Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Женчиња, среќен 8ми март!
    Секој ден нека ви биде како овој - исполнет со мирис на цвеќиња и радости.

    Патем, да си подарувавме поклони почесто, онака без одредена причина (просто од љубов) немаше да биде лошо. Барем еден откинат цвет од дворот. Оти нели де, вниманието е важно.

    Ајде, останете ми со здравје и памет во глава. И љубов во срцето.

    Гушки!! :hug:
     
    На Divinebutterfly, pamelche, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    8.554
    Нема полошо чувство од тоа да се чувствуваш празно. И со свиен желудник.
    Никогаш, никогаш не правам нешто за некој да ми се заблагодарува или за контра услуга, толерирам премногу очигледно, за на крај да добијам свој камен по глава.

    Со една личност секоја дискусија се сведува на аргументот- ти не знаеш мала си. Амм, да. Плаќам сметки, живеам сама, учам, работам, одржувам каков таков социјален живот. Имаш право мала сум.
    Вампири што ми ја пијат позитивната енергија и на дневна светлина. Што функционира против таквите?

    Што е лошото во тоа да сакам да се движам по јасни правила, со утврдени авторитети. На работа, во животот, во институции. Сакам ред. Ништо повеќе, ништо помалце.

    Успијте ме доволно ми беше за денес.
    Јадно општество кај што е нормално да добиваш цвеќе и вечера максимум 2 пати во годината.
     
    На Hipster, bittersweet, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.174
    И шо сеа, немирите у Скопје се оправдување зашо не не‘ пуштате на концерт?
    Ах, бе старци.
    Не дека мислам дека е океј и дека не ме гајле шо се дешава низ мојата чудесна земја, само нејќам тоа да го користете како изговор.
    Плус, као демек незнаеме дека после избори ќе се стишат овие ствари, него ај.

    Патем, среќен 8-ми март жени, освен овој ден, љубов и пажња да имате и останатите 364 дена. :) :f:
     
  4. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Среќен 8ми Март на сите!!!!!!!!!! :D :D :D
     
  5. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    I'm so happyyy !! Дали добро кажав? Даа, среќна сум. Отварам маил и го гледам долгоочекуваниот: Essay competition :clap: .. Да не има овде уште некоја феминка што испратила есеј?

    И да, среќен 8ми март женички :*
     
    На WarriorAngel и Chimera им се допаѓа ова.
  6. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Вечерва ќе си се дружам дома со некое добро филмче.
    Се прашувам дали само јас ќе си ја поминам вечерта дома?
    А моите упорно ме прашуваат оди не одиш на забава, твој ден е бла бла..
    Јебига не сум секогаш расположена за забава. Као..

    Вежбав, чисто онака колку да ми помини времето. А наместо да се чувствувам добро, напротив се осеќам лошо.
    Скраја да е да гледаш телевизија. Нема ништоооо добро, едукативно, јако филмче, добра забава..
    Ај Боже мој, само турски серии 1 завршува, две почнуваат..
    Квиз со Вучич, индиско срање кое никако не запира.
    Дечки ако се прашувте што е мерка за време- тоа е индиска серија.
    Малечката невеста која е сега голема и секогаш ама баш секогаш со солзи во очите.
    Па ќе и се иритираат очите бе од таа течност што им ја дааат за плачење. Као..

    И така одам јас, имајте добра вечер, некои и пијана, некои секси , распалена.. :)
    Ајт :)
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Баш ќе беше фино,луѓето стварно да се интересираат искрено пред да те прашаат како си.
    Денес доживеав едно толку неискрено такво прашање,што желудникот ми се преврте. Како си,од најрадозналата личност на свет,што се храни од туѓи лоши случувања. Немате поима што се ми изнакажа. И не знам како ама успеа ептен да ми ја симне самодовербата и вистински да се запрашам што не е во ред со мене.

    Гневна сум на ваквите луѓе,лицемери. Емотивен вампир.Цела енергија ми ја исцица во еден здив.

    Порадознало суштество за другите немате видено. Истовремено толку просто што нема да поверувате дека такво нешто шета по земјава. Кога би можела самата планета би ги рециклирала ваквите.Оп ќе ги голтне,ќе ги преработи и ќе ги плукне.

    Исмејува луѓе од друштво што имаат помалку,околу храната што ја купуваат и сл.

    Се на се ископлексирано,умноболно створење.Само што ни игнорирање не помага со неа. Без друштво е и свесна за тоа (ама не свесна дека сите ги избрка од себе) ми ѕвони по милион пати во денот и ме замара.А,ако види дека не и обрнувам внимание има фантастична приказна како и се слошило и чука срцето пребрзо и ќе умира.Ме истоштува веќе ова.Иако успеав многу да ги оладам односите меѓу нас.

    Толку е променлива час успева да ме изманипулира на финта дека не и е добро,па пред мене е злобна со луѓе во нивно присуство,па со мене,па со други блиски.
    Чисто да дополнам впечаток оваа истата личност ти доаѓа дома прв пат и отвара по плакари и чепка низ фиоки со долна облека,разгледува убаво и темелно. :D

    Така што кој прашува лажно како си,чепка по фиоки со ѓаки,понижува луѓе и на крај станува директор.(Ова како изменета верзија на кој краде,тој лаже ,вошки има и по таван глувци брка или како и да беше).
     
    На bittersweet, zarah и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Не би да го коментирам денешниот ден, не го славев јас, иако на моите најмили дами им го честитав, и ви го честитам и вас тука - Среќен 8 март.

    Но, да кажам збор два за вчера, 7 март, датум на кој се родени моите две од три најблиски и најљубени машки личности - татко ми и дечко ми.
    Е сега, пред да ја кажам интересната случка да кажам нешто за лани како татко ми дозна дека се на ист датум родени со дечко ми.
    Снемав пари во Скопје, стандард, а пошто си ја заглавив картичката во апарат, и пошто нели е Македонија, имаше милион и една процедура за да ја вратам, заеби си викам, нова ќе извадам, ама нели и години треба да поминат и за тоа, мрза тешка сум, па пари ми праќаат моите на дечко ми трансакционата.
    И лани на 7 март, татко ми оде во банка да испрате пари кај дечко ми, и нели податоци кажува оваона, и тој бакарот, пошо наше дете, си земал за право да се пошегува со тато, и му рекол. шо бе на Скопскиот за роденден пари ли му праќаш?! :D Тато зачуден, ахам рекол, мене ми е роденден денеска! О Боже :D
    И овој му рекол, не само тебе бе, и на овој шо му праќаш, и ај после се разјасни дека и двајцата се родени на 7 март.
    И вчера јас и дечко ми у Чаир, кај мајка му на посета (имаше тешка операција, фала богу се е во ред, на време се среди се), и си одиме веќе, и се слушам јас со тато му честитам, и после дечко ми му пише порака честито роденден, здравје, бизнисот да оди блабла заебанции нивни, а у меѓувреме јас и мама зборуваме на мојот мобилен, и заклучуваме дека тато, пошо е најзаборавен човек на светот, паметот на милион страни, дека нема да му текне да му го честита и он на мојот дечко роденденот :D
    Исклучувам со мајка, и му викам, немој да се лутиш, ама да ти кажам дека јас и мама заклучивме дека тато нема шанси да ти честита, заборавен е скрос да знаиш, не дека е намерно нешто фала Богу :D
    И мојов се смее, шо да каже грејниот, сепак малку жално од страна беше, ама тато е тоа, го знаеме сите каков е.
    И моментот на искрите е кога му стигнува порака на дечко ми после пола саат: Фала многу, се најдобро во животот и здравје! :D Се превртевме заедно..
    После ручек некаде ѕвоне мама и вика, реков јас реков, еве го татко ти, крева раменици и праве фаци, ами јас од кај да знам, мене никој не ми кажа дека и на детето му е роденден! :D
    Аааааа, како бе никој, ами лани случката у банка?!
    Тоа е тоа, нема збор мислам.

    И да кажам само како го изненадив. Пошто останавме без пари и двајцата, тој ја чека платата пола сега, а јас нормално на почеток се силам и после свирам, и со само 100ка у џеб, ја чував за цветови за мајка, иде некаде вечерта 11 и 30, уште пола саат до 12, нели 7ми март, и си викам шо ли да направам, бар некако да го изненадам. И ми текна. Јеботе, баш сум креативна!
    Земав у голем преубав тањир порцелански, шо е стрикно за гости :D излупив црвено јаболко, и со лушпите исецкав совршени букви - Среќен 27 ми роденден.
    Тоа беше на врвот од тањирот во неколку редови, мислам 2, да да 2, а доле ставив 5 кругови јаболчиња, перфектно заоблени, и над нив со две чачкалици буцнав по 5 ливчиња напишани со фломастер неколку реченици и честитка.
    Дојде 12, земав од мобилен ја пуштив една хеби брдеј од слатки животни, со тањирот и 3 запалени свеќи у позадина му ја отворив вратата и се движам накај него (за момент се осетив како поп кој иде да го чаде станот) тој пресреќен, на мобилен заигран, еееееееее јас заборавов бе срце, види ја она шо правела пола саат таму... :D
    Официјалниот поклон ќе го добие дури во понеделник!

    И јас сум официјално дома после ногу дена, ногу и ми е најубаво, абе не можам да го опишам чувството кога ќе влезам со колата у Неготино, и тие неколку минути додека да стигнам до дома, не ми се чека значи, едвај чекам да ја отворам вратата и уште не испадната да ми рипне кучето, да ми се радува, и буквално да ме моча од среќа! Па денеска и гушкање, честитање на мама со еден цвет од 50 денари, извини мајко, само толку пари ми останаа! :D Тато го донеси дома целокупниот поклон во име на сите членови на семејството.
    Таа насмеана, фала Богу, пажња си е пажња, и низ цела оваа гужва денеска, брзање, од факултет- дома, спремање, раскревање дома, чекање мајстори, па и да стигнам дома на време за ручекот, и да купам нешто, иако знаат дека секој втор петок кога си идам сум без ни едно денарче...пресушувам.

    Дома одма пилешко се заврти, фамозното пиле, се изеди, кучето со полн стомак нормално, тоа е најглавната причина за секој петок пилиња шо се јадат, и еве го сега, на нога ми леже, не ме пушта никаде да мрднам, мисле дека пак ќе заминам некаде, среќа на дада најмила.
    Деновиве сум во ПМС, и незнаете колку сум емотивна, шо не е вообичаено за мене, значи пред два дена видов слика на фб, шо милион пати врте, и сите ја знаете, како куче леже врз на газдата гробот, дечко ми спиеше, јас дремев на лаптоп, абе си пукнав од плачење, пукнав, липав како краветина, а сега плачам на радоста искажана од моето куче...
    А бе во очи му се гледа љубовта најискрена, во тие очи најмили...
     
    На bittersweet, JuLleE, senza.parole и 12 други им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Што сакам да кажам е дека не славам 8ми Март. Да славиш ден на жената кога не се слави ден на маж е да се признае дека- уште како жени се бориме за нешто. Додека ако го прашате мажето ми, ќе рече дека сака да се слави и ден на мажите, рамноправно. Оти остајте осми март, он мора да угодува на жена цела година. Годишнини, родендени, осми мартови и валентини, се четири дена во година за кои ако сакам би да му пукам во фаца, ама не се најважни и дека треба да е истиот мачо секој ден, сиромав он. Затоа сметам дека треба да има и ден за мажи, кога не мора да мислат како треба да се однесуваат, да си уживаат во денот, и некој да им измисли песна еквивалентна на систерс ар дуинг ит фор демселвс.
     
    На bittersweet, DeMelo, AIT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Среќен 8ми Март на сите. :*
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    За разгорување на страстите во оваа ноќ, за сите вие што можете вечерва да бидете во нечии прегратки, а упорно кликате со глувчето.
    Јас вечерва не можам, па ќе останам будна задоволувајќи поинакви страсти.
    Извадоци од пет еротски сцени од македонската книжевност, прочитајте.

    1. „Небеска Тимјановна" – Петре М. Андреевски

    Се сретнавме на едно празно место кај што дуваше од вратата. Таму немаше луѓе. Му се расчекорив, со проштение, му се дадов. И после не знам што стана... Ни се измешаа нозете, ни се прелија телата. Студи, а мене капки пот да ми се тркалаат по слабините. Ко зрна пченица ми капат под мишките. Неговите прсти ми жежат и преку алишта. Ме палат и не знам кај ме водат. Ме крева во некои височини, што се вели, јас претам и летам нагоре. Не ми втасува небото. Крцкаат коските, пршлените, се шират ципите, се оптегнуваат жилите, ќе пукнат ко јажиња. Збиваме и си го преземаме дишењето. Нозете ни потклекнуваат, ни се тресат колената. Се давиме ко кучиња, а и ноктите ни растат ко на кучиња. Си ги вкопуваме во месата, се кинеме. И ништо да си речеш, да проговориш. Сè е без збор, без одговор. А ти се вика, ти се рика, што се вели, ама си го прекасуваш и гласот, не го пушташ. Си го слушаш само безгласното плачење од радост дека пак си се вратил меѓу живите. Осеќаш дека слободата е некаде блиску до тебе и не знаеш што да направиш. Само забрзаниот пулс те потсетува дека солзите ти се на крајот.

    2. „Зоја" – Паскал Гилевски

    Собичката набргу се стопли од нивното дишење. Али почна алчно да ја соблекува. Кога го виде нејзиното бело и сјајно месо, тој уште повеќе здиве; незасито ѝ ги смукаше јадрите, зајрести гради, што се стврднаа како мазни камени беленки, жената офкаше тивко, придушено, за да не се разбудат нејзините, но наеднаш почна да сеќава таква наслада што ѝ доаѓаше силно да крикне и да умре. Повеќе од три години ја немаше допрено машка рака; на телото немаше ниедна модрина, ни од машки фат, ни од машки заб; тоа беше чисто и бело како незгазнат блештукав снег. Во слатка замајаност чувствуваше како Али ја вденува во неа сета своја трескавична набрекнатост и силовито, длабоко ја клоца, како со копито на тежок ат. Во тој момент таа посака вечно да остане во неа и грчевито, непопустливо ги држеше неговите колкови, неговите космести и мускулести сапи, кои рамномерно се креваа и спуштаа во вртоглавиот понор на љубовната наслада.

    3. „Разбој" – Владо Малески

    Тој ја зграпчи со рачиштата влакнести и испреплетени со жили и како секогаш, лесно ја крена на раце. Тогаш Митанка навчас заборави сè: и улавиот во него го заборави и убивањето. Припадна, се втресуваше до бессопир, како пиле заклано се прпелаше, не пиле, рече, глувци се гонат во мене, се закикоти отшто ѝ беше убаво, преубаво... На замин, тој дувна во ламбата, на ѕидовите и насекаде се излепи невиделица, а собата замириса на газјен чад. Миризбата од чадот доопиваше.
    Кога ја спружи на креветот, тој ѝ ги изу чевлите. Потоа симнуваше дел по дел од облеката и пушташе некакви исконски крикови од кои Митанка придушено јачеше, јачеше и го чувствуваше гонењето на глувците. Сега таа му го соблече палтото и кошулата му ја соблече, ги бацуваше космите на неговите гради и, како да бладаше, велеше: Ме љубиш ли, дабе мој стогодишен?
    Тој, голоград, безумствуваше на неа, се слизгаше низ белите врлежи нејзини, ќе потраеше малу под облите завети и пак ќе тргнеше низ некои длабести дипли што се собираа по прстите и едностојно пушташе неразбирливи крикови...
    А таа се вотинаше во него козинав и мускулест и жилест и не знаеше дека збори а збореше:
    ‒ Сè е твое, дабе мој, браненици нема, погали ги пупкиве со рачиштето моќно... така... еве, сега не се веќе пупки а буклинки, гледаш? Не гледаш... Кажи барем малу дека ме љубиш, малу-од-малу, кажи, чинару мој стогодишен...

    4. „Дива лига" – Влада Урошевиќ

    Таа ги рашири нозете гледајќи го Бојана в очи. Потоа, покажувајќи дека нема да му дозволи да ѝ се доближи, таа ги отвори усните на својата школка, и со средниот прст од десната рака премина преку веќе навлажнетата пукнатинка.
    Бојан лежеше наспроти неа, на другиот крај од креветот, и гледаше како нејзините прсти – прво полека, а потоа сè позабрзано – преминуваат преку розовата слузокожа. Школката на Ирена се отвораше како некој цвет, како орхидеја-месојатка од тропските шуми: латиците на цветот светкаа од навлажнетост, мовлестиот густеж наоколу стануваше маслест. Прстите на Ирена свиреа врз тој чудесен инструмент, изведувајќи врз него некаква грчовита, синкопирана мелодија. Ритамот стануваше сè понервозен, со своето повторување како да бараше некаков одговор скриен длабоко во телото; тој одговор не доаѓаше и неговото барање стануваше сè поупорно, сè пораздразнето, сè поочајничко. Прстот на Ирена се лизгаше меѓу усните, запирајќи врз некои места како да насетува дека е тука тоа што го бара. За сето време таа втренчено го следеше погледот на Бојан и неговата насоченост кон она што таа го прави – тоа како да му даваше вистинска вредност на секој нејзин потег. Ирена се отвораше кон Бојан со предизвикувачка безобѕирност: тие раширени неми усни, обрабени со испотени кадрици, како да сакаа да искажат некој свој крик, некој свој длабински вресок.
    ‒ Гледај, шепотеше Ирена, гледај, гледај што правам. Гледај, тука, тука, тука, гледај, нели е убаво, види.
    Нејзините потези стануваа сè поиспрекинати, таа како да губеше некои стапки во освоениот ритам; во еден миг нејзините нозе се исправија, се затегнаа, низ нејзиното тело помина долготраен струен удар, устата ѝ се извитка, целото лице ѝ се искриви во грч. Таа остана така – неподвижна, замрзната во некаква бескрајна ужаснатост или вознесеност.

    5. „Папокот на светот" – Венко Андоновски

    Ја зграпчив за косата и ја повлеков назад; таа офна и падна; јас го фрлив шишето во ѕидот, тоа се скрши, и јас веќе следниот миг се нафрлив врз неа. Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините мали гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сè е готово после ова, дека сум уништил сè, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини; „Што правиш тоа?", ме праша, очигледно изненадена од таа игра, од таа неочекувана и за неа непозната нежност после гризењето по целото тело; „Го барам папокот на вселената", реков; и кога продолжив со таа игра со папокот, таа се смири; престана да ме удира, рацете ѝ тргнаа кон моето лице, ме повлече кон своето лице, кон устата, и веќе следниот миг, според начинот на којшто ме прими и се отвори, јас знаев (тоа движење ми беше сосема непознато, како на маж кој не преспал со жена): тоа не беше онаа Луција што доскокна од вратилото во мојата прегратка.

    Превземено : дел од статија од off.net.mk
     
    На zarah, Sunchild и anichka94 им се допаѓа ова.
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    И јас пратив. Леле да не ти го видев постот немаше ни да отворам да проверам. :D
    Едвај чекам. :)
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Денеска, се уверив дека Тошо Малерот, може слободно вода да ми носи. :D
    Покрај ова, уште нешто баксузно ми се случи, по повод денов.

    Ја мкнев другарка ми со мене, низ продавници, за да и` купам нешто на мајка ми, за денов нели... Влеговме во првата продавница и се мислев дали да земам вазна. Ај си викам, ќе и се јавам на сестра ми да ја прашам. И ми вика: - Ако ти се свиѓа, ако е убава, купи ја. Откако и го кажав истото на продавачката, ми рече: - Ааа, ама ти помогнала... ти сега до утре ќе се врткаш. Што не дошла она? [​IMG]

    И не ми се свиѓаше. И конечно, кога во друга продавница, одбрав подарок, после 65 минути... (патем, броеше другарка ми) :D стигнав на каса, наплатив и другарка ми, ми вика: - И јас ќе и купам нешто на мајка ми. - Е па, ај оди ти купи, јас ќе чекам на редов, за украсување.

    И само што се наредив во редот... влезе мајка ми во супермаркетот! :D Јас нормално, се направив наудрена, се свртев на друга страна. Арно ама, дојде до мене и ме праша. - Еве, ја чекам * да купи нешто. :wasntme:

    После 2-3 секунди, и` се јавив на другарка ми: - Каде си? Доаѓај, мајка ми е тука. Ако прашува нешто, ТИ купуваш и јас те чекам ТЕБЕ! :D И доаѓа другарка ми, ја пуштив на ред пред мене, прво на неа да и` го завиткаат подарокот. И` го завиткаа, и го дадоа. И јас и` реков на таа: - Ќе може и на мене да ми завиткате? И само што го реков тоа, мајка ми испазарила, иде накај мене! :D

    - Може да ве почекам? Да не одам сама? Јас не можам да се соземам од смеење. Другарка ми: - Како сакате... Мене како ми одеше да и` речам: Како сакаш, само оди си. :D

    Застана со нас во редот и ми вика: - Елена, зошто ми вртиш грб? А јас, уште не можам да се соземам од смеење, како да се свртам. :D И во тој момент, ми се врти таа што го виткаше подарокот: - Еве го, земете. И другарка ми тука да помогне, она го зема. Иако продавачката гледаше во мене. А јаас... Се вртам низ вратата и дим да ме њама. [​IMG]

    И после цел пат, одевме со мајка ми. Штама, сите ќутат. Другарка ми со два подароци во рака. :D
    Иначе, и` купив еден интресен сад, во опаковање со даска за сечење и 6 ножа, не знам како го сфати тоа. [​IMG] Ама па цело време се жалеше, дека ножевите биле многу тапи. Башка сите се во различна боја, уметнички. Можеш да бираш со кој ќе... сечеш. [​IMG]


    И така... Среќен 8ми март и на вас! [​IMG]
     
    На Chica.Loca, sweet-cherry, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60
    Јас се мислев се мислев што да и земам на мајками ... и на крај си викам , па ке и земам 100 евра и таман е ... :D
     
    На senza.parole, Name, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Шашав ден, започна со глупостите на другар ми, следуваше изненадување добив цвет од личност за која тврдев дека не ме ни познава, а кога почна да ми збори остнав :o од премногуте информации за мене кои ги знаел, додека збореше помислив дека човекот најмил приватен детектив за да ме следи :wasntme:
    Со мајка ми бев по подарок за мојата кума, го искористивме убавиот ден и прошетавме а потоа отидовме на пица, Кога стасавме дома не очекуваше уште едно изненадување, Брат ми во големи украсни ќеси ги ставил подароците за мене и Мајка ми, ја светнал куќава и направил ручек :lol:
    Уште еден поминат ден во насмевки и со личностите кои ми значат, всушност... да беше тој овде денов ќе беше совршен, но што е тука е, се надевам наскоро на повторна средба со него :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    СДК .. намирисана сум со најубавиот парфем .. Љубов.
    Мирисам на љубов.
    Цветам ко роза.
    Прекрасно е .. љубам, постојам.
    :f:
     
    На Libera и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Вчера по повод денешниот празник ја однесовме баба ми на шопинг. :)
    Се противеше, ама успеавме да ја измкнеме од дома - едвај некако.
    Место сите да купиме по некоја ситница, ние и купивме еден заеднички подарок и ја израдувавме ептен.
    Епа и баба ми си има сега 3 маички од Певекс и опасни пролетни чевлички од кинеската продавница.:wasntme:

    Ќе и кажам да се дотера па ќе ставам слика во "модни критики" да ја видите. :lol:
    Ама што ќе ја гледате згодноќа невиѓена е жената.
    Ептен ја израдувавме, се кладам дека од возбудала до доцна во ноќта не можела да заспие.
    Едната маичка и била за на лекар, другата за низ двор, а третата за кога ќе пазарела. :lol:
    На кондурчињата најмногу им се израдува, :!: дека јас сум и ги одбрала. :wasntme:

    Денеска ни се фрцкаше така дотерана низ дома.
    Не почести кафе и многу љубов.
    Абе ептен ја сакам женава!
     
    На sweet-cherry, Primavera, senza.parole и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60


    Убаво е кога ке направиш некој среќен :clap:
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.233
    Какво светликаво денче.
    Татко ми не знам колку чоколади подари денес. Таа негова галантност ќе не однесе у банкрот некој осми март. :lol:
    Другарка ми е смешка жива.
    Живот плете интриги.
    Ми се чини сонце имам лапнато и ми свети од стомакот! Хихи!
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    11.798
    Пол:
    Женски
    Јас си добив Милка срце денес. Не ради денот, туку онака на некој му текна. Од јагода :mm: . Ја занемарив диетата и го смачкав половина. Ма гајле ми е, утре ќе сум строга.
    Нозеве потечени, а очиве црвени, мозоков истоштен, мислите нефункционални.
    Три часа по полноќ јас барам чаре за константните грчеви во стапалата.
    На него не му се јавувам. Ретки и кратки ни се разговорите.
    Зарем ќе чекам разденување? Ајде, можеби ќе се уфрли некој зрак срамежливо сонце низ прозорецов.
    Ме болат стапалава. Грчевиве заредија. Тие во мене.
     
    На ludoto19, anabel-a, marama и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.