Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Многу црнило на очите, Emily Sande фризура, темна облека, кожни палта, Converse All Star, Tuborg, кожни ракавици без прсти, Skins, hard rock, music, многу електрични гитари, Zippers, цигари Winston и редовно барање упаљач, будуча тетоважа змија по должина на ногата, будучи пирс на муцкава моја црвена. Многу игнорирање, незаинтересираност, иронија и сарказам, негативност, песимизам, реализам, црн лак за нокти, растечена маскара, разочараност, out of rails.
    Многу lame ќе звучи ова, ама шта да ти причам кад све знаш.
    Уствари, шта још речити а не погрешити.
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Толку многу мрзам, кога некој по цели денови ми дрнда само за некои негативни работи. И цело време се жали, се жааали и се жалиии. А ти само тешиш, затоа што ти е страв да не повредиш нечии чувства. И цело време ти треба да бидеш слушачот и тој што секогаш мора да извлече некоја позитивна работа од негативното. И кога само за момент, ќе се пожалиш за нешто, ќе ти одврати: - Па добро бе, а што да кажам јас? Што да кажеш ти? Па не мора ништо да кажеш, барем сослушај малку.
    Ама и зошто да ме сослушаш, кога нема што да слушнеш од мене? Сите ми кажуваат за себе, а јас на никој. Не памтам кога последен пат, сум се „исповедала“ на некого, а и не сакам, едноставно не се чувствувам удобно. После тоа, или ќе ти извртат очи или ќе направат некоја чудна фацка. Е па, подобро не, подобро да си терам по старо, да си трескам зелени. И многу ме нервира, кога некои зборуваат без да ги прашаш, ќе почнат да се жалат или да се фалат. Ај добро, ама барем мене да ме прашаше, што има ново, како сум? Не бе, нема потреба. Се знае, јас мора да сум добро. Затоа што нели, тебе ти е многу тешко. Мене сè ми е како подмачкано. Јас сум Брилијант.
    И кога еден ден, само еден ден не бев расположена, одговорив: - Добро, не сум расположена, остави ме малку. - Е, како така? Јас не можам така да те гледам. И во нареден момент, те прашува: - Расположена си? - Да. - Е па, чекај тогаш да ти кажам, што се случи. И повторно ти Елена слушај, ако немаш попаметна работа. :drunk:

    Добро ајде, доста беше мрчење, уште повеќе се полнам со негативна енергија.
    Него, сакам да знам, кога ќе дојде тој ден.... кога нема да се слупам по скалите во двокатен автобус. Значи нема ден, а да не се слупам по оние извртенине скали. :D
     
    На Chica.Loca, Doozy и Johny им се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.071
    Пол:
    Женски
    сдк дека поинтересен ден во животот нема да имам,ми беше толку весело дека се изнашетавме со другарка ми и си јадевме француски тостови ,мх мх убавини ^_^ .
    а врвот на денот беше мојот бивши значи како ли лупа предлозиве човек просто да се гордее што знае француски јазик :rofl:
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Ми фалеше ваков ден, одамна се немав вака смеено, цел ден поминат со дечки на кои поимот сериозно не им е познат :D Цел ден околу мене лица со чисто срце и искрена насмевка, цел ден работевме со љубов и сме на прагот нашата цел да ја оствариме...
    После напорната работа си се почастив себе со комлет ланче, прстен и обетки, и со 10 крем бананки кои ги изедов дур стасав дома :tmi:

    Со него е се по старо веќе ви е познато... се обидувам да допрам до неговото срце а тој упорно бега, а навистина не сакам да го терам да бира, не сакам да се чувствува присилен да прави нешто што не сака, а јас неможам да чекам, ме убива неговото молчење, барем да знам што мисли, што чувствува :doh: и сум го прашала илјада пати и тој како и секогаш го прави она што најдобро знае... бега :devil:
    Барем да каже отворено, да биде искрен многу полесно ќе ни е на двајцата...

    И за крај...
    Среќен Празник Девојки
    [​IMG]
     
    На bittersweet и fear им се допаѓа ова.
  5. mlad-bitola

    mlad-bitola Нов член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    6
    ај нека вие срекјен празникот 8-ми март на сите жени :)
     
    На fear му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Денеска денов посветен на плачење. Лиев ко во Струмичко поплавине.
    А се разбудив така виорна и жизнерадосна. Се растрчав низ дома, предосмомартовски поклон за мајка ми-ја исчистив цела куќа. Трчам од кат на кат, бришење прашина, правосмукалака,џогер, пеглање(на скапа струја и тоа), сортирање на облеката, на кому-чија е, фрлање на ѓубрето и слично. Ме гледа женава како улава, со засукани ракави си подзачистувам додека таа прави торта, за брат ми, утре(да на 8ми март) е роден.
    И се почна на ручекот. Таман посегнав по француската салата, се спомна авио картата на брат ми. Кога лета, колку време ќе чека по аеродроми, кога ќе пристигне итн. Заминува во сабота сабајле. Кој знае кога ќе го видам пак, дали ќе се трефнеме во исто време да бидеме дома. И не можев да издржам, ми се насолзија очите, станав и се ашкав во кујната со свртен грб, да не ме приметат. И после плачење во купатило,скришно, плачење во детска, плачење дури вежбав, плачење, лиење. Колку да ми олесни на душичкава, да се испразнам. Па не бива утре на роденденот твој јас да sмиздрам.
    Не ми се верува колку брзо летна времето.
    После цели 8 години првпат утре ќе го славиме сите заедно неговиот роденден. По цели 8 години првпат е во Македонијава за неговиот роденден. А следниот ден си заминува. Ах туѓино-јабано.
    Туку СДК дека те сакам М. Ти си мојот омилен брат(добро де и единствен :D ). Ти си мојот бедем и потпора, ти си мојот Дедо Мраз, ти си мој Simon Says, мојот најголем критичар, и најголем мотиватор воедно, моја инспирација, моја *најдобра другарка*.
    Ти благодарам за се што направи и правиш за мене. Се сеќавам на оние тегобни 2 години, додека се борев со проклетијата,болеста, како ми испраќаше инспиративни слики и цитати. Како ме бодреше да не губам надеж, да издржам, да не и се предадам на безнадежноста и очајот. Се сеќавам на жолтата Livestrong алка што ми ја донесе(кој не знае што означува нека прогугла). И гордо си ја носев во секоја прилика без оглед на комбинацијата (и за ова во модни критики би ме жигосале кога би виделе). Ја поддржував каузата-Livestrong! И победив, ја пребродив болештината. Со твојата огромна морална подршка.
    М. извини што те тепав кога бевме мали, извини што ти крадев од цигарите, извини што те тормозев да учиш, што те испрашував со саати за лекциите. Извини за секој непромислен збор, навреда, дерење дури бевме тинејџери.
    М. се сеќаваш ли еднаш кога бевме мали,одевме кај мама на работа, само со автобуски карти во џеб и 5 денари кои ги најдовме во дневната. И се думавме дали некој би ни продал семки или сончоглед за само 5 денари. И кога се симнувавме во населба по скалите здогледавме десетденарка на патот. И еј-радостиии! Семки за 15 денари. Се гушкавме и скокавме од радост како будали.
    И М. се сеќаваш ли кога се трефнавме далечната 2005 во исто време во Мајами на аеродром. Те видов прв пат после 9 месеци. Како ме крена во раце, ме вртеше во круг, ме гушкаше цврсто ме бакнуваше во чело...Луѓето околу нас сигурно си мислеја дека сме некој заљубен пар кој не се видел долго(зашто ти така плавуњаст со небесно сини очи, ја гламја црна).
    М. ми значиш и зрачиш повеќе и од сонцето. Те сакам. LIVESTRONG bro'!
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, kate21, Elichka и 14 други им се допаѓа ова.
  7. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Си гледам Мелроуз плејс на Сител и нели таму Бранко е постојано крив и јас се соживеав со нив и јас го окривив него.
    Паднав од кревет и и се свртев на мајка ми и и реков: Бранко е крив! :D
    После ми ја снема папучата и се шетав со едната папуча низ дома дур да ја најдам каде ми заталкала другата и пак реков на мајка ми: Ете и папучата ми ја нема. Бранко е крив.
    Мајка ми ќе се помочаше од смеење. Бранко е крив :D .
    Треба да свртам некој друг канал па и некој друг да окривувам за моите дешавки. :D

    Нека помине мартов, нека поминат избориве, ми се смачи више од платенине политички програми насекаде. :geek:
     
  8. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Честит празник на сите жени! :)
    Гордост е да се биде жена и мајка!
     

    Прикачени фајлови:

    • RP51_330x370.jpg
      RP51_330x370.jpg
      Големина на фајлот:
      29,3 KB
      Прегледи:
      278
    На homealone му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Дојде време да ти е страв да излезеш од дома во сопствената држава...
    Btw, среќен празник.
     
    На Rubiii и la-chicka им се допаѓа ова.
  10. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    ^
    Јас си одам дома, сериозно не ни планирам да останам во Скопје за викендот.
    Ме плаши ситуацијава, незнам. Не сакам ни да помислам на најлошото. Што ќе правиме ако дојде до војна.
    Немам мир. Деновиве ми е хаос во главата. Си се јадам одвнатре сама себе...
    До мене е, не е до некој друг.
    Сфатив дека морам да одам повторно дома. Да си ја земам потребната доза со љубов. Да си ги средам мислите и да го оставам хаосот.
    :smoke: Две пакети цигари за еден ден... што е многу, многу е |(
    Дијазепам не помага, разговор не помага, шамар си удрив и тоа не помага. Незнаам по ѓаволите што ми е.
    Ох да, изгледа поминувам низ пубертет повторно :D . Малку беше болен првиот, па и втор ми фали |(
    И да, не ми се спие повторно. Ќе си одам дома со првиот автобус, ќе ги изненадам моите :!:
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Добро утро мои драги Феминки.Најпрво Среќен 8ми март на сите, прославете најдобро што можете ова е наш ден, барем ова го заслужуваме , нели? :)

    Сега бидејќи темата е СДК да почнам и јас со мојата исповед (да одев во црква веројатно попот другата ден би дал отказ) па мал дел овде..
    Сите знаеме како е да си падната на подот, ова не е различно, но е толку различно..имав ветување од едни очи дека би издржале се, но ако е така , зошто сватив дека денес на подот има бура над нас, и не би се пролеала водата до мене.Но сепак кога се свртив на страната на изгубените соништа сватив дека кожата зад маската мие сеуште млада и да горда сум на тоа, задоволство пружено од нечии раце без допир е барем нешто за утеха, погрешно или не, и онака сите задоволства се сите. Се е темно но тоа чувство на спокој после задоволство го вдишува чадот и повторно низ ходниците во мојата глава , сенките надвор ја гледам светлината и природата во облик на засолниште.Ангел сум нели? Сите жени сме, зад маските на скршената и сурова насмевка, ни се крие женската чистота и невиност.
     

    Прикачени фајлови:

    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Им го честитам 8-ми март на сите феминки, и имајте убав ден. :)
     
    На Glossy-girl, Gordana10, midnight.flower и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Среќен 8-ми март на сите мајки! Имајте убав ден ве сакааам!!! :* :hug: :f:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Честит 8ми Март фемнки
    и сакав да кажам дека претседателката на кимот ми пишала меил во кој ми вели дека ми се заблагодарува и ме обожава вчера пред да се сретнеме :$ не сум којзнае колку блиска со неа, ама имам фин и коректен однос секогаш сум до нив што и да треба да се прави-дали дежурство, дали на терен-изгледа како тересене и вообразена ама кога подобро ке ја запознаеш фина личност е-многу значат тие зборови од неа :* :hug: до неа
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Strav mi e da izlezam od doma...imam milion obvrski
    glupavi najaveni nemiri...
    sto ke bese ova--ko zaloznik se custvuvam
     
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Што да ви кажам кога све си знаете,убав ден иако некои работи не ми одат во посакуваниот правец,не се давам јас,и тоа ке помине,све ке помине еден ден но мене ке ме нема,од дупка сум излегол во дупка ке се вратам,таков ти е животов.

    Џабе ти е убавата облека, ако ти е расипана душата;
    Џабе ти е убавиот автомобил, ако ти служи само за луѓето да те почитуваат;
    Џабе ти е убавата куќа, ако гостите дошле, само за да кажат дека биле во неа....

    Облечи на себе душа,
    Изгради на себе карактер за почит,
    Всели се во душата на луѓето,
    и тогаш кажи дека си човек...
     
    На Katerinceee, Konfetka, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  17. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Среќен 8-ми Март на сите жени, да сте сите живи и здрави! Посакувам да имате почит, разбирање, еднакви права дома и во општеството и многу љубов!

    Многу сум им благодарна на жените од минатото, благодарна сум на мојата мајка (и на мојот татко ;)), за тоа што денес сум тоа што сум! Слободна, образована, со право на глас и свое мислење, сакана и почитувана! Не сум угнетувана, никогаш не сум ни била, и ќе дадам се‘ од себе тоа никогаш да не се случи!
    Им посакувам на сите жени што сеуште не се избориле за своите права, тоа да го направат годинава!
    СТОП за насилството врз жените! СТОП за насилството воопшто! :f:

    „Woman is the companion of man, gifted with equal mental capacity...
    If by strength is meant moral power, then woman is immeasurably man's superior...
    If non-violence is the law of our being, the future is with women...“

    Mahatma Ghandi
     
    На Sunchild, Katerinceee, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    [​IMG]
    ‎- Ние жените сме лавици, родени како кралици, ангелите не створиле, мажите без нас неможат ништо...
    Драги мои Феминки
    Нека ни е среќен 8-ми Март!

    [​IMG]
     
    На AIT и Katerinceee им се допаѓа ова.
  19. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Среќен 8ми март на сите жени :f: Јас на мајка ми ѝ го честитав со 6 прекрасни шолји за кафенце.Вчера кога се вратив дома сите спиеја па искористив прилика и ги наредив на масата во трпезарија и ѝ напишав честитка која гласеше Среќен 8ми март на мојата мила,најсакана мајка. :l: И женава толку им се израдувала што сабајле во 8 саат дојде и легна до мене.Почна да ме бакнува и ме разбуди :) Се разбудив со нејзината насмевка.Пресреќна сум!
    Среќна е и затоа што другарка ѝ заедно со уште 2 жени ке ги води во ресторан,заедно да го прослават празникот.Одамна не била вака среќна.Ова е ден посебен за неа.Ден посветен за неа.Нејзин ден!!
    Па ми рече дека ке ги земе моите црни штикли и моето свечено фустанче за да биде најубава вечер!!
    Со задоволство ке ја средам,ке ја нашминкам и дотерам.ВЕТУВАМ МАМИЧКЕ,НАЈУБАВА КЕ БИДЕШ!
    :inlove:

    ...
    Еве ги и шолјите :)
     

    Прикачени фајлови:

    • SAM_1076.jpg
      SAM_1076.jpg
      Големина на фајлот:
      296,7 KB
      Прегледи:
      192
    На AIT, rici.aaaaa, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  20. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.