Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк i can not catch a break ! :sweat:

    се прашувам кога е навистина доста?

    до каде треба да иде границата на толеранцијата, на подршката, на вербата? каде се наоѓа таа граница? временска ли е ? 3 или 5 години? парична ли е ?чекаш плата 4,6,8 месеци? кога доста е навистина доста, кога е време да се премине на нешто друго? да се мрдне напред...

    човечки ли е да се напушти бродот кога тоне? човечки ли е да се напушти капетанот? човечки ли е прво да си гледаш за себе и својата егзистенција па потоа за другиот или е предавство...
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Да, човечки е, редно време е да почнеш да гледаш за себе наместо на другите. Тој брод што тоне е туѓ, немој да го потонуваш и својот. Ако се сметаш себеси за доволно моќна да продолжиш напред, ќе продолжиш. Доволно си возрасна за да ги согледаш ситуациите кои би настанале ако останеш, но и ако продолжиш напред со својот брод, и да решиш што сакаш ТИ.
    Остави ги другите, тие ќе продолжат и без тебе и можеби некогаш ќе сватат дека не те ценеле доволно (а можеби и така им одговарало, да исполнуваш задачи и да молчиш) а можеби ќе најдат некој друг, кој ќе го искуси твојот пат.

    Иако ти не постави прашање, јас се дрзнав да одговорам, бидејќи после сите твои постови околу истава работа, јас дојдов до ваков заклучок и совет.
    Поздрав и гледај само напред.
     
    На kravce, eli25, ilipili и 10 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.648
    Допаѓања:
    22.242
    Пол:
    Женски
    Дека дел од викендот ми е резервиран за мојата најсакана внука. Малце ќе биде глупо коа ќе почнат да напињаат „Ај брат ти не` израдува, сега тебе ти е редот.“ ама и тие рутински муабети траат 15ина минути и после сами си заќутуваат луѓето. Ја па вчера со цел памет шноличка и` купив. На која коса ќе ја стаи не ми е јасно. :D Ќе ја замолам снаа ми да и` ја чува додека не и` потпорасне, па да и` ја даде. Уствари, поарно да си ја чувам и да и` ја дадам у друга прилика. Али луѓе, не е нормално колку потсеќа на мене од сликите кога сум била бебе...душа. :*

    У меѓувреме ќе и` земам некое топче, од оние меките од кои не може да се повреди и доволно големо да не може да го лапне.
     
    На ludoto19, kravce, Elennaa и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    1 Знам зошто шиптарите во оваа држава не си ја глеаат својата работа, туку се најлошата раса, ПЛЕМЕ, што шета по нашиве улици, а и по светот, не ни прашувам јасно ми е се. Не мислам на културните Албанци кои не наштетуваат никому, мислам на хулиганите, шиптаришта прости што немаат попаметна работа освен да го вознемируваат нашиот народ. Аман, секој сака да може слободно да прошета без никаков страв, немир и непријатни чувства и сознание дека сепак, мора „да ги почитува нивните права“. И да, најлошото нешто досега што се случило е новиов министер за одбрана. Сериозно е министер? Уште не можам да верувам. Не, не сакам ваква реалност, НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!


    2 Еј Сител, сериозно Мелроуз Плејс е програма наменета за целата публика? Како што беше Беверли Хилс? Да, дефинитивно сите треба да го глеаат тоа, мхм.
     
    На Elennaa, Monna.Monna и H.VAGA им се допаѓа ова.
  5. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Викендов размислував за тоа колку сама. Дали ако паднам, ќе потрча некој да ми подаде рака?! Епа во теков на неделава го добив одговорот.
    Не сум сама. Онака период ми било. Толку луѓе околу мене, толку насмеани човечиња, толку љубов наоколу.
    Синоќа вечерајќи со најмилите сфатив колку ми значи тој. Сакав да беше и тој со нас. Да се радуваше на нашите успеси. Да ги запознае роднините на моја воздраст, да види со кој сум пораснала, со кого се радувам. Да се радуваше и тој заедно со нас. Па да се напијавме заедно и да ме однесеше кај него.
    Ја мразам далечината, мразам што мора да патува постојано.
    Ах...
    Собата е за чистење, колоквиумска се ближи, а мене ми се спие.
    И ќе спијам. Дури ја чекам стипендијата |(
     
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк сите ние понекогаш си викаме...добро што направив за вака да ми се враќа во животот,обично си викаме јас незаслужив мене ова да ми го направат,пошто нели ние секогаш сме добрите а другите се лоши,сигурни сте во тоа?
    И јас мислам дека на некого добро му правам,ама испаѓа обратно,иси викам што направив сега,зашто вака ми враќа?
    Има тука нешто или е недоразбирање или несака да ме разбере,и на крај важи и она правило не секој го добива тоа што го заслужува.
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.516
    Пол:
    Женски
    СДК почнав да ги правам вежбите пет Тибетанци.
    Веќе една недела како се измачувам.Значи наутро ги правам нив,попладне некои за затегање на дупе и гради...а навечер се прождерувам од јадење.Е сега тие што ги вежбам попладне демек ,наместо да си почнам со поедноставни и полесни,јас не,одам со овие другите [​IMG]
    Гуска,почнав да се извивам,грчам...дигни една нога,задржи го здивот...па положба мачка,па ...почнав да стојам на глава(покрај ѕид секако) изгубив рамнотежа со ногата ја срушив чашата и во лет ја фатив столната ламба,да не ја скршам, која ја чувам сто години...

    А сега ме боли главата од количината на слеаната крв во мозокот...ма во бестрага и јога и опуштање и се...
    Очиве ми се лепат,капациве натежнале како камења,ми се спие ми се чини ќе си умрам...[​IMG]
    Ајд поздрав отидов да си денсам!
    https://www.youtube.com/watch?v=MXp413NynFk
     
    На ludoto19, kravce, anabel-a и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Незнам за вас,но мене многу ме нервира кога ќе видам некој да има напишано на пр. "некој видови" а не некои.Тоа не е грешка од брзање,туку од незнаење.И кога ќе ми речат леле за една буква,аман.Мене ми смета,осудувајте ме,критикувајте ме,ама ми смета.
    Друга работа што многу ме нервира е земање заслуга за туѓа работа.Јас се трудам да напишам нешто,да створам,а ти ми го препишуваш до збор и згора на тоа добиваш петка за тоа.Не,неможам да трпам некој да добие петка за мој труд,моја работа.Јас сум барала на интернет,сум пребарувала енциклопедии,сум се распрашувала и заслужувам да бидам наградена.Не,не сум алчна,само сакам мојот труд да биде забележан.
    Да редактирам,надвор од ова,јас сум се заљубила.Ма она,стандардно тинејџерско заљубување демек.За кое не сакам никој да не дознае,затоа го кријам од сите. :D
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Роди се мрза, мрза умри.
    Стори оф мај лајф.

    Некои викаат, мајко роди ме со ксмет и фрли ме на буниште. Е ја викам, мајко роди ме со ксмет, и фрли ме в кревет :D
    Знаеш дека те мрзи да живееш, кога ќе сфатиш дека освен дишење, ништо друго не правиш со денови.
    Прашина фатив. А испити се ближат, десетки мора да се нижат. :D
    И уште нешто. После напорна работа, цели мои 19 години, од денот ко сум излегла од мајка ми, планот конечно успеа. ^_^
    Ја претворивме и мама во мрза. Ја гледам сиротката, климаксот ја дрма, ја мрзи ручек да прави, ја мрзи да се пресоблече, само си дреме на кревет. :D
    Излгеда некаде со рецептот сме утнале, зашто она стана поголема мрза од нас. :D


    Ова све врагој ми го чепкаат компјутеров, пак не ми функционира едно дугме. Едно по едно- ојде.
    Ајт.
     
    На ludoto19, kravce, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.790
    Ми се аплаудира на животна престава. Ми се пие ракииче уз шопска со него.

    Не ми се верува за колку брзо, нештата добиваат стрмоглави нијанси, се менуваат, и додека да трепнеш - се’ се случува. Заминати другарки, трудни познанички, запросени, отидени во други земји, истото и мене ме очекува. И не знам дали е тоа тоа. Се фаќам за удобноста на бивањето тука. Мојот град, моите песни, нашите чекори, возења во автобус, ѕврнкање со точакот, изедените сладоледи на нишалката на балкон, испиените пива на шаторското крило, и сето тоа зар да се одмени, да му се даде нов свет, нови патишта?
    Млада сум, и сфаќам дека за некои нешта прегласно размислувам. Како и сонцето што свети прегласно понекогаш, би рекле Могваи.
    Боите што се мешаат во калеидоскопов наречен Живот, и те како допрва ќе прааат колаж. Не верувам дека некогаш сум имала толку свесен пристап кон она што регуларно треба да бидам и она што нерегуларно сум. Ми се сака се’, да допрам многу, да научам низ Другиот, и истовремено овие проклети пранги што држат сигурност на Дома, ми создаваат мачнина.
    Првата моја стихозбирка е локализирана на светот во еден град. Можеби егоцентрично, но тоа е така зошто јас така сакам. Да, обоено е во тој манир и нема потреба да е поинаку. Тие се годините и размислувањата. Чисто, како омаж и проверка, читав млада поезија од женски авторки деновиве, и сфаќам дека сликовитоста во пишувањето е темна.
    Тегет, здивната, со голема доза патос и тешка конфесија. Не сакам да бидам поетесата што пишува за темнината. Темнината и онака секоја ноќ се случува. Денот е краток, а во него сакаме да почувстуваме повеќе. И се размислував за својата положба и состојба овде. Веќе добив демо од првата песна од проектот што ми се влече веќе трета година. Добив и датуми. Свесно или не, правам нови чекори надвор од себе. Од онаа езотерија наспроти површина и јасно ми е дека реалноста си го зема данокот.

    А тоа е ритамот што се забрзува.
    Немир и во мирот, мир и во немирот.

    To be or not to be e бесконечниот ритам.
    Добредојде, ќе заиграме!
     
    На Springy, zhap4e, Foreveryoungiwannabe и 4 други им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    I`m so excited :dance: :party:

    Готово падна договорот, имам неколку дена слободни (те обожавам трета смена :lol: ) ќе одам да ја посетам другарка ми во Сиднеј, не сме се виделе во живо веќе 4 месеци.Се мислев да летам ама мразам авиони полесно ми е да возам, ваљда ќе издржи нудистчето мое сам со мама на патување, this will be are little adventure :lol:

    Се сеќавам првиот пат кога тргнав кај другарка ми, само што земав возачка, ми даде татко ми инструкции, немаше тогаш ГПС а и нема ни некоја потреба од такво нешто кога иако е далеку околу 900 км, цел пат е прав како пушка. На сред пат во ниедно време ми се дупна гума, едвај дочекав да се раздени да му се заблагодарам на татко ми дека не ми попушти кога се однесував како размазена принцеза и беше упорен дека додека не научам да сменам гума нема да ме учи да возам, што ќе правев во таа пустелија ако не знаев сама да си сменам гума, од тогаш се слушам што ќе ми каже татко ми :lol:

    Со другарка ми сме заедно од првиот ден на училиште, скоро 26 години (леле ама си звучам старо со вакви бројки :lol: ) иако не живееме во ист град другарството ни остана, се гледаме кога имаме време, се слушаме/гледаме на скајп барем еднаш во неделата, поминавме многу заедно а се надевам на уште многу години верно другарство :*

    За мене нема поголемо уживање од возење ноќе, заспан бебуш да не му биде досадно, тивко музиче, тук, таму по некој залутан автомобил......убавина 8)
     
    На Adi888, marama, ludoto19 и 36 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК знаев која е суштината на животот, ми се докажа на дело истата и потполно ја разбирам.
    Да си кажам, што ми лежи на душа.
     
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да сакаш некого а да не му покажуваш е исто како воопшто да не си го ни сакал.

    Јас велам, што ми вреди и да знам дека на пример тој кога ќе се искараме не може да спие поради мене ако не ми се јави да ми го каже тоа? Ако не ми признае? Ако не дојде доцна во ноќта не можејќи да издржи?

    Што би ми вредело да знам дека сум му единственото нешто што му треба на овој свет ако тој ја реди својата гордост и инает пред тоа "нешто" кое му е поважно од се?

    Што би ми вредело да знам дека не сака да си одам ако не ми даде ни една причина да останам туку молчи трудејќи се да го потисне тоа во себе бидејќи нели, гордоста си го прави своето?

    Ете ова пробувам да им го кажам на некои околу мене кои ја прават оваа грешка, се обидувам...
    И не, ако признаеш како си се чувствувала додека го нема, не значи дека ја погазуваш гордоста ради него. Во љубовта нема индивидуи, го правиш тоа ради вас!
     
    На Ingvild, ludoto19, kravce и 20 други им се допаѓа ова.
  14. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Девојки не се буткајте на рака со некој/а што повеќе од 6 месеци е сингл. :D А тие што сте сингл пред да си фатите дечко обавезно одете на очно, за да не велите после каде ми беа очите - муабет што го слушам толку често како добро утро. Иронија е што веќе не постои културен народ, па не ми ни велат добро утро.

    Туку избори се ближат, а младината преокупирана на фејсбук и твитер со Сите.. Нели ја браниме слободата со сите расположливи пароли како Сите.... На пример Сите возат на бензин, само Вин Дизел. |( Meah ...
    Ме депримираат социјалниве мрежи.

    Мајка ми за 8ми март ме изненади со бел - креч лак. Многу убав гест, уште лакот да не ме асоцирал за шлакање на нокти со коректор. Плус тоа утре сум на маникир. Сепак и заблагодарив како секоја нормалитетна ќерка што уште вика добро утро по комшилук и спие до 1 попладне. :emo:
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    286.186
    Лежам и се мислам од кого ме фана грипот |(

    Туку многу мислење не треба, си знам. Со народ кога работиш така е.

    Работите ќе ми останат незавршени денес, евентуално и утре, ќе си полежам во постела и ќе мине.
    А малиов не ме верува :tmi:
    Симулант ми вика :rofl:
    А ја одма топломер во уста, оп 39. Е ај сега :rofl:
    Па ај сега ме гали, мази, чува да се извади за досетката.

    Туку цело време листам по сајтовивне за рецепти :$ . Мене болката не ми влијае на апетит, си јадам јас.
     
    На kravce, Loritaa, DeMelo и 5 други им се допаѓа ова.
  16. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Си седам гајле немам. Триста обврски, гледање венчаници, правење бонбони, а јас си седам. Ма ич не ме боли таквото.

    И после ќе трчам. Епа ќе трчам ама и за тоа не ми е гајле. Знам дека имам вакви денови кога цело време си лежам, а имам и денови кога нема да имам време да седнам. Ама не ми смета.

    Овие денови се оставам за утре. Дури и вежбањево веќе два дена го запоставив. Ама не можам да пуштам музика, да се расположам, оти нели попладне, одмараат луѓето. Па и јас одмарам, иако немам од што.

    И овој FB напорен бе. Или луѓево се напорни..? Нешто што ме многу нервира е менување на слика на профил на 2 минути. И тоа сликиште, zoom на фацата со некој поглед во далечина мислиш кој знае каква мисла има у главата, а оно промаја да ти имало. И нормално шминкање цел саат специјално за сликата. Или па некоја поза смислувана цел ден, со некакви документи, со костуми.. демек интелектуалци. А се знаеме кои сме и што сме.

    Се изопачи народов.
     
  17. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    О животе мој, каде брзаш. Зар не ти кажав дека во оваа држава немам јас иднина.
    Не можам брачеда да си ја видам, се плашам да се возам во автобус, се плашам касно навечер да се враќам.
    А ти упорно брзаш. Не ме брзај и така незнам каде.
    Каде, кога за една година завршувам факултет и абер немам каде.
    За каде ме брзаш и подготвуваш кога со дипломата можам само гз да избришам.
    Каде ќе ме носиш, кога месеци на сметка гледам само нули.

    Не сакам ни домаќинка да бидам, не сакам да чувам деца кога моите сништа се уриваат врз мене.
    А можам да ги исполнам, да бидам среќна и успешна, а ти мој мил животе, си се брзал за некаде.

    Ах животе мој, годините се само број, младоста ми одминува, сништата ми висат над мене.
    А ти упорно брзаш. Кажи ми каде во оваа криза, каде во оваа време, во оваа сиромаштија ќе итаме заедно. Што да смислам, како да те паузирам?
    Како да те пуштам некаде во иднина каде времево не е толку тмурно, каде има и време и надеж за нас. За нас младите.
    Кажи ми животе, за каде брзаш кога тука ни иднина немаме.
    Иднина е само збор, реален или не , небитно.

    А сите некаде брзаме.. Зошто?
     
    На Elennaa, DeMelo, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    Нова сум тука ... и се ми е ново. Но искрено читајќи ве секојдневно, сакам да бидам дел.

    Денес избришав уште една личност од мојот живот. Во последните 2-3 години некако се почесто го правам тоа. Но оваа личност денес беше посебна. Имаше голема улога во мојот живот пред, па и после бракот.
    Накратко ...Го запознав сосема случајно пред 4 години во еден маглив град во северна Италија. Бев опсипана со комплименти на кои ниедна женска особа би била индеферентна. Сепак, тој беше странец, и јас останав на дистанца. Се вратив во Скопје, по два месеца поминати таму. Продолживме да контактираме низ месеците преку Skype и Facebook. Премногу се зближивме ... долгочасовни разговори преку ден, доцна во ноќта постојано ... станав зависна од тоа да му раскажам нему за мојот ден. Колку вина испивме заедно пред камерите, колку цигари изгаснавме заедно. Но не беше љубов, барем не од моја страна. Не знаев што правам со него, и дека несвесно нашата онлајн дружба се беше претворила во некаква љубовна приказна, во која јас не љубев. Бегав и пак се враќав низ годините. тој секогаш беше тука. Секогаш зелено онлајн. Бев неколку пати пак во Италија, но не му кажував, не бев спремна тоа што го имаше онлајн да биде и оффлајн. Не сакав. Знаев дека тој многу пати за мене. Дојде тука, во Скопје. Ненадејно. Го одбив на суров начин. Се оддалечивме. Јас запознав еден прекрасен човек во меѓувреме и се омажив. Пак почнав да контактирам со него. Не можеше да го прифати мојот брак. Беше скршен целосно. Се што правам од тогаш па натаму е се обидувам да идам вистински пријател со него. Го поканив во Скопје, повторно да го запозане моето семејство. Дојде. И тоа не помогна. Тешки беа разговорите помеѓу нас ... немаше навреди ништо такво, само таа негова тага која што никогаш не престануваше да ми ја препишува на мојата лажлива љубов. А не беше така ... но тој е повредениот нели?
    Секој ден му пишував, посакувајќи му се најубаво за тој ден, го прашував за неговиот живот, но тој некако молчеше.
    Денес се откажав. Сфатив дека неговата тишина е само финиот начин да ми каже дека не ме сака во неговиот живот повеќе. Морам да го прифатам тоа. Тој и сега е зелено на скајп, но јас седам и молчам. Го немам веќе во животот. Немам кому да раскажам за себе ... освен вам феминки.
     
    На Lepaaa, ludoto19, Trnche и 11 други им се допаѓа ова.
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Кај квиз за турски серии, кај Драган Вучиќ, па уште и руши рекорди на гледаност, добро бре кој ни става нас дрога во кафето во оваа земја на чудата?!?!?! :@
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Незнам што ми е денес бе?? Се смеам како будала цел ден.. :rofl: Инаку прееска бевме да и купиме нешто на класната, те нели утре 8-ми март де денот на жената, и и купивме ламба и една вештачка китка, преубава.. Инаку овој пат конечно не дојдоа сите да се влечкаат по продавници, туку само 3 девојчиња и толку, и незнам сега дали ке и се допадне поклонот на другите :?: но ми е гајле, не сакаа да дојдат па што сега?? |( Инаку утре, јас како на некој филм ке ја забавувам класната, ке глумам пред класната нешто дека не е во ред, а овие да го спремат изненадувањето.. (леле жими глумицата ја, море знам да глумам да да да не се фалам али тоа е хехе :rofl: ) И денеска одиме по птодавници, и само влегуваме во една и одма една пордавачка изникна како компир :Ааа деца кажете шо сакате?? Колку пари имате??..АБЕ ЧЕКАЈ БЕЕ, СМИРИ СЕ МАЛЦЕ!! Ние само рагледуваме, а оваа и за пари не прашува, божее што се гази на земјава |( И + тоа не виде и ни нуде некој си предмет шо е 1500 ден. МА НЕМОЈ!!! Излеговме од таа продавница и налетавме во друга, и таму иста приказна и во третата конечно купивме нешто и секој по дома.. Па си идам дома и мајка ми ме гледа со цвеке у рака и поцна :Лелее кученцето мое цвеке ми купило.. А јас :Абе мамо ова на класната е..Утре на тебе ;) Одма ја смени фацата и само рече: ок утре на мене..Ами јас мислев на мене е ова, ама ако утре ;) и така денеска одам накај баба ми и КОНЕЧНО ставија семафори во нашио златен град (нашето слепо црево :lol: ) и ги уклучија, и сега некој селјаци глупи не им се чека 2 мин на семафор одат ан црвано..ЕЈЈ АЛОО ЦРВЕНО ЕЕЕ!!! БООО СКРАЈА ДА Е ОД ВАКВИ!!! |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.