Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    За 3часа одам на операција за корекција на ушите, а татко ми за корекција на очните капаци, дај боже се да помине во најдобар ред. :)
     
    На Elennaa, sweet-cherry, crazylady и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Да се надеваме дека личноста направила и check out, се от-чекирала, излегла од гробиштата (географски, секако :P ) и дека повторно е меѓу живите :D
     
    На bittersweet, Mayyya, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Го мразам,го мразам,го мразам,го мразам,го мразам денов!! :worried:
    Сакам совет од некој...во ЛП
     
  4. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Викендот бев дома. Ми недостигаше љубов, топлина. Овде е ладно, сиво, мрачно. Нема веќе луѓе.
    Парите што ги собрав за шопинг, ги дадов за вечера со моите. Нема ништо поубаво од насмеаните лица на мајка ми и татко ми, шегите на брат ми, дофрлањата за внимавање на баба ми.
    Вчера го сретнав бившиот, сосем случајно. Ми рече дека останав сама.
    И да, проклет да е, во право беше.
    Потрошив мало богатство вчера, сама бев на шопинг, сама бев на ручек, сама седев во паркот.
    Звонев кај сите мои пријатели, сите беа зафатени. Барав само разговор и прегратка.
    Сфатив дека кај и да е и него ќе го снема од мојот живот.
    Изморена сум искрено. Имам многу за учење.
    Ама не учам. Кревам раце. Не се борам веќе. Доста е.
    Од денес може светот наопаку да се сврти, гајле ми е
     
    На kravce, Oxymoron, Ilusionist и 8 други им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    После дождот сонце :sun:.
    Така е и во животот.Колку и да е нешто тешко,недофатливо,секогаш има надеж.Надежта дава желба,а желбата сила.Убави вести од сите страни.
    А најубавата е поканата за роденден што предмалку ја добив.За едно предвреме родено бебенце,што се бореше да преживее.Сега ќе прави една година.Колку само се бореа родителите и веруваа.
    И можам да кажам дека успеаја...
    Нема откажување од ништо....
     
    На bittersweet, kravce, Peppermint и 8 други им се допаѓа ова.
  6. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Понекогаш си седам и си се прашувам, добро вреди ли да се биде добар со сите? Не затоа што јас сум, туку токму спротивното, јас не сум.

    Се прашувам вреди ли на секоја провокација да возвратиш со насмевка и да испадне по поговорката “попаметниот попушта, магарето рика”?

    Епа јас никогаш не попуштам. Се борам за своите идеали без разлика на цената. Сепак целта ги оправдува средствата нели? Барем се тешам дека е така.

    Би ги жртвувала дури и пријателите, бидејќи знам дека нема некој што би бил толку вистински пријател и би бил до тебе дури и против негова волја. Мислам дека нема некој што ќе ти ги слуша маките во 2 часот наутро без притоа да искоментира нешто како “Ех, имам јас среќа што мене не ми се случува тоа.” или нема да се сити бидејќи на него му е подобро.

    Едноставно се научив да се борам за себе. Научив дека мојот најдобар пријател сум самата јас, а воедно јас сум си и најлошиот непријател. Научив дека не треба да им веруваш на луѓето и да им ги кажуваш своите проблеми затоа што никој нема да те сфати. Тоа е едноставно така и така ќе биде. Се научив да гледам пред се за себе и тоа јасно го кажувам на сите. Прво јас, па после ти. Не дека тие што велат дека прво пријателот па дури тогаш самите тие, ќе го направат тоа.

    Тоа е животот. Еден непрекинат круг. Круг што се врти и не запира. Јас сум спремна за нови освојувања, по било која цена.

    Едниствено нешто што го ставам пред самата себе е моето семејство. Единственото нешто вредно повеќе од мојот живот. Барем за мене. Би ги продала сите за семејството. Така е и така ќе остане.

    И само да кажам дека никогаш нема да им се смешкам на лицемерите и никогаш нема да ги трпам лошите. Ако тие се лоши јас знам да бидам 3 пати полоша.

    http://summernote.wordpress.com/2013/03/12/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%BE1/

    Ова си е лично мое, само го напишав на блогот.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Просто имам чувство како да сакам да го прегрнам денов. Силно да се затрчам и да потонам во зелена бујна трева попрскана со сончева срма. Да ме прегрнуваат зраците и да ми ја галат косата, онака најубаво, само тие како што умеат. И не знам од каде ми е желбата.. Можеби ми недостасува нечија друга прегратка па пробувам да компензирам, но неуспешно.
    Не ми се вклопува расположението со овој прекрасен ден и баш ми е жал. Но такви сме ние поетите.. Та нема инспирација ако е се мед и млеко. :)

    Eве ви еден топол, виртуелен поздрав од мене за уште потопол и поисполнет ден!:*
    [​IMG]
     
  8. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    Се прави. Немора баш секоја вечер да се искача... а може и дење да се искочи !!! |( |( |( |(
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Јас стварно не можам да разликувам дали ми се јаде од што сум гладна или од што ми е досадно :D
     
    На simpaticnaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Убаво ми почна неделава, посебно вчера ми беше убав ден.
    Инаку јас да си се пофалам, официјално почнав да си разговарам со дечкото што го меркам веќе година дена ТАДАММММММ :D Фин ми изгледа, расположен и интересен.
    Си се радувам како мало дете :$
    п.с. Да се надеваме дека нема да остане само на разговор :D

    И така, очекувам доста промени во наредниов период, а летово со душа го чекам!

    Отидов да спијам |-) :*
     
    На Elennaa, Johny и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    СДК...

    [​IMG]

    :sun:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, anabel-a и Ariel им се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ако веќе не сум дете,сепак јадам гумени бомбони,ги обожавам! Еве,има нови во КАМ,15 ден. се :) Купете си и вие,ама да ми оставите и мене :D Кока кола,овошни,сите се убави! А и убави спомени будат :)

    А времево ко лудо...Па нема и денес да ми расипи расположение,ќе си уживам ^_^ Уживајте и вие во денов :sun: А и време е за второ кафе :coffee:
     
    На bittersweet, teddybear, simpaticnaa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    ~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~
    Сакам да кажам во Македонијава цвета нерасположение ,само јас сум необјасниво оцерекана .Се смешкам на минувачи,пријатели и непријатели,дома тресам зелени,ги гушкам децава дури не побегнат од мене.А не знам зошто,навистина не ја знам причината.[​IMG]
    На повидок е мал приход на пари,колку да ме потсети што значи да се има свој денар.И мала ангажираност.Па зошто да не ,ќе запознаам нови луѓе и тоа е нешто.
    Искрено ми се оди на журка,да си пивнам некое коктелче ,да го растресам телово...
    [​IMG]
    Признавам дека слушнав нешто убаво [​IMG]нешто сум романтична денеска [​IMG]
    Имајте убав ден!
     
    На bittersweet, teddybear, crazylady и 24 други им се допаѓа ова.
  15. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Одамна не сум пишала во темава, можеби бидејки немам што да кажам... ХА! Какоо да не :)
    Седам, слушам музика, се опуштам народски кажано, ама во едно мало темно аголче од мојот ум има едно мало гласче кое вика Елена,што ако еден ден не успееш? Просто да не успееш, да не успееш да се избориш, да имаш убава профитна иднина (да профитна, бидејќи како и секогаш - парите го вртат светот.), да најдеш некој што ќе те разбере и ке те сака...
    Понекогаш кога имам време за размислување, се е тивко, и тоа проклето гласче се повеќе и повеќе се слуша.Да ти дојде да паднеш во блага депресија.
    Она последното мислам дека најгласно се слуша. Што ако?
    Не е до тебе ми викаат. Судбината ќе вмеша прсти. Судбина, може некој да ми го објасни тој поим.
    Моментално сум ок, физички и психички. Опкружена со пријатели, прекрасни души се и да, баш се души!
    Школо, супер. Ништо повеќе не кажувам поврзано со таа тема бидејќи кога се работи за училиште, ако кажам едно добро нешто на глас (во овој случај на форум) автоматски универзумот се врти против мене и доаѓа на ред shitty недела. Така да си ќутам.

    Имајте убав ден, слушајте убаво музиче.
    http://www.youtube.com/watch?v=40cxXdKxE5M
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Не е дека немаме што да кажеме, сите сакаме да кажеме по нешто. Прашањето е дали има некој да не слушне? Или уште поважно разбере. Она мутаво тапшање по рамо е најглупавиот вид на утеха ама на некој му вреди злато.

    Самоанализа заклучувам дека е опасна работа. Да си се заробиш во своето мозоче, да склопиш неколку паралелни светови и да си смислуваш приказни, секогаш и секаде. Деновиве ми се како во транс, помалку изгубена и не секогаш знам што правам и зошто. Ми треба еден продрмувачки момент, дуел во огледало за тоа што сакам. Немам конкретен план и ужасно ме нервира тоа. Немам ни цел за да биде работата полоша. Или подобра, уште немам решено.

    За денес ми е погодена оваа песна и за подолго време очигледно.

    http://www.youtube.com/watch?v=TtKcdzaqq40&feature=player_detailpage
     
    На Mygirl и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  17. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Денес бев кај баба и дедо на ручек и обично кога одам оти одам покасно после работа они се ручани ама седат со мене ми прават друштво. Денес дедо ми вика баба ти испадна со една пријателка ќе пазарувале :^) му викам ок, ајде да јадеме ние, не, ми вика, јас ќе ја почекам баба ти со неа ќе ручам :| аман бе дедо, абе не се прави :D го задрав малце и ми вика ајде арно велиш ќе ручаме заедно ама не јадам многу за да можам после пак да јадам со баба ти. Душа е, го разбирам јас, си се чуваат, си се гледаат, ммм си ги сакам многу. Ги сакам оти не се само стари туку знаат и да се зафркаваат, ако го нема тоа нема да одам често кај нив, ако се само некои намќори и не прават муабет.
    Иначе во контекст на муабет ми текна, кога бев помала, не ги сфаќав децата што одеа кај баба им само за да добијат пари или ќе оделе оти баба им/дедо им земале пензија :fubar: јас од малечка одам секој ден на ручек кај нив па пари никогаш не сум помарала. Сега немам можност да одам секој ден оти сум на работа, па кога можам одам.
    И да, порано сите ме зафркаваа, де ма што ќе правиш кај баба ти и дедо ти, дома немаш ли ручек?! Не бре, одам за да ги видам, можам јас и дома да ручам, ама одам за времето поминато со нив, и заради тоа што се сами па и они се радосни кога ќе им дојде некој посебно внуците. Ама добро секој нема добар однос со старите па неможат да разберат.
    А баба и е многу смешна, некои зборови неможе да ги запамти и се шалиме на пр. ќе рече абе што ги давате парите по кафичите, кажи каков кафе пиеш јас ќе ти направам. Макијато бабо макијато пијам и она :| како? и кога ќе тресне некој збор хаха маки... како :^)

    И пред некоја година на блиска другарка и починаа старите и ми рече - сега сфаќам зошто одиш кај баба ти, многу се каам што не ги посетував почесто, многу ми е жал :(

    Затоа посетувајте ги, и они се душички, цел ден сами, чувајте се, сакајте се, има време за се, за да не дојде денот и вие да се покаете :doh:
     
    На Angel.girl, OneDirection, Mayyya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Поубо чувство да ти се јави изненадно тој шо го бендисваш и да ти речи да одите утре заедно на факултет? :)
    Нема поубооо ! :wasntme: Кефој сум :D
     
    На bittersweet, crazylady, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  19. cute12

    cute12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    47
    :sun:
     

    Прикачени фајлови:

    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Кој рече секоја вечер да се искача?
    Од понеделник до петок бел ден неможам да видам од обврски, за спиење немам време, нема сигурно да искочам во вторник или среда. |(
     
    На Anja98, CoverGirl10 и mims-89 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.