Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    ...чекајќи ја другарка ми пред продавница,видов еден просјак,кој беше облечен во многу искинати и распарталавени алишта и кој бара по кантите нешто од некој за јадење или пиење...Во малото шишенце од швепс кое беше фрлено така,имаше малку сок,тој го зема и го испи,а продолжи да бара и уште по кантите ако може да најде...Застанаа две невоспитани дечишта(се извинувам,ама морам,морам вака да ги наречам) до него,и му ја бутнаа вреќата во која собирал пластични работи и почнаа да му се смеат..Срцево ми се искина кога го видов неговиот тажен поглед кон работите што ги собитал и се трудел да ги собира..Им се развикав,ама џабе беше,веќе си отидоа..Тој почна да си ги собира работите што му ги бутнаа,а јас влетав во продавницата и купив швепс и две ѓевречиња и му ги дадов..Кога му ги дадов,ми се заблагодари,од срце и седна да јаде..Сигурно беше гладен..Јас веднаш тргнав,и ми се исполни душата,бидејќи некој гладен со денови се најаде..Едни 100 денари за мене може не се ништо,но за некого вредат,и тоа многу вредат...
     
    На m2m2m2, CoverGirl10, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Ах лето....кога ќе дојдеш ? :yawn:

    Ден поминат со најдобрата другарка од средно, со која си делела клупа некогаш, исполнет со позитивна енергија и многу чоколадо за мене е совршен ден...Филмчиња,пуканки,сеќавање на луди моменти кои се паметат вечно, по малку озборување и мечтаење за нејзиниот нов згоден комшија...Ми фалеше ваков ден, кога навистина се опушташ и на себе ја носиш најискрената насмевка која ти е омилена... Јас немам сестра, само помал брат, меѓутоа секогаш кога одам кај неа и кажувам: ''Кога доаѓам кај тебе,не една имам две сестрички''. :inlove:
    И навистина е така другарка ми и нејзината помала сестра ми се како две вистински сестри. Тогаш како да сме три.....Но викендот е веќе при крај...меѓутоа ке дојде нов, а со него и нови прошетки во паркот...Ех...колку гледам розево на светов, претерано розево..Или можеби така ми се чини,којзнае...Но како и да е подобро да е розево отколку сиво и тмурно... ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Someonespecial, LOmikol, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Како да му објаснам на татко ми дека релаксација по исполнет ден ми е гледање серија? :D Убеден е дека така се заморувам дополнително,а мене тоа ми е една од најрелаксирачките активности.
    Кога ќе ми прати ишарет компјутеров дека торентот за нова епизода ми е симнат,подрипнувам од среќа ко некој дечко да ми намигнал,удобно си се сместувам и си уживам.

    Имајте убава вечер :*
     
    На sweet-cherry, bittersweet, CoverGirl10 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Имам добиено!!!! :@
    Амааан ќе експлодирам! ;( :doh: :swear:
    [​IMG]
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Ептен досадно.Кога ќе ми текне дека утре повторно ќе треба да се будам како вампир,повторно ќе ги правам тие ритуали како и секој понеделник ме лазат морници.Ќе земам школово да го срушам има да го снема.Аман,више!Освен тоа тажна сум.Седам и дремам како и секоја недела.Никој ниту да ме праша како сум што правам и слично.Се се пикаат како глувци кога им треба нешто.А,тебе кога ти треба некој да те утеши и прегрне "аш"!Нема кој.Сите се грижат за себе денес,така оди тоа.Ми се смачи од се!Од другарките кои глумат фаци,до невоспитаните наставници кои незнаат да си го приберат јазикот,до досадната братучетка која ми пишува на кој знае кој јазик на чат или скајп и ме тортурира со тоа што цело време ѕвони.И одма чичко ми во одбрана Зошто не сакаш да си играш со Стојка? :geek: Бидејки замара зошто.Бидејки од се ми е преку глава!Охохоо,белким ќе си легнам па нов ден и нови случувања.Лека ноќ ве поздравувам сите! :hai:
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Да ми ја испее некој песнава, ќе се стопам како сладолед на летно сонце и ќе си го фанам за дечко. :!: :sun:

    http://www.youtube.com/watch?v=WEOS-cJMcs4

    :rofl:
     
    На bittersweet, LOmikol, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Колку ги сакам моментиве! ^_^

    Чувствувам како ми надоаѓаат солзи од душата, но солзи од среќа. Овие моменти кога си се успиваме со него на телефон, за добра ноќ. Никогаш до сега не сум се почувствувала волку блиска и поврзана со некого. Утре ќе биде посебен ден :sun: Се гледам себе си збунета со испреплетени чувства, кои полека но сигурно преминуваат во Љубов! Во облаци сум. Таму негде се туфкам во облачињата и се смеам со сонцето!
    И миливе мои, покрај сите проблеми ги сакам сите до една, од се срце.

    А, ии сеуште од телефон ви пишувам :D Ајде утре задутре ќе ме снабдат со средство за штракање.
     
    На LOmikol, Divinebutterfly и Elennaa им се допаѓа ова.
  8. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Се чуствувам ужасно!!! бубрезитеее!!! целата сум вкочанета ;(
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Ништо не може да ми го расипе моменталното расположение што го имам и убавото чувство кое ми вика дека ова ќе биде добра недела иако ќе ми биде турбо полна и најчесто исполнета со обврски за учење за на факултет.
    Ни тоа што треба да станам утре рано не може да ми делува врз она што моментално го чувствувам.
    Ако е понеделник, се чудам зошто сите го дожуваат стресно, а како оправдување е тоа што претходо било викенд-се опуштиле, не требало да стануваат рано-па сеа тоа требало одново да го прават, да си го скратат уживањето во кревет и да почне работната недела. Па, мора да има крај и на одморот, ај ако не цел живот да лежиме, да спиеме и цел живот да ни биде ВИКЕНД? Ај што убаво, нека нема работна недела, секој ден нека биде или сабота или недела, па можда тогаш ќе се освестат и ќе сфатат дека всушност многу е поинтересно кога имаме обврски. :fubar:
    Мене понеделникот ми е предизвик, секогаш ме асоцира на нов почеток, на нешто убаво и секогаш ми бил најнапорен ден, не затоа што баш морам да станам рано, него секогаш се погаѓа тој ден да сум била или презафатена со школски обврски(посебно втора смена кога понеделници имав по 8 часа) па еве и сега овој семестар, понеделник речиси цел ден сум на факултет, па пак не се жалам и не кукам колку го мразам тој ден. :P
    Се налакирав, ја налакирав и баба ми успат(модерна жена е, година пред пензија е жената, ама се држи, само нека ми биде жива и здрава уште долго, многу е потребна).
    И така, кога сум кај потребите, колку ли само потреби имаме ние луѓево. И природни таканаречени нагонски кои си доаѓаат сосема на природен начин и нормално, но и многу други потреби кои не се нужни за да бидат задоволени, а сепак од некои причини тежнееме да ги оствариме.
    Потребата од задоволство е најпосакувана и најостварувана кај нас моментално според мене, или ако не најостварувана, за неа се прават најголеми обиди за да се оствари.
    А, кој ќе рече дека тоа не е така? Кој не тера да седиме на фб, на фемина овде и на други социјални мрежи? Ќе ни дадат плата за тоа? - Секако тоа го правиме од задоволство.
    Зошто го сакаме викендот, дека за да си бидеме задоволни се излежуваме цел ден, а не дека од тоа ќе излезе нешто продуктивно, но ете, нагонот за да бидеме задоволни со самите себе не се состои секогаш во самоакутализација и во успешност(во смисла на комплетно работење на себе) туку се состои во - неправење ништо. И морам да признаам, тој нагон почесто ми се јавува, но гледам да го избегнам и секогаш да гледам барем и кога правам НИШТО, пак да правам нешто од тоа, ако ме разбирате. ;)
    И така сега, непостигнувајќи ништо со постов, а можеби и НЕШТО, ве поттикнувам утре да бидете продуктивни и да не зажалите за ниеден изминат момент од утрешниот ден, од чисто задоволство веројатно задоволувајќи го тој нагон со кликнување на копчето Испрати, го завршувам мојот пост, до некое наше наредно читање.
    Имајте убава работна(исполнета) недела. :hai:
     
    На bittersweet, marama, Artemission и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    25.297
    Пол:
    Женски
    Многу ми фалеше она чувство кога ќе го направам првиот чекор надвор и на образиве чувствувам топло, а сепак свежо ветре. И еден карактеристичен мирис кој не можам да го дефинирам. Мирис на пролетни спомени.
    Затоа што ова за мене беше предолга зима. И буквално во времетраење, ама и депресивна, тешка и спора, ми се чинеше никогаш нема да заврши.
    И иако календарски сеуште е зима, не е битно, кога јас ќе го осетам она чувство погоре, пролетта за мене е започната.
    А во пролет се е поубаво и полесно.
    И грдиов град и колоквиумските недели. И луѓето околу мене и прошетките.
    Апсолутно се.

    [​IMG]

    ...
     
    На bittersweet, kravce, anuskaNESTLE и 21 други им се допаѓа ова.
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не сфаќам зошто се хејта толку неделата како ден? Мене некогаш ми е посебно убава и опуштена, додуша денес при крајот на денот и не беше најарна. Но, зборот ми е, општо земено секогаш ми е еден од подобрите денови.

    Ни понеделник не го мразам како порано, мене работната недела едвај од среда ми почнува :). Се тоа во ред но има некои денови кога стварно не знам што да правам. Не досада, туку монотонија е правиот збор. Некако многу празни муабети почнаа да се вртат во последно време. И која е поенатата некој да гледа дека стварно не те интересира таа тема на муабет и упорно да ја тупи еден саат. Значи, не сакам да звучам дрско ама тоа е.

    Живот иде даље, живот брзо пролази :D. Ја чекам пролетта со душа, иако надвор почна да се чувствува веќе потопол воздух. Зимово досадно веќе стана.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    СДК фините фино ќе те заебат ;)
     
  13. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Си пишува „чевли“.. Јас си читам „чаеви“.. И си кликам рифреш за да не е пак до форумот бидејќи неретко ми се појавува „СДК“ во „Лице“....
     
  14. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Денес ранобудна. Легнав во 3 а станав во 6. Не можев да му оддолеам на сонцето што милно ме гална по образите. И се знае ритуалот:лимонада,кафе,Gmail, Medscape па FaceBook. По тој редослед.
    И ќе ми пламне одвреме-навреме по некој копнеж по брат ми, да го гледам како сласно си го мљацка доручекот,да го слушнам како лупа по скалите, да ми прати порака на chat:"На здравје!" ако кивнам,наместо да каже(па собите ни се sид до sид ало, М.?).
    Ме насмеа малото на комшиите, го гледам од тераса, пуштило на глас Harlem Shake и наместо "Con los terroristas" си пее: "Кољо теросиста!" и денса како да го вклучиле во 500-ватна струја. :dance: А мене ми оди Lou Reed со Perfect Day на компјутерот?! WTF?!
    Се шетам низ градов и некаква горчина,лутина ме облева. Ова не е мојот град.Ова не е моето Скопје. Саде споменици,згради, лажни фасади...Неподнослива какофонија од неартикулирани звуци, преточена во камен и мермер. Уште предизборниве плакати фалеа па сосема да се оформи моето "уметничко доживување" на Скопје 2014.Тоа, и фанфари во позадина.Урнебес салата. Циркус!
    И луѓето такви, како фасади, саде површност, летаргија, отапен поглед, немо одминување, штура празнотија...Поделени на порокалови, сино-жолти, црвено-црни, ма цел спектар од бои. Само не е виножито, туку размачкана, смрдлива бљувотина. И ич не ме интересира кој прв почна, аман, запрете веќе, вдишете воздух,поздравете го сонцето, престанете да ми го силувате слухот и видот секој пат кога ќе пуштам телевизија, ќе ѕирнам весник, ќе отворам FaceBook...Јас знам за кого ќе гласам на избориве(ако бидам тука).Ќе гласам за Бетмен велит. Или Владко Васиљ. Или Анима Mунди. Или Борка НГО. И ќе нацртам "peace" знакче на крај.
    Ова не е мојот град.
    Ме напласнуваат стари спомени.Мирисот на расцутена цреша израсната случајно некаде низ Деабар Маало. Шансата да киднеш од предавање, да отидеш во Бастион и да си јадеш варено ѓеврече со чашка јогурт без страв дали Шале или некој од останатите маси криво ќе те погледне. Па на кафе во Деус. И ќе дојдат и лудаците од архитектутра, ќе ме смеат,се кикотиме ко нездрави,лудуваме, си ја живееме младоста. Ја планираме вечерта:парк,кај коцката или на Јунфер Брдо, гитари, вино,пиво...Кучињата се добредојдени. Зјаење во месечината, влажен бакнеж во вратот, фисија на сите мисли и размисли во ѕвездена прашина. Или одење до средно Водно на паузи, помеѓу вежби. Два килограми јагодки со нас, по некој *, пак еуфорија, насмевки, ведрина, и после така окезени од шестка до шестка ќе земаме анамнеза од некоја што се труела на токсикологија.М'да?!
    А сега? Сега, само старите спомени,избледените фотографии,заборавените чувства закоравени во некоја сива вијуга во мозокот.
    Ова не е мојот град.
    Туку СДК:мириса на пролет. И ве поздрави Tom Waits со песната You Can Never Hold Back Spring.
    http://www.youtube.com/watch?v=vgeZEdbv_m8
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce, Monna.Monna, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК малку бев одсутна но ОПРАВАДАНО ми дојде либето од тугина и пак си отиде но овие денови што ги поминав со него беа најубаите во мојот живот
     
  16. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Чуда се случуваат и изгледа стварно кармата е кучка :) Во секој случај не би требало воопшто да ме погодат некои работи...баш и не ми одеше лошо мислам..
     
  17. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски
    СДК во саботата бев малце пијана, повраќав а вчера и денес глава ме боли...Ах леле :devil: :@
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Денов прекрасен а?
    Изгледа ова навистина иде пролет,да излезеш ноќеска по гаќи,за да ги собереш алиштата од тераса зашто заврна а да не ти студи ,па има ли од тоа подобар показател за нејзиното доаѓање.
    Се разбудив и веќе чувствувам дека телово ми станува тесно.Мора бе да се ослабне.Ама како?Штета што пазарот ми е далеку па не можам да тркнам по пижами што се вика,да си купам марулка и ротквички и спанаќ.Ма се што е зелено да страпам в торба.
    Добив идеја да ги запослам рацеве и мозоков,да ја активирам машината за шиење ,нешто креативно да створам.Можеби и тоа ќе биде.
    Другарка ми повторно ме игнорира.Комшивката е зафатена со други работи,а јас немам личност за дружење.Каде се купува пријателка за пиење кафе,скитање по продавници,или едноставно брзо одење?М?
    Синоќа му предложив на овој мојов наредниот викенд да фатиме за Св.Јаким.Ми недостасува свеж воздух и ми треба промена малку.Многу ли барам?А тој со неговото општопознато-Ќе видиме!
    Денес списокот за ручек ми е доставен.Се неквалитетно и пржено.Пржени компирчиња ,пржени домашни колбаси и пржени палачинки,(барем на нив да не морам да им стојам 2 саата на нозе).Само исполнувам желби!
    Значи денес чистење,готвење,ако украдам некој час да одгегам до пазарот.Секој ден иста приказна.
    Ве поздравувам !
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На bittersweet, kravce, CoverGirl10 и 19 други им се допаѓа ова.
  19. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Многу сум разочарана. Се чувствувам како цел свет да ми се срушил на глава. Многу осамена.

    Пред некој ден се испокаравме дома. Мојот мил маж не рече ни збор (ниту за мене, ниту против мене), без око да му трепне стана и ја напушти просторијата...ме остави сама против сите.

    И сега си мислам: јас не сум ниту независна, ниту пак имам на кого да се потпрам во животот... Не сакам да ги мешам моите родители во ова (знам дека би ми помогнале, особено мајка ми - татко ми е малку поконзервативен, но и тој доколку увиде дека сум во животна опасност знам дека би ми пружил рака).

    И сега за каде сум? Без свој дом. Порано имаше еден период кога имав два дома (оној на родителите и овој на сопругот), но всушност не припаѓам ни таму, ни ваму. Јас сум птица без гнездо.

    Работам, да. Но колку заработувам? Не доволно. Да отидам некаде под кирија - нема да имам за живот. Да се вратам кај моите - тоа нема да биде нов почеток- туку враќање назад. Од сите страни сардисана.

    Не, јас немам криза во бракот. Јас имам криза во животот. Се губи смислата на моето постоење. Сите соништа се ситнат на најмали можни парчиња.

    Имам и здравствен проблем. Не сакам да одам на лекар. Најверојатно не се умира од тоа, но во овој миг посакувам да е така. Посакувам да ме голтне земјата и да се спасам од мачниов, бесмислен живот. Само ми е жал за моите родители. Тие не го заслужуваат ова.
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Денес не си добра мајка ако не го пријавиш бебето на неизбежен Енци-Менци натпревар...
     
    На sweet-cherry, Annath, Foreveryoungiwannabe и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.