Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски

    И ти ли,Бруте? (SexiLy)

    Се поправам: јако ти беше тоа за Берлускони Martin_Nikolic!

    Додека е вака овде,нема да мрниме од мртва точка...Барем извор да пишеа...



    Луѓето никогаш незнаат за доста,секогаш избираат секакви средства,најчесто нечесни,за да стигнат до целта,не им е важно дали некој ќе повредат,дали некој ќе настрада,важно да го добијат она што го сакаат.Жал ми е за таквите. Не правеле кога требало,па отпосле,во последен момент нечесно стигнуваат до целта.Но,не секогаш им успева.А и кога веќе ќе ги откријат,потоа се им е џабе.Не само за на форумов,зборам општо.Место чесните и вистинските квалитети да добиваат,се истакнуваат оние што украле,се пробиле на штета на другите,биле исфорсирани или па дебело си платиле |( До каде стигнавме...Ете затоа не ја сакам земјава,направија се за да не угнетат и да не измачат додека стигниме до еден нормален живот.Цел век учење,потоа цел век барање работа,потоа цел век работење,а семејство,деца,одмор? Да заборавиме на тоа,а? Не ми се допаѓаат работиве,ама како и да е,никој не можи да ги спречи.Лично јас,барем си знам за мене,се чесно сум направила,тешко сум дошла до тоа што сум и мирна ми е совеста и душата :mm: А вие како сакате.The choise is yours!
     
    На bittersweet, Mrs.Cuper, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Си кажав дека ќе ја губам главата по шалтери.
    И ете го.
    Лепотанот.
    Ама смотан е, многу е смотан.
    Ми фалело курац,ми фалело палац. Човеку идам во твоја банка зошто имам картица од истата и не ми се плаќа голема провизија,а не зошто сум фасцинирана од вашето (не)работење.
    И добро, повторно у курац да фатиш што ме тераше да се бркам со времето.
    Во другата банка све си беше во ред.
    Како тоа?
    Но, стигнав as usual во 5 до 12 затоа што овој неспособниов ми го испоремети цел распоред.
    Енивеј, некогаш цигара пред спиење повеќе прија него по станување.
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Не е оти, ти се’ си сработуваш најсовршено, најдетаљно.
    Благе везе нема со тоа.
    Има везе со тоа што, некому... на некои, не им се работи. Не им се мисли што фали, што не фали.
    Пак, оти да се он /они секираат и замараат за такви будалаштини. Ти си за будалаштините. Тебе ти ги довериле ццц
    Он,они , пошто тебе ти ги довериле, они тебе и ти веруваат. Најнормално.
    Ако си ти забрљал, ти си забрљал.. они само ти веруваат дека е не могуче да ти забрљаш.
    :D :D :D :D

    Вака, во искушение те ставаат да ископираш од нет, некоја глупост за целулит, за што знам, за кинезотерапија, за се што благе везе нема со твојата работа и да го вметнеш тук-таме во документ - барабар со по некој сериозен пасус, каде обично и сам знаеш им застанува погледот..оти нели, трчи трчи мозоче, врати се... трчи , трчи мозоче , врати се.
    (имаше и таква ситуација со некои други де, на друго место..други људи..зелка-систематизација) :D
     
    На bittersweet и Johny им се допаѓа ова.
  4. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Конечно малку заслужен одмор..

    Незнам за Вас, ама ја си имам навика да не си легнувам пред да го прочитам утрешниот хороскоп на фемина. :) Го читам моментално и си размислувам, дали е можно повеќето работи да ми ги погодува, или да се работи за обична коинциденција, па секој може да си се пронајде. Најверојатно е второто. ;)

    Си размислувам...многу се променив последнава година, конечно ги отворив очите, и со многу луѓе, кои навидум ми се правеа "пријатели", постепено ги расчистив односите, се дистанцирав и ставив крај на очигледното "другарство". Преку глава ми беше од лицемерие, и од површни муабети, а да немаш со кого искраен муабет да си направиш. Но тоа е што е.. :) Можеби конечно созревам... конечно се опаметив да не ми бидат приоритет луѓе на кој јас им бев резервна опција. :/ Како беше она "better alone, than in a bad company"...?
     
    На Katerinceee, Umbrella22 и anggell им се допаѓа ова.
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Прекрасна помината ноќ со пријателите и дечко ми
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Oј денови поминати...
    Cи лежам во кревет, и ме мавна една носталгија.Cакам да одам на планина, и тоа не било на која, ами на онаа посебната,со трошната ни викендичка, каде го поминав најубавиот период-Mоето детство. Cакам да се вратам таму, да го мириснам воздухот, да пропешачам низ тие патчиња, каде шетав со дедичко, да трчам по тие ридчиња и да си берам нане и цветчиња, како што правев со баба.
    Mи треба тоа и многу, таму ми е се, таму ми се спомените, за еден убав, најубав период,кој не се враќа, освен во мислите.
    Eххх, а колку би сакала, колку би сакала пак да сум дете,пак да сме таму, пак да трчам низ овоштарникот и да си берам праски и јаболки, пак баба ми да ми ги собира фамозните бубачки што светат навечер и да ги стави во ќибритно кутивче, и јас да се радувам до бесвест.
    Mи фали и звукот на штурчињата, кои јасно се слушаат од целосната тишина навечер, далеку од буката, далеку од сивиов свет....далеку од светот во кој јас не припаѓам :)

    Tаму е моето место, тоа е моето катче.
     
    На bittersweet, JuLleE, Monna.Monna и 26 други им се допаѓа ова.
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Од каде ми дојдоа овие мисли сега, подранија малку, обично на есен ми доаѓаат :( :talk:
    Кога ќе ти се збира нешто долго време, после пука, експлодира. Се надевам дека кај мене нема да пукне во погрешно време, всушност се надевам дека воопшто нема да пукне. Нема ни да си стои така насобрано, може едноставно да исчезне... нели? :( Не сакам да бидам друга личност веќе, сакам да сум јас и да не ми е гајле за ништо :|
     
    На Katerinceee, Divinebutterfly и senza.parole им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    брат ми е суштество што не можам да го поднесам-постојано ме уценува за пари земајки ми работи од мојата соба а е мрза невидена и згора на се заглавен со факултетот наместо да почне да вежба да се развие малку би бил одличен за секјурити и да се освести наместо по дома да збеснува ко лудак затворен во својата соба а поголема паничарка од мајка ми не постои, за секое нешто почнува да се потресува припага во несвест, татко ми како и обично во пијана состојба-од него доага се :!: и од недостатокот на финансии :worried: а од партија јас сум им резерва за се и да бидам искрена се малку повеке од досадни така да немам време да бидам многу дома периодов така да кавги навистина не ми се потребни а највеке се присутни :swear:
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Душо, зашто не баталиш партија и тие глупости, што се замараш со непродуктивни работи. Оди си на курс за некој јазик, научи си нешто што ќе ти користи во животот, секој пост ти се сведува на партиски случувања како да си опседната со тоа. Па имаш толку покорисни, повозбудливи, покреативни работи во животот кои можеш да ги правиш а ти си избрала да го губиш драгоценото време од животот со безделничење со неспособни партиски снобови. Ако не ти се учи, оди шетај по Македонија, барем за во нашава земја не ти се потребни многу пари а има што да се види. Релаксирај го мозокот со убави нешта.
    Оди искористи частење сега за осми март од партија и батали ги после. :lol:
    Поздрав.
     
    На tessie, bittersweet, ilipili и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    9.688
    Изгубена во моите мисли,и оваа ноќ не спиев,ма не пушав :?: ,а над се издржав на искушението да не го уклучам компјутерот и телефонот :whew: .И така ноќва ,свесна за моите грешки,направив една невобичаена работа:го исклучив телефонот и компјутерот :( .По вечерата,за прв пат после толку време ,излегов да направам една прошетка.Се почуствував подобро,но не го исфрлив напонот.Во еден момент ,не видов колку беше саат,извинувајќи се самата на себе :lol: ,излегов надвор да запалам една.Исчекувањето ке ме „убие„,само посакувам што побргу да помине денов.Прашање е дели ќе ја донесам вистинската одлука :sweat: ,ах само да се зависеше од мене.И така останувам да го допијам :coffee: ,читајки ви успевам мислите да ги упатам во друг правец или :shake: ...
     
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк времето лета а јас стојам во место,никако да бидам во чекор со времето,и многу бе стресови имам,па и девојка ми ја тупи работава,зашто да биде едноставно кога може да биде сложено,типично Македонска работа,многу луѓе запознавам и се повеќе се разочарувам особено кај понежниот пол,а за момците ич не се секирам што сакаат нека прават,затоа што и не ги ни приметувам,а бе само девојки гледам,се случува да застане некој тип до мене и некој глуп муабет да ми прави,ич бре не го рецкам,ке види ке се тргне,но кога ке дојде убава дама до мене е тогаш е поинаку,а бе повесел сум и ако ни тргне муабетот,а бе ми нема крај на мојата среќа,ете можете да замислите на какви работи се радувам. ;)
     
  12. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Шо бе вака времево? Сакам сонце.
    Многу си се преоптоварувам со глупости, и тоа само на мене ми штети.
    А и треба да се стегнам во школо, дадам макс.

    Ее, не сум нај периодов.
     
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Абеја бе ова некако многу ми бодеше во очи :( како бе за во нашава земја не ти се потребни многу пари абе секое излегување кошта пари, буквално секое излегување од дома кошта пари, па поготово кога ги немаш и не заработуваш. Колку пари ти требаат да отидеш до Матка, на карневал во Струмица, виќенд во Охрид, во Аурора во Беово, да ги посетиш вевчанските извори, да пиеш кафе во Кадмо, да отидеш до Гиновци??? Купишта!
    Одкако сама работам и заработувам многу со подруги очи гледам на парите, се научив да ги штедам и да ги ценам. Нема таа е платата како знам и умеам морам да ми издрѓи до наредната, не се жалам имам солидна плата, нос метам дека на мои 24 години е срамота да барам пари од моите.

    Инаку добра сум :) си врвам низ живото, си уживам во малите нешта и да ви кажам екстра ми е :) Сеуште го немам пронајдено вистинскиот, сеуште сонувам за накој таков и не се одкажувам зошто знам дека некаде ме чека :) или па не...

    Ве поздравувам и Ви посакувам убав ден :)
     
    На sweet-cherry, lunicka, Hopeful и 8 други им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден најмила мамичке !
    Те сакам наааааајмногу ! :l:
     
    На Angy.g, Katerinceee и nesa им се допаѓа ова.
  15. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Се нервирав ја така цел ден и се расправавме цел пат, он едно ја друго и се контраме никој да не попушти, се додека мене не ми пукна филмот и се расплакав, значи ме води до тие граници секогаш да плачам и глава да ме боли и тој одма немој да плачеш, те сакам, вака онака и толку, се поминува. Ама не можам да поминувам нон стоп низ истите работи, му кажав, мора да се контролира инаку ништо добро нема од ова да испадне.
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    22.196
    Пол:
    Женски
    Сем лажење значи не постоеше друг начин да се справиш со ова? Ама стварно? Да ми дадеше до знаење најискрено, горе-долу донесов одлука па да си знам, а не да се правиш заинтересирана на ниво „ги пијам твоите зборови ко лимунада у лето“ за тоа што ќе ти го кажам па да ме лажеш за да ме доведеш до тој степен да не прифатам. Интересното е што немаш помислено на тоа дека познавам некои од другите луѓе и дека ќе дознаам. Бар да ги припремеше да ме излажат...многу професионално...на ниво баш.

    Многу попрофесионално ќе беше и да ми речеше, едноставно „Не ми одговараш.“

    Некоја следна прилика? Не фала, пре би волонтирала отколку да работам за тебе. Пријатно!

    Edit
    Сакам и нешто друго да кажам, да не ја преплавувам темава додека можам да редактирам.
    Многу ми е глупо кога ќе видам на форумов како некој некого плука врз основа на тоа каде највеќе пишува, колку мислења има таму. Се` додека почитува правила, мислам дека не постои правило, кој каде сака нека си пишува, а не „аман коа ќе отворам шо јадевте денес/серии/оваа тема/онаа тема, одма ја/го глеам. Не ми се отвара више од него/неа.“ Па не отварај, кој те брани, или додај си го во непријатели да не му ги гледаш мислењата.
     
    На Someonespecial и Annath им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    :) Насмеано смајли, ама не ми е до смеење.
    Па добро, тука е малку поевтино, со уште два тројца, ќе делите гориво, ќе прошетате, за некое мало патување може да се заштеди колку да си ја исполниш душата а и белите дробови. Не велам дека колата на вода би одела, но за мали задоволства може да си дозволиме. Кога јас, невработена, мислам дека е изводливо, верувајте ми.
    Баш пред некое време правевме некои пресметки. За до Струмица на водопадите ни се потребни околу 50 евра со се патарини. Четворица да делат, ќе одвојат по 850 денари, плус нешто за јадење од дома, до св.Јоаким Осоговски-Крива Паланка може да се отиде со 1500 денари, до Марков манастир исто не е скапо, зависи кој од каде е.
    Ама ако не работиш, а од друго место немаш приходи (родители, партнер, баба, дедо...) и ова е тешко :(

    Надвор денов - турни ме да кинисам. Не знам кој му е планот, само да не заврне вечер, имам нешто планирано :lol:
    Додека американците велат дека ни претстои глобално затоплување, русите велат дека ќе се соочиме со мало ледено доба. :?: Е ај сега најди им нзс.
     
    На Annath и danichap им се допаѓа ова.
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.170
    Арам да им е.
    Луѓе без милост, да се кладат у борба со кучиња. Тие кучиња нели имат душа? Не 2 месеци затвор, полошо да ги снајде!
     
    На sweet-cherry, antonina, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Со дечко не стигнав да напраам годишнина,ама затоа денес со Фемина си славам 1 година од дружбата.

    Нека ни се множат годините исполенти со заеднички мигови во љубов и благосостојба. :D :D
     
    На antonina, tessi, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Јас сум најголемиот малер на сите времиња!!! Ама на сите, буквално. Пак имам денес акутен трапавитис, ај што се искршив сама, туку испотепав пола фирма. Пак го има стандардното паѓање од кревет со проклетиот чаршав (мислам дека се од истиот се сопнувам, не го постилам веќе, маме му... ) од кој се сопнав, се утепав. Ја изместив вратата од регал, и сега кој ќе го слуша господинот ко ќе си одам дома, дека не гледам кај одам. А во право е сиромашкиот, ама кај да гледам во 5 сабајле кога нормално станувам... ;( Душа ми спие. Немам поим жива како се донесов на работа, пола пат го преспав. Само што стасав, си ја гребнав колата од некои железа што ги има покрај паркингот, значи 3 години покрај нив паркирам не ги чачнав, сега. Пак ќе речам, кој ќе го слуша Лепи да ми дрви после како на сите жени треба возачките да им се одземат заедно со правата за поседување на истите, и да се запалат јавно. Возачките, не жените! :!: :rofl: Господин чувар го вознемирив нели, па нозе искрши додека да дојде да види што се случило, цела фирма разбра со брзината на светлината, а 120 луѓе сме па види ти сега како тоа се шири молскавично... Имав еден КГБ, ФБИ, Џејмс Бонд момент, тргнав на состанок и си ги заборавив пола од документите пошто нели не сум се наспала, и само што влегов, ОП!!! Газдатаааааа!!! Не ми ги побара точно тие? Да речам ќе одам да ги земам, не бива. Да речам усно ќе ти кажам, можам што сакам да му кажам, неоти ќе има каде да провери ептен не е професионално, џабе ли цела недела правам графикони и што не. И среќа некој нешто почна да збори, и стана да се позанимава со прожекторот. Како стручно сум исчезнала од просторијата, абе ко со напивка од Балтазар. Маф да ме нема. Си ги земав документите, полека се шмугнав назад и за моја среќа сеуште се занимаваа со прожекторот. Профи. Арно ама, кога излегов да презентирам што сум смислила, со штиклата културно го закачив кабелот од дотичниот прожектор кој го правеа 15 минути, и го откорнав од него, притоа искривувајќи ги тие жичките внатре. Добро е ќотек што не изедов. А толку се мислев сабајлево да не доаѓам, да си спијам дома, да си земам денче од одмор, што паметна работа ќе направев. Ама ете, не си го послушав инстинктот, и сега ќе си седам вака трапаво на столицава и ќе чекам да видам што се уште ќе ме задеси до вечер! :lol:
     
    На sweet-cherry, Elennaa, mims-89 и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.