. Да помогнам со една петденарка на случајниве питачи или музичари.
    Ама нема, сурово е.
    Сурово е и сирово се’ што настанало од страв, незнаење, немоќ или просто, слепило.

    Форумов се загреал, ама мене ладни ми се прстите од куцање.
    Ве поздравувам и посакувам убави денови што претстојат.

    Надвор е пролет. Живи сме.
     
    На Serafima, Sunchild, ljubam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Среќна сум.Онака вистински, искрено, чисто, без никаква причина.Среќна сум кога го чувствувам вкусот на еклерчињата што ги купив денес, кога играм на La Tortura, кога го гледам сонцето како ми се смешка преку прозорот.Среќна сум кога ќе го видам новото моливче на моите очи, кога ќе ја испеглам косата, среќна сум кога на радио ќе ја слушнам Always look on the bright side of life, верзијата од Бубамара, секако :lol:
    Знам дека имам милион обврски, знам дека имам многу работа, многу несредени ситуации кои ме чекаат месецов.Знам дека ме чека многу спремање, вистинско, ама и психичко.Ама знам и дека на крајот, се ќе биде добро.Што и да се случи, ќе знам да се изборам за себе.Животот ме научи дека сум доволна силна да се справам со многу ситуации, па престанав да се грижам и да се нервирам.Одлучив дека ќе бидам среќна и дека ќе уживам во овој ден.Март ми го подарува сонцето, се предавам на неговите зраци :)
     
  12. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    сдк ми падна телефонот во вода И ШТО СЕГА ;(
     
  13. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Прашање на екстерно тестирање:
    Како се вика личноста што е заљубена сама во себе?
    Пази амааа ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА :lol:
    ар ју факинг кидинг ми? :fubar:

    и СКД ајде едно прашање за вас
    а)ГЛУПО ЕКСТЕРНО
    б)а
    в)б
    Надвор пече ама сече. :envy:
    Имајте убав ден.
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    сега одма земи извади батерија и картичка и дувај го со фен неколку време ке се оправи
     
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Кога зборувам и се бунам за пропаѓањето на форумот мислам на ова
    Темите за пудрање се каде каде по важни од дискусиите за иднината на форумов :D

    Ќе си купам куќа на село, жими се. :)
     
    На Monna.Monna, Serafima, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    9.397
    Ова е мојот прв пост во СДК .Форумот го следам од неговиот почеток .Секогаш мислев дека немам потреба од зачленување по форуми .Луѓето што ги читев како пишуват за своите проблеми по форуми ги сметав за многу осамени луѓе, кои немат на кој да ги кажат своите маки.Но увидов дека не е така.Секој од нас има потреба да си ја олесни душичката,без да биде осудуван и критикуван.Форумов е одлично место за примање и давање совети,прекрасно место за поминување на слободно време.Ве читкав одвреме навреме како гостин ,и ви завидував на вашата дружба овде .Сега се надевам дека и јас ќе бидам дел од ова прекрасно семејство.Поздрав до сите и имајте убав ден.
     
    На Someonespecial, Divinebutterfly, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.398
    Синоќа некоја несоница и главоболка ме маваше па дремев во кревет прилично долго.
    Главчево никако да намали темпо и да се намири.

    Едни планови, други, исправам криви дрини...и на крај и него му се пуштив :tmi:

    Му дадов шанса де и он да допринесе подеднакво во планирањето на заедничката иднина :rofl:

    А он мене сакаш ли банана?
    Банана :^)
    Првен ми отиде паметов во друга конотација, сепак веќе 03-04 саат. Каква банана викам.

    А он така наивно, за јадење де, жолта. Апни малку ќе се смириш, знаеме и двајцата позитивно ти влијае јадењето :rofl:

    И така луѓе.
    Јас кројам животни планови, он мене апни банана :rofl:
     
    На bittersweet, teddybear, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    11.661
    Пол:
    Женски
    Се разгорува дискусија, конечно излегуваат многу работи на виделина, на некој не му чини, и оп клуч одма.
    Не оди така. Не се искажува моќност така.
    Пишувајте си и правете го форумот сами. Да ве видам.
     
    На ljubam, Hipster, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ете го! Март. Долго очекуваниот март. Со отворен прозорец гледам нагоре убав мирис, сонце се е возможно овој месец. Работите што никогаш не сте посакувале да ви се случат ќе се случат. Ми текна кога пред 2, 3 години на среде март падна снег ама толку многу што не ми се излегуваше надвор се надевам дека нема некое такво чудо да се случи пак. Сакав да кажам дека не сакам вести, не сакам политика иако тоа треба најмногу мене да ме интересира но не. Најмногу се нервирам што сабајле кога ќе станат моите за на работа ме будат со *Добро утро Македонијо* или пак вести е тоа не го можам. Ај еднаш да се погледнат вести но кога ќе станам сабајле да уклучам таква некоја емисија?? Кај ни е отидена целата држава се нема пари, работа па и уште со дополнителни работи да се нервирам ма не бре.

    Ете ќе те изненади буцито со повик и ти мора во рок од 60 минути да се избањаш, да се средиш и да леташ.
    Таков е март непредвидлив а воедно и убав :)
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aууу, готово :D 3начи конечно јас треба да си ги фатам парталите и да се селам :) Mесец дена имаме да најдеме каде, ко муви без глави сме :D Hе знаеме ни од ка да почнеме, а што се мора-мора се :D
    Kако и да е, за убаво е, за пута 3 подобро од сегашното :D
    Pавно, кога ќе се помножи ;)
    Hе сум се селела никогаш, и малку паника ме фаќа... Aма ајде тоа е.
    промени се дешаваат во животот, ако нека ги има, ама само добри промени, од тие лошите глава не се крева :D
     
    На bittersweet, teddybear, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.