Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Искрено, по толку многу мисли кои ни ја вадеа и последната трошка здрав разум од глава, со мм решивме ма да ја баталиме до даске. Денот кој завршил добро е добар ден, без разлика дал почнал малку на лева нога. Сеќавањата за првите ние, првите читања на мисли што рекол мм, секогаш знаат да не насмеат до солзи, особено каде на моите готварски способности не можеа да одолеат ни стадо овци хахаха Да, да убаво сте прочитале. Ех, кога се вдале од една долина од нигде никаде, ама бре ме бендисаа.[​IMG] Бар моето готвење колку што пробаа. Е така ме такса либе. Пукна срамот и ме ќари тој миг при непобивен доказ од непристрасни сведоци наше љубави.Крцкалче му бев, едно време, сега кој знае што сум со некое килце од вишок за давање, ама пак сам џенцка и пол бре[​IMG]. По улица глава ќе искршеа едни господа на корзо. Ете од куде ме во темана за диети, мотивација од улица собрана. Ма се шалам. Ми фали мојот драг бордо фустан, а и виното кое го пиев носејќи го. Ах да и сјајот и восхитот во неговите очи додека ме гледаше како се слевам во неговота љубов. Ете признавам, можеби грешка за некој, но нека, му ја дадов мојата душа, цела себе си се дадов со се што имав да дадам. За на крај да сме стопи како никој, ова мало животче кое го створивме, од ново и од ново, секој ден. Не се каам ниту за миг што дадов и што немав, Бог ми врати неизмерно. Благодарам.
     
    На Annath, bittersweet, thinkerbell и 24 други им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
     
    На karenin и Dog-lover им се допаѓа ова.
  3. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    СДК: Утрово рано станав. Трчав по болници, прегледи...добро е - здрава сум, барем така велат. Чекам уште едни резултати утре, задутре, но и тие, ми се чини, ќе бидат добри. А и да не бидат, сум поминала еднаш низ тоа- пак ќе поминам. Само малку од стрес ми се случувале овие работи. Ќе помине и тоа. Кога коечно ќе сфатам дека сум сама со себе, дека од никого ништо не треба да очекувам - тогаш и нема да се стресувам. Без разлика кој што рекол, кој што направил, кој од што боледува (никому не му беше гајле дали јас боледувам и од што)... од никого ништо не треба да се очекува. Тогаш нема да има разочарувања, нема да има стресови, нема да има чудни симптоми и болести.
    И можеби нема да сум најсреќната на свет, но нема да бидам ни волку несреќна.

    Бидете поздравени и имајте убав ден. :) Јас ќе дадам се‘ од себе денов да ми биде убав! :f: :sun:
     
    На kravce, ilipili, DeMelo и 2 други им се допаѓа ова.
  4. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439

    незнам дали на оваа тема се пракаат одговори---еве само овој пат
    http://www.youtube.com/watch?v=s9SgegEMa_A
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се договорив една жена да ми гледа на кафе-да видиме што тоа ке каже оти само гатачки ми се приближуваат во последно време :D
    и по стоти пат размислив ама сега цврсто стојам до одлуката-време е да си ги обновам шминките :!: барем оние што најчесто ги користам а и четките исто
    звучи глупаво, ама секој козметички производ има рок на траење на пр. маскарите траат до 6 месеци и малку по малку ке дојдеме до цел комплет нови шминки ^_^
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... Ват ис хепенинг ту ми?? :^) Секој ден почнува онака за да заврши толку спонтано активно опуштено и кхмм ... :wasntme: тоа нека остане моја тајна. Прашуваат што е тоа со тебе што се случува што толку зрачиш некоја убава, позитивна и кхмм ... :wasntme: тоа е тајна исто, енергија. Па нема ден да не летаат континенти, сори комплименти де :lol: . Па идат понуди вакви или онакви, па каваљери фрчат на секоја страна. Па угодување, привилегии, емпатии и од мажи ... да, да чудно ви е ама ...
    Ма, ко да сум ВИП личност се осеЧам. 8) :D

    Не, сериозно ... периодов тргна газ преку глава некако, нагло. :tmi: Ама ако, фино е. :)
     
    На CaperucitaRoja, kravce, Monna.Monna и 20 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Нели е твоја година по кинескиов хороскоп,така барам ти спомна дека си змија :D ,и баш убаво што си така расположена.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    По природа сум невидено темпераментна особа, дури ги живцирам сите околу мене со тоа колку сум брза. Е арно ама, од саботата наваму во стање сум да лежам по 24 саати. Толку уморна се чувствувам, тоа е нешто неверојатно. Немам ниту енергија, ниту волја, ниту желба. Освен да лежам. Не да спијам, да се протегнувам по кревет цееееел ден, и да не се мрднам. Ниту јадење ниту пиење ме интересира, освен благо можеби. Баш тоа што не ми треба сега, ама ич не ми е гајле, уморна сум. Физички не сум одморена едно 3-4 години, психички сум тресната од земја. Не дека незнам што проблем имам, се е решливо ама толку сум попуштена со нервите да веќе немам енергија да губам за да ги сваќам сите околу наоколу, изволте нека се потрудат малку. На месец и пол пред свадба во стање сум да ја откажам само за да не се замарам со неа. Да лежам и да чмаам. Колку неможам да се препознам, ко да гледам филм некој а не сама себе, депресија во движење. Час сум пресреќна и мислам дека ако скокнам вечно ќе летам нагоре, час сум плачка и пол, час се смеам неконтролирано и што не. Нездрава, што друго да кажам. Незнам како ме трпат сите околу мене, кога сама не се трпам и сум контрадикторна по сама себе. Ме нервираат зошто не се трудат да ми олеснат ништо баш напротив ми отежнуваат, од друга страна не пропуштам прилика на сите од нос тоа да им го истријам и доаѓа расправија, па де ми се они криви, де ги жалам како ме трпат ваква нервна. Не ми е прв ваков период, од 28 години пола ми биле вакви и ќе помине многу брзо. Само веќе не се толку мали последиците, трпат сите, трпам и јас. Ми треба еден одмор од се... ;(
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ајде вака по сабајлечки (иако мене утрото ми почнува во 6.30ч :yawn: )да споделам со моето феминско семејство една убава вест.
    Со Вас делев среќни и несреќни моменти, радосни и тажни вести, плачев и се смеев, кукав и оговарав :P и сега сакам да споделам уште нешто.
    Оние кои ме читале знаат колку е за мене ова нешто значајно и битно и дека не се работи за фалење. :!:

    Купивме стан, трособен ( конечно посебни соби за децата :clap: ) на приземје со дворно место и со гаража :dance: :dance: и ако се биде како што треба во однос на исплата на кредити, хипотеки и ако се успее, барем за елементарни услови за живот, да се опреми станот, Новата 2014 год. ќе ја дочекаме таму :party: :party: .

    Вчера и на старите им беше соопштено дека е купен стан но, не и дека за толку кратко време планираме да си одиме затоа што не сакаме уште да ги споделиме нашите планови со никого, т.е. додека конечно не бидне работата.

    Но, јас толку сум среќна што ми иде да вриснам и имав потреба тука да ја споделам мојата радост. ^_^

    И сега уште повеќе верувам во она- секогаш по дождот иде сонце. :sun:
     
    На artemidis, sweet-cherry, imelda и 75 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.297
    Ми се иде да ја кажам оче наш, три пати да се прекрстам, и да замолам пак да ми го врати грипот.

    Токму така.
    Да го зеде од кај него, и назад мене да ми го врати.
    Не е љубов у питање, од лично себични побуди го барам тоа. Дефинитивно маж не е да се разболи |(
     
    На Annath, Mikako, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    lolyta777 ме потсети на времето ние кога го зедовме станов кој го отплаќаме. Како весело крикнав кога првпат влегов низ оваа врата. Нека тоа ви биде катче во кое ќе се чуваат само убави спомени, а отплаќањето на истиот да го почувствувате што полесно. :*

    danichap леле, јас мислев само мм е таков кога ќе се разболи. Абе бетер од деца стануваат човече „душиче а вака кога кашлам што ме боли ваму, што значи?“ Крокодил дека те каснал, Бог да чува. :D
    [​IMG]
     
    На Annath, Mikako, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Tи благодарам Теси, знам дека малку ќе се помачиме, ќе скратиме некои мали луксузчиња ама па нема ништо поубаво од свој дом и свое катче. :)
    Сега се` повеќе и повеќе го чувствувам тоа, леткам низ куќава и така си се смешкам....а бе сонце ми ја грее душава, не можам да опишам како се чувствувам...среќна за остварениот сон, исплашена од исплата на рати, возбудена околу опремување ...веќе почнав да се замислувам како девојката од Ајде дома :lol: (влегов во филм, со еден куп идеи сум)....малку сум конфузна, целата некако испобркана :wasntme:

    А за маживе кога ќе се разболат бетер се од деца |( ....не знам кај Вас како е, ама мојов не можеш на лекар да го натераш до оди, не сака апчиња да пие, само вика -леле колку сум болен, шмрцка и ако случајно кога ќе измери температура пониска е од онаа што тој мислел дека ја има, е...тогаш не чини топломерот :!: :D
     
    На Annath, Mikako, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Shoshanna1

    Shoshanna1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    47
    Сакам да кажам.. Сакам да кажам.. Абе јас сакам да кажам многу работи но не знам од каде да почнам. :) Еве на пример, морам денес да идам до село кај баба ми на гости затоа што вчера онака спомнав отприлика колку денари е пилешкото дропче и дали оди заедно со срца.
    И жената денес тоа ќе прави за ручек. Ми падна незгодно затоа што не и побарав и ми беше незгодно а не знам зошто би ми било пошто нели баба ми е и гледа само да ми угоди. А јас будала и се раздрав по телефон. Се нажали жената ептен па сеа ќе и купам кафе и ќе одам да ја гушнам! :)
    Абе мила жена е таа само има многу патено во животот затоа е таква нервозна и лута и со сите само сака да се кара. Понекогаш ми заликува на диктатор и се зафркавам со неа за тоа, а таа пак се си зема при срце и веднаш се мурти.
    Ах мори бабе, ами насмеј се!
     
    На kravce, midnight.flower, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Лолита ме потсети на денот кога ние го купивме станот и кога бевме во дилема дали веднаш да се вселуваме со дечкото. Сега сите ќе си помислите дека сме нетокму, сите сакаат да бидат сами, ама кај нас беа поинакви околностите.
    Сега сфаќам дека немало ништо поубаво од тоа да се разбудиш со саканиот, кафето никогаш не ми било послатко, а да не зборуваме за ситниците, спремањето и купувањето од лажичка до гарнитура. Па и тие ситни кавги околу боите, различните вкусови итн.. Не ни се веруваше дека станот е наш, а јас не можев насмевката да ја симнам од лице. Дефинитивно заедничкиот живот ме промени, на подобро. Посреќна никогаш не сум била, посебно сега кога нашата врска помина едно скалило нанапред. :wasntme:
     
    На kravce, Monna.Monna, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  15. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    сдк ако може некој да ми одговори во темата Андроид апликација :?:
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Кај твојот не чини, а мојот што лаже, и што секогаш додава степени ?!
    После жените биле Drama Queen.....жими тасе |(

    Туку, СДК....ја сликавме вчера Л за пасош, и` помина стариот. Пресреќна беше, оти од дома баба и` ја спремаше дека ќе оди да се слика за да може да оди на море.
    Дечкото таму ја прашува: „За што ќе се сликаш мило девојче?“ Таа - „За море!“
    Нормално :rofl:

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Annath, Mikako и 27 други им се допаѓа ова.
  17. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    ме утешивте девојки за ова со болестиве на мажите јас си викам само мојот е таков лелееее неподнослив го сакам многу ама кога е болен ( не вистински болен се пренамага повеќе) ми иде да избегам од дома. кој ја гледал серијата теоријата за биг бенг знае како сите бегаат кога шелдон е болен е и јас сум таква бегааај !!! :):)
     
    На Sexybaby86 и tessie им се допаѓа ова.
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    СДК: Ептен ми е многу мило за lolyta777! Се надевам дека наскоро и нам :sun: ќе не‘ угрее!

    Честитам Лолитке и еден куп убави моменти да доживеете во новиот дом! :)
     
    На lolyta777 и Moira им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК сама сум си крива... Незнам зошто мислев дека нешто ќе биде поинаку. Сега сум пак на почеток и ми е потребно уште толку време колку што ми беше, за да соберам храброст.
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Драг Пауло Коељо,
    Веќе одамна почна да замараш со едни те исти филозофии, ама ете како некој кому Вероника реши да умре и Победникот е сам му оставија многу силен впечаток до денес ти дадов шанса да ми покажеш дека не сум во право. Ама бе човече, уште и на фб и на твитер ги ролаш истите фрази кажани, чуени, прекажани по 526 пати и реков: готово, се откажувам.

    Те одбендисувам, те одбендисувам, те одбендисувам,
    *Unlike*
     
    На kravce, hrcace, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.