Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Да бидете полни како брод, да ги фрлате сите машки на под :lol: ! Вие све риби, а ние шкарт - Среќен ви на сите 8ми Март :* :* !!!!!!
    [​IMG]
     
    На GordanaL, antonina, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.231
    Допаѓања:
    157.174
    Секој ден е убав кога ќе ти текне дека другар ти бранел дипломска у црвени панталони некад у минатото! :D
    Не,сериозно е убав денов! Премногу прегратки (не заради празников) си добив,еве во вазна ќе си ги ставам, цел букет! ЦЕЛ!
    И многу е смешно кога некој лаже,мислејќи дека некад не ти ја кажал вистината...оф туго мајко мила! :D
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60
    Среќен 8ми Март на сите жени на форумот :*
    Цвеќе не ви купив , ама се сликав , па ај еве ви слкика :D
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka и hermosa им се допаѓа ова.
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Поради дискусијата во врска со романтичарите и љубовта, баш си седнав и си размислив.
    Па вие појма немате колку заљубено се осеќав кога дечко ми од цела Дениција (мојата омилена), тактички и крајно посветено ги одбрал најљубовните стихови „и јас те сакам како зрел зеленчук, како зрел морков“ :D
    Ех, да.
    И ми ги изрецитира баш овие стихови во сред центар. И иако немаа ништо лигаво во нив, знаеше дека многу сакам зрели моркови и ете успеал да направи компромис, ем мојата поезија, ем моето јадење. Ем полно со љубов. :D

    Се сеќавам кога бевме сами за една пригода кај него. Стварно се приготвил за романтична ноќ пустиот, мислејќи дека романтиката е слаба точка на сите жени. Правел пустел, свеќи, украси, винце, чашки.. Па па. Да видиш да не веруваш.
    Леле кога видов. :tmi: Незнаев дали да плачам или да се смеам.
    :D
    На крајот завршивме по мое, запалено светло, „How to train your dragon“ на тв, руска салата и свинско месо на бркот, празно шише вино, и двајцата заспани до сабајле.
    И искрено, боље ноќ у живот не сум имала. :D

    А јас вечер се договорив да излезам, ама така ме смрзе, не ми се мрда со прстов, дај боже до вечер да ми се поткене ентузијазмот во мене, да не бидам единствената намќореста жена на денов.
    И ви посакувам, мажите, дечковците, да ви посветат многу внимание, тие што немате, да си бркнете нешто, и така вечерва гунгула ќе биде во град , а јас потајно ќе се надевам дека некој ќе ми го подари овој букет.
     

    Прикачени фајлови:

    На Sunchild, Mishela, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  5. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
  6. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Мајки,девојки ЧЕСТИТ 8ми МАРТ !!!

    ЖЕНА...
    Една од најубавите
    Божји созданија..
    Можеш да ја почуствуваш
    нејзината невиност
    во вид на ЌЕРКА,
    нејзината грижа
    во вид на СЕСТРА,
    нејзината топлина во вид на ПРИЈАТЕЛ,
    нејзината страст
    во вид на САКАНА,
    нејзината нежност во вид на МАЈКА...
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, anichka94, francais и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Бидете свои, бидете реални, бидете силни, бидете убави во секој смисол ... бидете дами.

    Среќен празник! Имајте ден полн позитивни моменти ... :)

    http://www.youtube.com/watch?v=ZYRfUoR9Q4Y
     
    На bittersweet, antonina, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    СРЕЌЕН 8-ми МАРТ НА СИТЕ ПРИПАДНИЧКИ НА ПОНЕЖНИОТ ПОЛ :inlove: :* :makeup: :l:
     
  9. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    Прво среќен 8-ми март на сите Феминки!
    А сега како што е редот да си се пожалам абе човек да пукне од мака ти даваат пари имаш полн новчанок пари ама од овие лудиве протести не можеш ко човек ни во еден нормален шопинг да си одиш не знаеш дали и од која страна некој ќе те удри ќе те мавне со некој камен.
    Абе најубаво седи си дома и маштај си по она што имаше во план да го купиш
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Денес на повеќето мажи им текнува дека најубавото суштество заслужува посебно внимание па се даваат цвеќиња, поклони, убави зборови а всушност така треба да биде секој ден, жената од секогаш била креативната сила на човештвото и секогаш треба да биде handled with care. :).

    На сите девојки, жени и мајки нека секој ден ви биде празник и полн со љубов :f:
     
    На bittersweet, mims-89, Annath и 26 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Мамо срекен 8ми март.
    После ке те носам на празнична торта Нутела во Палма. :D :D

    Воедно срекен 8ми март на сите феминки.Секогаш бидете достоинствени,горди и со виско кренати глави . :D :D
     

    Прикачени фајлови:

  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.518
    Пол:
    Женски
    Која жена на осми март пломбира заб???
    ЈАС!
    И знаете ми зеде самооо 300 ден. а требаше 500.Си викам штета докторе можеби ова требаше да биде гратис.
    :D
    Инаку моиве ме извадија од кожа.Цела недела се натегаат што да ми купат,пребројуваат пари се договараат за синоќа да се скараат.Им одбрусив дека не сакам ништо да ми купуваат.Не сакам да бидам товар и непожелна обврска на некого.Ексик и таков подарок и се. |( Нека биде и еден цвет зарем за тоа треба натегање???

    Жениве расцветани ,расшетани по градов,ги гледааш се гушкаат си честитаат.Штета што осми март е еднаш во годината,барем два пати да беше .Еднаш напролет еднаш наесен,за да има повеќе насмеани жени по градов.

    Девојки и жени среќен ви 8 март.Да ми бидете живи здрави и насмеани.
    П.с.Добро бе толку ли им е тешко на луѓево кои го уредуваат сајтов и форумов да закачат некое цвеќенце во ќошот.Како да треба да го платат . :D
     

    Прикачени фајлови:

    На antonina, Umbrella22, Divinebutterfly и 15 други им се допаѓа ова.
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Здраво, најпрвин сакам да кажам дека сум нова и дека денеска се регистрирав и се надевам дека ќе се дружиме.
    Иначе Среќен 8-ми Март на сите жени во светов. Им посакувам се најубаво на сите.. :)
     
    На I.love.your.lips, Katerinceee и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Традиционално на овој ден, татко ми како подарок купува кујнски прибор.
    Годинава од него добив нови модли за мафини (бидејќи се жалев од старите кои беа ребрасти, дека се тешки за чистење), мрежасто „фенерче“ во кое се става сув чај, па се потопува во тенџерче (демек, да не сум ја цедела секоја шолја), а сестра ми доби еден сет за ставање коцки мраз, штипалка за фаќање на коцките, и еден куп такви дрангулии (бидејќи летно време отвара бифе во кујна, па стана позната по нејзиното ладно нес кафе). А мајка ми доби еден куп парчиња прибор, кои искрено не знам ни за што се користат :tmi: Мала справа во која ставаш лукче, го поклопуваш, пристискаш и оп! - имаш сецкано лукче. Што се не ќе измислат...

    Јас карминчето што мама го бараше и го подарив пред некој ден. А за да не останам со празни раце, смислив нешто друго. Ноќеска после излегување поминав во фурна и купив мало селско лепче какво што сака. Го премачкав со путер, ставив свински врат, кашкавал и свежа марула. И направив осмомартовски доручек и го ставив во украсна кесичка. Додадов и две мали штрудли со смоква за десерт. А на честитката и ја напишав Bolje biti pijan, nego star само во моја, изменета верзија насловена како Bolje bidi debela, nego gladna :wasntme:
    Утрово ме разбудија мајка ми татко ми, се смееа како луди додека ја читаа.
    Е па извини тато, ама годинава пооригинална сум од тебе 8)
     
    На sweet-cherry, bittersweet, mims-89 и 29 други им се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Женски, Среќен 8ми март и од мене!
    Убав ден, убав...
    Купив мал милион чоколади, каранфили и ружи... и немате поим колку ме исполнува кога купувам подароци. Многу сакам да разубавувам нечиј ден со ситници, да ги разгалувам луѓево, не само на вакви датуми, туку воопшто.

    :sun: :f:
     
    На bittersweet, antonina, DzingrlakaDzikica и 3 други им се допаѓа ова.
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Среќа е кога цуцкам сокче по улиците на мартовското сонце.
    Среќа е кога трчам за да и купам ружа на мајка ми пред да затворат или да се потрошат.
    Среќа е кога од бодито и блузата можам вода да исцедам, ама затоа изразот на лицето на мајка ми е бесценет.
    Не излегувај мори. Бегај внатре. :wasntme:
    Се смее и влегува. Сигурно и текна дека и носам нешто. :)

    Среќен празник женчуле, да си ми здрава уште многу, многу години! Цел живот би те трпела да трчиш по терасата со какаото и да ми кажуваш што да облечам. Сакам на дипломска да ми дојдеш, да ми играш на свадба и децата да ми ги глеткаш. :*

    Од тато доби тенџере со стаклен капак што го меркала на пазар, сестра ми ќе ја води на вечера, а од мене чоколадо, ружа, кафе и многу прегратки и бакнежи. :)

    Среќен празник на сите феминки, се најубаво ви посакувам! :)

    И конечно да видам насмеани луѓе по улиците.
     
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.174
    Нов симпатија на 8-ми март.
    Германијо чекај ме, од денес официјално таму сум снашка де. :D
    Леле луѓе, пефекција од дечко видов, штета не разбирам англиски толку да му свртам мАабет, ама битно 2 пати му се збутав и ме гушна, а еднаш го прашав дали сака да се сликаме, на енглески дури.
    Луѓе готово, ај ем ин лав вит германецо, и он ме сака знам, само се срами да ми каже.
     
    На Hopeful, ludoto19, Micheleljubov и 4 други им се допаѓа ова.
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ...кутри билдер мој , не можи поклон д а ми купи за 8-ов март ,чунки како сенка сегде сум со него ....
    или па е не- снаодителен како треба :D .
    Пазаревме и ми вика чекај да идам да купам за колешките по едно цвејќе ,ох мори мајко да не те знаев ќе ти поверував ,го чекам в кола бројам пешаци и коли и се праам на удрена па влегувајќи му викам `жити се која е таа колешка што заслужила вакво внимание ,убав и скап цвет :rofl: ,ме бакнува и ми честита велејќи ми `ТИ` 8)
    Удрен до немај каде ,си нашол удрена како мене и се заљубил.Иако бевме лути до пред тоа .
     
    На bittersweet, Springy, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  19. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Среќен празник мои дами!!!!!
    Да сте ми вака срекни и насмеани секој ден,опсипани со внимание ,бакнежи и прекрасни прегратки од најблиските,и како што вели луничка убаво е вака да биде двапати годишно,некако еднаш малку ни е :D .
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Ајде и јас да ви посакам Среќен 8ми март на сите пусиња (читај: девојчиња, девојки, дами), кај и да сте all over the world. :D Не знам кој идиот ја снимал сликата, ама очигледно не внимавал дека се чита наслов на друг фајл во компјутерот. Исто наместо Sample text сметајте дека пишува Happy 8th March.

    Јас не го славам празникот пошто сум man. :)

    [​IMG]

    Друго што сакам да кажам е дека пред малку го стартував денот, еве пијам кафе, се дозирам со “утринска“ (барем за мене) доза кофеин и тргнувам во поход на светот. :lol:

    Во тој контекст, еве ви едно кафе од мене.
    [​IMG]

    Peace феминки. :)
     
    На hermosa и Doozy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.