Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Си самоподарив Алпико со јагода од КАМ, уште малку и поклонот ќе го нема. :wasntme: Само вакви останале, прво се мислев, ама кога ќе подразмисли човек, фино, асоцира бојата празнично, онака розово, јагоди, ово оно, џр мр. :D

    Одамна немам шлаг јадено. Ни па купено. А има еден што го меркам одамна. :geek:

    Пишува хороскопот дека со заоѓањето на сонцето четирите ѕида ќе ми станеле тесни. Точно, кога заоѓаше ми стана тесно и морав едноставно да се упатам да си купам нешто, ми падна шеќерот, многу сум значи испотресена. :D Наместо да блеам во космосот, можам да земам да пишувам некое домашно, нешто паметно да правам.

    Денес го добив првото цвеќе во мојот живот по повод 8ми март, се пукнав од смеење, се осеќам како жена. :rofl: Ќе си фане човек дечко и ќе почнат со китките. Ама не сум жена, стварно, не сум. Немам намера да бидам уште 10 години. Момакот е предупреден дека не сакам ништо, затоа што не сум уште ЖЕНА. Леле страшно звучи. По милионити пат, смешно ми е оти ми честитаат празник на 20 години. :rofl:

    Абе добро, па со најдобра намера е направено, мислам не дека ќе скренам, ама ми е смешно. :D

    Како мине времево, не можам да не искоментирам дека се осеќам како изумрен вид на девојки кои не сакаат дечковците да им плаќаат. :^) Значи во ред е некогаш да ме почасти, некогаш да го почастам, ама многу, многу, многу ми е глупаво да ми плаќа некој нешто. Макар и едно обично кафе, камоли па нешто повеќе. Не можам да сфатам, како тоа попрво ќе се пофалат дека некој нешто им платил, дека ги возел со колата, дека им купил парфем од пола просечна плата, неголи што ќе се пофалат како се однесува спрема нив. Значи побогу луѓе, потрошна материја е сето ова, не ми се верува дека дискутираме за пари и за превозни средства (да се разбереме, парите ги сметам исклучително важни за среќен живот, од љубов не се живее, ама се разбираме во каков контекст е ова ставено :!: ), дали кога навечер си легнуваат им е убаво на душичката дека ги возеле или дека мирисаат на скап парфем? Мислам, стварно?

    Другар ми ми вика дај најди ми уште некоја како тебе, да ја зимам за жена. Ако не најдеш, ќе дипломирам за некоја година, здравје боже, работичка некоја, ма има пуздер да ги правам момиве. Сакала да ја возам, да ја шетам, да и плаќам? Ќе можам да ја купам со една пијачка? Ништо полесно од тоа.

    Кај забега светов...

    Ајде честит 8ми Март и на вас, да не бидам против женскиот род на празников. :D
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Trnche и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Јууууууууууууууууууууухуууууууууууууу :party:
    Веќе не сум настинатаа :rock:
    Носот не ми тече,не се осеќем омалаксана,не ме боли грлото..
    Суууупер!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    8-ми март, а? Па... ок. Мислам, во ред е, празник на жената и се` тоа, ама трескање од земја, накинџурени фустани, „сарми“ фризури, ненормални гужви по улици, во кафичи, кафеани... Како да ви кажам. Од женишта човек да не може едно кафе на раат да испие значи :D

    Ќе го испочитувам денешниот ден пред се заради неколку мои најблиски, кои заслужуваат да ги прегрнам, да им честитам и да им подарам по нешто, од срце. Особено мамуленце мое :D Добро сега, да не се правам толку чесна, и мене ми годи кога ќе ми подарат нешто на овој ден (иако, со 26 години се` уште не се сметам за жена, ама воопшто, зошто сметам дека имам уште леб да јадам јас :D ). Море, еве искрено ќе признаам, многу ми е ќеиф што годинава се падна во петок, па уште кога ќе се додаде и скратеното работно време... мх, мх, мераци (како Алачки си стенкам од среќа и задоволство :rofl: ). Дома уште во 1, петочки, па дочекав и на ручек да седнам со моите на маса дури. Е, последниот пат беше пред 2 недели :|

    Јас си самоподарив (копирајт Дузи за зборов :D ) парфем уште пред неколку дена, додека имав пари. Ма уживам да се мирисам, си запаѓам во трансови кога чекорам по улица :D Небитно тоа, туку вечер фирмата не` носи сите жени во кафеана, ама ветувам дека нема да споулавам и да заличам на оној тип на жени наведени во првиот параграф на постов.

    И така. Сега останува уште брат ми да дојде, да видам што ми купил :D Овој мојов 1665395 пати ми се јави од сабајле и уште не ми честитал. Не му се лутам, кажав, не го сметам ова за свој празник (ама потајно се надевам дека барем ми купил нешто) :rofl:

    Среќен 8-ми Март жени :)
     
    На bittersweet, anabel-a, ana-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Има 12 години и пишала на статус: "Многу сум разочарана од машките." -Кој те разочара бе срцка? МИКИ МАУС, МЕЧЕТО УШКО, КОЈ? .. мислам дека маливе уште малку ќе почнат и вени да сечат само за да привлечат внимание.. КАДЕ со тој памет, КАДЕ?
    ..
    Инаку дами мои, нека ни е среќен денешниов празник, ви посакувам цел живот да бидете третирани како што заслужувате,а не само денес. :D :D :*
     
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Знам дека ова е 251651 пост во кој се честита 8ми Март,ама таков е адетот де :lol:

    Среќен 8ми Март на сите припаднички на понежниот пол,и уште долго време да си го славиме празников! :)
    Убав ден е денеска,и претпоставувам дека сите сме вакви ! :)
    http://www.youtube.com/watch?v=ZJL4UGSbeFg

    Имајте уште поубав остаток од денот ! Ве гушкам сите ! :hug:
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Нема ништо поубаво од тоа да го гледам моето сонце како иди кон мене, забрзано со двете раци рашитени и во устето ружа.
    Ах љубов моја секој ден се повеќе те сакам, а баш вчера мислев дека сме западнала во онаа монотона фаза. :) Те гушкам најсилно.
    Фала ти што направи да се почуствувам како жена, како лавица, како девојче...
    Фала ти за најубавото изненадување вчера :)
    Романтичару мој биди секогаш ваков. :)

    И така дами мои честит 8ми март. Да сте секогаш весели и расположени и секогаш со цвеќе в рака :)

    Ја чекам стипендијата, никако да ми дојди. Се јавувам ваму таму абер немат.
    Слушам Прокредит се распаѓала, ги чувала парите за камата.. Се и сешто .
    Аман нека ја пуштат стипендијата, па после што сака нека прави.
    Сега секој ми труби, оти таму оти не онаму.. Е аман да знаев дека само во таа банка ќе ја каснат немаше да се нервирам и ке одев на друго место. Али јебига не гледам на рака, ниту пак на нокте.

    Слушам протести пак се спремале, а јас ќе одев за Скопје. Јебига ниту во своја држава не си слободен.
    Ќе ме каменуваат.

    Това е. Да одам да се депилирам да се искапам добро , и да си се намачкам од новиот путер. Тоа можам сега за сега да си го самоподарам.

    Бидете среќни и весели дами, ова е наш официјален ден. :)
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК вечерва ќе ми биде прво излегување без капка алкохол. Чудно... чудно ќе ми биде. Се надевам нема во депресија да западнам.
     
  8. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    Среќен 8ми март и од мене, драги мои Феминки!

    Денес како да беше пролет. Фино топло сјајно сонце, долг разговор со мајка ми на телефон, одлично прво испиено кафе, немање обврски (синоќа решив се да средам) и секако мојата малечка сончувка на која денес и облеков едно фустначе со огромна буба мара. Мислам дека пролетта и сонцето ми беа во раце цел ден.

    Не придавам многу значење на празникот, но фино е барем што се погоди во петок, па најверојатно вечер ќе бидам однесена на вечера од страна на сопругот. Лани воопшто не се покажа. Дојде дома со Тинекс кеса во која имаше саксииче со жолти љубичици. Уште по неромантично беше и заборавената фискална сметка која изнесуваше 35 денари. Уааауууу ... целосен погодок. Сепак ја засадив љубичицата во дворот. Мојот сопруг има многу големо срце кое многу љуби, но кога се во прашање вакви гестови за внимание е ... но комент :tmi:
    Се надевам дека годинава, земајќи во предвид што сеуште сум на породилно и што не сум баш за ladies only излегување, дека тој ќе допринесе барем на некој начин, па ќе видиме.
    Повеќето мажи го користат оправданието демек не е еден ден во годината да треба да ви се даде цвеќе, треба постојано. Да, само што постојано не даваат, и да не е празников, или роденденот (толку од малите слатки поклончиња). Но не инсистирам, кому му е потребна црвена роза која за два или три дена ќе овене, или убава шери бонбониера која ќе биде изедена, парфем кој ќе биде потрошен ...Ако така размислуваат мажите (а повеќето да) тогаш навистина не знаат што значи тоа да подариш нешто на жена. Појма немаат. Барем мојов нема. |(

    Маж ми верува дека тоа што ме сака, што гаи голема љубов кон мене, дека тоа е доволно, дека е се. Дека ништо друго не е потребно. А љубовта не е предмет. Не е нешто што се будиш сабајле и го поклонуваш некому за добро утро. Или пак навечер го земаш пак и го чуваш во раце за следниот ден. Љубовта не е безрезервна, никогаш. Таа е навистина една состојка во воздухот што го дишеме. Кога веќе ќе навлезе во нашите ареоли е тука и ни е потребна, во поголеми или во помали количини но постојано ни е потребна. И да љубовта се троши од време навреме, и треба да се надополнува одвреме навреме. Затоа денес цел ден Ж. јоксимович пее низ куќа Није љубав ствар!!!!!

    Еве и за вас мои феминки,
    http://www.youtube.com/watch?v=75weifR47m0
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Не ти треба алкохол за да се забавуваш... Само добро друштво и волја. :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... јас се почестив уште вчера. :) Прчла си имаше 50% попуст, а јас влетав во 09 сабајле, додека уште го местеа натписот на врата. Така, уживав во онаа лагодност, кога се околу тебе е на половина цена, достапен секаков избор и бројчиња, и нула жени кои те буткаат и се тискаат, предизвикувајќи општ хаос и викотница како мачки во сезона на парење, кога ќе здогледаат парче облека што и двете го посакуваат. :D

    Мајка ми сабајле пред да одам на работа ми направи кафе и ме гушна и за мене тоа е најубавиот подарок. Сакам да ме гушка секој ден. :hug:

    А татко ми си испеа песничка... 19-ти март е ден на Д, што ли да му дарааам?
    Таков, си седнал човекот пред компјутер, игра таблич и пее песничка со осмомартовски призвук, т.е. музика, ама изменет текст. :D
    Среќа му ја знам слабата точка и лесно ќе поминам со него - 5 чоколади, and I'm done.

    На сите девојки, жени, мајки, тетки, стринки, вујни и баби им го честитам празникот 8-ми март.
    Не ми е нешто посебно омилен, и колку и да звучи клише, жената треба да добива љубов и внимание во текот на сите 365 денови.
    Под љубов и внимание подразбирам исфрлање на ѓубрето, повремено миење садови и вклучување правосмукалка, носење на тешките ќеси од пазарење, масажа задолжително еднаш на ден, сексче - задолжително двапати на ден :lol: .
    Парфем е доволно еден во месецот. :D
    Целосна слобода на далечинскиот управувач. И пудинг да знае да свари. :!:
    Или барем да испука пуканки, додека се гледа серија. ;)
     
    На sweet-cherry, bittersweet, mims-89 и 28 други им се допаѓа ова.
  11. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Среќен празник девојкии...се најубавоо.. :* :* :l: :l: :l: :hug: :f:
     

    Прикачени фајлови:

    • 3041301_f496.jpg
      3041301_f496.jpg
      Големина на фајлот:
      46,8 KB
      Прегледи:
      537
    На srcekrsacka, Katerinceee и homealone им се допаѓа ова.
  12. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    На овој убав празник на жените јас сум многу тажна.... Патем девојќи среќен 8-ми март
     

    Прикачени фајлови:

    На hermosa и Dog-lover им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.754
    Пол:
    Женски
    Последниве неколку месеци мене секој ден ми е Нова година, Валентајн, месечнина, 8ми март. Тој секој ден ми го прави посебен, не се сомневам дека и денес ќе биде така.
    Иако знае дека не ги сакам ваквите денови, знам и јас дека тој не ги сака овие денови, затоа што секој ден треба да е посебен и убав. Денес се подготвувал за мало изненадување, но, се разболе и сега јас ќе го изненадам со лимон и чајче :lol:

    Девојки, жени нека е среќен празников, па сите мажи да се однесуваат со нас секој ден како овој.
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Благодарение на еден од нашите интернет портали, денес се потсетив на оваа преубава песна од Евровизија 1990. Човеков ја опеал убавината и шармот на својата сопруга-македонка со толку емоции и љубов, што ме трогнува секогаш кога ја слушам.

    Еве од мене до сите вас, со желба да се чувствувате вака посебни и сакани.

    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=15F5hVQ_I3M
     
    На Chica.Loca, bittersweet, ilipili и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.979
    Пол:
    Женски
    Дали го знаете чувството кога неможете да си ги изнагледате ноктите од што ви се убави? :wasntme:
    Јас го имам тоа чувство сега! Конечно после долг период иам средени нокти ! :wasntme: :wasntme:
     
    На Hipica и Inna5 им се допаѓа ова.
  16. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    Само една реченица некогаш може да ни го уништи денот... :@
     
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Некои моменти не само што ни се врежани во мислите, туку и во душата.
    Сите ние имаме моменти кога си велиме во себе: ,,Ајде сега, нека застане времето баш вака...''

    Но, тоа пустото не застанува. Ама добро што не застанало...како пак инаку ќе ги доживеевме наредните мигови, поубави од предходните?!
    По некои работи, лиги ми течат...само да можат уште еднаш да се повторат. Само да можам пак да се најдам на тоа место, во тоа време...со истото чувство во гради, со истиот мирис на воздухот.

    http://www.youtube.com/watch?v=ry4ngf766N0
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    А не знам што боли повеќе, да знаеш дека тоа што го мислиш е вистина или да се измачуваш прашувајќи се дали е вистина.
    Секој ден очајно и упорно посакувам да се вратам неколку години наназад, само една постапка да променам ништо повеќе...
    Доколку имам ќерка, здравје Боже, ќе ја советувам, секој ден ќе ја советувам и ако треба моите грешки ќе и ги цртам на хартија, да биде среќна. Нека греши, ама да не биде простичка како нејзината мајка..
     
  19. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Баба ми и дедо ми ме потсетуваат на оние приказните за долговечна љубов што фемина ги објавува. Денес,дедо ми бил да пазари нешто и и купил ружа на баба ми. Доаѓа,онака џентлменски и честита празник и ја подава ружата. Баба ми се вцрвени,се насмеа и брзо,брзо одлета во кујна. Па, 53 години успешен брак во кој сопружниците ниту еднаш не се раздвоиле,секогаш биле заедно, не се малку.Па да дочекате и вие дај Боже,нека ви е честит празникот :)
     
    На sweet-cherry, Neytiri, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Катастрофа се чувствувам во моментов :( :x :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.