Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Да не должам многу и меѓу другото немам богат речник, па се да изнакажам што мислам, ќе кажам неколку работи кои мислам дека се така, не мислам туку така е. :)

    Работодавачот како таков треба да е строг, но не во однос на тоа душата да му ја вади на вработениот, па ни одмор, ни бел ден да не види, остај тоа па и го условува. Ало, и тој има семејство, има потреби... Значи колку ми е неубаво кога ќе прашам некој како е на работа и вика: Абе приватно, знаеш... Е сега дали ова луѓево се разгалени од лежење или некој маста им ја вади, секој своја приказна.
    Значи, работодавачот треба да биде строг, но истовремено треба да ги мотивира вработените, да ги наградува, да се грижи за нив, за да тие не забушаваат или да се жалат, а вработените како такви треба да бидат одговорни и лојални, ама сега како што е тешко времево немаат право ни да гугнат оти ќе им ги дадат клоците, а за работа тешко е, па затоа си играат со нив. Како и да е одговорноста и чесноста треба да се взаемни за да бидат двете страни задоволни и работата да оди во нагорна линија.
    Добро сега, покрај тоа има и друга страна, па не можи кога ќе ти текне не оди на работа, а и како што гледам сите оние кои се "кренати" и кои одат на (државна) работа се толку неодговорни, одвратни, несериозни во работата, тоа е чудо. Башка тоа и децата нивни не се ништо подобри: Се сеќавам кога работевме на некои проекти "кренатите" соученици беа први за да бидат во проектите, а ништо не правеа, се другите се мачеа и трчаа, а овие демек се направиле, и на крајот: е... браво за Леон, тој средил се, а всушност пенкалото не знае да го држи. :lol:
    Се додека е вака, државата ќе ни пропаѓа.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Има еден чичко овде во Лунд, секогаш во својата кола си носи два големи листа и пишува БЛАГОДАРАМ и НАСМЕЈ СЕ. Знае да застане на семафор и да ги насочи накај тебе. Ме насмеа неколку пати и ме натера да помислам колку ни требаат вакви луѓе, што ќе пробаат да ги разбудат другите луѓе за одредени вредности.
     
    На Isidora-Veles, sweet-cherry, Lilit и 18 други им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Не спиев цела ноќ мирно,што од мачките што од ветрот,што од овој мојов.Никако да најде позиција за спиење.Сега си го гушкам шољичево со какао и му изјавувам љубов [​IMG]

    Мачкава никаде ја нема.Искрено пред некој ден ја видов се превртуваше и тегнеше на тревата ама околу неа ниеден мачор.Си викам - е Мицике ќе ми донесеш ли мачиња оваа година или уште се мислиш :lol:

    Денес малку шетање ,посета на Певекс,си излегов од таму со 4 маици ,само ве молам не кажувајте на овој мојов.Кој ќе го трпи да ми држи лекции.Ја потрошив илјадарката која беше планирана за цела недела.У пм.[​IMG]
    Убаво се изодев денеска ,ама сега пак ме заболе ногата [​IMG]

    Ја прифаќам понудата на Кравче ,сакам бре многу црешов цвет.Штета не ми се прифати дома во дворот.
     
    На bittersweet, teddybear, kravce и 18 други им се допаѓа ова.
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ми иде да си пукнам! Да си пукнам на 500 делови, од што си патам од глупоќа! Нема лек, џабе се трудам да сменам што и да е. Не бре брате, не бива. Има луѓе на кои ти им викаш танте, они кукурику, и крај. И кога си опкружен со такви по 8-9 саати на ден и ништо неможеш против тоа, а физички не е можно да се навикнеш на толкава доза идиотизам, ти останува само да си пукнеш како што кажав погоре. Пробав да ставам на игнор, неможе комплетно да игнорираш кога те мешаат во идиотските игрички кои ги играат... И тоа те ставаат коловоџа, ко да си организирал бунт, и ти иде се живо и диво што се наоѓа во твоја близина да земеш и да заколиш. Малку да имав некои убиствени нагони имаше крвови да летаат на сите страни. Избор нема, ако и јас останам без работа тек тогаш кај ќе ни биде алот, 50 цм јаже таман ќе ми биде за да се обесам. Тама ќе решам дека нема да дозволам негативните идиоти да допираат до мене, не бре и не.. Пак иста песна, пак исто се. Стварно ми иде да соберам парталите и да си го барам алот кај ми гледаат очите. Денес ги собрале сите вработени, пази ВРАБОТЕНИ од дотичната владеачка партија, за да ги носат во Охрид на митинг. Исто и од опозициските, за да ги маваат со камења. Па добро бе луѓе, дали сте нормални??? Се расправаат 20 луѓе меѓу себе, 2 000 000 слепци го јадат стапот! Колку не сум политички настроена, тоа е чудо едно. Ама ова не е нормално! Сите партии си ги извадија бре луѓето од работа, и ќе ги м'кнат до Охрид!!! Одев службено до една државна институција прееска, двајца без тројца. И викам кај се луѓево, што е вака језиво? И кога ми кажа женава, крвта ми се смрзна. Стварно не ми се верува, не е можно некој да е толку улав. А ете, можно е. И кога ќе видиш, подобро е да ги трпам моиве идиоти, или пак да одам да бидам некој партиски војник, па да ме расфрлаат од митинг на митинг како им е ќеиф??? ;(
     
  5. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Зарем требаше политика на насловна. :o
     
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Кој безобразлук. Сега во моментов,го гледав човекот кој си го претепа кученцето пекинејзер,дебил низаеден...накрај го тресна од земја и пукнав...му велам зошто го тепате г-не?А тој вели:"скокна и лепињето ми го фрли на земја"...и затоа го претепавте?Па зошто едноставно не му дадовте нели ви е милениче? цццц не можам да се изначудам на луѓево...за гревче беше кученцево душата ме здоболи
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Моментално сакам да е Сабота.Во тој ден мозокот ми е тотално на лер. Ни учење мислам, ни задачи, ни тестови.Никогаш, ама никогаш во Сабота не учам.Е сега сакам да е сабота ама имам повеќе опции во мозок што ке правам.Прво би седела цел ден на балкун со кафенце и книга, второ би била на широк сокак и би пиела кафе, би отишла на Пелистер, би возела точак во паркот, би се сликала, би отишла кај другарками да пееме и уште мноогу.Кај ми се овие идеи во сабота. |( Туку секоја сабота јас ке се остам пред монитор, или пак како претходната сабота во најдождливото, најлошото време јас си шетав скроз опуштено. :fubar: Нема врска. Ме чекаат учебниците, тетратката , работната и кафенцето и треба татамата да направам со Германскиот :(
    Убав ден. :*
     
    На anichka94 и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    одмарам по дома и се секавам на вчерашните настани ех... :D
    можеби сум тивка, не ме разбираат кога сакам да се искажам-како што ми вели мајка ми не ги артикулираш зборовите ама кога ке се опуштам и викнам, ко друга личност сум :nod:
    почнавме да комуницираме со еден тип-убавец старно, светли очи :$ ама и се залепи на една Битолчанка и во еден миг штама е тогаш незнам од каде ми дојде таа енергија и кога го прашав од кој месен комитет си-сите замолкнаа и почнаа да се смејат :D демек изгледаше ко тутуле бале а одеднаш живна-види ја ти малава :lol: се шегувавме едни со други, се сликавме со градоначалникот Коце, интересно,забавно-образите ми се вцрвеа ко Тетовско јаболче :$ ама тој што не зема на вракање ептен се испонаша-изгледа од гужвата што настана и демес ме виде само една фаца направи и тоа беше се
    а додека типот за кој и кажував на другарка ми-од ист месен биле ама таа веке не е активна и ме предупреди да се пазам од него-самобендисан нарцис е,едвај ми кажа здраво, а вчера ми објаснуваше што и како било, демек и нашол работа бла бла бла ко јас да му поверував |(
    а денес џунгла-не се знаеше кој пие, а кој плака-таа што е главната од Општински-дрска, препотентна незнам што се замислува и ако не ме викнат за анганжман подобро за мене ке биде :)
     
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Како бе, ви смета што имало реклама за Груевски? Си платил и ќе има. Се шират ли тука пропаганди за Груевски, или па се велича ли тој тука? НЕ!
    Имаше летото реклами и за Фриком, тоа значи дека Фемина апелира да се лижат само тие сладоледи? Се извинувам ама или не знаете како функционира бизнисот општо, или хоризонтите ви се колку една коцка 2x2mm.
    Уф ама ме нервирате.
     
    На Lepaaa, srcekrsacka, Jagoda123 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Веке излезе да ти е страв сам да излезеш на улица, за некој да не те нападне..;(
     
    На CharmedGirl и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  11. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709
    Како во сенка се сеќавам на тебе...бев малечка кога замина,но сепак ја запознав болката од тоа што те нема...Точно 13 години...и не се сетив дека тоа беше на овој ден... ;( ;( Чувстувам голема празнина бидејќи не те запознав,но и тие сеќавања што ги имам се доволни за никогаш да не те заборавам...Дедо,те сакам најмногу!! :'( :l:
     
    На Hipica, srcekrsacka и ana-girl им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк како што една добра насмевка и позитивна енергија од девојка може да ме орасположи,значи ништо друго неможе,изгледа многу сум сентиментален и паѓам на такви работи,денес тоа ми се случи и многу се радувам,што вика дотичниот И.Џ вежбајте радување. :)
     
    На srcekrsacka, ljubam и Ilusionist им се допаѓа ова.
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Има моменти кога се што сакам да правам е да седам дома, сама, да станам до 12 најкасно, станувањето после 12 ми удара на живци и мислам дека цел ден ми избегал, (а сум бескраен обожавател на денот, и ги бројам деновите се додека не стане најдолг), да си се напијам кафенце на раат додека си седам во најубавиот ми двор, со мачката која се радува на убавото време, и зајакот кој скока и се буди од зимскиот сон.
    Денес прилично лош старт на денот, но тоа никогаш не значи дека таков ќе биде и крајот, бар не кај мене.
    Нема правила, нема граници.
    Проследено со кафето, си седам на лаптоп и се опуштам максимално, иако денов денеска и на фемина беше малку со тензии, сепак на крај и тоа се среди, жени еден куп, нормално тензии и зачинети караници мора да има ;)
    После еден убав ручек, макарони потпечени со сос од домати, оригано и сусам... Алачки не ми е рамна!
    После како бебенце ќе си подждригнам, ќе си ги кренам дома нозете во вис, и ќе уживам додека мешето ми е полно и жешко.
    Садевите си ги измив, алиштата си ги средив, прашина веќе имам избришено, така да, се што ми преостана е да мавнам еден туш, да ја средам косата во спирали, да направам второ кафе, и да поучам малку.
    Иако постот излезе прераскажување на мојот брз и фин ден, ништо тука не завршува.
    Колку и да го сакам денот, јас сум ноќна птица.
    Тогаш ми идат најголемите инспирации и тогаш најмногу ми се уче, тогаш најмногу ми се гледа серија, едно добри 10 епизоди една по друга по ред... :tmi: Дечко ми, ми има речено дека сум манијак, и дека за мене немало лек, штета и жал што и тој не е манијак по серии и филмови, па да ме сфати, а воедно и да ме дружи, ама кога подобро ќе размислам, сериите и филмовите, најубаво ми е кога сама ги гледам!

    Виена е прекрасна овој месец и следниот, дали може да биде моја, јас нејзина, и да водиме љубов под најубавото небо таму повторно, ќе се дознае за некој ден, а јас понестрплива не можам да бидам.
     
    На ludoto19, bittersweet, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  14. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Не сум за никоја партија, но толку е глупаво тоа што од цела држава ги носат луѓето во еден град, па во друг и се така додека ги свртат сите, па нека направат еден митинг и готово. Што се морало сегде истите луѓе се едно исто да слушаат. А луѓево гледам си пукаат од мака бидејќи биле приморани да присуствуваат. :lol:
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    после она што го видов, не можам да си дојдам на себе си :x
    типче од екипата од осмолетка и е пријател на девојка од истото одделение, ама помегу нив има разлика огромна-таа беше машкуданка ко помала но кога веке влезе во пубертетот стана вистинска девојка додека тој беше и остана ист-шмокле :lol:не можам да си поверувам на очиве :!: инаку тој е женет, а жена му е многу слична на него-до некаде сватливо-каков си таков/ва си бараш свесно или потсвесно :)
    а згора на се ми е и сопартиец, ама ретко се гледаме :lol:
     
  16. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Многу ми е никакво кога некој ме копира , зошто овие луѓево не почнат сами да си градат свои идеи , да бидат малку креативни ?
    Па се да се копирало бре.Јас сум мислела мозочево ми се воспалило од мислење :lol: сега некој ќе ме копира. :fubar:
    [​IMG]
     
  17. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Мн сум среќна немам некоја посебна причина но сепак сум среќна.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... тој што ја измислил Чиста Дана, јазикот да му се исуши.
    Која црна чиста, па зарем има погнасни створења од жените?
    Налицкани, напарфимирани, а 100% се кладам дека секоја трета носи покакани гаќи.
    :puke:
    Ми глуми лудило за креми и парфеми, а ја распнала влошката во корпата како некое едро. :D
    6 дена се тегават кој да ги измие шолјите за кафе, ми доаѓа да одам да го соберам со лажица тоа закоравено кафе на дното и - да им сварам по едно ново. Бујрум, чистотници.
    |(
     
    На sweet-cherry, OneDirection, BoaVista и 41 други им се допаѓа ова.
  19. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    сдк незнам што да правам дали го сакам или не незнам а се плашам да нправам промена да сменам друг само колку да видам дали ми значи вистина нешто или имам потреба од машка личност до мене .... ама тешко е како да дознаам...ах ме убива чекањето и неизвесноста
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.948
    Допаѓања:
    81.259
    Пол:
    Женски
    Па, оваa ли е таа некојa си цена која треба да се „плати“ за добивање ум во тиквите зелени? :^)
    Се предавам - мене ми е убаво вака, русокоса и смотанка, доста беа тортури. :D
    Трет Божји ден како се будам, а и си чмаам богами со главоболки и тапи (од болка) слепоочници.
    Доста беше, може ли сега некој друг да ги поднесува за да можам нормално да си ги извршувам обврските кои ми се натрупаа како ... како купчето валкани алишта во корпата наменета за нив. :|
    ***
    Мислам дека ми се руши светот и се одронува ко бајато лепче, а тој трча наваму-натаму и ги собира сите оние делчиња кои паѓаат, се труди да не му падне ниту едно. За повторно да си го (до)изградам и онака расклатениот и шмугав хм, свет - или барем она што остана од него. :?:
    Овој пат, со челични арматури.
    ***
    И, што научивме денес? - Умниците се лоша работа, ама мора да стиснеш заби (како да ги стиснам Боже, вилиците ми трпнат) и да не кенкаш.
    И богами, не се мерило за нечија зрелост или мудрост. Ниту за мојата, ниту за Трајковата и Петковата.
    Сето тоа си е во главата - го имаш ли, го немаш ли, кој ќе ти каже освен ти самиот !?
    Секој знае колку му собира црпката, иако има и отстапки во негатива, факт е дека секој си ја познава својата иако во последно време, ретко кој реално, вистински и без претерување знае да си се самопроцени, зашто нели - набилданото и извештаченото е поубаво, повлијателно, пофенси и по-не-знам-веќе-што.
    Изгледа дека сите љубат „филувани“ и поховани нештенца, а после се жалат од прекумерната тежина или од зголемените масни наслаги, во нивните глави. :sweat:
    ***
    И не е сидата болест на веков, ами амбициозноста. Oнаа болната. И како што тргнала работава, сигурна сум дека ќе почне и да убива, ако веќе не почнала ...
     
    На Libera, ludoto19, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.