Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.788
    Нема поголема радост во очите од онаа на старчето што денес си јадеше бурек со сласт и јогуртче на една клупа во маало. Ме разнежни.

    Со мајка ми пазарење, зен. Муабети за животот. За тоа дека како мала сама сум трчала кон фрижидерот со ширум отворени очи и сум барала да јадам. Вечен глад и гурманлук, се смееме. Денов е во милион нијанси на сиво, ама дома имам пастел. Најдов пластелин во една кутија и допирот со таа текстура ме врати назад во некои безгрижни и многу меки времиња. Баш како пластелинот.

    Да се биде дете во возрасен човек е најдобрата работа што може да ти се случи, истовремено е и најтешка. Денес тоа го осознав кога со мајка ми јадејќи ручек, со салфетката посегнав да и ја избришам устата од кармин зошто така не се јаде.
    И ме послуша.

    Вечер ќе се љубиме со него јадејќи милиброд со џем и слушајќи винилки. Да, денов е за Љубов.
    Како и секој друг, но за мене така, посебен.
    Зошто, разговарам со себе.
     
    На mims-89, malecka91, Peppermint и 5 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    100.487
    Пол:
    Женски
    СДК -ЧИН 1

    Доцна синоќа дојде зетот на маж ми,со еден негов пријател.Е сега им се расипала колата,па да навратат за помош,ама кога разглобивме како што ,испадна дека е подобро да преспијат кај нас.Е, сега се би било во ред и нормално,ако пријателот на зет ми беше маж,да го грабнеш и бегаш. :D Абе се знам јас дека сум и мажена и се по ред,ама бре што годи на око годи. :lol: Ми се чини од погледот негов се растопив како сладолед на сонце.Да ..и кога си легнавме да спиеме,нели прв сон онака и осеќам мојов ме гушка,јас сонлива го земам мобилниот да осветлам да видам со сигурност кој е.Мислам не дека јас не ја познавам раката и мирисот на маж ми,ама си велам не е на одмет да погледнам уште еднаш.[​IMG]И кога му кажав на мојов зошто го осветлувам почна да се смее,дури и децава ги разбуди..па и гостите.Залудно го замолчував..и му викам за да не се соочам од блуд морам да ги преземам сите мерки на предострожност.[​IMG]
    Личам ли на жена од 41 година?[​IMG]

    СДК-Чин 2

    Се сеќавате вчера што спомнав дека ќе направам нешто ??И знаете што го направив.Не знам навистина дали ќе добијам некој бенефит ,ама морав да направам нешто,зашто животов и секојдневието ме голтна.
    Можеби ќе погрешам,и одам против некои мои начела,ама друг излез не гледам...
    Држете ми среќа,и те како ми е потребна...па и да ме тешите [​IMG]
     
    На Elennaa, antonina, Foreveryoungiwannabe и 30 други им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Временската прогноза ми станува одбивна, тмурново време ми здосади.
    Глупости.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Баба Матра е стварно луда и со триста ума. Од наредна недела снег бе, а ја видовте ли неделата каква беше?
    Него, синојќа сонував дека цел плакар што го имам во станов ми бил полн со буреци, ахх и тоа и мирисот го осеќав на четвртинките со месо. Идам денес по улици и се ми мириса на бурек, па сум смачкала една осмика додека чекав автобус.
    Колку ми се смешни и слатки дедињана во автобус што постојано самите си коментираат нешто во стил ,,Каде бе ти на црвено....шефе тргај зелено е (демек овој не гледа) ....леле колкава зграда никнала овде,, :D и така одма ми текнува на мојот дедо што не му правам нешто многу муабет, а тој едвај ме чека да му кажам нешто ново.
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Прашања, прашања и само прашања. Одговор нема. Се прашувам ќе вреди ли повторно да ја отворам старава книга. Ќе извлечам ли нешто ново од неа овој пат или пак ќе наидам на оние стари и болни полуиспишани страници кои будат спомени? Едната страна вели отвори ја, другата не ни помислувај на тоа ... Тешко е да немаш одговор на толку едноставно прашање ...
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cтанав ко Jim Carrey у number 23 :^) . Cамо што мене не ме прогонува 23, ами 10112 ...
    Mислам дека во мозокот ми оддекнува тој број, каде и да се свртам, на кое ќоше, секаде го гледам..
    Mногу ме интересира колку пари се потрошени за ова перење на мозокот, за овие реклами со почеток, ама без крај, мислам дека и глувиот прослуша со нв, и слепиот прогледа, и умоболниот оздраве, а ние нормалните се пореметивме, ослепевме и оглувевме.
    Jа претераа веќе ја претераа до безконечност, на кој канал да свртиш, во било колку часот, ја, ете ги.
    Mожам да застанам пред вас како прваче, и да ви ги изрецитирам, од толку пати што ми влегоа во увото овие 2 дена.
    Cреќа што увово нема потреба од апаратче, бар сега за сега
     
    На JuLleE и Ilusionist им се допаѓа ова.
  7. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Дозволете ми овај пост да го посветам целосно на мојата прабаба.
    Жената која одвои 5 години од својот живот да ме одгледа, да ме направи во ова што сум денес.
    Да ми ги всади сите морални принципи и вредности, да го извади најдоброто од мене.
    И еве ме денес, 20 години успешно и пред се гордо чекорам.
    А таа била секогаш тука да мотивира, да ме теши, да ги споделва со мене оние тешки времиња низ кои врвела но секогаш со подигната глава.
    Бабичке иако бев мала, се сеќавам на вежбите кои ги праевме, на фискултурата како што знаеш да ја викаш.
    Се сеќавам со мотрчето кога ме возеше цело попладне , 5 дена во неделата, без разлика дали си сакала или не.
    Сега со солзи во очите знаеш да кажиш : ех Ланичке, кога те чував тоа беше најдобриот период во мојот живот.
    - Беше премногу мирна, ми беше огромно задоволство и кеф да те чувам , посебно тебе, како миленичка од сите внуци.
    Растеше како турте, и секогаш ми велеше: Бабо , пушти ме да одам сама, знам дека сум ти тешка :)

    Овие реченици ги пишувам со насмевка и со огромна љубов, знаејќи дека постоиш и дека те имам.
    Би сакала , кога ќе остарам, да сум барем колку пола од тебе.
    Да им дадам барем пола од твојата љубов.

    Среќен 86 роденден бабичке. Знаеш ми вети дека ќе ми играш на свадба макар и тоа да ти било последно.
    Епа јас ке ти кажам дека треба и чукунбаба да станиш. Ми вети дека ќе чекаш.
    Да ми си жива и здрава бабо, уште долго.
    Да те гледам секогаш насмеана, во тие веќе пропаднати очиња но секогаш искрени низ кои се гледа мактрпното време во кое си живеела , и низ кое си поминала.

    Те сакам неизмерно. :)

    П.С. Се надевам дека ти се допадна поклончето :)
     
    На CuteEva, Foreveryoungiwannabe, Sunchild и 6 други им се допаѓа ова.
  8. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека мн сум уморна а немам врема да си легнам да спиам
     
  9. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    За скоро полнам 26, си тапкам во место и се нервирам.
    Сакам да имам работа и да си оформам семејство. И двајцата сме без работа и ништо не можеме.
    Не сакам луксузи, сакам здравје, љубов, хармонија. Барем мирна да ми биде душава.
    :!: Здравјето пред се!
    Господ е голем па се надевам побрзо ќе ми ги исполни желбите. :)
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60
    Пред неколку дена бев да си купам кнга , не знам што ме натера да ја купам така зборуваше заратустра... Се во ред , додека не почнав да ја читам ... :)
    Малку тешка книга ... не баш за секого , но ке ја прочитам не се откажувам ... сега за сега не ја разбирам баш , уште на почеток сум , но ако ја разберам е тогаш ПАЗЕТЕСЕ!!! :lol: :rofl:
     
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    17.874
    Пол:
    Женски
    секогаш малите работи ме прават многу повеќе среќна, како на пример кога чекам секој ден воз на железничка Ск ги хранам врапчињата, и тоа ме прави многу среќна, толку се слатки , мали, храбри... секое е посебна приказна за себе, ке им фрлам трошка и буквално се тепаат кој попрво да ја земе таа трошка, а сепак се неразделни... се борат за живот,тие треба да ни бидат поука дека треба да бидеме храбри и да не се откажуваме од тоа што ќе го намислиме,ем им е страв од мене и кога ќе им фрлам трошки па идат и покрај толку страв, е многу се слатки, секогаш успеваат да ми украдат насмевка од лицето, и многу убаво се чуствувам кога колку толку ќе успеам да ги нахранам, всушност сакам да кажам дека треба да бидеме задоволни и среќни со тоа што го имаме и да не се лакомиме за повеќе, секогаш да бидеме позитивни и насмеани затоа што насмевката е заразна! не мора да значи дека ако имаме се што ќе посакаме ќе бидеме среќни, треба да бидеме среќни што сме живи и здрави, Зошто тоа е пред се! Здравјето, Љубовта, Семејството, Ете тоа мене ме прави среќна! :*
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    22.196
    Пол:
    Женски
    Теси официјално влезе у ПМС. Aj за арно, за убаво... :D
     
    На kravce, Umbrella22, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Саат време пауза што имам за ручек никако не ми поминува.
    Глува доба во ноќта, се е тивко, дури и бебињата за некое чудо сите спијат.
    Читам тука на форумот што има ново, читам вести за светот ама времето не ми поминува, се влеееечеееее како црево :lol:

    Не сум слушала вести цел ден, што и не е нешто ново а сега читам премиерот си дал оставка.....не се радувајте не е Груевски :rofl:
    Ни паѓат тука премиерите како крушки.
    Предходниот си даде оставка откако син му го фатија дека вози откако пиел, да не беше нов возач ќе беше во рамките на дозволенота ама како нов возач треба да е со 0 промили.
    Можете ли да замислете ден кога во Мк ќе смее полиција да застане на некој од главните синот или ќерката и да смеат да им направат алкотест, без децава да им се силат со знаеш ли ти кој ми е татко/мајка????

    Сегашниот си поднел оставка дека со-партијците биле незадоволни од неговата работа, си поднел оставка од лидерската позиција а со тоа и од премиерската позиција.
    Можете ли да замислете ден кога тоа ќе се случи во Мк со партиите?

    Ајде да се вратам на работа оти лошо ми се пишува ако за време на работа место да работам, си дремам на интернет :)
     
    На Hipster, kravce, Elennaa и 22 други им се допаѓа ова.
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    И болката не боли толку, како празнината. ...Би сакала барем да ме боли, иако знам дека звучи бизарно :(.
     
    На Umbrella22, Trnche, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Пробајте го новиот шампон „Brain Wash“ инспириран главно од ВМРО и СДСМ со мала доза на другите политички партии наменет за локалните избори. 8)
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Бог да чува, денеска стопати го кажав ова.
    :geek:

    Додека како пензионер ја злоупотребувам месечната ]:) (6 автобуса сменив денеска, хе хе, не може ми нико ништа, како агент од ФБИ сум), не можам да се изначудам на луѓево и на глупостите што ни се случуваат. Само некоја будала вози кола, ќе те собере и тебе сосе партали ако не внимаваш, сега едно блиндирано џипчиште спарчило друга кола, мислам добро, каде се брза светов?

    Едно дериште од карши го среќавам веќе секој ден во автобус, некогаш и заедно одиме во лифтот. Немав одамна видено толку иритантно дете, самата негова појава и однос ме нервираат. Се понаша како дибек, го мрзи да каже едно ,,фала,, што на неколку пати го причекувам со лифт, какво здраво или нешто слично, тоа е више виша култура, се бутка да испадне прв од лифтот и не пази дали има постари зад него, во автобус ме гледа во очи, онака злобно, и пука тапанчиња со мастиката, како да знае како ми влијае. Јадни родители.

    Не дека и они ми викаат Добар ден или Фала ако ги почекам/сретнам наоколу де. |(

    Невоспитан свет бре, невоспитан. Безобразни и злобни ми се некогаш луѓево. Бог да чува. Прееска едни, кои комотно можат дедовци да ми бидат, си ја собираа вилицата од земја кога влегов во зградата и им кажав Добар ден. Не дека и тие ми вратија. Мислам, ај ако не, да минеме едни покрај други и да се судриме со лактите, ништо не мора да си викаме.

    Па по автобусите па, кога ќе се обесат на врата некоја, ни да влезеш ни да излезеш. Пак така злобно те гледа, ти се клешти, стопати ме имаат прашано досега дали ќе сум се симнувала. Не бе друже, од стоење на средина дојдов до врата да стојам, ми здосади таму. ]:) Или прашањето - Еј будалче, месечна вадиш, вози се така, ако ти пишат казна еднаш ќе платиш и готово. Како бе така? Дотерана, намирисана, нашминкана, да немам карта? Ако немам, нема да се возам, ќе одам пешки.

    Минеш на улица, ќе те прегазат, ќе те сомелат, да можат да те згазат додека те гледаат во очи, ќе те згазат и око нема да им трепне. Ќе те остават како мрша да лежиш додека не се најде некој ,,фин,, да те потргне понастрана и да те минат само со задни гуми.

    Да не почнувам за глупиот свет по супермаркети, женичиња кои секогаш немаат еден денар (колку често донирам денарчиња во супермаркет, ако ме видите, јас сум таа), мислам добро, брука е да нејќеш да раситниш 10 денарка, си направил огромна сметка, надвор возиш џип, нема смисла... Или како секогаш нивната картичка кочи, блокирана им е, немаат пари. Мислам, ало, јас сум студент, јас ако можам да си ги планирам парите за да не се брукам по продавници, ти ли не можеш?

    И тогаш, кога го пцуеш целиот свет, гледаш еден фин дедо како ги пречекува сите во автобус и им го нуди местото до него на патниците. Изморени сме биле, да сме приседнеле. :D Камоли од седење да одмарав. Гледаш девојченце како културно разговара со баба му и оди на улица без да се тегне и да те гледа злобно и гледаш луѓе кои ти запираат културно на пешачки, само затоа што така треба, а не затоа што полицаец им виси над глава. Или па оти сакаат да те изманијачат додека им минеш, се' си има по светов. Како ти отвораат врата од мерак, од ќеиф, ти даваат предност ако имаш само две кафиња на каса и тоа го прават затоа што така сакаат, за нив тоа ништо не значи, ама на некој може да му го разубави денот.

    Е такви луѓе се потребни на светов, секој ден повеќе и повеќе.
     
    На sweet-cherry, kravce, Elennaa и 34 други им се допаѓа ова.
  17. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Maаааарт прекрасен си,знаеш? М,да сите знаете. Две години пишувам за љубовта кон месецов...
    Обожавам мафини,особено со свеќа на нив.

    06.03 како што веќе знаете,или сепак не..префектен датум за роденден на една прилично ноншалантна личност.Понекогаш студена и дрска.Личност што сака формалност,танцување и се поврзано со поимот латино.Љубител на францускиот јазик и шпанската култура -Смајли.
    И покрај мојата помешана природа сакам насмевки.Особено оние искрените и спонтани...А,денес другар ми ми рече дека цел ден сум блескала :)
    Сакам се поврзано со родендени.Честитки,торти,шарени кеси,подароци,забави,семејство,пријатели и нАли алкохол.
    Доколку некој има желба да ми прати шише бело вино и јагоди слободно нека ми пише ЛП да му ја дадам адресата.
    Ве сакаммммммм сите до еден/а, позитивни,ладни,дрски,реални,мрчатори,среќни,вљубени....
    Bе бакнувам и гушкам. Have a fabulous day xxxxxxxxxx.
    [​IMG]
    it's time to pop the champagne, make some noise, dish out some food, throw some confetti and burst some balloons.


    За роденден ја сакам Барса во 4финале ЛШ,може нели? :wasntme:
     
    На kravce, Elennaa, la-chicka и 15 други им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ќе ја биде, ќе ја биде и таа работа од прва.
    Уште еднаш ќе си докажам и себе си и на тие околу мене.

    Немам многу бе луѓе, ама имам доволно за да бидам среќна. И следниот чекор што планирам да го направам е исполнување на ветувањето кон себе и погазување на слабите очекувања на личности околу мене.
    Па да, тоа ми даде уште повеќе верба во себе. И сфатив, кога никој не ми труби што да правам над глава, сето она што го правам излегува перфектно. Мразам притискање, мразам некој да ме гуши и да ми ги потценува способностите.
    На моменти се мразам и самата, ама тоа е барем знак дека сум свесна за мааните кои ги имам и се трудам да ги потиснам, да ги заменам со нешто добро.
    Одреден период легнувам со иста слика во главата, иста замисла, а велат она што го замислуваш пред да си легнеш а притоа од срце сакаш да ти се исполни, кога тогаш ќе ти се исполни.
    Денови се во прашање, ќе успеам! :)
     
    На Elennaa, Johny, Mrs.Cuper и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Времево ми е само за chill out...:mm:
    Денов мрзлив.Сепак сега ќе земам да направам нешто.
    Им се јавив на едни другарки,ќеф ми се направи,еве и си пишувам,па онака не е досадно барем,убаво ми е,да се посмеам и расположам.
    Денес иако ме мачи теткава,сепак не се давам.Дури и бев на презентација на еден лек,си слушав,си добив сертификат и многу ми е мило што почнаа да ме канат :mm: Ќе ми биди и тоа од полза сепак.Ќе си принаучам некои работи,веќе ќе навлезам подобро во тој свет.А и после тоа не почастија со коктел сендвичи,поховани работи,увијачи,кифлиња,па и слатки визитарски,сокче,винце,што сакаш :) Пак ќе одам :lol: Си зедов Рафаело бомбица,мммм,глупава јас,земи 2-3 :D И онака благо ми се јади ради теткава...
    И признавам денес дека ме мрзи,ама сепак добар е денов.Утре па,ќе е уште подобар.Имам средба со едни најмили чупиња,знам дека ќе е супер! Со Ади и Пили можи ли да е неубаво? Нееее!
    Убаво е кога деновите се исполнети барем со нешто,поготово вакви убави средби. А сега заминав да правам благо,ми се чини една торта цела би изела :D Bye :hai:

    И една песна од мене,што ја најдов:
    http://www.youtube.com/watch?v=QfeOiEJklAk
     
    На tweety26, Elennaa, Chimera и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.