Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405


    Ја разбирам твојата гневност иако не знам за што точно се работи, но мислам дека треба да раговараш со мајка ти, ти си се уште дете, мислам дека од твоја преспектива не можеш да доловиш некои работи.
    Не можиме на никој да му судиме без да знаеме како му е во душата, кожата, зошто прави одредени работи кои ги прави.
    Мајка ти можеби има длабока причина за да го прави тоа што го прави, можеби ти сега не ја разбираш, но еден ден можеби ке ја сватиш.
    Можеби ако разговараш уште сега ке ти обајсни.
    Да знаеш дека скоро и не постои мајка на светот која пред се' не и се сопствените деца, која се би направила за нив, би се лишела од секакви задовлоства.
    Секој заслужува да биде срекен, можеби твојата мајка го прави тоа бидејки ја исполнува и ја прави срекна, но несвесна е дека знаеш и дека те повредила..
    Сите грешиме, луге сме..
    Немој толку строго да осудуваш, животот е премногу краток за да го живееш во омраза, поготово кон некој кој ти е толку близок и ти дарил живот..
    Разговарај со мајка ти, потруди се да ја сослушаш нејзината страна.
    Се надевам ке го најдете мирот и двете и ке почните од ново да градите еден однос полн со љубов и доверба :)


    _________________________________________________________________________________________

    Ние мажето го пративме да брка женски на Широк Сокак :D
    Прв пат сме оделени, само штом помислам дека не е покрај мене ми се тркалаат солзи..

    Мора да решиме некои работи деновиве, периодов е катасрофален, на секое поле..
    Само се надевам дека со пролетва ке процвета и животецов..

    Имајте убава недела исполнета со љубов и насмевки :)
     
    На kravce, ilipili, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Се смеевме синоќа,како старееме...
    Само погледот во огледалото и болкава во телото ми е показател дека стареам.Не знам како изгледам на околината,ама во моите очи јас сум си иста бре.Ниеден од на нас двајцата не се промени од корен.Секој го сака она што го сакал и го нервира точно она што го нервирал додека бевме без документ.Не можам да кажам ни дека сум посериозна,иститот е и тој мува не го лази.Ни по 21 година јас не знам да препознаам кога се шегува,кога е сериозен,па често децава ме зезаат колку сум плачка .А сега умеат и да ме предупредат-Се шегува мамо,се шегува...
    Ми фали многу што не можеме повеќе да уживаме,патуваме..
    И ми фали да е малку да е постабилен,повреден,да ги решаваме проблемите заеднички,да ми биде потпора,да можам да сметам на него во секој момент,а не како сега кога се случува и по една недела да не разговараме...
    Велат не постои брак и живот без проблеми...во право се...[​IMG]
     
    На kravce, ilipili, Lux и 17 други им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк нели како застапник на романтиката сакам да кажам дека не секоја тоа го заслужувам,значи таа работа оди со девојки што го сакаат тоа и го заслужуваат,да бидеме реални сега,ми беше зборот дека не треба по секоја цена да бидеш романтичен,треба малку и посуров и пореален,сепак не живаем ни јас со розеви очила,а кога сме кај разочарувањата,и вака и така ке бидеш разочаран,колку сакаш ти биди тврд,и без емоции ке се најде некоја будала што ке те повреди на овој или оној начин,и не само во љубовта тука општо во животот,и не сум за тоа да не се покажуваат емоции,ако си храбрар ке си ги покажеш бре ма колку и да боли понатака и тоа е за мене храброст,а не да си ги кријам чуствтата и емоциите за да не бидам повреден,а што ако не ги покажам сум заштитен од повредливост? Хмм чисто сумњам.
    ПС Не се затворам во себе, зашто така ке се чувам од злобните луѓе кои сакаат да ми нанесаат духовна болка,ако нека ме повредуваат,ке издржам машки,а не како пи.ка по кошула да ми е страв да бидам тоа што сум,јас тој и крај,нема филмови, нема сценарија,кој ме прифати таков океј,кој несака нека си го тера животот.
     
    На srcekrsacka и Serafima им се допаѓа ова.
  4. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504

    Свесна сум за се`, не сум веќе дете и воопшто не сум со ограничени размислувања. Се обидував долг период да најдам оправдување, ама оправдување нема. Немаше никаква причина за сето тоа што таа го прави, ни во мојот ум, ни во реалноста, ни во нашето семејство. Простор за разговор со неа нема, воопшто не ни сакам сега да разговарам за тоа... Можеби еден ден кога ќе почувствувам потреба ќе и` кажам. И жалам, ама нејзините задоволства ги ставаше секогаш пред мене, моите прашања, барања, желби... Вниманието ретко беше насочено кон мене.
    Инаку воошто не ја осудувам, го прифатив тоа, се научив да живеам со тоа, меѓутоа никогаш не научив да и` простам, а верувам дека никогаш нема ни да научам.
    А нашиот однос полн со љубов и доверба е веќе изграден, ама во некој си лажен свет, каде што упорно се криеме зад маски... Но, тоа е тоа, јас не можам ништо против реалноста. Само се надевам дека еден ден, кога ќе бидам мајка, ќе бидам подобра од неа.
    Бидејќи не ја наведов вистинската причина во мојот пост, а со тоа и не можете во целост да ме разберете, ве замолувам да не ме осудувате ни мене, ниту односот со мојата мајка... Само имав потреба да го искажам она што 4 години го притискав во мене и веќе бев на работ со емоции. :)

    ***

    Денес е посебен ден за мене :) Датумов ми носи убави спомени, денот е сончев :sun:
    Обврските ме чекаат, ама ќе си почекаат до вечер... А сега ми следи една доооолга прошетка покрај кеј па се` до Градски парк, во придружба со една многу мила личност :*
     
    На ljubam, Doozy, Sunchild и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Не знам колку ќе ме разберете, но би ве сфатила за тоа.
    Чудно е она чувство кое ви свети во срцето. Ве топли кога гледате нешто убаво, а ве лади кога другиот греши во нешто. Тоа е она чувство кога чувствувате дека сите ги сакате. Апсолутно сите, па и оние кои ве мразат.

    Изминатава недела се случија безброј такви непријатни случки. Оговарања, измислувања на лаги, директно правање на лоши дела... А сепак во срцево остана само тагата кон нив. Онаа вистинска тага која ја чувствуваш кон оној што го сакаш, кон оној кој погрешил, а не знаеш како да му помогнеш.
    Најжалосен е само фактот, што забораваме дека деновите ние се кратки. Наместо да оставиме добар спомен во туѓите мисли, ние оставаме спомен на одбивност.
    Им простувам на сите и се надевам дека ќе се поправат.
     
    На bittersweet, kravce, ilipili и 11 други им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    една сопартијка ми го кажа ова и сега гледам колку е во право-жената има околу 60 години, и морам да кажам дека уште супер изгледа :!:

    што не можеш да го смениш-прифати го
    радувај им се на пријателите и на миговите поминати со нив
    а на непријателите кажи им фала за тоа што ти се тргнале од патот
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Прекрасна помината ноќ чувајќи ги братучед ми и уште поубаво утро кога некој ќе те разбуди со даде цани пиеме кафе душичка
     
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Многу убав ден поминав вчера,со многу специфична и шарена мексиканска храна,француски колачиња и едно чудо македонска љубов и гушкање. Си ги наполнив батериите до максимум. :) А,денес,денес сигурно ме чека уште поубав ден од вчера. :wasntme:
     
    На kravce, NoellePage, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК...повторно болка...
    ...од онаа која те сечи во здраво срце, која ти ја пали крвта и ги прави солзите отровни да толку болат...

    Смртта не е фер. Ги зема оние кои се недолжни. И кои повеќе се борат во својот живот. И оние кои имаат елан и тепмперамент за стои и еден живот...

    ;( :doh: ;(

    Драг И..., почивај во мир!
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... Среќен роденден ХУГО!
    Те љубам од тука до вечноста и назад :inlove: ... ми треба автостоперски водич низ Галаксијата, за да ја пронајдам сета љубов која сум ја расеала за тебе низ Универзумот. :*
     
    На kate21, bittersweet, crazylady и 32 други им се допаѓа ова.
  11. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Времето ^_^ Прекрасно.. едвај чекам да излезам надвор
     
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    126.738
    Замина уште еден млад живот....до кога вака.....еден по друг се редат млади жртви на сообраќајни нереќи...понекогаш посакувам да ги снема сите автомобили на овој свет ;(
     
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Решив крајот на неделата да го завршам со паметна работа од моја страна.
    Да се ставам на диета.
    Синоќе се договараме со другарките кај да идеме на одмор, Охирд или Преспа. Планот падна на Охрид. Се убаво, само ја да бев малку помала у г‘з и стомак.
    Синоќе пред да си легнам се мислев и до сабајле заборавив.
    Ама, пред да седнам да јадам ми текна, викам ај да видам ја шо требаше а шо не да се јаде во режимот на Ирена. Знам дека е добар, пред Нова Година, со толку грешки стомакот колку-толку го намалив. Сите ме фалеа дка сум ослабната.
    Супер си го почнав денот.
    Надвор убаво, сонце грее :sun:, само уште ја да имам со кој да испаднам да си наполнам батериите.

    Посакајте ми да издржам со диетата.

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Adi888, ilipili и 16 други им се допаѓа ова.
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Денов е динамичен и убав до максимум!
    Станување сабајле од прва на алармот, одма ги тргнав завесите и отворив прозорот, си се оптегнав, си го крцнав вратот и правец у кујна.
    Кафе си се напив со моите, и само слушаме од сите страни на улицата пискаат деца, Бастер, Бастер, кучето наше е права душа, скока по се живо и диво, на сите им се радува, а по лик е страшен да, пит бул, ама помилно од пудла е! Жими се :D
    Кога ќе скокне повисок од децата е, ама сите го знаат, и го викаат, си игра и он со нивната топла, и си испаднав така на едната тераса, си пиев кафенце, и си го гледав кутрето како е весело. Ах колку го сакам цццц !
    Одма после си ја средив убаво собата, денеска ја напуштам, аааа како не ми се патува, ле ле ле, недело те мразам, те мразам, те мразам, те мразам..
    Пуста среќа што додека ме возат начисто се хипнотизирам, така да, музика пуштена и дремка ќе фаќам, а и ако има некој интересен у автобусот може и муабет ете.
    А у Скопје, друга песна.
    Денот е резервиран за дружење со мажи!
    Другарите на дечко ми, и брат му успат, ги поканивме на скара и пиво, да се искористи убавото време и летниковецот во нашиот пролетен двор! Ах што е убав, прв пат после 3 години во Скопје, се чувствувам како да сум дома, дома!
    Каде скарата и пивото без Ана?!
    Ветувам нема да ги демнам, ни да седам цел ден со нив, па Боже мој, си имам јас есеи за пишење и серии за гледање! :D

    http://www.youtube.com/watch?v=SbUBMklQSVU
     
    На ilipili, Sexybaby86, ludoto19 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.757
    Пол:
    Женски
    Луди сме од љубов двајцата :$ Ретко кога не се гледаме, а кога нема да се видиме ни се чини ко вечност.
    Вчера ми се разболе Стари, па гледањето го одложивме за утре. Ми пишува синоќа И ЈАС ТЕБЕ. Тоа ни е замена за она Те сакам, кое не го користиме. Само што сакав да вратам што и ти мене, веќе ми стигнува Те сакам. Море си мислам овој стварно има температура :rofl:
    Па и се погодило да гледаме ист филм, па почнавме да си гугуткаме на мобилен колку многу си фалиме и дека часовите еден без друг се како денови.
    И среќна сум, многу, премногу.
    Но, секогаш има нешто што кочи.
    Знаете не можете на сите да угодите, не може со секого да имате ист поглед на светот.
    Не знам од каде и е тоа дека не сум среќна, кога секој ден сум насмеана и очите ми светат како сонце.
    Па добри саат и више дискутиравме за мене, за тоа како таа гледа на мене, па и на него. Не и се допаѓа, како и сите пред него.
    Таа знае што било најдобро за мене, а тој не е.
    Ма не гледаме исто на него, не гледаме исто на тоа што мене ме исполнува, на тоа што ме прави или не ме прави среќна.
    Се обидов на објаснам на 1001 начин дека тоа што го прави не е во ред, дека само не трга од неа. Кога некого држиш со синџири во првата прилика ќе избега.
     
    На bittersweet, ilipili, Artemission и 33 други им се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Добрите изговори секогаш одат со лоши лаги.
     
    На crazylady, Trnche, ljubam и 4 други им се допаѓа ова.
  17. miu

    miu Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Во последно време не знам што да мислам...живеам со 3 цимерки. Трите се од Тетово.Но во последно време премногу се кааат постојано секој ден...не можам да учам.. -.- јас сум од с. Селце- Прилеп
     
  18. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    ааа почнувамм да се разболувамм.. :worried: наместоо надоор супер времето :sun:.....јас во кревет.. :worried: :@
     
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк за некои девојки,зашто сте такви?Се правите фин културни,као еве јас сум океј кажи ми тоа и тоа,и од кога ке добие све што сака да слушне,потоа бега се крие,па некои изговори као неможам сега,период ми е таков,бла бла бла......аман те више со такви маубети.

    Мислам ве научивме веќе,не сте интересни,кажете нешто ново.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Знаете ли колку мразам да учам :envy: :devil:
    Ќе пукнам во ова школото :@ :@ :@ :@ :@
    Имам премногу за учење а јас си уживам на фемина и фб.
    Ајде избркајте ме да одам да учам. :P :D :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.