Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Денес сум преполна со позитивна енергија. [​IMG]Ама немам како и каде да ја потрошам. [​IMG]
    Mалку за да се насмеам, му го земав мобилниот на татко ми. И почнав да му го читам именикот. [​IMG]
    Мене ме потпишал, со сè име и презиме, во случај да не ме утне. [​IMG] На сите им дал некои надимаци. Ќе ги напишам, ама со измена на имињата.[​IMG]
    Мицко висок, Мишко комбајна, Боце Боцка, Спиро месар, Димо касап, Марко директор, Мичо капетан, Цар Столе, Васко плех, Миро Трубарево, Дени алуминиум, Даскал слаткар, Газда Перо, Гоце лада, Кире општината, Оној мајстор, Светлана шурнајка, Стрико тавче, Баже комшија, Славе мишка, Ристо брат, Митра жена, Коле Цацко, Зоки гипс. А едно време, сестра ми ја потпиша: Мара фип. (демек на вип била). [​IMG]
    А сега, пред да оди во продавница ја прашува мајка ми што треба да купи.
    - Зејтин, јајца, млеко и прашај ја Елена дали и треба нешто.
    И доаѓа тука, ми вика:
    - Зејтин, јајца, млеко и прашај ја Елена дали и треба нешто. :D

    И така, одам јас сета позитивна енергија, да ја истресам врз книгата. [​IMG]
     
    На sweet-cherry, NoellePage, antonina и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Ах, натпреварот...помина супер. За 3 бода не влегов на усно..се изедов жива :devil: . Ама со 2 недели само вежбање доволно е и ова.

    И фемина ја запоставив од учење..само 10-15 мин да разгледам ново што има и толку..и да

    не ми се верува што кажувам амаа...

    ЧЕКАМ ЛЕТОООО. :inlove:
     
    На CharmedGirl, Umbrella22 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    Дали ви имам кажано досега колку не се замарам со политика? :wasntme:
    И колку ме замара гњавење за политика? |(
    Сигурно сум кажала, ама еве пак ќе кажам. Абе со автобус идам и на секои 50 метри налепени плакати, избери дела, заокружи го овој, заокружи го оној...А најглупо ми е што сум видела дека дури и помали од мене развиваат страшни дискусии за тоа кој што направил за Македонија...Аман бе!? :^)
    Па кој ќе ги трпи со овие платени политички програми... |( омиленава серија 15 минути покасно ми почнува заради нив, уште малце во 1 ноќеска ќе ја стават :^) Среќа што сум втора смена :!: :D
     
  4. florosita

    florosita Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7
    СДК дека сакам да бидам како оние личности кој што не ги боли Уво за ништо..да бидам ладна,ама не можаам,многу се нервирам..секако заради него.
     
  5. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК дека оваа недела сум среќна без причина и цело време се смеам!
    П.с Насмевката е најсилното оружје!
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.176
    Допаѓања:
    156.614
    Да искоментирам коментар на колумната на Трендафилка,па може и тема да се отвори...

    Па да, ова е генералниот проблем на нашите работодавци,себичноста и негрижата за своите вработени. И пред се МРЗАТА! Па што ти е работа?! Водиш бизнис,тоа е дел од работата,да управуваш со се. Работодавецот не сака да создаде семејство,не размислува малку од агол на вработениот?! Заради тоа немаме квалитетни фирми во државава, зошто не се грижат ни за своите вработени, ни за своите клиенти, туку само за да си купат количе од првата добивка во првата година,ако ја имаат или ако бидат у загуба,што е природно,одма кукаат како не им оди бизнисот...
    Многу убаво им ја знам работата и како си ги вршат обврските... ама многу,најмногу! Зошто него му е полесно да си извади материјални трошоци плус, да си ги стави у џеб, плус платата, него ли да плаќаат породилно на некоја вработена... Зошто газдите мислат дека работат за себе и дека сите можни пари кои доаѓаат како добивка ги поседуваат тие лично,не знаат како се разработува бизнис. И ќе ти дојде и ќе ти рече,и сеа, што да праам? Ништо,вложи ги таму, оплоди ги,овие работи ги за тоа и тоа,до година ќе имаш тоа и тоа ама мене ми требаат парите,спратче си доградувам... Си викаш у себе,епа пропадни пичка ли му матер!

    Ама па сега,демек противзаконски е да те прашуваат тоа. Мое право е кога сакам јас да раѓам,туку ај за некој саможив за да му работам за 15 000, ќе станам мајка на 45 години...па дури и тогаш дали,пошто ќе му биде тешко привремени договори да потпишува,треба да го прашаш големиот господин дали му се сака да стави амин да ти и маж ти имате детенце...
    А што ако лажам на интервју дека нејќам да се мажам и нејќам деца и после,абе ќути остај несакајќи се деси,шо да праам газда?
    Не се научени да работат ко шо треба и немаат чувство за останатите,тоа е целиот проблем,а не проблемите у фирмата,зошто тоа не се проблеми,тоа се тековни работи!!! Спијте со парите под душек да му се невиди!

    А иронијата е што сите огласи се - не постара од 35 години... Е ај сега...Е АЈ?!
     
    На Bozica1980, Sunchild, NoellePage и 15 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    што срце науми, нема сила што може да ја спречи-тоа е факт и лугето што ме познаваат го знаат тоа:!:
    колку долго се криеше од мене кога, каде и во колку часот е правната комисија и ете денес за прв пат бев-добро е што претседателот на УМС не беше инаку дамла ке го удреше од каде знам :D утре ке има во истото време како и денес трибина во АРМ и се разбира дека ке одам-да научам нешто ново од правото :)
    а денот не е ден без добри вести,пред да тргнам од дома-нешто убаво ^_^ па така беше и денес-ме информираа дека сум замена на набљудувач за време на изборите каде немам поим, никој ништо незнае инаку само повозрасните се тие кои присуствуваат на такви нешта, ама знам кој го има направено тоа и која е целта-а кога ке се сетам колку имам трчано до сега-од хостеса 3 пати до сега, до состаноци и кај едните и кај другите, и ред други активности и што уште ме чека :x посветена на партијата а не како другите имам книшка и доагам само кога ке дојде некој функционер или на митинзи.
    а дека секоја будала добива волан во рака-немам коментар
    прееска кога доагав од едната комисија за да можам да приствувам на другата, еден лудак ме згазна на десниот чевел и ме удри по левиот дел од карлицата и ме боли малку :worried: џабе е да градат и да го прават градов Европски, кога внатре во него живеат зверови-да даде Господ на него така да му направат па да види како е :!:
    како ми тргнало периодов :x а мислам дека претерувам со кофеин ама изгледа дека не е така
    ова ко магија да ми направил/ла/ле ама постои и лек-повторно посета на бајачка :!:
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.091
    Пол:
    Женски
    Ако средината на април се`уште ве дружам, тоа значи дека Теси успеа. Но дотогаш...ko prezhivi prichace.
    Не се жалам, сама нишанев таму. Или ќе ме биде како што треба или ич нема да ме биде.
     
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Моево женчуле дома уште сега ќе го спремаме за 8ми. ^_^
    Ќе ја очупаме, ќе издепилираме бркови, ќе ја исфенираме, од мојот парфем ќе и прснам и ќе ја пратиме да се забавува. :)
    За поклон се мислев што да и купам и решив да и купам Најлепше Желје, ружичка, да и сварам кафе, на мене какао и да ја седнам на тераса да ми кажува за нејзините удварачи на времето. :lol:

    Не. Не сте интересни, попаметни или многу јаки ако се плескате во лице и ако исмевате некој јавно.
    До вчера немаа леб да јадат нејзините, а денес најде да исмева девојче бидејќи нејзините тутун саделе. А на оваа, прчла нејзините што рмбаат по лозјата во Италија, тоа не се важи. :fubar:

    Уште две инвестиции во самата себе. И двете подалеку од мене. После толку време им текнало дека ме имале мене за другарка. И вели, никогаш во никој немала доверба како во мене. Зошто тогаш, си дозволи така да ме заебеш?
    Го знаете тоа чувство кога уште од првиот момент кога ќе се сретнете имате чувство дека таа личност ќе бида битна во вашиот живот, дека долго ќе биде таму? Е, тоа го чувствував. Ја сметав за сродна душа. Исто мислевме, исто сакавме, исто дишевме. Или така сум мислела? Изгледа. :(
    Ми прирасна за срце Хипо. Хипо и Чипо. Зарем не ти е мака за сите тие спомени? Веќе не ми се толку скапоцени кога сфаќам дека мојата младост ја правеле погрешните луѓе. Многу погрешни. Веќе сите спомени ми се одбивни и веќе не ги чувствувам како мои. Бидејќи биле маска, вештачки.
    Сега џабе е, подлизурувај се колку сакаш. Не ми е мака за тебе. Те заменив, да. Најдов друга личност што ме разбира подобро и од тебе. Добро, лажам. Никоја нема да те замени. Ама не заслужуваш да ме имаш до тебе.
     
    На tessie, kravce, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Само мене може да ми се случи во 1 ипол после полноќ да ми се расипе влезната брава и да не ми се отклучува. И да ми се расцвета и падне остатокот дел од бравата, од другата страна. Па ајде го разбудив татко ми да дојде да ни помогне. Комедии!
    И само мене може да ми се случи да си ги изгубам гаќичките од Викторија Сикрет кои само еднаш ми се облечени. Којзнае колку др сум изгубила. А ако некој ми ги украл со здравје да си ги носи. Ама многу си ги сакав, на нив пишуваше Santa baby. Многу беа секси.
    Накратко вчера се изнаслушав фалбаџиски муабети. Де се изнашетал насекаде, де сите плачеле по него, де тој пиел кафе и затоа многу вредел како човек...? Wtf - а да се олади малку!

    Планирам точачето да го активирам максимално оваа пролет. И да си го возам насекаде. Со малото во корпа ќе си правиме кругови околу градот мил.
     
  11. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Љубов во вечерните часови. Семејна.
    Исткаена помеѓу нашите очи.
    Топлина во срцата, топлина во очите и топло чоколадо.
    Нотите на Убавиот син Дунав ја дополнуваат атмосферата, која патем ми наликува на Божиќна.
    Nocturne.
     
    На L-enna, Umbrella22, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  12. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Растрчана бев на сите страни. И конечно најдов гардероба што ќе ја носам на роденден кај најдобрата другарка. Впрочем пред некоја ден ви реков дека само се запишувам на натпревари. Па и денес Ме запишаа за натепрар по географија.
    Цветам луѓе. :rofl:
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ова свинскиот грип здравјето ми го зема.
    Всушност не е свински, не знам ни дали е грип, но здравје немам. Барем не деновиве.

    Другарка ми си замина, месецот со неа траеше прекратко - баш каков што знае да биде Феврури.
    Повторно ми надвиснаа облаци, овој пат не во форма на тешки мисли туку на апатија.
    Знам претерувам понекогаш, но тешко ми паѓаат сите разделби.
    По не знам кој пат се затворам во својата школка и станувам недостапна. Се фаќам себеси како уживам давејќи се во лоши и депресивни мисли и не сум горда на тоа.
    Со палома во едната рака. И чај во другата. Се тешам, можеше да биде и полошо.

    Македонијо проклета да си! Сите ги бркаш од овде.
    Се прашувам само што ли јас чекам?
     
    На sweet-cherry, marama, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.190
    Допаѓања:
    8.335
    Некогаш мислам дека никогаш нема да успеам во животот зошто не сум воспитана да се китам со туѓи перја, да газам, да се буткам во редови, да зборам со енормно висок тон...
    Бидејќи гледам таквите се движечка сила на општеството, нали.
    И овде, милион постови со крадени мисли. Кpадење e крадење, на мисла, на паричник, на семинарски, проектни, на туѓа книга.
    Не ме интересира во какво современо време живееме и интернет правила, ако си се осмелил да украдеш нечиј труд и да го присвоиш за свој е исто како да си џепчија и да си му извадил 1000ка од паричникот.

    @Martin_Nikolic „Топлес феминистки го нападнале Берлускони“. Џизс Крајст! Тоа е ко Тупурковски да го нападнеш со ќебапи.

     
    На Monna.Monna, marama, DzingrlakaDzikica и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Кој ќе ми докаже дека не припаѓам таму?

    Никој.
    Само се молам, кога нареден пат, ќе ми ја бришат меморијата, нека ја срушат до темели. Затоа што вака само ме измачуваат оние мали делчиња кои неповрзано прелетуваат во мојата глава.
    Ми прават неспокој.
    И онака животот доволно прави неред во сегашноста, немора и минатото да ме гони.
    Ако ми кажува каде треба да се вратам, од каде доаѓам, тогаш и нека ме испрати таму, нека го покаже патот.
    Со врзани раце, припаѓам само овде.
    Мојата незавршена работа која ме задржува овде не сакам да ја знам. Само едноставно сакам да сум таму каде што припаѓам.

    Доволно ми се сите овие сопки и збрки.
    Зошто си го усложнуваме животот? Нашето тело и просторот ни се доволни.
    Да можам да живеам само со нив, ветувам дека ќе го направев тоа.
    Ги мразам овие стеги, а моите сеништа, повторно ме враќаат таму, каде што извира мојата болка, а и мојата радост.

    Болката се успокојува, кога ќе сфатам дека тагата и радоста, ми потекнале од исто место.

    Ајт чао.
     
    На marama, Moira, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    А бе овие како SexiLy, што крадат мисли и се дигаат со туѓи зборови, треба со закон да се изгласа да се стрелаат, што претераа, претераа.
    Но, не е тоа најлошото. Финтата е што, неа ќе ја банираат, друга ќе дојде, таа ќе ја банираат, трета ќе дојде, неа нема да ја знаеме дека краде фрази од друг, но тие се плитки и празни, колку е само комплицирано, тешко и сложено да седниш и да си напишиш еден пост во темава, треба IQ 140 + како што бара Никола Тодорв а |( |(
    Вие кутри душички, како госпожава горе, кога ќе легнете навечер, го правите најдоброто што можете, тогаш светот мирува од 'вашите' зборови и глупавоста.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... * тоа најпрекрасно чувство кога ќе ја гушнеш вујна ти после цели 5 години.
    :hug:

    * Дали ви се верува дека мојата колумна денеска толку ја погодила колешката на татко ми (според нејзино кажување - до солзи), што добрата женичка ми пратила поздрав - сјајче за усни и лак за нокти.
    :$

    * Баба ми денес ја направила убедливо најлудата работа во последнава деценија. Во заговор со дедо ми, нормално.
    Го натерала дедо ми да оди да ѝ купи нешто од продавница, и овој да ја израдува и донел божемски колачиња од супермаркет, спремни за јадење, само да се попарат со шербет.
    Ги попариле, почекале... и ми ѕвони.
    - Колачињата камен тврди. Не знам што може да се утне, шербет ли не знам да правам?

    по 15 минути...
    - Ја извадивме опаковката од канта и ги ставивме наочарите. Не биле мори колачиња за попаруење - соја шницли биле.

    :|

    к
    о
    н
    е
    ц
     
    На rossonerka, sweet-cherry, Monna.Monna и 34 други им се допаѓа ова.
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ........................................................................................................................................
    Не знаев како да почнам, па ја прескокнав првата реченица. Ете, сега е подобро :wasntme:
    Никако не научив да функционирам со секој тип на човек. Би ги поделила во 2 категории:
    А. Луѓе што ме инспирираат
    Б. Луѓе што не ме инспирираат.
    Група А се позитивни луѓе, кога и да сретнам некој од нив, инспирираат убав муабет, искрена насмевка, и не многу тупење.
    Група Б се луѓе што шират негативна енергија, немаш инспирација за муабет со нив, се е толку плитко, мора лажно да се насмевнеш за да не ролаш очи и да гледаш што побргу да забегаш.

    Група А се ретки луѓе. Штета. Денес имав средба со лидерот на група Б и веднаш ме исцрпи. Штета што не можам едноставно да ја игнорирам, зашто ако го направам тоа после ќе треба да почне да јаде нешто... што не е за јадење :(
    Не можам и не можам да се прилагодам на секаков тип на луѓе, како да е загаден воздухот кога сум со некој што не ми одговара, па сакам само да избегам да се изнадишам чист.

    И да, цвеќиња растат на форумов откако излезе конкурсот за модератори, камо повеќе да потраеше. Just telling the obvious :wasntme: :lol:
     
    На Annath, kravce, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.552
    Пол:
    Женски
    ....Него овие 2 дена нешто ми е мачно на душичево.Се осекам ко да се гушам.Незнам што ке беше оваа работа. Се осекам ко пренадуван балон кој во секој момент ке пукне. Многу небитни луге,многу лаги ,многу неискреност и лицемерие.На каде се движи човештвово? Стигнавме еден на друг да си правиме штета и да си забиваме нож во грб,а се познаваме уште од градинка.Лепчето сме го делеле а сега се правиме дека не се познаваме кога ке се видиме на улица.

    Што се случува со нас. Зарем толку си ги искваривме душите?Зарем го закопавме човечното во нас? Зарем до толку станавме нелуге?
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Дефинитивно нов лист во мојот живот. Нешто што ми беше очајно потребно, па морав дури во колапс да паднам.
    Вечерва, збогувана од алкохолот, со апчињата на Бабе (ех, каква иронија, јас стигнав да ги пијам нејзините апчиња), започнува нова етапа од мојот живот.

    Првите две декади беа бурни. Следниве.... ќе ги видиме.
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, antonina, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.