Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cute12

    cute12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    47
    Чувството кога ти е страв да се погледнеш во огледало, за да не си побараш сам на себе автограм :P :lol:
     
    На cigarce, Dog-lover, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892
    Ја гледате сета насмеана, со сјај во очите, со руса коса во опавче, со здолниште до колениците со книги во раката... Се движи по улицата, речиси потскокнува. Не и пречи ниту градската врева, ниту некултурните возачи кои не знаат да застанат на пешачки, ниту сонцето што си поигрува криенка овој ден.

    Таа ита кон нешто, таа има цел, таа има мечта. Не верува дека светот е мрачно и сурово место каде сите луѓе се себични и злобни. Знае дека постојат сончеви зраци кои го разубавуваат денот, дека постојат виножита и искрени емоции.

    :D имам една желбааа---да ми се исполнат сите желби
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Сакам да кажам дека се чуствувам олеснето, ослободено и многу среќно...
    Времето е убаво, идам да се почастам некое скупо кафе у Рома, со чуден шлаг..

    после кога ќе си дојдам ке си направам Bucket list...

    Господе фала ти, жими се ќе бидам подобра
     
    На Waka-waka и Doozy им се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не дозволувајте некој да ви ги руши амбициите, и да ве одвраќа од целите што вие си ги имате зацртано само затоа што тој е песимист и него животот го изгорел.
    Мразам, ама мразам кога упорно ми велат дека нема да успеам, зошто државата ни била таква, зошто јас не ќе сум можела тоа да го работам, мразам и кога ми велат дека многу филмови сум си правела, и многу сум летала со умот, зошто? Зошто силно верувам во тоа дека некој АКО САКА, и АКО СЕ ПОТРУДИ, ќе успее? Зошто верувам во тоа дека сум способна за таква работа, и зошто верувам дека УПОРНОСТА е мајка на знаењето?

    Не дозволувајте да ви ги рушат сните и амбициите, немојте!
     
    На Chica.Loca, crazylady, sweet-cherry и 22 други им се допаѓа ова.
  5. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Ех колку опуштен денов денеска :lol:
    Уживанција..ТВ,Фемина,малку учење(ама и без тоа не се може),прошетки :!:
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    За мене 3топки сладолед,нека бидат чоколадо,лешник и ванила.Една кока-кола и малку трпение,барем да се засладам додека пишувам семинарска.Да да,додека сите шетаат јас како најголем грешник ги заморувам очите пред компјутерот.
    Колку ли погледи ќе се разменат во парк м? Колку ли први љубови ќе се случат денес?
    Ама ако,јас ќе имам готова семинарска и ќе имам плус поени јееееее :devil: Кој баксуз сум јас!!!

    На моменти одам до прозорот и разгледувам наоколу,гледам луѓе си седнале во дворче на партија пиво и карти и муабет.Во паркчето под зграда гледам мали деца,кој со мајки кои со баби,уживаат сите,добро,искрено во овој свет уживаат сите освен децата.За разлика од нив на пример мајките кои ги шетаат размислуваат за урешниот ден,за тоа дека пак ќе се вратат на работа и ќе им започнат обврските.Некој не ни излегува да го искористи денот,седи дома,размислува од каде да најде пари за последните сметки бидејќи платата му е премала.
    Живот,за некого мајка,за некого маќеа.

    Правам некои планови во главава,се надевам ќе излазат на добро.
    Тоа и правам цело време,се нешто планирам..
    Сакам 10дневен одмор.Било каде,покрај река,на планина,во село.Ама ќе морам да почекам,барем додека да се стабилизираат работите.

    И бидејќи никој не ми донесе сладолед,а си побарав ќе си се вратам на семинарската,ептен е интересно да преведувам..
    Да живее мојот професор и мојот факултет...
     
    На ilipili, Elennaa, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Чувството кога зраците од сончевата светлина благо паѓаат врз твоето лице. Се будиш после долго време без главоблка и без обврска. Наспана.

    Конечно и тоа да го дочекам. Можеби влијаеше прекрасно поминатата саботнаа вечер, или љубовта од најмилите.
    Влијае љубовта и те како. Влијае врз моето расположение, врз психата, врз размислувања.

    Затоа девојки љубете. Љубете го времето, сонцето, дождот, насмевката, очите, другарството, ближните.
    Љубете го денот, изгерсонцето, насмевката на саканите, лудите ситуации.
    Љубете се. Силно, безгранично.
    Сакајте ја неделата, празниците, ручекот со семејството, досадните разговори со баба и дедо.
    Нивните поуки. Во нив има љубов.
    Драги мои дозволете љубовта да ве води, иако секој ден по малку се губи во сенката на омразата и злото.
    Ископајте ја од себе и ширете ја. Само така ќе се чувствуваме испонети и среќни.
    Љубовта не движи. Прави да ги сакаме малите ситници, малите работи.

    Дозволете да завршам со познатата мисла: Волите неког и неко че волети вас! :inlove:

    Имајте добар, позитивен ден исполент со љубов. :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Абе нарочно да го бирав денов за чистење поарен не можев да го изберам.
    Отсабајлечки влегов во погон, усисував, бришев прашина, го чистев накитот, ги миев прозорците, рибав купатилото и да отворам сите прозорци да се излуфтира, конечно убав воздух во комбинација со сонце. Ах, нема послатко кафенце од "заслуженото", а и временцето убаво ме послужи.

    Бујрум. :*
    [​IMG]
     
    На ilipili, la-chicka, Waka-waka и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ми се смачи од луѓево.Обично кога си пишувам со другарките и нешто нема да ме разберат и одма го опнуваат прашалникот "?".Толку ти е тешко да пишеш "што?".Или пак бев болна малку температура и се тоа и вчера ја прашувам една "што правиш?" и оваа "ќе одам кај роденден кај Стојко" и викам океј,и ја прашувам едно оваа одма како навиена ми збори друго "со Милованка и Петранка се чекаме кај мене ќе му купуме незнам си што и после одиме на роденден".Пази а,не ја ни прашав.Што се ќе ми збори кога знае дека неможам да дојдам за инает?Или глупа е?

    Ма само ти разболи се ќе видиш како ќе те тортурирам! :devil:
     
  10. Mekejla

    Mekejla Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    84
    Конечно го најдов моето место под сонцето.
    Конечно се пронајдов Јас, лично, со сите моите доблести и маани.
    Конечно почуствував некоја искра во мене,што ме тера да живеам,да постојам.

    Ја угаснаа искрата,ја угаснаа немислосрдно.
    Го угаснаа животот во Мене.

    Посакувам да не морав да бидам сведок на овој злочин.
    Ме кошта живот.
    Ах.
     
    На marama, Lov3, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    После 4-5 саата учење, седнав на јутјуб и го најдов видеово. :)
    И цело си го ислушав. Цел саат. :D
    Какви глупости гледаме некогаш на јутјуб а не знаеме какви прекраснотии има. ^_^
    Природата е нешто едноставно волшебно. :f:

    http://www.youtube.com/watch?v=EDir9-UoPjo
     
    На x-MajaEsposito-x, Divinebutterfly и ana-girl им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Пред недела-две, си седев пред компјутер. Сами бевме со сестра ми дома, мајка ми отиде во продавница. Едно време, некој влезе во станот, се прошета, јас си помислив дека е мајка ми. После 2-3 минути, си искочи. Мене ми зафуфка. После 10 минути, пак некој влезе, ама овој пат видов, мајка ми беше. Ја прашав дали претходно она била, ама не. Ја прашавме комшиката дали била, не. :|

    Какво време дојде, да не смееш да оставиш отклучена врата. Којзнае кој влегол... сега дури и да одам до продавница, морам да заклучам. Мајка ми порано ми кажуваше како било, никогаш не се заклучувало врата. Сега да ти се страв да останеш сам, отклучен. Свашта. :^)

    И така, утре правам два теста, мене уво ме боли. Ама ќе ме здоболи вечерва, осеќам...
     
    На Micheleljubov, x-MajaEsposito-x и pamelche им се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Колку убав ден !
    Сакам уште мнооогу,мнооооогу вакви денови ! :)
     
    На pamelche и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  14. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Денот ми е толку глуп....Толку многу сум разочарана. :| Ме бли глава цел ден....немам спиено цела ноќ ;( .А за учење имам еден куп.Утре ме испрашуваат Историја,Биологија,Физика и Музичко :fubar: .Аман веќе скиснато ми е од се.Биологија читам 2 саати а не знам ни што читам ни зошто.Прескокнувам,зборови и реченици,повторувам по едно исто 100 пати.Не ми е денот денес дефинитивно.
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Пекол. Мачнини. Неубави работи. Љубов. Само таа не држи. Еден од оние денови кога единствена мисла ми е во глава „да си ми здрав и жив“! Ти и брат ми.

    И всушност, дај Боже да пишувам само убави работи. Дај Боже :doh:
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Оти бе на 15 години одите по митинзи и се трујте со политика?
    Оти,отиииииии?!?!
     
    На sweet-cherry, Annath, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Westsiderka

    Westsiderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    СДК преку, преку глава ми е веќе од овој пренатрупан распоред.
    Пуста желба за самодокажување, за прерана финансиска независност, амбиции за поголем личен развој...
    Желби безброј време за спроведување сведено на минимум=ниво на стрес доведено до максимум.
    Аман веќе од ова осумчасовно трчање маратон на работа.
    Аман од стресниве испити на факултет.
    Аман од грижите за виза.
    Аман од притисокот од моите за факултетот.
    Аман од погрешните дечковци кои ги запознавам.
    Аман од ретките гледања со другарките.
    Аман од стресот предизвикан од секојдневното балансирање на обврските.
    Аман од стравот да се соочам со неуспех!
     
    На Trnche и pamelche им се допаѓа ова.
  18. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Недела е поим за досада, учење, пазарење, чистење, туширање и ред други работи. Па затоа јас решив да не е така и да ја искористам максимално, но секако потоа да научам. :!: ;)
    Го искористив денот маскимално уживајки во сонцето, радувајки му на се на денот, сонцето, животот, и тотално опуштање , оставајки ги зад себе сите обрвски.

    Да ви кажам синоќа блескав.Иако во стар фустан , излегдав како друг човек.Совшено испеглана коса, нови чевли, нежна , ненападна шминка, и ново тело во истиот фустан беше доволно за многу комплименти.Уживав во вечерта. Пеев на секоја песна, уживав во секоја минута, добри луѓе ме опкужуваа, што беше повеќе од доволно. :)

    Размислувам и многу други работи.Имено факултетот.Многу работи ме привлекуваат, ги сакам, сакам да ги учам и ми се интересни.Со многу работи сакам да се занимавам во животот.Но едно несакам , а тоа е да си заминам од мојата Битола.Премногу го сакам градот.Ваков, таков мене ми е роден град , најубав, најтопол, се се најубаво.Плус со убави луѓе :lol: Битолска работа .
    Сепак не се замарам повеќе имам 2 долги години пред мене , созревање, нови искуства, нови луѓе, промени и слично.

    Денот го заокружувам со печени јаболка и подготовки за нова работна недела.
    Имам позитивна енергија, се надевам ке остани со мене бидејки ми е ужасно многу потребна.
    Убава вечер :*
     
    На Boleyn.7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    стварно е жива досада :^) јас сум робот или л--о :devil: да ви се мо--ам на маскоста васа..
    мажи биле тие па сега жената е робот,оду у пм :devil: :devil:
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BarbieGirlsweet

    BarbieGirlsweet Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Јас пак цел ден сум на нозе немам време едно кафенце да испијам и тв да гледам и секој ден се едно исто се повторува по цел ден чистам низ куќава и пак има работа де уфф мака мие веке :@
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.