Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60
    Барем да ми се јавеа и да ми кажеа .. ДЕЧКО не ја доби работата...
     
  2. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    На денешницава луѓево се сите толку многу покварени, само завидуваат и се премногу лицомерни :devil: Не можиш да си најдиш некој што навистина ќе те сака како другарка и ќе те цени, сите дури си му од корист срце муце вака така, и после ќе ти ги удра клоците :envy: дури си рекол ах еве вистински човек овај е со искрена душа, ете влубена и ти си имала среќа да најдиш добра другарка и по една секунда истио ќе се исери па после јебеш живота повторно, не знам дали е до мене проблемо или цел свет на денешницава е изопачен и сите мислат како да ти ископаат побрзо гроп а не да бидат луѓе. Стварно ми се гади од цел свет до сега имам толку многу луѓе сретнато ама од нив само 2 се покажале навистина луѓе другите се сите гнасни покварени :devil: не можам да се помирам зошто е ваков светото... сите знаат најдобро ако ти не мислиш како нив тогаш ти си инаечија, значи мора да викаш само ДА ДА така треба, така е но и тогаш нешто ќе му смета, не знам стварно дали јас сум опкружена со такви луѓе или цел свет пошол в пекол :envy:
     
  3. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ми фали времето кога бевме мали и кога со една моја најдобра другарка и роднина, сега веќе е голема уште малце и полнолетна :D , најголемиот проблем ни беше дали не погледнале симпатиите.
    А пак кога ќе ми кажеше дека си прозбореле збор два, е тогаш паѓаа радости! И стварно искрено се радував, кај ли се изгуби ова искрено радување и смеење во мене? Веќе може едно пола месец да се немам насмеано така од срце. А и како да очекувам да ме разберат другите кога и јас самата себеси неможам да се пронајдам и распознаам :x
    Тешко ми е. Како некој голем камен да ми лежи на душата и да неможам на никој да си кажам. Уствари пак и си искомуницирав преку нет на друкарката од детството и баш би сакала деновиве да се видиме. Ги заборавив некои од личностите кои играа доста важна улога во мојов живот. Да се засрамам! Како можев! Ама тоа е, човек се учи на грашките :!:
     
  4. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Се договараме цело време едно и на крај некој ке заебе се, глупости :envy:
     
  5. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    тешко ми е многуу..кому да кажам, кој ке ме разбери..Имам огромна тежина..Дечко ми се лути што 1 не сум отишла во градот каде студира, барем еден викенд да сме си поминеле сами и убаво, како да му кажам дека јас немам пари да отидам ни на роденден кај 2 другарки тука а не пак да одам во друг град за викенд..што ке им кажам, зошто не сум отишла на роденден? ова не е живот..Ќе си умрам млада :( ;(
     
  6. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Аман бе па што ако утре е 8ми март? Каков народ само постои .. турканици, караници на што се не ќе наидеш.. отидовме да бараме подароци за професорките и 2ипол часа баравме ..по 15минути да чекаш една продавачка да ти го завитка поклонот! Па дај бе луѓе вработете некој кој знае да ја врши таа работа .. па се врти, па во каква боја треба да биде завиткано ..АМАН! Не ми се верува дефинитивно.. па и денес не ми денот, нервозна сум, сите ме нервираат.. па и стомакот ме боли -.-'
     
  7. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Од кога се изнамачив да напишам теми за утре за писмена, видов дека класната на фб ни напишала у групата дека нема да праиме зашто ќе ни бидат скратени часовите заради протестите. Дали да плачам или да се радувааам :D Хааа, со оглед на тоа дека часовите ќе ни траат по 30 мин, МНОГУ СУМ РАДОСНА! :D
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Изреволтирана сум премногу од ситуацијава со протестите.
    Криво ми е што во МОЈА држава спречена сум да се движам слободно по улица, без да бидам во паника и страв дека во секој момент некој позади мене ќе почне да ме брка, ко на шала да ми збрца нож или да ме претепа до губење на личен опис. Веќе 2 дена по ред не излегувам од дома сама, ниту употребувам автобуси, затоа што живеам и учам во околина каде што секој втор е шиптар, и постојано има некакви инциденти. Премногу ми е криво и жал што вчера другарка моја настрада поради нивните болни психопатски умови. Беше претепана, баш како што спомнав погоре - до губење на личен опис, и тоа на место со постојана циркулација од луѓе! Запрепастена сум и ужасната!!! УЖАСНАТА! Ирак, Иран, можат вода да ни носат!

    ****

    Настрана од ова, ако почнам да пишувам уште - ќе се изнервирам дополнително, него ви текнува ли на таа пудросаната од аеробик? Денеска покрај тубичките пудра кои стандард ги вади и ги меша секој час, де од една - де од друга нијанса, и се пудросува пред и после вежбање :D, денеска извади цела палета на шминки, огромна! Ааааа, умрев! Господ здравје да и даде, ми го продолжи животот за неколку години!!!
    :rofl: :rofl:
    Ако се пронајдеш, не се менувај жити мене, досадно ќе ни биде инаку!
     
    На bittersweet, Tiki-lolipop, ludoto19 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Мене доктор не ме лечи тоа го мислам отсекогаш. :!:
    Денес конечно сфатив дека дефинитивно не можам ни самата.

    Спомнав пред некој ден дека се грипосав, ама не сум кажала сигурно дека мразам доктори.
    Се сеќавам дека последен пат бев на лекар пред неколку години, кога свинскиот грип беше во полн ек, само заради инсистирањето на околината, но ненамерно ги заборавив плавите картони и матичната не ме прими. Во друга ситуација со некој друг пациент можеби би прогледала низ прсти али не е крива жената што не ме видела со години па да ме препознае.
    Си подвиткав опашката зошто не ми се враќаше по втор пат, отидов во аптека, земав витамини на своја рака и ко што гледате сеуште сум жива.

    Овој пат реков не се давам повторно, ма не се ни појавувам на лекар. :emo:
    Новчаникот во рака и правец во аптека да си земам витамини и... сируп за искашлување. Тоа ќе беше добар избор ако немав сува кашлица и ако сирупот не ми ги изгоре белите дробови од кашлање. Јас па уште се чудам што човек ќе бев, наместо да се "прочистам" уште толку полошо изгледам.
    Се гушев заради мојата глупавост, за малку ќе почнев да барам и рецепти за блага пченица.
    За секој случај...
    :tmi: :rofl:

    Ама добро е, натрапникот го открив после два дена (нема да читате во хроника за индикациите од неправилно користење сирупчиња) и решив да преземам мерки. Како прво, си земав слободен ден утре за да соберам сила и се подоправам. Друго, ја подголтнувам третата чаша чај во последниов саат и уживам во удобствата што ми ги пружа мојот кревет. Трето... нема.
    Можда ќе гледам филм ако успеам да ја отерам сестра ми да учи во некоја друга соба.

    Во овој момент си ветувам нареден пат нема да експериментирам со себе.
    Ако ништо друго барем ќе се потрудам.
    :wasntme:
     
    На bittersweet, marama, ludoto19 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.114
    У средно, 7ми према 8ми март... најголемите караници у клас. Дали да и купиме поклон на класната или не? И ако да, што? И на крај ќе ги испратеа најголемите бубалици да купат и ќе купеа нешто што беше толку кич,што ни се плачеше на сите. Еднаш дури класната не ни го зема поклонот демек од принцип...толку што беше кич, сто посто не и одговараше за по дома,групно сме се брукале сите што да ви кажам...а забораи дека претходната година го зема,а и наредната потоа,не стана збор за некој си новоизмислен принцип... :D А најголемите ескиватори никад не беа за купување пошто не им ги поправала оценките,каква класна била, една година па за чудо они се нафатија да збираат пари и купија некое цвеќе и после дознавме дека со останатите пари си се частеле кафе у локалниот кафиќ! :D Циркуз!

    У основно, купуваш 5 рози за секоја наставничка за секој час! :D За класната групен! :!: Некој ќуп, некое злато, нешто такво... леле,леле... :D Одење на групен шопинг по тема поклон за класната! :D

    Мамо ќе славиш утре со сите?! Не,зошто да славам,вие ме сакате по дома си имам пажња секој ден! :D Мда! Ја сакам! :D Па се разбира кога си го доби поклонот ден порано,сме го бирале ко за кинеска кралица бре!!!

    Пред една година Јупмен ми подари љубичици! Очекувам пак! :!:
     
    На sweet-cherry, thelittle17, mims-89 и 20 други им се допаѓа ова.
  11. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Семафор..свети црвено....22 пешаци..од нив 20 поминуваат на црвено( пошто реално колите се дааалеку)
    А јас ко грешник чекам зелено....и после пуна со себе си минувам улица...и 3 од 5 пати пак некој ми труби :@

    Изгледа до мене е, улица незнам да поминам...
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Има личности кои се пролив. Убава е реалноста, а уште поубаво е да бидеме реално убави!
    Знаете чинам во Охрид кога ќе се сретнат познаници си велат Убав си, што би било исто на она нашето Како си, добар?. Само ова охридското многу повесело звучи.

    Ме загрижува сметката за парно. Главата мислам дека ми е како тиква ама онаква зрела и огромна! Ме загрижува тоа што мојата најсакана патува по 45 минути секој ден за да стигне на работа. Ме загрижува бидејќи по автобусите врие од секакви дивјаци и се плашам.

    Ова моето е луда мара. Абе цел ден го шетав, цел ден мочаше и влегуваме во станот и трас пак си се олесни. Ама мака ми е дека знае веќе кај треба да моча, а на моменти, ептен ретко прави бељи. И го нервира брадосаниот, а овој па божем му се лути, а скришно оди и го гушка. :rofl:

    За утрешниот празник сакам корпа за велосипед. И точка. Добро нема точка, сакам и бициклисти :D. А на мајка ми за осми март ќе и направам една пица. Ама нема да ја направам утре туку во вторник. Вика дека утре е петок па да не мрсиме многу. А и си имала од сармичката, делумично мрсна. :rofl:
     
  13. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека многу ми е жал за баба ми што по втор пат ќе лежи во болница , и покрај тоа што утре мора да оди она мислела на сите и ни купила по една ружа за утрешниот ден :'(
     
    На hermosa и Katerinceee им се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.174
    Се одлучив луѓе, месец пред роденденот план беше да ми купат дигитален апарат, смешно ама ја уште немам. К-15 што ќе земе мајка ми, сакам наместо апарат да ми даде пари да идам на концерт. Луѓе, значи колку време чекам Балашевич да има овде концерт и конечно ми се исполнува таа желба. Само, ја убаво не сум ја замислила, кога ја замислив требаше да посакам и ја да идам на тој концерт. Сега пред роденденска ми е таа.
    Таман, поклончето си го сакам месец пред роденденот.
    на 19 април да идам на концерт, а на 19 мај ми е роденден.
    Кој знае, можда ќе биде изненадување.
    Да ми се исполни оваа, после ќе пинкам за Маракана.

    http://www.youtube.com/watch?v=M6EnP3IxgHU

    Како што вика он „ја живим у нади“, живим и ја, ипак можда идем.
    (извинете за српскиов).
     
    На kravce, anabel-a, Johny и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Дејт. Толку мал збор, а сепак за овие генерации толку непознат. Искрено, многу сум разочарана од момциве (момчиња е премек збор за такви "фраеришта" ). Научиле една реченица и мислат сите женски ќе ги свртат. Ало бе, сакаме дејтови бе, не " Здраво, јас сум Трпе. Ај се муваме ? "

    Да не се изразам вулгарно, ама сепак ќе се изразам, ми се ск*рчи од вакви отепани работи. Ќе се измуваме и што после ? Ќе ми симнуваш ѕвезди, а јас ќе се обидам да ја фатам месечината и да те треснам поглава, зашто, нормално, незнаеш дека несакам романтики и патетики. А зашто незнаеш ? Зашто тогаш ќе биде првиот пат што ќе ми направиш муабет.

    Сите машки мислат дека жените се комплицирани, а пак сите жени мислат дека сите машки се исти. Очигледно ниту едните, ниту другите незнаат што зборуваат. Женски, само затоа што сите машки што вам ви се допаѓаат се идиоти, незначи дека и сите останати машки се идиоти. Правете разлика. Ми се смачи од 12 годишни девојки, штотуку проодени, да ми продаваат фори како да флертувам со момче. Ало бре, фаќај книгата да учиш, не ми се фолирај тука. Вчера си прозборела, мене за врски ми кажуваш. Страшна работа луѓе.

    Туку, зборот ми беше дејт. Не сакам патетичен дејт, сакам нормален дејт, јас и ти, Tuborg, Sweet child of mine, твоето ланче Chelsea, моето кожно палто, најгоре на твојата зграда, да ни висат нозете од покривот, да се смееме и да се гушкаме. А може и гитарата да ја земеш, ако не, од мобилниот музика, немам ништо против. Да зборуваме за нормални работи, кој ти е омилен филм, која песна најмногу ја мразам, да зборуваме за тоа како ти јадеш лубеница и сирење, а јас обожавам гумени бомбони.

    Кој рече дека жените се комплицирани ? 8)
     
    На Chica.Loca, sweet-cherry, Elichka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Првата работа што сакам да ја кажам денес е во врска со утрешниот протест. Сите се радуваат како нема да одат на школо или на предавања, а знаат ли што всушност се случува во нашава државичка? Прв пат да ми е страв во сопствената земја, само тоа имам да кажам! За утре се спрема нешто големо, а вие бидете среќни оти немате предавања, мхм.

    Вторaта работа по повод утрешниот празник на која се сетив денес додека купував цвеќе е знаете која? Никој досега не ми подарил цвет. Последниот бивши ме викаше цветче, а никогаш не ми подарил цвет. Макар и некој обичен, скинат од негде, не сакам од цвеќара. Шмрц, шмрц :(

    Отидов сега, ме чека топол туш со ментол.
    Цвеќенце од мене за мене :f: :D
     
    На kravce, Doozy, Johny и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Gil.Elvgren

    Gil.Elvgren Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Сакам да кажам дека ми се смачи. Од се и од сите. Од мојов грип што ме дрма тие 2 дена,од факултетов мој и моето (не)учење, од носењето чизми и јакни, од вечното негодување на мајка ми....одшто ми се пуши цигара ама неможам оти крајниците ми се ОоооОоООООлкави!! :Down: :(
     
  18. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Зашто е толку суров светов?хммм?зашто?зашто мора да заминат некои луѓе во другиот свет,за ние да плачеме,да тагуваме и да се присетувам на спомените и моментите што сме ги поминале со нив?Тешко е сево ова..Едене ден и ние ќе..
    Неќам да им ја нанесам истава болка што ја имам ја,на други..Зашто некои заминуваат толку рано коа пред нив ги очекува убав живот..Ах тие ракови,ах тие болести!! ЗАШТО ПОСТОЈАТ! само едно кје остане зашто?
     
  19. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ноќта брзо дојде. Не го почувствував денот.
    Секогаш кога времето ми минува со смеа, песна, во добро расположение...не го чувствувам како лета. Има волшебни крилја, на кои сакам да се качам и да одлетам некаде далеку. Имам потреба од самостојност и разговор со самата себе.
    Или пак, нека ме врати во едно минато. Само за момент пак да ја почувствувам таа среќа, тие солзи во очите пролеани од радост. Тие гестикулации, кои произлегуваат од разиграната душа на едно хиперактивно девојче. Време, кога одлуките не беа во мои раце, кога животот ми го креираа родителите. Па, немораш сам да се обвинуваш и да се удираш со глава во ѕид за некоја постапка...туку едноставно на мама и тато ќе падне вината, нели?

    И повторно сакајќи да пишувам за едно, излегува друго. Мешаница на мисли. Мешаница од чувства. Ама, убаво е кога се е толку раздвижено во тебе. Да чувствуваш дека живееш, и имаш прекрасни луѓе околу тебе...кои вредат висински да им се посветиш. За кои вреди да играш карти до доцна вечер (иако не ти се игра воопшто), за кои вреди да зборуваш додека устата пења не ти фати, само за да му помогнеш. Вреди да изигруваш и кловн, само за да измамиш нечија насмевка. Вреди да шириш љубов, само за да си ја стоплиш душата. Вреди да се смееш и на некои безсмислици само за да заборавиш на се што се случува околу тебе и да продолжиш да живееш во твојот свет...бидејќи овој реалниот е толку суров и немоќен.
    Толку исцрпува, заплашува, замира полека...
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.791
    Секој ден сум жена, секој ден ми е празник.


    И чувството е единствено.
     
    На antonina, Annath, kate21 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.