Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    СДК дека сум преполна со позитивна енергија, убави и ведри мисли и чувства. :$ Таков ми е целиот ден, па сакам дел од позитивната енергија да ви ја пренесам тука. :*
     
    На Smilly, marama, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Е дами мои да знаете само каков завршеток на работниов ден имав . :rofl:
    Застанува автобусот на претпоследната станица и една бабичка трчи ли трчи да се качи , арно ама беше со кученце и ланецот од кученцето и се закачи за една...дрмушка . Се мачеше јадна таа да го откачи и од време на време викаше, Доаѓаам,доаѓаам.
    Овој шоферот почна да се нервира и по некое време затвори вратите и сакаше да тргне, коа кулминација, бабата грабнува кучето за вратот со едната рака, во другата ќесето и се качи во автобусот. Тргнуваме ние а каишот од кучето , пошто нели сеуште заглавен уште си се мавта по автобусот. Влече таа пустата каишот и сама си збори .. :rofl:
    Верувајте сите внатре се смееја со солзи , не можам ни приближно да ви ја доловам ситуацијата . Како и да е се изнасмев од срце, желудник ме фати. :rofl:
     
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Уффф денес имам многу работи да кажам,ќе биди ова еден долг пост...
    Да си почнам со рееед...
    Значи ко станав во 8 си ојдов јас на испит,т.е. два беа де,фала му на Господ што ме слушна и ми даде убави прашања да извлечам :) си седнав и се си напишав.Овај пат за среќа испитите беа писмени.И фино лепо си ги положив и двата :party: Ќефој сум денес,ќефој! Ми се намалуваат државните,поблиску до дипломата [​IMG] LG бе,LG :D (шо би рекол сеа Radiance :lol: )
    Потоа работа низ градот...До полоција и пак до факс...Триста работи денес.Е сеа во меѓувреме,додека одев од полиција до факс и додека го чекав бусот се изнагледав работи што ме тераа да мислам и да се чудам.Прво, одењето на луѓето :D Оди еден батка кон полиција и целио се напумпал,кренал нос,го раширил грбот ко паун,и оди подрасчекорен и со рацете на метар од него...Јас бев ваква [​IMG] После него,една џенска,никаква,ама важно нашминкана,на штикла,цигари си купваше и реков леле сеа оваа,којзнај шо ќе изиграва,и тргна надолу и ко видов како оди,исто подрасчекорена (ко да....ај да не кажвам :lol:)и потскокнува и поткривнува со тие чизмите на штикла,ми се чинеше ќе падни,ко од она видеото со гумената манекенка :D исто и за неа се изнасмеав во себе...Другите исто шо поминаа теткици со крзна и глупости...Абе денес се ми беше смешно.И јас сум за отепвање,ги изманијачив сите до еден,особено тие со крзната сите,а и имаше едно средно училиште таму,се изнагледав чизми,лелееее преубави! :inlove: Сите ги сакам!!!!
    А,и шо ме изнервира сеа...Излегва една,средношколка,исто демек цигари си купва,цела нашминкана мислиш на свадба ке оди,со толкави алки на уши,со фризура и издотерана таква...Си викам кај оди младинава лелееее! Ама и неа и се изнасмеав [​IMG] пудрата и беше две нијанси потемна и и се познаваше разлика меѓу вратот и лицето,и еден тон пудра...Абре усул немаат! Барем во огледало нека се погледнат!
    А ко се качив во бусот па,исто еден куп средношколци(им го фатив пикот јас) и една туку што си имаше напраено тетоважа,и се муцулеше нешто (си викам леле бе види ги,пубертет,бесни хормони :D ) и влегуваат едни од друго школо и оваа лелеее еве ги овие тапаците,идиотчињата,geeks...Си викам а мори чупе,остај ги ти нив,види се ти! Тие арно си учат,не ко тебе на тетоважи само и на глупости да мислат и да се прават важни (немам против тетоважите,ама ете,оваа се праеше мн важна)
    И такаааа... Си го фатив патот под нозе и после пак низ цел град...На крај бев да си купам боја за коса и знајте шо си купииииив? Си се частев! Еве! А сеа ќе земам да си го пакувам куферот,пошто до 3 не ќе можам да се доспремам!!!Си идам за МК!!! ЈЕА БЕЈБИ!!!! ВЕ САКАМ! :*
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC01524.JPG
      DSC01524.JPG
      Големина на фајлот:
      104,5 KB
      Прегледи:
      333
    На Hiii, Strumfeta93, Adi888 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    *Сакам да кажам...
    http://www.youtube.com/watch?v=JYo9aXQcdvs
    Д*КАЈТЕЕЕ,Д*КАЈТЕЕЕЕЕ!!! :rock: :rock:
    --------------------------------------------------------------------------------------
    *Неманијакален пост,има цел да насмее,разведри...
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
    Ако пишам утре, значи сум преживеала... Господ нека ми е на помош...
    Револуција ќе има дома... Ако не и Трета Светска Војна...
     
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ај пратете ми линкови од некои добри страни за спуштање слики. Само не од www.weheartit.com бидејќи ја имам неа..
    И сакам да кажам турциве претераа..они прават пари од турски серии ама мене главата ме заболе..Ајде Шехерезад, добро, па Кога лисјата паѓаат-добро, ама уште 233243453 други мислам претеризам. Како шпанските исто. Интересно е да гледаш неколку ама ова буквално е поплава.
    Па и овие индијциве, што филмови се овие. Јаде малава куршум в чело и утредента ко нова е..Башка ефекти у п*чку матер. Едниот му вика на другиов "Како си", а овој се вџашува божем му репетирал пиштол у главата, и се' тоа во забавена снимка демек Џејмс Бонд у акција. (пази, ова се од рекламите го имам заприметено :!: )
    Па и ова Саваш Балдар, Саваш Балдар....Патетики....
     
    На Divinebutterfly и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ако сакате да си бидете среќни, не гледајте наоколу и не слушајте никого. Можно е да видите нешто што не сакате, а да чуете нешто што другите сакаат да чуете. А има многу единки таму надвор кои едвај чекаат нивните зборови да влезат во вашите уши и, секако, вашите животи.

    Колку подмолни луѓе постојат, да не знаев дека одамна светов е отиден, сега ќе се запрашав. Полни со завист, се хранат со туѓата мизерија, се згрозив последниве 2-3 дена. Не знаат како повеќе да се излажат себеси дека се среќни, па мора да најдат утеха во туѓата, каква-таква, несреќа, за да се споредат со себе и да им дојде мир на душата.
    Како одбрана преостанува да правиш очајни обиди да се претставиш во најдобро светло, да си залепиш вештачка насмевка на лицето и да се обидеш да се смееш посилно што можеш за да не дозволиш да допрат до тебе погледите на будните очи кои жедно чекаат на секоја твоја грешка. Очајно, но ефективно, кога веќе со игнорирање само повеќе ги храниш нивните апетити, и нема баш некој голем избор.

    Кога еднаш ќе сфатат дека секој живот е различен, убав на свој начин, но никогаш совршен, ќе си најдат мир за нивните напатени души. Да, напатени, преуморни од замарање со туѓи животи, толку уморни што заборавиле на себе, на убавината на нивниот живот, бидејќи секој си има своја убавина, само што не секој ја ужива.
    Да не знаеш дали тоа ептен ќе ги погоди со оглед на тоа што после толку замарање со туѓи, си го запоставиле својот живот, и ќе согледаат колку е тој празен, и ќе ги пушти во нови походи по туѓи животи, или ќе ги свесне да си превземат нешто за истиот, а со тоа да се ослободат самите и да те ослободат тебе.
     
    На ines.h, julie77 и MacaLove им се допаѓа ова.
  8. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Мајка ти и татко ти и мајка ми и татко ми правеле свадба во ист ден. :wasntme:
    Пред 19 години лумпувале,, кршеле чаши, шо ти знам јас шо не праеле. :emo:
    А денеска, имаше частење. Кифли, руска салата, еклери.. :mm:
    Ај да им се множат и уште мнооооогу долги години да се со нас. :*
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Кога сум ноќна смена, после тоа имам чувство како да не сум во временскава зона, него сум полетала накај Исланд евентуално.

    Спиење ко мецана, со сите салтанати, паѓање ќебе, сонување шешири во боја, лигавење на перница и мјаукање по телефон три минути после будење.
    Забавата фаќа стандарди. Амбиент класичен, јас во фазон и 200% сигурна дека сцената е моја.
    Така и си направив.
    Да си ја поздравам Роси, си ја видов во живо конечно, и драго ми е што ја знам. :*
    Повторно пеев, овојпат со Мио од ДНО. Ме фати смеа што пред сто години со Сај им бевме верни гости на секој концерт, а сега на сцена со него си пеам и не ми чуе. На сет глас на микрофон им кажа на колегите:

    "Дечки, девојкава не треба да работи кај вас, родена е за пеење."

    И секако, по стоти пат си се подзамислив и сфатив дека кармата пак ќе ме дрибла деновиве.
    Добив понуда за перформанс шоу во бар во Ск, ми се јави лично газдата, во четврток одам на проба, стискајте палци, па после ќе доаѓате на пиво и Шилеа инлајв! :lol:
    А него, го љубам ко што коала љуби да дреме на дрвце.
    Се шлаевме по паркови и зеленило со радост во срцата.
    Среде љубов, ми вели - сакаш, женско или машко човече да правиме?
    Се изнасмеавме и изгушкавме ко бумбари.

    Некогаш сопствениот Рај личи на Скопје, во него има драги луѓе, среќа што се допира со врвовите на прстите и се сонува со очите ширум отворени.
    Другаркиве ме зезаат дека ќе рипам во тавче порано одошто мислам.
    Прво на Ајфелова кула да прославиме љубов, на Тајланд да измасираме стапала, па ќе рипаме кај било, тврдам јас 8)

    Се наредија успеси и предлози за нови нешта, мирувам, зошто ако вриснам, ќе се скршат прозорциве наоколу... :angel:
     
    На ines.h, bittersweet, Smilly и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Tипичен понеделник..
    Дојдов малку да ве читнам и ојдеХ да си ги замаглувам плавите ми очи, над бели листови испишани со црни буквици и тук там по некое сликче...

    Редно беше да ја повлечам мрачната столица,па да ми зачурат задните обравчиња :rofl:

    Гледам форумот во фин понеделнички муд..ако ако.. баш убаво :)
    и ајт нека падају петице..и десетице :rock:

    И додека половина од вас се задлабочени во турската серија,што оди во моментот зад мене јас одам да ја проучувам османлиската империја и неправдата извршена врз македноскиот народ :!: !
    Нека..само не генетика само тоа не :sweat:

    Гумени мечиња,чоколадо и книгата=добитна комбинација!

    Добро е што има резерва нес во кутијчето..ово че бити долга ноч,предосечам..А аАА..

    Coffe,baby I love you!

    Срдечно ве поздравува
    вашата Smilly :f:
     
    На Miss.Ricci и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
  12. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Прочитајте го ве молам ми се насолзија очите ;(
    http://www.divianarts.com/?p=8592

    ГО САКАМ НАЈМНОГУ АРЕС !!! :inlove: :l:
     
    На Smilly, BoaVista и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Се изедов жива што не купив Бинго ливче од Тобако на Туристичка, туку купив од Тобако в чаршија!! :@
    Смешно, вакво-такво, ама криво ми е во вакви ситуации!!
    Нејсе, тато вика: „И сто ливчиња да купиш, ако не е твоја среќа, нема да ти падне!“
    И во право е!
    Ама очајно ја сакам колата!
    И друго вика тато: „Зборуваш како грамофон да си голтнала!“ :?:
    Што зборуваш тато бе??
    Па ти уште не си чул како јас можам да зборувам како навиена. :wasntme:
    И сакам да зборувам. Како во крвта да ми е тоа. Сакам да зборувам, да кажувам, да докажувам, да презентирам, да објаснувам и појаснувам...
    Сакам да зборувам до последен здив, сакам да зборувам додека јадам, додека пијам, додека да заспијам...
    Сакам секогаш да зборувам!
    И можеби звучам како грамофон или касетофон да сум голтнала, ама таква сум. Зборувањето ми е во крвта, наследено од моите предци.
    Затоа и го сакам!
     
  14. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    :| Сакам да кажам,во вакви икс моменти имам гооолема потреба од пријател,близок некој од доверба што ќе ме ислуша едно исто да го кажам 458345372575 пати и исто толку пати да ме утеши и да ме гушне...Многуу ми треба некој.. :( .. Има некој ?
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    СДК денес придонесов за НЕзагадување на водухот. Наместо да одам со кола, јас си пешачев. Добро ми дојде, иако викаат дека било штетно да се излегува надвор. Who cares ;) Шетав, лисја ми шушкаа под нозете, музиката од слушалките ми ја релаксираше душичкава, а со моите старо-нови очила ги набљудував луѓето околу мене, онака неприметно. 8)
    Уствари што сакав да кажам...Гледам низ град дотерани, нашминкани, па дури и уфилмани девојчици, а и момци, кој со одело, кој во кежуал варијанта. Се е тоа ок, секој во најмала рака се обидува, се труди да изгледа средено, НО една работа ми падна во очи и тоа кај прилично голем број на граѓани - нечисти чевли и екстремно оштетени флекници (мислам така се викаат). :puke:
    Па добро бе, ако веќе сакате да изгледате уредно прво исчистете си ги чевлите, па после дотерувајте се. Одзема 2 минути и 50 денари за сунѓерче за чевли или пак за чичко чевлар. :!: Зошто, кога чевлите ти имаат 3 прсти прашина или штракаш со штиклите без флекници, џабе си се дотерал/а како кукла од излог. Џабе.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Чудна работа ... Добра сум.
    Или сепак, не сум.
    Не можам да се дефинирам.

    Пројде денов некако.
    Марфи проба да ме утепа...
    Ама само ме расплака.

    Си велам „Најтешкото допрва доаѓа“
    Си се прашувам „Дали е можно да не дојде?“
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    А да размислиш друг пат ти да ни пееш на забавите, Мио е веќе досаден :D
    Сериозно, ќе кажам на особи Х што го организираат и ќе те предложам :wasntme:
    И мене ептен ми беше мило и да знаеш не само што знаеш да пееш фанатстично, туку шириш позитивна енергија максимално, шармантно суштество си Шилеа! :*

    А јас можам официјално да кажам дека сум станата најглема мрза и спанка на цел свет.
    Мислам дека нема да можам да си ги исполнам ветените работи до Нова Година, ем се нервирам за тоа, ем ништо не придонесувам за да го променам тоа. Ми доаѓа да земам едно стапче и да се исплескам. Е така!
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Куферот ми е отворен. Погледот кон него ме носи на една дестинација. И ќе го оставам така отворен, нека ме радува секој ден..а јас ќе си одбројувам. :inlove:

    Ах ми фали еден искрен муабет со платоно мој, не знам зошто сам тој знае да ми даде онака реален, конструктивен одговор.

    Сестра ми збрлавува не можам да сфатам како може да не сфати чиста ситуација, немаме подршка од татко ми и толку. Важно Ние се имаме, јас и таа. Јас сакам бескрајно, барем малку да ги имаше моите нерви и да беше посмирена и поборбена. Ќе и помогнам ветувам..

    Напишав еден мејл, го бришам, додавам, го читам, пречитувам, зачувувам, леле неодлучна дал да го пратам..

    Ќе си го сочувам разумов, физичката и менталнава спосбност, со емоциите ќе брлавам, ама ќе успејам.. знам!
     
    На Smilly, crazylady, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  19. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    На MissSpark му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    4.422
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сум ете тоа сакав да го кажам..кај и да е ке го постигнам тоа што го сакам и тоа за кое се борев цело време :) и фала им на личностите кои со малку внимание ми покажуваат колку им значам ,дополнително ми го разубавија денешниот ден :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.