Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    ... не можам да опишам сликовито и доволно јасно и прецизно, колку ме иритираат луѓе што се занесуваат дека имаат не знам ти какви манири, ми глумат некоја аристократија и господско однесување или се тешат со длабочината на новчаникот, а се гледа што смрдежи и покондирени тикви се.
    На скала од 1 до 10, веројатно ме иритираат околу 100.
    Нешто слично како Дузи што има опишано погоре - Ама не, мене не ми е за тие 5 денари, не ме боли за парите, криво ми е дека ме лажат (на лажи мори тикварко една, за тие 5 денари ти е |( ), а ваму - ма што се 2000ки, ги трошам во една вечер.

    На кои јадни лаги да поверува човек? :^)
    Реши се - имаш или немаш?
    Мене татко ми ми дал 2 корисни совети и многу се прости:
    Со бунда од 2000 евра не можеш да се возиш во градски автобус.
    Не можеш да имаш ајфон 5, и да немаш кредит да титнеш.

    Сфати ли некој?

    Жими Бога, од позери и самозалудени никако човек да избега.
    Ми се лепат како магнети; мене не ме интересира твојот кармин на Ив Сен Лоран и твоите кулминации од соништа кои вклучуваат џип ер икс 5 или како и да е, или да најдеш некој што има веќе таков.
    Убаво, си скроила план, си мислиш дека си дел од таков свет, т.е. дека ти е достижен (или дека е некој особен престиж и задоволство да си дел од таа тортијада покварена), што мајка ми правиш муабет на мене?

    Денес да ви кажам сосем случајно сум се нашла во муабет со една од малкуте нормални колешки, која поминала низ голгота слична како мојата во поглед на работата и финансиите, и за првпат се почувствував како некој толку непознат, умее да сфати, да разбере, да сочувствува со тебе, без да глуми лудило, без маски, без да се срамиме кој колку има, т.е. нема...

    Која реткост е тоа денес, сите ставаат некакви маски, под кои сакаат да ја сокријат тагата, сиромаштијата (финансиска, ем душевна) неисплатените кредити, исцицаните кредитни картички, ама пред светот ќе ги потроши и последните пари за таа и таа чанта, само да ја покаже... сатисфакција ѝ било, убиј се ма!

    Стварно ми се гнаси од глупоста и плиткоста на луѓето. Со недели наназад штедев за подарокот за дечко ми, и не ми е срам да го кажам тоа, од колку и од што сум си ускратила... па мака е тоа, за оној кој сфаќа, не се пари лупнати без врска, милион пресметки се направени што и како, ама кој те разбира денес. Фура она со бумбар наочари, светот е розев и е нејзин!
    Оди па застани им на таквите на патот, ќе те убедат дека имаш повеќе отколку што мислиш.
    :D
     
    На tweety26, kravce, Monna.Monna и 41 други им се допаѓа ова.
  2. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога барам одговори за лошите и комплицирани односи со луѓето, заборавам на едно важно правило кое гласи - Поттикнувајте го во другите чувството на лична важност. Денес се потсетив дека тоа е најважната лекција која ја учам одново и одново.

    Би рекла дека скоро сите проблеми можат да се решат, ако човек направи другиот да се чувствува битно. И наместо да читате глупи статии "Како да го задоволите вашиот партнер?" или "10 чекори до совршена врска", посветете внимание на нешто едноставно, а често заборавено и потценето - зборовите.
    Убаво би било кога дечкото е во тек на испитна сесија, а воедно работи, да му кажете колку сте горди на него. Знаете, некогаш цените нечиј труд, но потребно е да се искаже со збор, за да биде свесна и другата страна и да се мотивира повеќе.
    Едно "Благодарам", кога татко ви ќе ве одвезе до саканата дестинација е доволно. Или "Мамо, кифливе се преубави." Не е битно ако се тврди или немаат посебен вкус, не се солени или далеку се од оние кои ги прави тетка ти. Некој се потрудил да ги направи за тебе.
    Да и` се јавиш на другарка ти и да и` кажеш дека си ставила кредит само ради неа, да ја прашаш како и` поминал денот или дали има потреба од нешто. Да и` купиш нешто ситно, кое знаеш дека одамна го посакува, но никако не стигнува на ред да го купи.
    Да и` се јавиш на мајка ти додека е на работа и да ја прашаш дали и` поминала главоболката. Кога ќе дојде да и` ги измасираш рацете, без да ти каже.

    Знаете, некои гестови се нормални, вообичаени и чувствувате дека е нечија должност да ги направи, но никогаш изразувањето благодарност не било на одмет.

    Не дека измислив топла вода или кажав нешто за да бидам паметна, но искуството за овие скромни две децении ( и кусур) ме научи дека се` што посакуваш, може да ти се врати, само ако го дадеш. Дарувајте позитивни емоции, поттикнувајте го најдоброто во луѓето, бидејќи секој сака некому да му биде важен. Пред да барате, очекувате, надевате, пред да се прашате "Што направи тој/таа за мене", изменете го прашањето - "Што можам јас да сторам за тој/таа да биде среќна?"

    Порано, многу се карав со саканиот бидејќи беше штедлив на зборови. Ќе направеше се` и мислеше дека со делото е завршено и не треба ни збор да се каже. Но, иако често ја гледав насмевката кога е со мене, сакав и да чујам "Убаво си поминав". Како и "Ме правиш среќен". Го знаеш тоа, го чувствуваш, но убаво звучи. Па, наместо да го карам и учам што треба да прави, го направив спротивното. Почнав да му го кажувам она кое сакав и да го чујам, па за релативно мал период, човекот на кој му беше тешко да изговори едно "Те сакам", почна да изразува секакви емоции. Не ја сакаше ни романтиката, но со соопштувањето колку ги ценам сите нешта кои ги направил за мене, му стануваше се` поголем мерак да бидам среќна, па и тој уживаше во свеќички, приготвување вечери...

    Најмалите нешта се во суштина најголеми. Не заборавајте.

    [​IMG]
     
    На tweety26, Serafima, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека си претерал со јадење cherry чоколадни бомбони, кога почнува да ти се врти во глава од алкохолот во нив :wasntme:
     
    На sweet-cherry, tweety26, kravce и 30 други им се допаѓа ова.
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Сакам да се мажам и точка.
    Деновиве сите околу мене зборат само за свадба прво братучедка ми, па другарка ми, па пријателка... само уште јас фалам да се скрасам :!:
    Ехх само уште да најдам некој што ќе биде доволно храбар и силен да ме трпи :lol: ќе биде одлично...
    [​IMG]
     
    На ilipili, Veki4kaa, prettyliar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Разликата помеѓу културата и обврската е голема.
    Толку голема што не ни можат да се пресретнат на патот.
    А,сега кога ќе подразмислам ништо не е променато,освен целта.
    Не ја разбирам, не ја разбирам навистина таа претерано болна амбициозност.
    Да газиш преку мртво и живо за да си ги оствариш соништата?
    Моите соништа покрај тоа што ме вклучуваат мене, ги вклучуваат и луѓето околу мене.
    Цел живот да го гледаш како поле на конкуренција,наместо како поле за да успееш.
    Животот не е само кариера. Парите се кариера, но животот е повеќе од она што утре ќе те наречат успешен човек.
    Успешен човек води мизерен живот.
    Или мизерен човек води успешен живот.
    Зарем врвот на успешноста е кога ќе станеш нечиј поттрчко,кој доколку ти рече да му ја излижеш потта од влакнестиот грб, ти ќе го направиш тоа? И за тоа мене мува да не ме лази?
    И како што рекле старите-со сила убавина не бидува, така и присилната цел не бидува.
    На моменти сум се почувстувала осамено, еве на пример сега кога останав сама со псж-валенсија и го чекам болјерот да се наполни за да уживам во топлата вода.
    Но,неисполнето не сум се почувстувала. А, често сум ги мешала.
    Она што го имам и без она што го немам,не е корист. Всушност денес немаш и што да искористиш од мене. Освен моето трпение.
    Во секој случај како што се си има своја причина, мене ми се створи соодветна.
    Некои викаат дека биле среќни,само ако другите околу нив се среќни.
    А,мене другите среќни ми го прават денот поубав, но не ме прават мене среќна.
    Тоа го гледам и не можам да си поверувам на моќта на манипулацијата. Ја оставаш својата среќа настрана, све да фрлиш што е твое, да се прегазиш морално, да се потцениш од една во друга крајност,само за да направиш некој среќен?
    I love you but i love me more
    Ее, така се чувстувам сега. И ми годи на моменти оваа осаменост, колку да си го вратам филмот назад и да видам каде грешам.
    Знам точно каде грешам,па наредно видување точно ќе знаеме колку е часот. Чисто за ориентација во време и простор на доволно зрели личности.
    Грешките се прават за да зажалиш еден ден за нив,а не за да научиш нешто. Се учи и без грешки,ама послатко е кога сам ќе ја пикнеш раката во оган за да се увериш дека ќе се изгориш.
     
    На Hipster, Johny, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.888
    Допаѓања:
    177.034
    Пол:
    Женски
    Денов..студен некако.... а дури вчера беше лето...ама Март е, па оправдани се нагливе промени. :)
    Деновиве се расчитав книги ама она озбилно. Си го прочистував мозоков, ги луфтирав мислите и вдишував вокабулар истовремено проширувајќи го стариот. :)

    А расположениево како времево. Додуша секој месец имам по некој Март муд :D ју ноу уат ај мин :D

    Некој еднашка рекол “..оној шо е духовно богат, и во потполна осаменост одлично се забавува со сопствените мисли!„ Овие денови посебно се посветив на таа техника... (веројатно нема некој шо е доволно духовно богат, но најбитно е надградувањето). Патем, разговорот со себе си би требало да има исцелителна функција, секако...ако знаеш како да го водиш... а ако мислиш да се сожалуваш, во тој случај дигни си бело знаменце уште од старт, таа битка е изгубена и нема смисла да почнеш таков разговор.

    Сакам кога мојата автосугестија работи во полна пареа, кога позитивизмот го барам и гледам во се иако на првиот упатен поглед сивилото е сиромашно..нема нијанси.. но секогаш има шанса тоа да се промени.

    Ако на нешто ме научил мојов тежок живот освен да бидам бескраен трагач ловејќи светлина, туку и да ја наоѓам!


    There is a crack in everything. That's how the light gets in... :)
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce, Elennaa, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Врзано со муабетот на Дузи за шоферите што возат како луди, јас само ќе кажам дека денес три пати ќе ме удреа додека возев до работа, додека пак колешка ми ја удрил глупак со кола, колкот и` го искршил :x Освен тоа, вчера дечко ми кога ме враќаше дома вечерта, за малку ќе настрадавме зошто еден будала возеше во нашата лента, во тотално спротивен смер, а пред тоа така фати кривина, што колата му се изврте 360 степени и мртов ладен од таму си продолжи во наша лента. Да не изреагираше дечко ми во секунда, не сакам ни да помислам што ќе се случеше :x Ова веќе втор пат ни се случува да ни вози некој во спротивен смер директно накај нас, толку се потресов, не можев да се смирам :sweat: Дали луѓево возат мртви пијани, издрогирани и што ли не, не знам, ама деновиве само тоа гледам. Да ти е страв да се најдеш близу улица, а не па да возиш или да пробаш на пешачки да поминеш :^)

    Туку, ја скратив косата и имам чувство како и маките да ми се скратиле. Ми се олесни на душава :D Всушност, денес покрај работа, толку многу приватни обврски успеав да завршам што ми доаѓа сама да си се потапшам по рамо :rofl: Е откако завршив со се`, си се почестив нешто ситно за успешно завршените (и неколку од нив страшни :sweat: ) обврски.

    И така. Платата отиде, и сега до крај на месец ќе си свиркам. Е, сега е моментот да фатиме во кладилница со дечко ми. Тренутак истине, сад или никад :D Ај па еднаш барем нека ми се потрефи и мене, да дојде некој денар во вакви кризни моменти. Не е фер па!

    Ве напуштам со желба за солиден паричен прилив без голем влог. Виш ми лак!
     
    На tweety26, kravce, Elennaa и 14 други им се допаѓа ова.
  8. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    3.974
    Пол:
    Женски
    Надвор си врне јас си седам на лап топот и ми текнува дека имам тони за учење...
    Барем еднаш рационално да го искористев времето .
    И уште потрагично е утре на нозе во 7 и на факултет во 8 !
    Е ај дол.а стани а легнуваш во 3 саат ... затоа скрати мубаети на мобилен по 1 саат и легни си барем во 2
    плус 1 саат ќе спиеш фала богу нема да ми шкоди :D
    Еее што друго да кажам... Многу е тапа периодов едно па исто ама па што да се прави цело друштво факултетски луѓе сме сите учиме и единствено ќе најдеме време да направиме трач муабет за тоа како љубените не изненадиле или не изнервирале па што има на факултет како не музат и такви работи
    Ајдее летенце те чекаме тебе да дојдеш да фрлам она книгите да уживам малце покрај море, плажа едно коктелче до мене , музиче и јас среќна и задоволна :)
    Се слушаме до следно видување :P :*
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Нема ништо по опасно од мајка која го сака само најдоброто за својата ќерка. Мислам, да не се сфатиме погрешно, сите мајки го посакуваат но овој вид се посебна категорија, следи објаснувањето.
    Мајка која сака нејзината ќерка да се омажи за богаташ, да не работи ништо цел живот, се од небо да и паѓа, кога веќе мора да работи тоа да биде некоја лесна канцелариска работа која е добро платена, цел живот ја форсира ќерка си како на лепота може да се извади од секоја ситуација и да добие се што ќе посака. Убава таа на мајка.
    Ме извади од кожа една ваква комшика кога ме сретна на автобуска со муабетот „Многу рано на работа бе дете, што се мачиш да работиш уште од сега, седи дома, поспиј си, има време за работа еххеее... Јас на моја **** никогаш не би и дозволила да работи уште од сега (24години, ако не сега кога??? :^) ) , и кога ќе заврши нема да и дозволам да работи било што како тебе на пример, се знае женско дека си е само за во канцеларија. Па после здравје боже, добро ситуиран маж да си најде, а не некој голтар па да мора цел живот да црнчи, рано да ми станува, цел ден на нозе да биде.....„ - И тука веќе преинав да ја слушам. Ми дојде да бидам дрска, но само ја прашав што е тоа толку лошо што сама сакам да работам и заработувам уште од сега што по мое е сосема нормална возраст, па побогу јас познавам ид евојчиња од 18 год. што работат. И она „Па не дека има нешто лошо, ама да си полежеше уште малку, после цел живот ќе работиш„ - па да де, тоа и сакам, сигурно не ми е амбицијата во рамките на креветот!
    А ќерка баш е фина и културна, си учи факултет ама онака не се замара со ништо, сирота ќе отупави со мајка и...
    Добро, мене сигурно мајка ми ми мисли лошо што ми дозволува да работам или... не разбирам :^)
    Луѓево плачат за некој да им даде да работат, она да си полежела ќерка и, мислев дека ова го има само во народните приказни :x
     
    На tweety26, kravce, Monna.Monna и 30 други им се допаѓа ова.
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Нормални или не, како малите деца, почнавме и да се криеме и бараме низ станот со мојот А. кој патем ни е едно 39 метри квадратни. :D
    Вежба тој со тегови во кујна, а јас гасам светло во дневна и се пикам во плакарот, кој е единствен така голем, и тој ги гаси, гледам низ малиот простор, пошто знае дека ми е страв од темница уште да, и ете го влегува, и едно 10 20 секунди го нема, и наеднаш коа рече бамммммммм, фотелјата, масата ми ги наврати на влезната врата од плакарот, и нема испаѓање! :D
    Ај некако истуркав, па станувам и пак си седнувам на лаптоп, и гледам па тој прв гаси светла сега, и јас си бирам местенце на земја под едниот кревет, гасам светло и одма се стрчувам таму. Влегува тој, и ми праи финта, будала, ми пали светло, а јас како искривена свеќа у ќошот доле на креветот згужвана :D
    Дојде ме крена и борбите почнаа...
    Нека траат овие денови, нека траат.

    И кога веќе се збори на темата за ЈСП, возачи и такви работи, јас само ќе спомнам дека да, точно е дека сите ние се нервираме од пензионерите, кои некогаш (многу често) знаат да претерат со однесувањето и барањето, арогантноста и клетите погледи, но мислам дека бар некој процент од нив не се такви, ама ние другите сме поодвратни и себични. Пример денеска у 24ка, секогаш хаос и гужва, знаете сите, абе на Градска се качуваме, и од помладите јас и уше една девојка, млада беше, гледам повеќе пензионери, а среда, нели не им е гратис(се зачудив), и иде едно старче, иде друго, трето, оваа нема гајле бар на едно да стане, со ќеси преполни, па се држат и смешкаат тие, шо да прават, ваљда од пусти срам ништо не и рекоа, а оваа фацата седи, брат, поглед у далечина, у филм влезена, а се симна со мене на иста станица, значи сме се возеле 3 станици... Пази газот да не ти падне ако постоиш.
    А јас не памтам од кога не сум седела у 24ка, па јбг, затоа па ако ми се посреќе у вториот одма летам кон седиште, ама без разлика, ако има некој постар, и кој стварно нема да ми се испонаша без размислување станувам, греота, вака така викаме сите по нив, ама кога ќе се замислам дека некогаш и јас ќе бидам таква...здравје само.
     
    На kravce, Elennaa, Chimera и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Гледајќи го календарот може слободно да се каже дека Мај е најпосакуван месец , оти има голема доза на празници кој ако ги споиш ќе се одмориш за цела година :rofl: :rofl: или барем пола.
     
    На I.love.your.lips му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.071
    Пол:
    Женски
    сдк лудо шифрирано човече,не ми зборувај веќе во загатки,неможам да те разберам.
    аххх ни со тебе ни без тебе сум :angel:
     
  13. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    The hunter is back... and he ain't going nowhere. :D

    Па кај сте феминки, таман на време ми текна пак да се вклучам на форумот, баш пред празникот на форумот и вашиот празник, а тоа е 8-ми март. :lol: Ајде уште сега ви подарувам :f: на сите и ви посакувам среќен 8-ми март. :)

    Ќе се дружиме пак во периодот што следи, this is just a beginning... of something special and nice. :D

    :coffee:
     
    На Doozy и Yipman2 им се допаѓа ова.
  14. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Даваа пензија, башка покачена... Се чудам како немаше застој низ улициве :lol:
    _______________________________________________________________________________

    On: aко, ти кажи си па со твој камен по гла :clap:
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Ги купија пензионерите со 550 ден. Ете толку вреди нивниот глас. Си има оваа држава цена за секого. :D
     
  16. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Малку да не се 550? Не значи дека со тоа е купен нивниот глас.
     
  17. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Се зезам не ме сфаќај преозбилно, не сакам да мешам политика, убав гест е тоа од владата секако. 550 денари месечно * 12 = 6600 ден. или 110 евра на годишно ниво. Секако е подобро тоа отколку ништо. Само проблемот е што и трошоците за живот растат, инаку се би било супер ако само платите и пензиите растеа. ;)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ You got that right.
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Пред 5 години трошев 1500 неделно, сега 3000 не ме крпат. Е толку е поскапен животот.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ако имаш толку за цел месец и немаш други, да видиш како ,,магично,, ќе те скрпат. ;)

    Не ги потценувајте парите и илјадарките како да се денарчиња... секогаш има некој што има помалце.
     
    На sweet-cherry, ludoto19, kravce и 33 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.