Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека се двоумам дали да читам книга , да гледам филм или да играм брза географија сос естра ми која ме напна а јас со средно завршено туристички ќе треба да и попуштам.
     
  2. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Што се изначудивте за словенската телевизија? Па едвај нашле клип кај што Талат збори! :rofl:
    Го изреметија и малку му е! Ради една шоп фаца еден куп народ е истепан, крвав и исплашен, а другиот дел си пие кафе на Ленинова и чила со цигарче, фаќајќи сеир. После чорба македонче, епа чорба!

    Ме прашуваат за кого ќе гласам? Нема да гласам. Плус дома стваив вето да не се гласа. И ако се излезе на гласање да чркаат сонциња, цвеќиња и по некое кече. Ако можат тие да се чанчлаат со нас и јас можам да си ја искажам креативноста преку гласачкото ливче.

    Топлес феминистки го нападнале Берлускони“.
    Џизс Крајст! Тоа е ко Тупурковски да го нападнеш со ќебапи.
     
    На Annie.mk1, Springy, ludoto19 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    SexiLy јако ти беше тоа за БЕрлускони :rofl:

    Иначе и јас ќе пишам,само моментално сум занесена во Love songs on Antenna5,па си уживкам :) Пост или покасно или утре :) Убава вечер имајте сите!

    Е шо сега? Страв ви е и овде тензии да не има? Па нека си видат кога пишуваат глупости! НЕможи само да плескаат такви мислења и да го полнат форумот со глупости и после многу такви имало.Епа не ги бришете забелешките!
     
    На Katerinceee, Lepaaa и SexiLy им се допаѓа ова.
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Педер е секој за мене дури не видам дека има уба женска,ако е грда женска му пак е педер!Освен ако е сингл :D
     
  5. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60
    Чудни работи ми се мешаат во главава ... подобро е да одам да спијам ...
     
  6. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    79
    Значи какви експерти станавме во скокање и прескокнување дупки пробувајќи да ги завршиме секојдневните обврски низ Скопје-во тоа е чудо.Кај и да е градските власти ќе не пријавуваат за на олимписки :rofl:
     
    На kravce и Serafima им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    До мене е, или е. Како да сум заглавена во некое хипи време, лав, пис енд хепинес, како да не. Џабе бре, армијата на депресивци, хејтери и пасивни борци е поголема. А јас тука со мојот меч, обвиткан во свежо набрано цвеќе ќе сеам љубов и разбирање, јеах рајт.
    Знаете, привилегијата да се биде жена, е што секогаш имате оправдување за својата налудничавост. Пмс, хормони, менопауза, па нежни сме, па осетливи, заљубени, разочарани. Дај шта даш, оно мислам стварно од жена можеш све да очекуваш...и да биде нормално, мислам, прифатливо. Не дека мислам на вас овде :wasntme: инспирирана сум од работнава околина. Жени бре, ако се здружат во заговор и од работа може да те избркаат. Дволичност? Каква бре дволичност, за десетоличност станува збор. За колку степени можеш да ја свртиш главата толку лица можеш да извадиш. Бог да чува од жени, работава :D Друга работа е што ете, Трендафилка пиша во колумната на интервју недостасуваат прашања од интимниот живот. Кај нас во тренд е на интервју со мажот да се доаѓа. Да нема потреба од прашањата, ги имаш брачните другари овде, можеш веднаш да им ја видиш семејната слика. Па од колковите на жената, обликот на градите може и некоја родилна слика да се забележи :^) Сега сериозно, кога веќе си се одлучила да работиш, што бара маж ти со тебе на разговор за работа бре жено?! Жени бре, луди :D
    Да не отиде у неповрат мислењево, жената е навистина сила. Изразена најчесто на негативен начин. Ама жена како жена, ќе се извади. Жена е, оправдано и е :D
    А мене па за жени ми текнало да пишува. Оди па сфати ме :^)
    И сакам да признаам нешто. Кога гледам филм намерно не кревам на телефонот кога ѕвони :$ И кога не ми се прави муабет, намерно не ги отворам пораките на фб :$
    Туку девојки, почитувајте си ги мајките. Гушнете ги, симнете им ја престилката, завратете ракави и измијте ги садовите. Ете до толку се бројат ситниците.
     
    На Libera, ilipili, Sunchild и 15 други им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Хаос, тотален хаос сум.
    Синоќа така си плачев, му плачев(што е трагично навистина пошто не сме ни заедно), ама тешко ми беше ептен.
    Обврски колку сакаш, и тоа баш во период кога сакаш да легнеш и да лежиш и да не се дигнеш од кревет пет дена, ама се тешам уште денес и готово.
    И ми се расипа полначот од лап топот па сега вака кога можам го крадам од татко ми.
    Бурите на форумов ги пропуштив и мило ми е за истото. Таман да седнам да видам што е работата цркна милото кабелче, не сакало да си ја замарам главата.
    Дедо од село не е добар а тоа не можам да го поднесам. Ама не ни можам да се сносам со помислата да го загубам не пак нешто друго. До толку нека не биде животов суров зошто мака ми е веќе од се. И не смее да ми го земе дедо ми и нема да ми го земе. НЕМА! Тој вика мече стар е, полека ќе се оправи... ама како луѓето не разбираат не ми е гајле дали и колку е стар, гајле ми е дека ми е омилен човек од целото семејство, дека е најдобар на цел свет и има да се дигне на нозе. Ништо друго не ме интересира.
    Си викам да станам лош човек, да не се замарам со никој и ништо, да си правам цело време како ќе ми одговара мене, да си уживам и само своите потреби да ги гледам и да прекинам да трпам работи... ама не, не сум таков човек ниту пак некогаш ќе бидам.
    Последниве денови као демек барам работа по струка, чинам од што е толку смешно и оние кои не ме познаваат ми се смеат. Јез да јас не губам надеж.
    Вчера бев така песимистички настроена ама од денес повторно сум оптимист како и 95% од времето, си ветив себе си' и ветив некому... морам.
    Денес е нов ден и се ќе е решава полека полека...
    На крај, како во песната... надвор е пролет живи сме...
    Дец ол фолкс.
    Имајте убав вторник.
    :f:
     
    На Libera, tweety26, ludoto19 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Иде време на фустани, шешири, боси нозе низ трева, пиво на Кеј, точаци и љубов у коса.


    А ја, утрово споулавев од сештарии :?: 8) :D
    Пак ли патување?! Венеција? Април? Леле! Ќе си поќутам. Поарно така. :*


    Конкурсот за дизајн на корицата веќе е отворен. Допрва ќе имам куп работа и многу думи што после.

    Абе еден е животот. Драго ми е што го артикулирам во уметност.

    Останете така. Карванот си врви, а богами и животот.
     
    На cveke123, sweet-cherry, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не сакам ништо да кажам а сакам нешто да напишам.

    Прашалници на кубик, со толкав сомнеж гледам наоколу, дури и во најблиските...
    Гледаш, луѓе кои не се поднесувале сега се цуци буци најверни....

    И покрај се толку наивност во мене, ука не земам од своите грешки иако баш од нив најмногу боли.
    Ми велат, најубаво било да учиш од туѓите грешки, не велам не, и јас тоа ќе го зборувам кога ќе имам 50-60 години (ако сум жива).

    И секгаш кога ќе речам сфатив, баш тогаш ништо не сум сфатила.
    Ме боли телово од болката што ја имам во душава...
    Сакам да заминам некаде..
     
    На ilipili, tweety26, anichka94 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Се разбудив прекрасно.
    Ќе да е до јогата што опушта и те заштитувала од радиоактивно зрачење.
    Или во краен случај ти прави плацебо ефект.
    Но, тоа е помалку важно, отколку она што ме чека сега по милите ем драги шалтери.
    И се жалам на мајка ми дека со овие во банка не можам на крај да излезам, ти го прашуваш едно,а тој ти одговара друго.
    А, таа пак ме прашува зошто се жалам,кога можам еден од нив да засакам.
    Сега ако повторно ќе треба со тој лепотанот да се расправам убичу се.
    Само ако ми расипи расположение.
    За секој случај се облеков во црно.

    И ветив на мајка и дека ќе направам надчовечки напори за да ја видам, што значи наредните денови ќе ги поминам во комплетна изолација,а денот ќе го гледам само низ прозорецот со стара дограма од која дува,а сепак ти е пријатно.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ми умре кучето...Всушност, тоа и не беше мое туку на маж ми, ама еве веќе година сум тука па и мое е. Паметам кога му го донесоа, бевме на почеток на врската, едно малецко, одвоено од мајката и другите нејзини мали кученца и жално беше да го гледаш како се привикнува. Беше чувар на куќата добри 10-11 години. Некогаш знаеше да ме изнервира кога ќе почне да се врти во нозе да не може човек да помине од него, ама тоа сакаше само да си игра. Беше болно и пред тоа ама се држеше, но последниве неколку дена се потешко дишеше. Старо беше, ама ако некој намерно го отрул,да биде казнет праведно. Сабајле пред да излезам го видов надвор легнато на бетон, здрвено, .. :( :x Ќе ми недостига неговиот мил поглед кога на секое мое излегување надвор ги следеше моите движења за да примети дали му носам јадење.
    Многу тешко поднесувам кога ќе ми умре некое животинче, милениче. Така со мојата мачка, бела како снег,поклон од маж ми, тогаш дечко ми, не можев да се разделам од неа додека умираше. Цело време бев до нејзе додека испушташе душа. И таа приметуваше дека сум до неа иако не можеше да се помрдне. Ако пробав да излезам од гаражата каде што беше одма ја креваше главата да види. Од едно диво маче направев питома паметна мачка која многу брзо ми умре. А секогаш кога се враќав од работа или било каде, ме пречекуваше на порта со кренати предни нозе за да ја погалам. ;(
    Навикната сум со животни миленичиња, дома кај моите секогаш имав мачиња, кои ми беа психичка терапија, си играв со нив ги галев, се воодушевував кога ги гледав.
    Сакам ново кученце, не дека барам замена, можеби само утеха и нов почеток.
    А и додека сум со нив заборавам на проблемите. Секогаш се тука, мили, ти ги полнат батериите иако не зборуваат.

    edit-Какви злобни луѓе постојат :x , кучето ми го отруле а настрадала и една од мачките, и таа ја нашле отруена. И што да мислам веќе за човекот, ми се гади какви се суштества постојат на планетава. :devil:
     
    На kate21, ilipili, thinkerbell и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Долго време немам желба нешто да кажам...
    Чекам инспирација... Чекам нешто да ме воодушеви, да ме здрма, да ме остави без здив, нешто да ме маѓепса, да ме обземе. Личност, настан, глетка, книга, филм, песна...Чекам, но никако да се случи. Се ми е безлично, сиво, веќе видено. Форма без суштина, цвеќе без мирис, овошје без вкус. Нафракани дами од оној вид кој пред некој ден го опиша Трендафилка, квази-интелектуалци, квази-уметници.
    И сите стихови се веќе негде кажани.
    Чекам нешто да ме насмее онака од срце, до солзи...но и тоа никако да се случи. Чистото и здраво смеење денес стана луксуз - како здравата храна и чистиот воздух. Не ја сметам онаа иронична насмевка која ја побудиваат бројните пародии на нашево налудничаво секојдневие. Да се смееш и да плачеш во исто време.
    Не сакам да бидам негативна, не сакам да пуштам отровни стрелки. Сакам да напишам нешто свежо, розево, нешто што буди оптимизам и надеж Во очекување на подобри времиња...поздрав.
     
    На tweety26, teddybear, Hipster и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ме нема знам. Сега после не знам колку време влегов, вратив на ЛП, дојдов да пишам 2-3 збора тука и пак ќе ме снема. Или сум надвор, 80% од тоа време сум на факултет, остатокот малце надвор да ме фати воздух и да поуживам во времево накратко и дома. А кога сум дома? Учење, учење и учење. И да, малце одмарање, тв и интернет. Па колку што има премногу да се збори толку па баш и нема нешто посебно, освен што од денес го тераме последниот месец од оваа заедничка година и на денешен ден следниот месец ќе праиме 3 години заедно. Напорен ми е животот деновиве, иде колоквиумска па разбирливо. Само се надевам дека све ќе пројдам ко што треба и од 15ти мај до 15ти септември 4 месеци ќе уживам и тогаш ќе си го планирам и организирам времето како што ЈА сакам, по мој мерак и за занимливости, а не за обврски. А што тука спаѓа и праксата што ќе ја одам цел месец не ми смета, сакам да одам и аму. Ма сегде сакам да одам, само без тежина на душа и 300 обврски околу врат. И од 2 лаптопи дома, ја дремам на компјутеров што е толку расипан што ни сам не е свесен и не ми дава да пишам. Али добро, ќе продолжам да си го фаворизирам зошто - компјутер е компјутер. Олд скул 8)

    И еден совет: завршувајте си ги обврските на време. Чаос, ќе наминам јас пак 8) :hai: :$
     
    На Divinebutterfly и Doozy им се допаѓа ова.
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Колку е жално кога ке завртиш околу себе гледаш само простаци и едноставно си велишНекои луѓе носат радост каде и да одат, други - само кога ќе си одат.
     
    На tweety26, kravce, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Cold reading - затоа што сте далеку од уникатни.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.091
    Пол:
    Женски
    Уште е жива МУШИЧКАТА шо три дена со мм ја утепуеме. Не ми е јасно, од толку мавање, вол ќе умреше. Или ова некоја роднина и` е шо и` е оставено у аманет да не ме остаи на раат. Ме нервираат досадни сушества.
     
    На Lov3, kravce и vitomir им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    Од сабајле се акам по трамваи и канцеларии.
    Министерство за финансии, за здравство, за пензиско осигурување...за на крај да ми кажат дека работодавецот не си го извршил неговиот дел од домашното и не можам да ги подигнам потребните документи.
    Денес не сум на работа. Да напишам домашното Шведски и да одам малку да поучам, да не се бламирам таму сите кога ќе почнат да зборат. И јас да зуцнам да кажам нешто ќе треба.

    Туку другоо сакав да кажам.
    До мене седнува сабајле еден тип. Дали сакаше да ме воодушеви или си е таков со сите па да не си ласкам :rofl:

    Ај чудни фаци, некои сигнали не ми привлекоа внимание и не го рецкам. Туку типот извади истовремено ај фон, ај под и ај пад :x
    Мулти таскинг во трамвај |(

    А јас го гледам, а на жалост го слушам, и си викам зеди исекни се.
    Ќе се задавеше во сопствените мрсули.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Нема да имаме спас од мушички,муви и сега кога ке затопли па комарци,бубашваби аууу гадни инсекти,
    Пс Теси ме насмеа со мушичката,морав да го кажам и ова,ми даде инспирација :D ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК после 3 недели станување во 7 часот наутро, денес имав можност да се наспијам. :)
    Прекрасното сонце ме разбуди во 10 часот, си реков ајде савана станувај, надвор е толку убаво, нема смисла да спиеш уште. :!:
    Со мерак си направив едно убаво кафенце, а потоа вкусни житарици со цимет.
    Деновиве расположена сум за трошење. Бидејќи се наближува празникот на жената, се спремав и тркнав да им купам по нешто на најблиските.
    Потоа си одбрав една прекрасна завеса за во собата која ќе ја реновираме.
    Денес дефинитивно сум решила максимално да го искористам денов. Среќна сум кога правам нешто корисно, кога придонесувам и јас, кога им посветувам внимание на саканите.
    Го сакам ова време, се радувам на пролетта која доаѓа. :D
    А сега време е да зготвам и нешто вкусно за јадење, (сепак ручекот е најважен) да не останеме гладни :lol:
    Имајте убав ден
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.