Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    До вечра не поднесував реклами. А од денес, кога почнаа со ппп... па ич па.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Се уверив на своја кожа како може животот од корен да ти се промени за миг.
    И тешко е, сега сфаќам.
    И ќе успеам, тоа знам.
    Зашто сакам и зашто морам.
    И зашто роговите не ми дозволуваат поинаку.

    А кога ВАМ работите ви одат по ѓаволите, не одете и вие по нив.
     
    На tweety26, Rubiii, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.169
    Цела година си крати од себе, ни алишта ќе си купи, ни чевли ни шминка за да угоди на мене и брат ми.
    Барем за 8-ми март нека одвои 1000 од задоволството на мене и брат ми, и нека се поднови или нека оди со колешки негде на ручек/вечера.
    Стварно ми е криво и ме боли.
    Еден ден кога јас ќе бидам мајка, кога ќе гледам прво да им удоволам на децата, да им купам прво на нив, како ќе ми биде кога некоја пријателка ќе ми каже „Ај за 8-ми, имало жива музика по повод празникот, да идеме таму и таму“, и јас да речам „Не можам“, или „Не сакам“.
    Стварно е глупо.
    Сакам нови патики и фармерки сега, ама немора, нека одвои од тоа и нека си го прослави празникот.
     
    На sweet-cherry, Stoimenovska, T.e.d.d.y и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    ЖЕНАТА знае да ЧЕКА,
    знае да САКА, знае да РАЗБИРА, знае да ПРОСТУВА...
    Но и знае кога е време да се заврти, да воздивне и да напушти сè..
    Конечно воздивнав :whew:
     
    На Hipica, Moira и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ние девојките сме прекрасни...Кажуваме една работа,мислиме друга и правиме сосем трета... :D :geek:
     
    На Adi888, Hipica, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Неможам да верувам дека утре ќе бидат 7 години како не си повеќе тука.. Сеуште сум во шок, сеуште неможам да се свестам дека не си повеќе покрај мене. Секој ден се повеќе и повеќе ми недостигаш.
    Почивај во мир, најсакана моја.. ;(

    http://www.youtube.com/watch?v=fbP5KMAlaI8


    „А зошто толку бесрамно ме лажеле дека ќе ми помине
    а верувале или не, потешко е од што беше тогаш,
    потешко е дека нема кога пак,
    да сум покрај тебе...“
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и така...
    шетнав јас низ маало да ги научам улиците за да знам каде треба да се движиме кога ке дојдат програмите
    за делење-ми се вратија многу спомени, луге со кои не сум се видела со години, му поминав на тетин ми под прозорец и за неколку секунди ме снемане зборуваме а има и кираџии затоа -имаше кученце во близина ама за срека не почна да лае :whew: а тој и неговите и тетин ми ги дели една улица ама тој не знае кој ми е мене тетин, тетка, братучедка, зет, внучиња :lol: :rofl:
    и испадна така како што ми кажа мајка ми пред месец, два
    мене неговата кука ми е позната, сум била јас внатре како помала, баба му е шивачка знам кој знае дали е уште жива-на нешто се секавам и тоа ми е доволно за да ги поврзам работите а од нивната продавница-единствена во маало е, купувавме чоколадца со девојките лани на вракање од обуката во Консалтинг Македонија-знам дека сите патишта водат кон Рим ама да ми се вклопат коцкичките поминав два пати и некој ме примети и прокоментира-најверојатно беше татко му-вообичаено за мене :D беше отворено и во танцовото студио во кое сакам да се запишам па ке видиме
    и како шлаг на тортата поминав низ моето основно училиште-се почуствував ко детенце жими се, :lol: за секунда се ми се врати пред очи-убави моменти, плачки, каде се собираа тогашните фраери апсолутно се по ред и редослед
    ех, колку пати чекорев по тој пат секојдневно по секакви временски прилики и неприлики...убаво е да се присетиш на спомените од детството кога си возрасен-да не звучи ко да имам 60-70 години :D
     
  8. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Многупати сум била "прекорена" дека сум активна само во една тема. Епа на ваше големо разочарување и денес сум тука да зборувам за љубовта. :D

    По цели десет дена осаменост, се потсетив пак што е среќа.
    Епа како да ви кажам... среќата е навистина во многу мали нешта. Тоа е кога саканиот не бира начин да стигне до тебе. Ако ти е исклучен мобилниот, се јавува кај татко ти, а и покрај тоа што ти е лут, доаѓа да те види зашто му недостигаш.

    Му се восхитувам на начинот на кој знае да љуби. Секогаш сум. Додека јас инстантно го бришам од животот, ги тргнувам сите спомени кои ме потсетуваат на него, тој без срам, лутина или гордост го кажува спротивното - дека секоја вечер заспивал со моја слика и дека токму помислата на мене му давала сила да ги реши останатите проблеми. И кога ќе чуеш од најтврдиот маж колку му било тешко да не ти го слушне гласот и како прснува од него бран емоционалности, па уште кога ќе те замоли за една прегратка, не можеш да му се тргнеш од вратот, а најмалку можеш да си појасниш со што си толку благословена да го имаш него.

    Денес ни беше годишнина. И како што знаете, двајцата сме љубители на храната и планирав да му приготвам некои колачиња во форма на срце, но поради настаните, си го откажав смисленото и се помирив дека денот ќе го поминам сама. Но, затоа тој се погрижи за се`. Побарал слободен ден од работа за да го прославиме тој наш ден на соодветен начин. Покрај слушањето "Те сакам" во полусон, следеа уште поубави работи. Сабајле ми се измолкна од креветот и ме замоли да продолжам да спијам.
    Кутриот, му требало еден час да ја пронајде цедалката за сок, портокалите, јајцата, а само пет минути да го спреми појадокот :D . И така, со голема насмевка ми донесе појадок во кревет.

    Скроени двајцата по иста мерка, попладнето го поминавме на чист воздух, во тишина, во друштво на природата. Убаво е кога некој го засакува местото во кое си израснат, го чувствува како свое, ја дели твојата радост од првите никнати качунки.

    Како што е одлика на секој идеален маж, ми изврши неколку поправки по дома додека си пиев кафе со другарките и не само тоа, туку си ја избриша прашината од нередот кој го направил :D .

    Врвно задоволство за мене е храната. Па така, за моја среќа дечко ми е добар во - кујна :D . Со моја мала помош, подготвивме одлично полнето бело месо со краставички, шунка и печурки, со тартар сос, кајмак и компирчиња.
    И кога на крај ги изми и садовите, добив желба за маж да го побарам :lol: .

    Убави биле годшниниве, можеби дека ги немам искусено. Можеби и дека се со вистинскиот човек.
    Нема поубава работа од тоа постојано да му го гледам ликот кога ќе се разбудам од сон или силно да го гушнам кога ќе сонам нешто лошо. Убаво е и да имаш некој кој ќе те поштедува од своите проблеми. Кој во тебе ќе гледа поголема потпора од семејството. Кој е постојано притиснат и прашуван од дома дали земал плата, за повеќе да не им е на товар, а сепак и тие малку пари ќе ги потроши тебе да ти угоди.
    И најбитно, кој ќе наоѓа сила од љубовта која ја чувствува кон тебе, дури и ако сте скарани и не ви се средени работите.

    Клише или не, ме прави подобар човек. Тој, љубовта, сеедно...
     
    На Miss.Ricci, tweety26, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  9. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Е сега немојте случајно да се жалите дека ни фали нешто , зашо имаме ИМПЕРИЈА !!! :talk:
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.154
    Пред околу пола година прекинав другарство со една особа која дотогаш ми беше многу блиска.

    Во тој период споделив и тука дел од амоциите кои се појавија кај мене.
    Се запрашав како може некој да биде толку дволичен и мизерен. Ми се гадеше од таа личност, ми се згади секое кафе кое го имавме испиено, секој ручек кој го имавме споделено.
    Но на краот на денот остана само едно олеснување кај мене. Олеснување бидејќи такви личности не се повеќе присутни во мојот живот и оставам доволно простор и време за други, повредни.

    Единственото нешто што ми остана во сеќавање од тоа искуство беа неколку зборови кои ми беа пренесени.
    Зборови кажани на други личности кои демек јас лично сум и ги соопштила преку телефонски разговор.

    Дека не е на мое ниво.

    И тогаш се запрашав дали на луѓево им стварам комплекс?
    Недостаток на образование, фрустрации со работното место, финансиски проблеми, нехармоичност во врската...
    Работи кои потајно ги мислат за себе и се плашат да не бидат изговорени од моја уста, па самите ги искажуваат т.с прекажуваат на друга личност. Но овој пат себеси се ставаат во улога на жртва и во конотација дека јас сум го изговорила истото за нив, искажано како навреда .

    Селекција.
    Сакале или не, не сме сите исти, самите се двоиме. Со секој кажан збор, секоја постапка...
    Толку дал господ, барем извади го максимумот од тоа што е дадено на располагање.

    Биди борец, не жртва.
     
    На DeMelo, tweety26, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.203
    Допаѓања:
    139.602
    На улицата од плоштад кон Мекдоналдс (Никола Вапцаров), имаше еден кафиќ што се викаше АХА. Се отвори некаде кога јас бев на почеток на четврта година - периодот кога имам излегувано најмногу во животот, речиси секој ден :D

    АХА беше прекрасно место. Убава музика и убави луѓе, а што друго ти треба? Таму бев и дење и ноќе, ми постана втор дом. Буквално го имав чувството што го имам кога сум дома. Таму одев и сама, без да се договорам со некој. Знаев дека ќе најдам друштво таму.

    Со тек на време АХА стануваше се популарно место. Доаѓаа многу луѓе, претежно помали и помали. Веќе не ги собираше сите луѓе внатре, па ставија на врата некои дечки кои си пуштаа само свои луѓе, демек одбрано друштво. И тие беа помали, па нормално, пуштаа уште помали од нив. И така, АХА од кафиќ во кои излегуваа главно луѓе 18- 20 и нешто години, сега стана сврталиште на деца од 15-16 години.

    И тогаш престана да биде дом. До толку што еднаш еден од дечките не сакаше да ме пушти да влезам.
    Беше полно, луѓе кои не ги знам се туткаа, а јас не се чувствував добредојдена. Си зачував едно шеќерче кое ме потсетуваше на едно од моите омилени места кои мистериозно пропаднаа, се до летово кога решив дека е време да го испратам во Дрисла.

    Којзнае дали ваквите трендови може да се сопрат. Да се контролира членството, да се таргетира група и да се работи со неа, или кога некое место е јавно, постои опасност да излезе поинакво од она кое сме замислувале дека ќе биде.
     
    На Bozica1980, ilipili, tweety26 и 33 други им се допаѓа ова.
  12. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    :)
    СДК...Ариел ме потсети на некои убави, дамнешни времиња...АХА....
     
    На Bozica1980, Ariel и ljubam им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    На Hipster, Lilit, Nevermore и 5 други им се допаѓа ова.
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Се ближи матура, а јас за проектната одбрав една комплицирана тема, која не се наоѓа на нет, а и тешко дека од некој би ја зела на готово.
    Побарав помош од татко ми за материјали, му досадував, а тој само „Важи, ај утре ќе прашам“ , „Ај утре ќе ти донесам“.Уво не го болеше, а знае дека ми е битно. Лута и зачудена, а и веќе при крај со рокот, видов не видов сама се потрудив, се јавив кај некои роднини без помошта на моите родители, и си најдов материјали.

    На крај, сфатив дека не е дека не му било гајле, туку сакал да ме поднаучи дека нема секогаш да се тука за мене, и дека е време веќе сама да си се снаоѓам во животот.
    Smart move, dad.
     
    На sweet-cherry, tweety26, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  15. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Леле бе ова бебешкиве образи да знаат да зборат што маки ќе си изнакажат. Уште не можам да се заситам од нив. Бацувај, бацувај, штипи, буцкај, абе крај нема. Ама што да правам кога се такви дебелки, надуени, мекички, нежнички... не ми даваат да ги оставам на раат :$


    Уште ова не сум го пробала :D
    [​IMG]
     
    На kate21, antonina, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    100.487
    Пол:
    Женски
    СДК не паметам толкава количина на негативна енергија на форумов како денес.Празен ми е некако.
    ....или надвор е полна месечина или февруари се пролонгирал во март....па само мачките се среќни...
     
    На antonina, kravce и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  17. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Спомнав и во друга тема претходно ама неможам да се воздржам.



    Незнам дали сум единствениот но многу ме иритираат македонските преводи на книги.
    Толку безсмислени зборови превземени од англискиот јазик преведени на толку глуп начин ми се одмилува и книгата.
    Зошто резон наместо причина ебате?
    Дигниција наместо достоинство?
    Па некој ако нема појма англиски скроз ќе се збуни од ова. :(

    И нели е иронично како некои членки се траќаат од земја дека они ретко го посетуваат форумот и листаат само 2-3 теми кои му се омилени,а веднаш штом почнат драми и расправии они се меѓу првите да пукаат сеир и да додаваат масло на огнот? :)
     
    На sweet-cherry, Miss.Ricci, Cacy и 26 други им се допаѓа ова.
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Од никогаш не сум можела да ги сфатам луѓето кои не знаат ништо друго освен политика.
    Фејсбук профилите им се преплавени со ружи и лавови.
    Пишуваат разни цитати како Трајко е подобар од Петко.
    или како Петко е подобар од Трајко.
    лајкнуваат статии во тој стил,и ја користат секоја тема да алудираат дека за тоа е ТОЈ крив.
    Да не зборувам и за оние кои дома намештајот, муе во бојата на својата омилена партија.
    Или на своитe таблички од своето превозно возило залепиле лафче тигарче ружичка
    Врв на сељачизмот !
    Разбирам да бидиш лојален и посветен,ама ова е премногу...
     
    На Miss.Ricci, srcula, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  19. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Господе... ке ти се обратам тебе, затоа што само ти ги имаш одговорите... и знам дека еден ден ке ми ги дадеш...
    до кога ке ја чувствувам оваа болка, до кога ке ме горат солзите по лицето, до кога ке го задржувам крикот во грлото кога ке се присетам на него, на нашите мигови..?
    до кога оваа горчина, до кога овој инает и оваа приказна ке ме врти во круг?
    каде е мојот среќен крај?
    трепние... ке ми речеш.... но полека полудувам, како да стојам во место и да чекам да се случи нешто...
    а гледам ништо не се менува...
    се држам силна, и во себе си викам.... не било да биде, а потоа длабоко во мене ме кине тоа што можеше да биде поинаку, ние можевме да бидеме среќни.... и покрај нашите разлики, ние бевме еден за друг..
    ме боли тоа што јас вложив толку а не добив ништо за возврат, ме боли тоа што верував... што се надевав... и ме уништува тоа што уште се надевам, на што се надевам?
    како да ставам крај, како да продолжам понатаму кога ти не ми даваш нова надеж...
    не ми даваш нов лист да отпочнам, ме враќаш кон него...
    зарем вака ме мачиш за да научам или веќе тоа ми е судено, да ми биде единствен..?
    на патот сум помеќу два ќорсокаци, како да излезам...
    и сега пак на сите мои прашања нема одговор, нема кому да му се исповедам...
    ќе има ли крај сево ова? ;(
     
    На julie77 и Serafima им се допаѓа ова.
  20. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Толку сме зафатени со исправување на туѓите криви Дрини што нашите ги забораваме.
     
    На Doozy, bittersweet, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.