Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк кога би имал многу пари би отишол во Венецула,барем едно месец дена би одморил,а и латино девојките ми се слабост,ајде доста е да не забегувам многу,ова е само моја желба. :)
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сепак го променив и избришав мислењето и ви се извнинувам...
     
    На LOmikol и Springy им се допаѓа ова.
  3. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    ммм времево е препреубавооооо..леле одвај чекам да дојде петок да си го видам либето.Секоја запалена цигара ме потсеќа на него.душаа бе ми фалии ^^
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Денеска тема на размислување ми е врски, откачување, на благ, на суров начин, вакви корпи, такви корпи.
    Сум давала и од едните и од другите корпи. Кога бев попочитувана? Искрено? Кога бев искрена. Дури и кога болеше кога ги кажував вистинските причини за крајот. Дури и кога причините беа некоја негова навика или карактерна особина која не можам да ја поднесам.

    Имам дадено и две три завиени „ти си многу фин дечко, не е до тебе, до мене е“ корпи и е најпогрешната работа која сум ја направила во животов. Никој од нив, без исклучок не знаел да ја цени мојата внимателност, туку ајде една рунда оговарање, се` и сешто се изнаслушав за мене, дури еден да си го спаси угледот пред другарчињата, рече дека тој ми мавнал корпа од икс причини.

    Така што, искреноста е најдоброто орудие во вакви ситуации. Барем со причина да те вика кучка, пошо и вака и така, ако човекот не е доволно зрел да прифати корпа, ќе вика.
     
    На LOmikol, Divinebutterfly, Mayyya и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    СДК дека ако нешто на светот највеќе мразам,тоа е проклетата математика :@ :@ :@
     
    На thelittle17 и LOmikol им се допаѓа ова.
  6. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Господееее ја сум луда или ја сум луда?!??!?!?!
    Абе не е битно, каков е, битно пари има!
    Што е со девојкиве?!?!?!?
    Таа лепотица, тој на човек не личи, ама битно има БМВ 7ца и она е главна на предно седиште! Лелелелелеел како беееее.......
     
    На Boleyn.7 и vitomir им се допаѓа ова.
  7. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    сакам само се да помине и да бидам среќна.само тоа
     
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Едно големо УА за времево,мислам дали е нормално?

    Мене да ви кажам ми се јадат патлиџани,салата од патлиџани,мх мх.Ама пустите си држат солидна цена,а јас од моите пари што ми ги даваат за да ја поминам неделата на факултет неможам да си ги дозволам.
    Вчера сонував како јадам патлиџани и краставици...и така.

    Одиме на партија спиење,па после на партија шетање и така.
    И онака времево не ветува многу па да разбиеме монотонија.

    И да,нели муабетот е недај боже да имаш татко како Вучиќ? Море не.Да немаш татко како Латас е муабетов,поомразен и по празен ум од неговиот нема.Толку.
     
    На Boleyn.7, Miss.Ricci и LOmikol им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Друг муабет.
    Абе имате луѓе приметено во ситуации кога ќе направите некој навистина голем и паметен чекор во животов, секогаш, ама секогаш се наоѓаат тн „добронамерни скептици“ кои место да ти честитаат, ти викаат и тоа со пола уста „ее вака, така, мораше ли онака, подобро да беше така...“
    Жити се`! И тој добро ми мислел. Абе од шо е ситна душа криво му е на мајка му да му е поарно отколку нему, за мое добро викал.

    Сигурна сум дека не сум сама. Којзнае колку пати, наместо „Со среќа/Честито“, сте ги добиле следниве коментари:

    1) Кај најде сега да се омажиш? Не си ни трудна.
    2) Кај го најде тој, ваков/таков/онаков?
    3) Кај најде тоа да запишеш на факултет?
    4) Шо ти требаа тие трошкови за постдипломски, санки ќе те вработи некој?
    5) Кај се нафати да работиш таму за таа плата?
    6) Кај најде сега да дигнеш кредит за стан? Ќе платите осум пати повеќе, ќе видиш...

    За тие што не знаат, ако некој кому најмалку му е стало до вашето добро, ви каже една од овие работи и слични на нив, да знаете дека сте на прав пат, барем мене лично вакви коментари ми ги имаат проследено најпаметните и најдобри одлуки кои ги имам донесено во животов.
     
    На Annath, bittersweet, kravce и 19 други им се допаѓа ова.
  10. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    9.752
    Што се нема по светот?Какви бизерни колекции имаат луѓето бреј?Мислам немам ништо против ,ама кога некој претерува стварно не ми е јасно.Читајки на Фемина за оној со барбиките :lol: ,се сетив дека пред некој ден останав :o ваква од нешто слично.Имам обичај кога ке застанам со кола,прво нешто кога слегнувам е запалувам цигара.И така излегов, запалив и се потпрев на соседната кола :lol: .Кога што ќе види мое чораво око,колата полна со мини погребални сандци :o .Останав без зборови буквано ,во главата добив само илјада прашалници :x .Какво задоволство може да му даде една ваква колекција на еден човек?За што му служи?Стварно не сваќам ,а и искрено не сакам ни да знам ,затоа и гледав што побрзо да заминам од таму за да не видам кој е сопственикот на колата. :lol: Не за друго, несакав да се разочарам од човекот.И тоа е се по малоумни и настрани мозоци постојат по светот :fubar: .Ништо лошо не би било додека не се претерува.Инаку денес прекрасен ден,си правам генералки по дома.Се си завршив,сега му дојде редот на заслузеното попладневно кафенце.Ајт да одам да шмркнам ,имајте убав ден и еве кафенце и вам :coffee:
     
    На Angelinkka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    немој така,он за нејзе е плишено мечеее :D :puke:
     
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да знаат спонзорушите колку вреди еден трактор, никогаш нема да седнат во BMW :D :D

    Е на ова се смеев последниве неколку часа. :D

    Туку, како да зборувам за еден убав пролетен ден и природа, зелена природа околу тебе а да го доловам тој момент во вистинско светло?
    Јас, седната на среде ливада, блиску до мене шумичка, од левата страна изворче, по некоја пчела брмчи од цветовите и птици, птици кои ги слушам од шумичката. А сонцето, сонцето ми танцува по кожата.. Пеперутки насекаде.. Љубов..
    Сама, уживам, размислувам само за тоа што во моментот го гледам околу мене, цел ден така додека зраците ми играат валцер со душава... Никогаш не би ми било доволно, никогаш!
     
    На bittersweet, kravce, midnight.flower и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Боже.... тешко мене... судбината ми се одложува.... стравот и тензијата расте... Што ќе биде сега? Сте имале непријатели? Непријатели кои во раце држат оружје со кое може да ве атакуваат, а вие немате со што да им вратите? Е баш таква судбина мене ми се крои, но баш е интересно што не се предавам јас така лесно. Некогаш ми беше пријател, затоа може да се најде нешто... :worried:

    ПС: ЈА ОБОЖАВАМ ПРОЛЕТТА! :f:
     
  14. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Немам желба да учам, некако демотивирана сум.
    Као демек па ова некад у животов ќе ми притереба, девијации, средини, медијани, дрн дрн.. |(
    Денов дува, ли дува, прееска сонце ме мамеше, сега ветров кровот ќе ми го летне.

    Име некоја сила луѓе, има. Секогаш кога ќе се фатам за книга, ѕидот станува неверојатно интересен.
    АМа не можете да си замислите какви се фигури не има.

    Плус, кучето почна да ми лае. ова е чудо.
    И така.


    Сака некој на кафе? :wasntme:
    Уствари ај не. Мора да учам. ;(
     
    На kravce, Elennaa, MandyLane и 5 други им се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Па добро де, ништо страшно, :!: не си бремена :)
     
    На kravce, Abeja, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Денес ми се спие некако,а и времево брливо,па некако не ми се сите овци на број.А и од сегде нервози,само нешто притиска,незнам што е најдобро,стварно сум во ситуации што незнам што да одберам.
    Еве имам време да одлучам само додека докментите се готови и треба брзо да реагирам.Некои важни работи на коцка ми се ставени,некој конец ќе ми оди од раце,ама такви општествово ги направи,да незнаеш кој побрзо да го трниш за да не избега...
    Јас сум таква,емотивна и најмалку што сакам е да останам сама,мислам не дека нема да најдам луѓе покрај мене,ама не сакам да се одделувам од оние што ги сакам.Незнам дали би издржала повторно сама,овај пат скрос сама.Досега успеав,би успеала пак,ама мразам да ми се губат некои работи,така се губам сама себе.А несакам да се сменам! Сакам да сум ваква,оние мали работи што си ги правам секогаш да останат такви.Би се прилагодила јас,но не сакам од корен да се изменам.Можеби па и да не сакам,ќе дојди тоа.Животот ни ги налага некои промени.А јас,и во пустина да ме остават ќе се снаоѓам некако.Од мала сум сама настрана,па ќе издржам се.
    Чуден е животов,таман си среќен,пак нешто ќе те за**е.
    Иначе,кога ги добиваш резултатите од она што си се мачел,среќа е! Но зошто не можи да си остани тоа,туку се нешто ново излегува за да ти мани шамар и да те врати во секојдневното сивило со нервози...Незнам кога конечно ќе речам,среќна сум и задоволна од се...Кога и јас ќе имам работа,семејство и дом во кој ќе живеам со мое семејство?
    Секако ќе сум посветена на работата,но сакам да сум среќна,за да можам да ја работам и работата без нервози и со полна пареа.И сакам да работам побрзо за да можам да си овозможам некои работи и да не барам,да остварам некои работи за да не е ко сега,иначе можеби подруго ќе беше...Немаше да се мислам туку ќе решев се одма на моментот.
    Некако се ми е испомешано во главава,но се надевам во најбрзо време да се реши ова и да се одлучам.Важните одлуки тешко се донесуваат.А ми се чини ова ќе се најтешките. :doh:
    Ех,ве испоѓњавив па сега ќе сварам уште едно каде и бурава во главата знам нема да престани,барем да летам заедно со мирисот на топло сварено кафе...Кој е за,нека ме дружи :coffee:
    За поздрав,еве една песничка што многу ја сакам,а мислам ќе ви се допадне.
    П.С. и покрај проблемите,не смееме да се откажуваме,ќе се бориме и понатаму :mm:

    http://www.youtube.com/watch?v=GwaKO9qnNp4
     
    На bittersweet, midnight.flower, ilipili и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Се чуствувам како во пролет.Денес сум убаво расположена незнам нема причина но,убаво ми е :)
    Денов поминува убаво се надевам така и ќе продолжи.Седам и од време на време ги слушам бучните коли од улицата.Ја слушам од Pink "Just give me a reason " и ви ја препорачувам на вас.
    http://www.youtube.com/watch?v=OpQFFLBMEPI :*
     
  18. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Како, како е ова возможно?
    Се кара со девојка му, ми се јавува ми квичи по телефон (другар ми е), што не кажува за нејзе од лошо полошо, после 3 дена се смирува со нејзе и се сакаат најмногу на фб!
    Лицемерие душо, лицемерие бе сине!
    Ми се гади од народов! :puke:
     
    На Elennaa, vitomir и Johny им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Се запишав во школо за кое се вели дека е доста солидно. И сите професори го оправдуваат тоа што во недели околу тромесечие имаме по 3 теста и испрашувања со фактот дека штом сме се запишале тука ние сме интелигентни и можеме сето тоа да го издржиме.
    А што испадна? Дека во ова многу солидно и квалитетно школо фрчат врски на сите страни. :!:

    Далеку од тоа дека сум забегано амбициозна и се трескам од земја за една четворка.
    Не ни љубоморам ни најмалку ако некој мој соученик покаже повеќе знаење од мене и заслужено добие повисока оценка од мојата.
    Ама вакви неправди каква што ми се случи денес, ме вадат од такт. :@

    Како може воопшто да се нарекува професор некој којшто со различен критериум гледа на различни ученици, некој којшто различно наградува ист труд на ученици? КАКО? Да имам некаква моќ, би му ја скинала дипломата и би му ја фрлила во ѓубре. :!:
    Многу сум револтирана, не знам до каде веќе ќе оди образовниов систем. :fubar:

    Верувајте, воопшто не сакам да пишувам негативни постови на темава, ама чувствував потреба да се испразнам некаде на оваа тема. :|
    Сега одам малце на chilling, нема да дозволам ова да ми го расипе денот. ;)
     
    На sweet-cherry, Elennaa, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    ^ Драга моја, не би да те разочарувам, ама допрва ќе се среќаваш со вакви ситуации...што на школо, па и на факултет, па и за вработување. Може да ти се случи место тебе, завршен во рок со добар просек, работата да ја добие некој со неисчистена трета година а постар од тебе ради x/y/z причини.

    Ама тоа не значи дека и за другите нема среќа под сонцево. Има, ама треба да си поупорен да ја најдеш, затоа што ќе ти треба повеќе време отколку на другиве.

    Моја пријателка која сега има сопствен бизнис во кој многу добро и` оди (ради квалитетите кои ги поседува) ми рече „Ако нешто ме доведе дотука, тоа беа сите неправедно затворени врати.“

    Не можеш да знаеш дека не те очекува нешто многу подобро од она кое другите го добиле на нечесен начин. Врските и пријателите може да ги снема со еден телефонски повик, а квалитетите со кои ќе се стекнеш никој не може да ти ги земе, дури ни ти самата.
     
    На anabel-a, CoverGirl10, Sunchild и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.