Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Каде и да се завртам по улица, плакати...навестуваат избори, политика и такви срања. (со извинение на изразот)
    Верувам дека мнозинството во моментот сака да избега на некоја планина, да се заглави во тишината и да го избегне овој притисок и гушење од опшеството.
    Немам инспирација ни да напишам нешто. Тапа период.
    Негативна енергија ми се лепи од сите страни, а јас упорно бегам и бегам.
    Сите околу мене се или луѓе кои животот јако ги треснал од земја и неможат да се совземат, или лицемерни фаци кои деноноќно ме замараат со глупави муабети.
    Ама еден не се погоди да се насмевне, еден не се погоди да каже нешто убаво.
    Сите мрчат, сите се жалат.
    Аман, ми ја исцрпија енергијата, силата, ентузијазмот.
    Можат да ми го уништат моментот за секунда.
    Сите кај мене рамо за плачење, а јас ни глас да пуштам...само нем слушател сум.
    И на крај, приморана да си го откажам планираниот викенд, приморана да се откажам од солена храна (барем привремено), приморана да не спијам цела вечер од Х причини...
    И, ајде де...Каква е оваа ситуација? :^)
    http://www.youtube.com/watch?v=3Pw3ITeOp-8
     
    На ludoto19, tweety26, Lov3 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Леле мори Манитоба, сега си уште подалечна од порано. :( Го сфаќам татко ми кога си поплакал малку кога гледал репортажа за Манитоба на ТВ, а неколку дена претходно ни го одбиле барањето за селидба таму.

    Мислам дека во Македонија(ва) од толку што се е просечно, веќе и ние луѓето свесно потпаѓаме под простотилукот, се занимаваме со прости ама не се ни прости, мизерни, потпросечни, вреѓачкоинтелегенциски работи. Срам ми е да кажам што се паѓа на муабет кога ќе се седне на кафе. Кога гледам луѓе со високо образование како степен во нивното CV, а не знаат реченица да сврзат - не да ми се плаче, веќе немам ни што да кажам. А и што да му кажам?


    Ко да се давам во кал, ете така се осеќам. Ни опинци не ме спасуваат.
    А сакам бре да шетам. Да му се плукнам на биометрискиот пасош што ми стои празен, среќа летово до Белград ќе појдам па ќе има еден печат како доказ дека сум го искористила. |(

    Сакам Лоднон да го видам, сакам утакмица на Челзи да гледам, да ми стропа срцево 600 на саат кога ќе се опружам на некоја плажа на Азурен брег, да го видам свиокот во Монте Карло кај што Дајана погина, да се качам на буквата H од Hollywood на ридот во Лос Анџелес.

    Зар ќе умрам без да видам нешто од ова? Проклетија земја сме бре, проклетија.
     
    На JuLleE, francais, thinkerbell и 32 други им се допаѓа ова.
  3. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    9.397
    Kога им требаш,тогаш сите те бараат.Залудно е се ,залудни се сите обиди за нов почеток.Не припаѓам на онаа група на луѓе што читат два пати една иста книга затоа што и е премногу интересна.Несакам да ја читам , знам како ќе заврши.Овој пат ќе се обидам јас да напишам една .Во неа ќе бидат испишани сите убави сеќавања,радости и љубов...Ќе биде првата и единствената што ќе ми биде мило да ја разлистувам повторно и повторно.Како и да е јас ќе ја почнам ,без многу двоумења.Вртам нова страница...
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    СДК ... уморна сум, турбо период. Не застанувам, дур можам ќе се движам. Моментите на насмевка, опуштање и разговори со пријателите се неповратни и непроценливи. Деновите врват, времето си тече ... Важно да сме живи, здрави и задоволни макар и со малку позитива, малку среќа, малку љубов ... малку шанси ама најважно се тоа да вреди.

    И уште нешто да кажам, ми боде очи ... многу. :^) Младино описмени се!
     
    На Hipster, kate21, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.091
    Пол:
    Женски
    Би и` рекла, ама не заслужува искреност од мене.

    Edit Пред да се узбуркаат емоциите тука, да си кажам дека особава не е од форумот, не ни може мене некој толку да ми наштети преку еден екран. :D
     
  6. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Се чекирала у банка и пишала “Шема“, а она сирота 200 денари у џеб. |(
    Нејќу хипстерски фаци.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.091
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека може да постојат луѓе спремни сопствената среќа и успех да го погазат од омраза од типот на „и мене нека не ме биде и другиот нека не го биде“. Ту брее...шо народ ќе бевме.
    Па со саможиви и интересџии поубаво ќе се разберам. Озбилно.

    Друга работа, свеки ми пратила домашни кифлички. Јадење од тие кифлички = достигнување на Нирвана. Кога си го бива човека за нешто, си го бива. Браво бе свеки! :*
     
    На ludoto19, ilipili, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  8. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Се најавува ли тест по математика во 5 до 12 ??! :@
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја новата колумна тука на сајтов ( инаку предходно само фрлав поглед |( на статиите и продолжував на форумот, колумната на Трендафилка е прво нешто што сум прочитала) дојдов до закључок дека сите мажи во мојот живот се папучари :rofl:

    Си дојдов пред малку од работа, куќата не е во хаос, садовите се измиени, малиот бањат и заспан заедно со татко му, си биле попладнето на плажа со машко друштво (дружбата место во кафана се преселува на плажа ) ми спремил мм овошна салата затоа што знае дека не можам друго ништо да јадам навечер. Како сега да се жалам дека ми е тешко затоа што одам на работа и имам мало дете кога мм со мерак си ги извршува обврските поврзани со домот и детето.
    Ништо не му е тешко, никогаш не помислил дека требало да се пресели во друга соба кога дојде нудистот (кога ќе го прочитам тоа тука косата ми се крева :@ ) ќе пукне од гордост кога ќе научи нешто ново малиот, едноставно ужива во улогата на сопруг и татко :*

    Татко ми и брат ми се истите, татко ми можеби маката го натерала да учествува во домашните обврски затоа што биле потполно сами тука ама пак си мислам дека и во Мк да сме биле донекаде истиот ќе бил, по посветен татко и дедо мислам дека никаде нема, секој слободен момент му е посветен на семејството.
    Што убава слика имам од оној ден, татко ми легнал попладнето да дремне и еден по еден сите внуци му се придружиле, како беше тоа...сликата вреди повеќе од 1000 зборови :inlove:
    Мислам дека е единствениот свекор на светот кој со кафе ја пречекува наутро снаата и ја сака колку и мене што ме сака....некогаш сум малку љубоморна на нивниот однос :$ ама веднаш се свестувам дека си заслужила да биде почитувана и сакана :hug:

    Брат ми растејќи со таков татко не може да биде поинаков и јас растејќи со таков татко и брат нормално дека ќе сум барала некој што наликува на нив, не физички туку човек кој е посветен на семејството како што се и они и си најдов баш таков :lol:

    Да не биде дека работата фали ме усто да не те расчепам или дека живеам идеален живот со идеални луѓе си имаме и ние up`s and down`s сите мажи во мојот живот имаат некаква аверзија спрема перени алишта :lol:
    Мм не знае( не сака да знае) како се вклучува машината за перење.
    Брат ми нема шанси да испегла било што.
    Татко ми за жива глава не спружува алишта.

    Работата е ќе пејам ама не перам :D
     
    На sweet-cherry, Lux, senza.parole и 42 други им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Кај сте девојки[​IMG]
    Јас се допингувам со чајче и собирам сила.
    Луѓенца ,решив нешто да променам.Не оди вака.Годините си одат,телото старее,а духот...џабе...ова духот да ми остане таков неискористен :D .Денеска или утре го правам првиот чекор.Знам дека тоа нема да бидам јас ,ама и вака своја немам никаква сатисфакција.
    Туку наместо со пролетта нели на прагов ,да ми се намалува апетитот,ми се чини тој се зголемува.[​IMG]Сега планирам да смучкам палачинки за децава.Ги слушнав како се договараат за 8 март да ми купат нешто.Јас затоа суптилно и нежно да им дадам подршка.Ќе излажам ако речам не сакам подарок.Па што и да е![​IMG]Сакам бре!
    Ручекот е готов уште десертот,и после може да одмарам како пензионерка [​IMG]
    Убав ден ,и искористете го денов.Конечно сонце без ветар .
     
    На NoellePage, antonina, kravce и 40 други им се допаѓа ова.
  11. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Обично не сакам вака да плукам по форумов.. Ама денес слушнав за другар еден дека го претепале во саботата. До денес бил во болница. 5 предни заба му се скршени, носот му е скршен, окото му е потечено и моментално не ГЛЕДА НА ОКОТО ШТО МУ Е ПОТЕЧЕНО! Цел е во модрици и рани..

    И зашто го тепале? Зашто случајно се трефило да биде во автобусот што го запалија!

    ГОСПОД БЕЛ ДЕН ДА НЕ ВИ ДАДЕ ДА ВИДИТЕ, ПЛЕМЕ АЗДИСАНО!
    Не ми се верува какви луѓе шетаат по земјава.. ццц
     
    На anastasijaki, pamelche, lana8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Кај и да отворам на фејсбук, сите женски модели, сите манекенки, сите имаат слики од фотосесии, по дискотеки... :^)

    Не знам, јас што не сум се пријавила за Мис Зимска убавица или Мис Бавча, ретардирана да не сум нешто? Или пак, што немам 700 слики од фотосесии на фејсбук? :^)

    Нц, ма не е до мене.До моите родители е! Како само се осмелиле да ми укажат дека носењето допи*њак е некултурно? Како се осмелија пред 5-6 години да ми кажат дека манекенството и моделството баш и не се поучни, добро прочуени, квалитетни професии? Како се осмелиле да не ми дадат пари за фотосесија? :o

    Ма ќе видат тие... Од сега секој петок и сабота ќе дремам во Ванила барајќи спонзори и квази фотографи!

    Абе... :puke: :puke: :puke:
    Мене пак ми е срам жолто да носам да не бидам многу забележлива! :fubar:
     
    На Cloee, sweet-cherry, kravce и 18 други им се допаѓа ова.
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Повторно многу настани во овој период.Така некако ми започна овој месец.
    Цела среќа што претходниот помина,бидејќи ми беше многу лош,тежок и напорен.

    Времево е прекрас но.Деновиве имам голема насмевка под која ги кријам сопствените грижи.Од многу луѓе се оддалечив со причина и не жалам воопшто.
    На човек никогаш не можеш да му погодиш,дури и кога мислиш дека си направил нешто големо за него.Врие од неблагодарни луѓе.Многу тензија има во последно време,многу.
    Сите ведри,расположени,демек се е на свое место.Не,не е.Додека ќутите за се,а со тоа мислите дека правите некому добро,всушност самите си се погазувате.

    Вака така,колоквиумска пак се ближи.Времето си лета,не чека никого.А луѓето без идеи за сопствениот живот и без своја одредена цел незнам зошто си замслуваат дека имаат некој си живот.

    Денот на жената се ближи,нема да бидам со мајка ми,но веќе одлучив како ќе ја изненадам.Ќе и испратам едно поклонче,знам дека ќе се израдува искрено кога ќе го види моето име на картичката.

    ..
     
    На kravce, tweety26, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека мн ми е чудно што во врторник не сум на факултет навикната бев во прв семестар петок ми беше слободен
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.176
    Допаѓања:
    156.614
    Ноќеска сонував дека сме победиле на Евровизија...што да кажам повеќе,излишно е...
     
    На ludoto19, senza.parole, Sunchild и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    9.397
    Јас од малаечка на школо одев сама и пешки.Опасности за децата не постоеа,научувајки ѓи павилата за поминување на улицата и се беше сторено:се стануваше независен а родителите не мораше да ни бидат лични возачи или телохранители.На наствниците се обраќавме со вие а кога бевме во училница сите заедно учениците станувавме и во хор велевме:Добро утро,учителке.Часовите завршуваа во 12 час.На ручек се јадеше сите заедно на масата во кујната,на која се раскажуваа случките од утрото.Колите немаа клима уреди.Кога се патуваше во лето прозорците се остава отворени и се стигаше на одредената дестинација со флизури како да сме поминале низ торнадо :lol: .Станици за сервис немаше многу,за ручек се застануваше на паркинт плацовите и се јадеа вкусните сендвичи подготвени од мама.Интернет беше непознат збор,или барем за мене.А телевизија се гледаше добро ако ти фаќа антената.Никакви мобилни телефони.Дома телефонот ни беше од тие со шпион.Kога идеше некој повик од надвор од градот ,телефонот звонеше поинаку. Надвор за звонење постоеа кабини со жатони и ако некој немаше ништо од повикот,трпение.Ама колку беше убаво мора да признаете кога не сте постојано следени.Facebook не постоеше а пријателство се даваше со едно ракување :!: По завршувањето на Во светот на бајките децата обично одеа да нанат,и затоа не постоеа рангови на емисии затоа децата веќе одамна беа заминати во кревет.Помалку или повеќе вака се живееше кога јас бев малечка.Можеби некој што го нема преживеано сето ова ќе се смее,а некој како мене ќе чуствува задоволство и носталгија во раскажување колку беше убав и помалку комплициран нашиот живот.
     
    На Sunchild и sunfemina им се допаѓа ова.
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Си гледам вести на канал 5 и кога на сред интервју (во живо) пијаница му вели на новинарот:
    - Господине од канал 5, колку е саат?
    Хахахахахахаха...
    Ејј.. човеков ми го продолжи животот! :rofl:
     
    На MacaLove и pamelche им се допаѓа ова.
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Во последно време ретко сум на фемина па само гледам кога имам време да надокнадувам.
    Мило ми е што мојот живот стана многу поактивен,на мој начин.
    Секој ден во друштва,секој ден по некои нови муабети.Повторно почнав секој ден да правам вежби,секако сакам телото да ми биде во форма секогаш. :wasntme:
    На љубовен план иде некако,но јас сум сеуште некако затворена во себе...мислам дека ако сака да биде во мојот живот ќе мора уште малку да се потруди да ме омекне,а засега на добар пат е. :)
    Минатото тропа на вратата но добро сум ја заклучила така што никогаш повеќе нема да влезе.
    Другите пак,се трудат ама на погрешни начини...сум донела заклучок дека не се за мене,дека сакаат само провод,а јас не сум за тоа.Мислам дека добро проценувам на кого да дадам шанса,ако некогаш згрешам едноставнно...лекција плус во животот.
    А кога сме кај лекциите,добив добра животна лекција од другарка ми.
    Одсекогаш во мене имаше сомнеж дека таа би ме изневерила,дека би се разочарала во неа и дека не е таква каква што се представува иако ја знам веќе подолго време...
    Трите се дружиме константно...нонстоп сме кај некоја од нас...
    На крајот беше доволна една мала безначајна случка за ние две да сфатиме која е всушност личноста која се дружи со нас...
    Се разочарав секако...но и очекував вакво нешто...не и е прв пат.
    Одкако разговаравме двете за третата многу работи излегоа на виделина...
    И ај како сега да ја гледаш во лице,да те лаже а ти да се смееш кога веќе знаеш се...која иронија...
    Ке продолжам да се дружам да,но сега веќе ќе се чувствува онаа дистанца и веќе секако ќе има многу тајни меѓу нас...мојот живот за неа станува нешто непознато. :)
     
    На ludoto19, bittersweet, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Aко до сега некои студенти не сфатија дека праксата е поважна од теоријата, епа тогаш не заслужуваат да се вработат веднаш кога ќе излезат од факултетскиот праг! Не можеш да си запишан на филолошки факултет, а да молчиш како риба! Поим за оксиморон сте. :^)
     
    На bittersweet, Oxymoron, sesilija и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ќе бидам кратка. Оти колку повеќе развлекувам во моментот, толку повеќе се губам во мислите. И налетуваат...нова, па нова...и почнувам да се губам.

    Сдк, дека сакам да ги сакам луѓето поради тоа што се, поради тоа што го прават, а не поради тоа што го имаат.
    Ама како да го сакаш и поради тоа што го прави, кога ништо паметно не прави?!
    Или пак воопшто ништо не ни прави во животот.
    Бадијала се родил. Ќе му замине животот, неправејќи ништо... :?:
     
    На kravce и tweety26 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.