Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Елиза ди ривомброза тајм :rock: :rofl: т.е зетот на Елиза ди ривомброза тајм 8) ;) :rofl: :* го сакам човекооот :inlove:
     
    На Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. mlad-bitola

    mlad-bitola Нов член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    6
    сакам да кажам дека многу миее досадно денес ептен вака никогаш не било, а и вечер незнам каде да одам... мози некој предлоз за вечер ?? :)
     
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Вчера бев многу среќна мм беше виновникот за прекрасното чуство...Ме изненади ама баш онака вистински секоја чест,не смеам збор да речам освен ти благодарам душо..чуствово бааѓи ќе потрае ;) :D
     
    На LittleFairy, Stoimenovska и Serafima им се допаѓа ова.
  4. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Најубавата прегратка може да ти ја даде најсаканата личност на светот МАЈКА.
    Денеска се почуствував најсакана и најсилна баш поради тоа, единствениот човек кој најпрво мисли на тебе па после на себе.Сакајте си ги родителите какви и да се само нив и нивната љубов неможеме да ги смениме за ништо на свет.
     
    На H.VAGA, CuteEva и GordanaL им се допаѓа ова.
  5. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Чувствувам потреба по долги години да си ја испразнам душата...
    На 12 години дознав дека мајка ми направила една ужасна работа... Тогаш навлегував во пубертетот, се чувствував грозно, се срамев од себе, од неа, од сите.. Бев дете, апсолутно дете, а бев принудена да чувам толку голема тајна. Всушност не бев принудена, туку самата заклучив дека така е најдобро. Ја мразев мајка ми, ми се чини дека од дното на душата ја мразев! Идеалот што го имав создадено наеднаш се сруши, се распарчи и никогаш повеќе нема да се соедини...
    Присетувајќи се сега на целиот почеток, целата се тресам и плачам...
    Таа и самата знае што има сторено, но продолжува со истото.
    Никогаш не разговарав со неа за тоа, таа не ни знае дека воопшто знам за тоа.
    Воопшто не ни чувствував потреба дека треба да разговарам со неа, едноставно сакав само да се преправам дека тоа не е вистина. А вистина е, не можам да побегнам од тоа.
    Ми беше гадно да ја погледнам, се ужаснував од нејзе. Стана странец кој не го познавам. Плачев и се прашував зошто токму јас?
    Се молев на Господ сето тоа да престане, но како за инат "таа работа" не престануваше, продолжуваше упорно да ја прави, без никаква совест, ми создаваше рани се подлабоко и подлабоко, душата и срцето ми се кинеа на милион парчиња... За жал, трае и до ден денес. Секој ден е уште една алка во синџирот кој таа го создава. Ме убива душевно, а не е ни свесна дека воопшто го прави тоа, не е ни свесна дека нејзината ќерка знае се`, и со сите тие работи се соочува уште од 12 години.
    Трае речиси 5 години, еве уште некој месец и ќе наполнам 17.
    Ме дотолчува секој момент поврзан со тоа...
    Многу пати посакував да и` кажам се` во лице, но немав доволно храброст... Во мене постоеше уште некој дел што ја сакаше и ја почитуваше... Сепак таа е мојата мајка.
    Но не можам да ја сакам како некогаш... Исчезна таа радост, восхит, мојот херој веќе не постои... Таа не е мојата мајка која си ја познавав... ;(
    Пред неколку дена имавме писмена по македонски. Темата беше "Mајка"... Која иронија!
    За првпат во животот не знаев што да напишам... За првпат во животот добив 3ка по македонски.
    Часот почна, а јас не можев да се изјаснам. Зарем во писмена да напишам дека не си ја сакам мајка си?
    Измислував, но зборовите ми беа празни. Не можам да лажам дека некого сакам.
    Потоа кога некои поединци ги читаа своите писмени, стигна редот и на еден соученик. Имаше напишано: "Човекот кој не си ја сака мајка си, јас не го сметам за човек."
    Тоа ме дотолчи... Можеби е во право, можеби јас не сум човек во вистинска смисла на зборот... Но како да ја сакам после сите тие работи? Едноставно не сум способна да ја сакам. Не можам.
    И кога сите за 8ми март на своите мајки им купуваат цвеќиња и со радост им честитаат, принудена бев и јас да го сторам тоа... Со пола уста и` честитав.
    И јас се плашам еден ден да не станам иста како неа, се плашам да кажам некому нешто, се плашам што ќе се случи...
    Не сакам да ја повредам, но не се ни гордеам со неа.
    Ја почитувам сеуште, но никогаш нема да биде по старо...
    Никој не знае како ми е, никој не знае што се случува... Јас решив да остане моја тајна..
    И сега, како и секогаш, ќе ги избришам солзите, ќе се смирам и ќе се преправам како ништо да не знам, и како ништо да не се случува. Ќе се однесувам нормално со неа, а пред останатите ќе се преправам дека ја сакам мајка ми.
    А колку само боли... Колку само тежи тој гнев кон неа... Колку пати пробав да пронајдам оправдување за нејзината постапка, но не успеав... Колку само посакував таа да ми биде најдобриот пријател...
    А ти мамо, сакам само да знаеш дека некогаш, многу оддамна, ти беше мојата гордост, мојот херој во детството... Жалам што помина тоа време и што речиси и не се сеќавам какви беа тие денови...
     
    На teddybear, Serafima, Micheleljubov и 16 други им се допаѓа ова.
  6. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Денес,баш денес се сретнав со една другарка,од Прилеп што се немаме одамна видено...И она дефинитивно ми беше најубавото изненадување денес,бонус тоа што од сабајле до 5 саат бевме во ГТЦ,немаше што да правиме дома.И многу е мрзлива,сто пати и реков ај накај парк да одиме па директно ке си отидеме дома, ја замолив и пак ништо,мрзла една :D .И викам - Те мочам бре,што ке праиме дома, и ова аман бре,ме мрзи.Дефинитивно не е учена толку да шета,или пак не вреди да молиш некој :D
     
  7. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ми фали чувството кога не сум заљубена, кога не патам за никој, кога едноставно "ме боли уво за се", кога среќата не ми зависи од нечиј поглед,насмевка.Кога сум сама,и ми е супер и ништо не би променила во својот живот.Да ,тоа чувство..
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски

    Се восхитувам на ваквите храбри луѓе.. Ајде главата горе, секако дека за се има решение,секој ќе ја стигне правдата и заслуженото, кој порано кој покасно.Биди храбра.Ти посакувам многу трпение и храброст а пред се среќа,биди среќна зошто тоа е тајното оружје :* :* ;)
     
    На LittleFairy и russia7 им се допаѓа ова.
  9. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Жал ми е кога се случува нешто врз кое немам влијание, а гледам дека тоне. Гледам дека цел врска им ојде по вода, заради глупост, а го знаев тоа уште од порано, зашто гледано објективно од страна беше повеќе од очигледно. И сега не можеш да речеш знам, кога на рамо ти плачи едниот, вика по тебе другиот, ти си немоќен. На средина , а немоќен. И ти иде да речеш, аманте бре луѓе, па не е крај на свет. Ама не смееш, зашто некој тоа така го сфаќа. Човек, триста људи, триста чуди. И што можеш, ќе ислушаш, ќе воздивнеш, слегнеш со рамениците и ќе речеш се ла ви. :|

    Ако те слуша некој воопшто.
    Зашто се повеќе и повеќе луѓето глуви се, затворени во себеориентираноста, во центарот на светот, секој околу своја замислена оска си се врти, па мисли дека и другите така треба. Шта чеш :?: .

    И се повеќе се наоѓам себеси во ситуација да молчам. Мислам знам дека треба да кажам нешто, сме се собрале, стокмиле некаде, а уста не ми се отвара. Некако безцелно ми е, ќе им објаснуваш нешто на оние кои чиниш цела мудрост на светот ја испиле. :| И тоа остануваш без збор и ги оставаш на се натпреваруваат за спотлајт, а ти си пивкаш пивце и си се смешкаш од страна, раат.

    Факензи шмајзер, шо да речам ... :wasntme:

    Ај ќе се опрај работава, што би рекол дедо Симо... Али сега али после ... Си велам. А? :yawn:
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cute12

    cute12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    47
    Кога ќе исфрлиш некои личности од твојот живот, сфаќаш дека воопшто и не ти биле потребни. :hai:

    Ако една жена е убава - сите ќе ја гледаат, ако е умна - сите ќе ја почитуваат, ако е добра - сите ќе ја сакаат, но ако е и трите - ќе ја запомнат. ;)
     
    На SparkyAngel и Greeen им се допаѓа ова.
  11. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    I pomalo ćeš navići da voliš mnoga bića u uspomeni... Na kraju ćeš videti da si ti pomalo svi koje si nekad volela...
    Посебно ме погодија зборовиве. Деновиве сум станала емотивна. :D
    Да, навистина кога сакаме некоја личност почнуваме (не)свесно да превземаме некои особини од неа. Тие особини или барем мал дел од нив остануваат во нас дури и кога личноста ќе си замине од нашиот живот.
    Убаво рекле, луѓето се менуваат - спомените остануваат... :)
    Сабота - време за забава... :party:
    Имајте убава вечер... :d:
     
  12. lili....sweet

    lili....sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    19
    Значи ,форумот начисто го запоставив учење ова она ..глава да неможес да кренеш..Ама ајде шо да се прави..Да преминам на главното веќе се ми се испомеша во главата...
    Абе да незнаеш веќе шо да мислиш :@ Незнам на кој да верувам веќе , шо да правам воопшто..
    Како е можно да почињеш да миењаш мислење за другарка со која си од малечка ...И тоа за кој , заради една нафурана фуфа ...Незнам ,навистина незнам и шо да мислам..Ќе оставам така се кај шо сака нека оди ... :)
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК го држам светот во моите раце...
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Annath, blaa и 15 други им се допаѓа ова.
  14. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Не сум знаела дека толку покварена другарка имам! Од утре не сакам да ја видам! ц ц ц ...
     
  15. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Сестра.
    Најпрекрасното суштество на светот.
    Навистина го мислам тоа покрај сите закачќи,меѓусебни тајни,шамари,клоци по гз,гушкања,издавање кај мајките за сите бељи,чување на тајните за првите симпатии,играње на карти кога ќе снема струја и ќе Нема што да се прави,кубење коси,првите рогчиња на главата настанати од ќотекот на сестра ти,карање околу последната коцка чоколадо...мислам дека ви стана јасно веќе.
    Ма што може да има подобро од тоа да имаш сестра или брат?Можеби детето на сестра ти?(дај боже еден ден)
    Без разлика за што да се скараме знај дека многу те сакам и се грижам за тебе сестро моја убава :*
     
    На Hopeful, Serafima, Rubiii и 4 други им се допаѓа ова.
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    8.431
    Мразам штикли !
    Тој што ги измислил нека цркни ]:) ]:) ]:)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Во 1 саат, на кој друг ќе му текне да си долепува сликички на врата и да ја шктра?
    То ест не ја шкртав, него веќе долго планираното "People change, memories don't", го напишав.
    Ќе дојде сега брат ми и ќе сака да ме утепа, ама ја сум многу паметна, прво се осигурав дека маркерот може да се избрише. Така да, не се радувајте, нема да имам модрици :rofl:

    Си извадив слика со германецот и оти не му знам име, од денес официјално он се вика Нипи. Знам дека е на Н, па ова ми е најлесно за памтење.
    А другиот Н. гледам уклучен е, ако нека е. Не му се замарам веќе на него. :D

    Него, синоќе сонував дека сум имала дејт со еден школски „партнерот“. Незнам како, ама ако се сеќавате на постот на Чоколејт.Ми, за тоа каков дејт имала, како седеле на зграда и си правеле муабет, баш така сонував дека бил и мојот.
    Се убаво, само со Нипи да беше :rofl:

    Снимавме спот со другарка ми на песната „I'm a barbie girl“ :tmi:.
    Многу си ја сакам песната, химна ни е и од денес сум барбика :makeup: .

    Ок. Признавам дека ми се спие.
    Гуд најт. :*
     
    На Someonespecial, lunicka, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Се прави ли бе митинг во сабота вечер, кога цел млад свет сака да искочи? |(
     
    На ludoto19, Someonespecial и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  19. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Табанче мое убаво. Сега ќе најдам јамболија и ќе ја газам во када. Потоа ќе ми бидат „мед да лижиш “ :D
    Ова штикливе, кој ги измислил, should shit bricks.
    Денес во миднајт на рокче, а ја на штикли, неможеш да играш.
    Плус седев подзамижана бидејќи без ночари, а светлата ми пречеа, сигурно мислеа на кока сум . :D

    Нема смила веќе. Не носам штикл и не носам. Какви и да ги купам, повисоки, пониски, со без платформи, поголеми, со помагало, боли братче, мислиш те колат за нога. Уште да ми прокрвари во сред дискотека.
    Другар ми ме фати во раце до кола и на пола град им го покажавме мојот газ. :D
    Две девојки со дечковци кажаа „е ова е дечко“, а ја им одговорив „уште да е мој .
    Овој другар ми имаше ветено дека ќе ме земе за жена, а сега е верен за друга. ;( :D
    И еднаш на една што продава крофнички чоколадни на полоштад пијана и под рака со другарот почнав да плачам дека нема да ме земе за жена. Пуста се сожали почна да ме теши . :D

    Ја батка, уствари не го сакам. Не ме сака ни он. Ама секс шали секогаш летаат, и секогаш ме штипка за газот во дискотека. Тајно, шпиунски. :D Кога сме на само, ми прави еростки масажи, -како што он ги вика. Ама чудно, никогаш не сме се сакале.
    Јас сум неговата мрзојна. :D

    Добра ноќ, и пријателство меѓу маж и жена има. Освен кога ви прави еротски масажи, и не ве зима за жена ;( . :D
     
    На sweet-cherry, Trnche, Lov3 и 16 други им се допаѓа ова.
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    NемозAм да разберам ама засто дA се расправаме и караме :^) не зивееме милион години...
    да зивеме убавO смирено,весело сите заедно.
    никој нисто нема да земе на другиот свет,освен насата дуса..
    Nиту јадење,пиење,пари ама нисто се ке остане,затоа треба да се сакаме и зивееме убаво со блиските па и околу.
     
    На Gordana10, MacenceEna, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.