Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.979
    Пол:
    Женски
    I feel so fat.. :doh:
    Последниве месеци, ептен сум заседната, зајадена и ништо друго. Откако почнав со факултет на фитнес, цк. Се мотивирам да почнам, ама никако. А редно време е, иде лето, нејќам да биде како претходното да се шетам со марами наокулу :D
    Вчера се качив на вага.. И... :tmi:

    Ама ајде спичлес, земи па откажи се од тие проклети чоколада некогаш ]:)
     
  2. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е кога луѓе ме прашуваа шо факултет ќе идам, и да ми коментираат откако ќе им кажам на кој ќе се запишувам.
    Немало леб од тоа, што ќе сум правела со таков факултет, не бил профитабилен, глупости се учеле, досаден бил, ваков бил таков бил.
    АМАН БЕ ЛУЃЕ!!!!! :envy: :swear: Јас се запишувам, не вие! Бркајте си работа вие бе, кој ве праша вас?! Нит ве прашав за мислење, нит ве прашав на совет, па да ме советувате на што да сум идела.
    Ај сфаќам моите дома да ми коментираат, ама нашла некоја тетка на тетката од баба ми да ми збори што било профитабилно у државава и со каков факултет имало леб. Шетај бре |(
    Искрено ама ич не ме здоболе што мислат луѓето околу мене. Јас САКАМ на Историја на Уметност да си се запишам и крај! Ама иииич не ми е гајле колку не бил профитабилен факултетот. Од кај знаете бе вие, може јас врски некакви имам па можам одма работа да си најдам? Од кај знаете па за да можете да коментирате дека нема воопшто ни работа да си најдам со таков факултет?

    Искрено, порадо би да учам нешто што ме интересира, ма колку сака нека не е профитабилно во државава, ама да знам дека со мерак еден ден ќе го работам, отколку да учам 4-5 години нешто што ни најмалце не ме интересира, па уште и до крајот на животот нозеве наназад да ми се враќаат кога ќе треба на работа да одам. :!:


    Толку.
     
    На Elennaa, Johny, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Мир.
    Бабичка безгрижно си спие. На мама и тато срцето им игра, се радуваат..
    Не можеше таа да посака подобар подарок за 8ми март - зетко :lol:

    ..Денес има таква хармонија дома што просто не ми се верува!!...

    Среќна сум, и тој е знам... а и моите.. :D
     
    На sweet-cherry, BeYourself, DeMelo и 14 други им се допаѓа ова.
  4. mirindaa

    mirindaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    25
    СДК дека ќе одам кај пријателка оти целиот ден сум поспана малку да ме расположи ........ ако ништо друго барем нешто благичко ќе каснам :lol:
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Вчера другарот што нон-стом ме критикува за се и сешто,значи буквално за се, ми рече дека сум топ!
    Обично знае да ми преречи, кај си го нашла овој, што бараш со него, шишки не ти стојат, шатирана никако, собрана косата-онака (со пола уста), пуштена-сеедно, здебелена си(да се разбериме, не е геј,само многу е критички настроен зошто знае дека не се лутам)
    А, вчера-Ашлинг,ај заврти се.
    (се вртам)
    -Е, сега си топ.
    И онака wtf? Сериозно ништо не ми фали?
    Ете така.
    Затоа си сакам критики, не дека секогаш го слушам,ама вака кога ќе ти речи дека си топ, стварно си топ.
    И топ вечер ќе си имаш после.
    А,знаеш дека е топ кога ќе го затвориш последната дискотека што работи до најкасно.
    Знаеш и дека е топ кога ќе го видиш момакот што те уверуваше дека не биле сите идиоти како што сум мислела,за да ме увери дека јас сум во право.
    Знаеш дека е топ кога ќе те враќа таксист и ќе ти пушти дискографија на Слаткар.. уствари еден албум имаше само.
    Све е топ.
    Само времево е врнежливо.
     
  6. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ептен е убаво чувството кога ручекот направен со МНОГУ љубов, најблиските ќе ти го испофалат.
    Празни чинии, задоволни лица и полни стомаци.
    Одамна не сум видела измацкани, светнати чинии - трошка не остана!
     
    На bittersweet и DeMelo им се допаѓа ова.
  7. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Се шишааав
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК незнам кој е тој човек што може да остане имун, ладнокрвен на туѓата болка.Колку ми е криво за човекот, иако воопшто не го познавав.Што и да би кажала повеќе, веќе е џабе....
     
    На Divinebutterfly, Elennaa, Annie.mk1 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Не знам зашто луѓето не измислат некои микро чипови, радари, за на секој предмет да можам да ставам, и кога ќе заборавам кај сум го ставила, едноставно да почне да титка.
    Парфемот неможам да си го најдам.
    Мизерија.
    Не ми е јасно зашто не е на место. Каде сум го ставила? Зошто? :?:

    Мајка ми е во депресија. И сите сме заради неа. Не прави ништо, ништо не и е интересно, татко ми прави ручек, јас и сестра ми ако зачистиме. Вчера баш се смеевме со сестра ми пред неа за да ја насмееме, и среќа се насмеа малце, кога и рековме дека е како мрсул што се одлепува од кревет, па се залепува на стол. :D И не лажеме. Само менува локации, ама битно ништо не прави, мижи и седи. Како во некој свет. И од време на време се губи. А не сака да каже што е проблемот. Ја премолевме.
    А кога на некој не му го знаеш проблемот, незнаеш ни како да му помогнеш.

    Прееска се собравме на ручек, што е реткост, и сите ќутеа како на гробишта, Боже ми прости. И ги прашав што се случува, има ли проблем? И само ме игнорираа, а сестра ми ми на прави фаца од типот јеби га.

    Шта чеш. Живот.

    Ја вечерва ќе одам да се издувам, затоа што влера останав дома. Има забава од електро.
    ^_^
     
    На sweet-cherry, DeMelo, De-lovely и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Денес првото утринско кафе го пиев на едно посебно место.
    Кафе од термос, не сум пиела со години. Чајни колачи, не сум јадела од времето кога прабаба ми ќе ми понудеше, а јас ќе земев само колку да не ја одбијам жената.

    Не беше утро со љубениот...ама не само тој може да ти приреди прекрасно будење.
    Колку само значат пријателите, уште еднаш покажаа делата. Туку ќе се појави тој од некаде, со некое изненадување.
    Да ја расположи другарката што синоќа во дискотека цела вечер не стана да заигра. Да праша да не имам проблем, што ме мачи...
    Па ме разбуди рано, за подолго да ми траел денот.
    Сонце немаше, но во градите жештина ме печеше. Како што напишала, Лилит, како сонце да имам лапнато!
    Каков мир и спокој...да не отидов во рајот бе луѓе? :lol: Да не заминав на другиот свет што е толку совршено? :^)

    Од среќа си подрипнивам кога одам. Пред огледало си застанувам, и си се смешкам...па ќе си го мириснам омилениот парфем, па ќе се присетам на прекрасни денови...и пак ќе си седнам на феминава.
    А, моиве , ме глеаат под око...нешто не им е јасно. ,, И само им велам, абе убаво ми е, и гласна смеа (од срце)''

    Да не си помислат луѓето дека сум заминала со умот. :geek:
     
    На bittersweet, DeMelo, Barbie20 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Секаде ли во светот политичарите се толку прости и мизерни?
    Влегуваат во секакви шупи и дупки за еден глас повеќе, за да го свртат вниманието на јавноста и да ја покажат својата човечност или блискоста до нас обичните граѓани.
    Мене ми е просто одвртано да гледам личност која би требало да претставува човек со интегритет и моќ, да се занимава со проблеми за поголеми цели и општо добро, како влегува во распаднати шупи зборува за прости работи и се прави дека го интересира проблемчето а уствари таму е само за да го сликнат за на фејсбук или за реклама на вести.
    Немора толку да ни се прават блиски, за една видна, образована и јавна личност во државата вакви посети се понижувачки. Да не испадне сега дека сум против ваквите капањи ама за секоја ситница пр поставување нови канти не им треба реклама, за посета на едно хендикепирано лице од сто, или за нечија еднократна помош од бедни 10000 денари.
    Има еден куп луѓе кои работат за нив или под нив, како ќе му дојде, кои се надлежни да се занимаваат со овие работи, а не политичари и градоначалници од повисоко ниво кои уствари треба да работат на решавње на поголеми проблеми.

    И така.
     
    На DeMelo, Elennaa, Ognenija и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.242
    Моментот кога влагаш у конфликт со личност што има цел албум на фб со комарец. Да,само комарецот у различни пози... не,дали е нормален?!
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Денов,без врска,цел ден по гробишта.Многу фрлена храна ,непотребни трошоци.Ама така сите прават.Поседов на гробот и со мислите си разговарав со татко ми,единствениот човек кој ме сакаше искрено.Како туѓо дете дури и премногу.Ми фали проклето многу. :( На гробишта многу свет,не бира смртта ни по пол,ни по изглед ,ни по години.Со една жена убаво се изнаприкажевме,срам ми беше да ја прашам која е .Во последно време се фаќам себеси како имам избришано цели фајлови со луѓе и настани.Да ме убиеш некогаш нема да ми текне за името на некој човек или жена.

    Сношти ќерка ми ме изненади со прстен со Сваровски кристалче.Прстенчето е многу нежно .Ми падна криво што детето си ја потрошило целата заштеда,ама мама ќе се раздолжи. :) Овие другите останаа со отворена уста и за нив нема ручек неделава. :D

    За моите мили ем драги мајка и свекрва им уплатив викенд на Пониква ,преку пензионерско друштво (Нека излезат малку од дома. :wasntme: )и по една убава кошула.Иста за двете само различен број.
     
    На bittersweet, Artemission, DeMelo и 29 други им се допаѓа ова.
  14. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Чувството кога некој кој премногу го сакаш го оставаш и го пушташ да си оди од твојот живот.
    Е така се чувствувам. Не дека сакам да биде така...напротив.Да е до мене јас би избрала да бидам засекогаш со него.
    Но,кога таа личност која премногу ти значи и без која не можеш животот да си го замислиш,се однесува со тебе најкатастрофално што може,не ти обрнува внимание,не се грижи дека ќе те изгуби,немаш друг избор.
    И ќе пробам да го оставам.Не дека не го сакам,туку дека тој не ме сака и сеедно му е дали ќе биде со мене или не.
     
    На senza.parole, rici.aaaaa, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    True story! Барем сме на чисто!
     

    Прикачени фајлови:

    На zarah, anabel-a, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.792
    Си слушам џез и готвам.

    Ме смирува нашиот Дом, (не)редот, спакуваните кесички со зачини, кутијата со ситнурајки за послужување ордевери, собичето што го нарекуваме наше царство. Ме релаксира сецкањето кромид, и покрај тоа што потплакувам ко Шакира во Ла тортура, ама ич не ми е гајле. Некои пориви си се пренесуваат генетски.
    Домашна супа со брокула. Малку ми преври, ама нема врска :lol: Шопска денес, морам да си ја стабилизирам ставата, два дена по ред јадам кафеански, со сите салтанати!
    Врзопче рукола и кашкавал на листови за со брускети.
    Понекогаш си се замислувам себеси како округла сопственичка на морско ресторанче на брег, или одгледувачка на лаванда на Прованса, како си живеам со мирудиите, зеленчуците, домашните јајца и копкање нивичка со млад кромид и маслини.
    А тој е мојот рибар или лозар. И си имаме куп деца, на кои навечер им мачкам домашен леб со џем од лимета и ги заспивам со своите прикаски.
    Баш така си се чувствувам некогаш. Фантазијава не и давај да проработи, само тоа ќе мисли!

    Ама затоа асфалтот... Е тој е веќе друг мерак. Иако лично Влада Урошевиќ ми има речено дека вистинскиот уметник се снаоѓа во минимум три реалности, јас можам да набројам барем осум :D Иако не се сметам за уметник. Скоро никогаш. Пре би рекла дека сум си создавач на сопствени глетки.
    Ко во клише прашалник во Екран, ако ви текнува, имаше таква рубрика "Нешто лично". Хах, го голтав тоа чудо од весник.
    Ги голтам сите секвенци.

    Ама и вака ми е убаво, не се жалам.
    Напротив, сакам уште подолго да е. До некоја привремена вечност што се лула како сонофаќалка на влезна врата од заедничкиот Дом.

    Ми мириса на среќа.

    Ви посакувам длабоко вдишување на истата, како мирис на стара книга полна мудрости.
    Секој ден е една мудрост, една брчка плуст.
    Ви го подарувам и ова парче фантазија од музика:

    http://www.youtube.com/watch?v=-IG49xzgrnM
     
    На angelina1, Monna.Monna, Peppermint и 10 други им се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    После три месеци од кога ми ја побара раката , моите ќе доаѓаат на гости :) сум се валала по подови чистејќи , не дека ако немам гости не чистам али алатката звана џогер најде сега да ми се расипи па морав по коленици подот да го бришам,
    се осетив како пепелашка , само што принцот си го имам веќе и со го љубам ,ма се љубиме :lol:
    и се караме.За моиве најдраги родители ако треба и со јазик подот ќе го избришам ,и сега ме боли цело тело .
    Откако почина чичко ми , кој си го сакав толку многу и почитував ,бевме спречени на било каква радосна дешавка , гости и други тракатланции , не дека тагата преку ноќ ни беше заминала ама
    животот оди понатаму ќе премижеме за некои работи , и ќе сметаме дека таму некаде е среќен најсреќен.
     
    На teddybear, Elennaa, Trendafilka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.006
    Допаѓања:
    81.343
    Пол:
    Женски
    Мислев дека луѓево начисто одлепиле, ама вчера се уверив дека сепак, сепак останал и некој присебен низ сета таа толпа.
    Натоварена со папки, листови и тропоташки си го чекав автобусот и ми беше ужасно здодевно сè додека не здогледав една познаничка со која одамна се немавме видено.
    И станав јас, заборавив дека сите работи ми се распослани по скутот ... ловев листови и пенкала пет минути и ме снема ...
    Занесена во разговорот со девојчињата, не ни приметив дека една возрасна госпоѓа викала по мене - Девоче, девојче, застани. :tmi:
    И си велам, од каде сега женава, да не случајно ме познава од некаде (од каде жити сè, црна Мишело - не си ти Калиопи за да те застануваат луѓе на улица) !? :?:
    И ми ја подава мојата повратна карта, ми вели - ти падна од купчето листови, не ја ни примети изгледа зашто се брзаше.
    Останав без зборови.
    А имаше толку многу луѓе, деца и повозрасни кои седеа таму на клупите и очигледно на никој не му било гајле чија е и дали оној што си ја изгубил има пари за нов билет.
    Се заблагодарив што ми ја врати картата, а таа додаде дека сигурно сум била заљубена штом сум била толку расеана.
    Кој, јас !? Неее. :D
    ***
    Уште еднаш се уверив дека саботниот шопинг е лоша работа.
    Посебно кога си натоварен со реквизити од типот - огромни хамери, лењири и папки и треба да чекаш зелено светло - се молев да не го чекам предолго, ама безуспешно.
    Само едно бабе ми го направи денот - сигурно беше постара од моиве баби, ама толку беше енергична и продаваше мартинки и им се смешкаше онака љубезно на сите минувачи.
    Немате поим колку беше мила, посакав и да ја гушнам. :$
    Си купив две мартинки и официјално го завршив моето шопингување.
    До наредниот месец - чесен збор! :!:
     
    На sweet-cherry, bittersweet, DeMelo и 13 други им се допаѓа ова.
  19. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Се повеќе почнувам да размислувам од кога не сум се смеела искрено и од срце. Срекна сум во некои моменти, кратки, но многу почесто се грижам за нешто и ме боли глава. Никогаш мене глава не ме болела. Сум знаела да имам напад на смеење и да не можам да престанам да се смеам, го немам почуствувано одамна тоа. Пораснав, но тоа не значи дека не треба да бидам безусловно срекна.
    Цело време се мислам каква ке сум кога ке биде крај, кога ке се прекине најголемата љубов во мојот живот, а знам дека ке мора еден ден да прекине. Тогаш ич па нема да се смејам, ке плачам месец, два. Добро е ако е и само толку. Ајде ке поузивам уште малку во нашата љубов, се додека е уште подносливо :worried:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    На MacenceEna, Doozy и WarriorAngel им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.