Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Денеска купив два подметачи за јадење. Еден за мене а друг за Брадосаниот. И се ќе беше ОК само да не беа така со детски сликички. Ама се :inlove: во нив. Кога ги земав прво ми направи некоја фацка, а после промрља дека ќе ги чуваме за нашите деца :wasntme:. Аахаа знае дека јас ќе си ги користам уште сега! И му кажав дека кога ќе дојде мајка му и кога ќе седнеме на ручек, јас ладнокрвно за мене и него ќе ги ставам тие детски подметачи, да види мајка му што луда женска примаат. Се надевам ќе се насмее и нема да има некои посериозни замерки!
    Си земав и една буба мара декоративна штипка. Ќе си ја ставам на цвеќенцето за да ми донесува илјадници гости!
    Учам италијански преку гледање филмови на fox crime :rofl:. Човек без обврски ем им смета на др. што имаат работа, ем самиот незнае што да прави со себе.

    Сакам да си купам кокер шпаниелка. Ако некој има информации каде се продаваат да ми пренесе по л.п.
     
    На Serafima, kravce, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Има денови како овој,кога на целиот свет гледам со позитивни очи.
    Ги пружав алиштата сега пред малку и танцував и пеев додека го правев тоа.
    Вчера за мене и за брат ми напраив вкусен ручек кој го припремив со многу љубов,и пак си потпевував.

    Среќна сум без причина.Лесно ми е некако на душата и си мислам дека се што ќе фатам да правам,го правам толку совршено.
    Во позадина пуштено радио,собирам енергија додека го пијам кафето,кое што ми е многу вкусно додека го пијам самата со себе,во ваково добро расположение.

    Размислувам за сопствената иднина.Молам бога еден ден животот да не ми биде совршен,туку доволно добар за да го живеам,за да не се мразам самата за некои мои одлуки.
    Многу е полесно кога имате кому да ја префрлите вината,но многу е тешко кога знаете дека за вашите одлуки немате кого да обвините бидејќи самите сте одлучле така.Нема потешко чувство од она кога човек сам се обвинува себе си за своите грешки и неуспеси.

    Сакам пролет.Сакам сонце,сакам насмеани лица,сакам мирис на свеж воздух.
    Сакам нови моменти,моменти кои еден ден ќе преминат во убави спомени од моите најубави години.
     
    На kravce, Shelea, AnaKarenina и 5 други им се допаѓа ова.
  3. cute12

    cute12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    47
    колку сум само среќна денескаааааааааааааааааааааа!!! :rofl: :dance: :sun: :l:
     
    На midnight.flower и Srekicka им се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сум станала дебелокожен деген, а како, не прашувај зошто ни јас незнам.
    Ништо не ме тангира, ништо не ме интересира, муабетите кои порано косата ми ја креваа сега иронични насмевки ми мамат, и знаеш полесно е кога наместо да се трудиш да опаметиш некој само ќе му насмееш и потапшаш по рамо „У право си брат, така е, Бранко е пијаница, Грујо пастир, Ѕинго крадец, Талат терорист, Јагнула е глупа, Беличанец смотана порцеланска кукла, Стојанче е исфрустриран... сите се брату лоши, само ти, ти си цвеќе, не, не си ни цвеќе ти си одраз на самољубието и совршенството на светот, за кое иако не верував дека постои сега ти друже ме разубеди. Свака част еј. ;)
    И да, многу полесно ми е, не морам да бирам зборови зошто незнам дали соговорникот ќе ме разбере, немора да се замарам дали ќе го повредам и навредам, вака е најбоље, ја искулирана а тој со наблдано его. Секакви не има, факт е, подобро помирете се со тоа, отколку да се трудите да смените нешто, и онака теле се учи, а не вол.

    Јух, ја испушив цигарата и сега одам да зготвам ручек, а вие останете ми добри, фини, насмеани и најпаметни зошто и такви уствари сте ;) .

    А сега на дес-но, и гитла :D .
    Ауфидерзен.
     
    На kravce, Trnche, antonina и 9 други им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.758
    Пол:
    Женски
    Има едно место кое понекогаш ми носи прилив на парички, но кога и да земам од тие парички ме прати несреќа. Налет пари, налет се.
    Пресреќна во банка, нели кризи по дома, едно треба, друго треба, неосетно летаат пари, а во последниве 2,3 месеца се на се од дома сум зела 2,3000 ама јас сум крива нели за се, па си помислив дека овие парички ќе покријат нешто од моите големи трошоци и ќе биде задоволна.
    Влегов во продавница за чевли и се заљубив бре во едни. Одамна не сум купила чевли чисто онака од задоволство, а не како до сега за да прикријам, да намалам некое незадоволство. Ги погледнав, видов има бројче и отидов кај него. Му зборам за чевливе, а тој ми вика- Па што не ги зема? Да допушам цигарава и одиме по нив.
    Па јас не се сеќавам кога последен пат некој мој момак дошол со мене за јас да си задоволам некоја глупава потреба. Се фативме рака под рака, јас пробувам, а тој сугерира. Излеговме и ми вика- Еј да можев сега да си дозволам би ги зела и оние другите, знаеш?
    Јас можев во тој момент да си ги дозволам, но нели е глупаво јас да се рафрлам на 2,3 пара чевли кога знам дека тој во моментот е шкрипац...
    А да спомнав несреќа... а тој толку смирен, брише шминка, брише солзи, клекнал до мене и ме држи за рака.
    Врти броеви по лекари и закажува прегледи. Рака под рака и со него на преглед. Нема сакаш, не сакаш. Убаво е некој да се грижи за тебе и да можеш да се потпреш на некој.


    Исфрлив денес многу непотребни работи. Полека ќе почнам да исфрлам се. Што ќе ми е сето тоа, ѓубре кое зафаќа место и не знам дали некогаш ќе го употребам? Жена!
     
    На Serafima, crazylady, Noemi и 36 други им се допаѓа ова.
  6. CuteEva

    CuteEva Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    131
    за Драган Вучиќ знам дека одамна си ги изгубил краевите човекот сирот тој но уште неможам да ги разберам тие што го подражуваат.
    Случајно на ТВ погледнав емисијата што ја води тој, онаа за турски серии, се избира двојничка на некоја Хурем од турските серии а сиротиот народ праќа слики за да ги одберат нив дека си личат О.о
    жално до каде отиде државичката наша :puke:
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ах се обидувам во лошиве периоди да пронајдам малку добрина, знаете после дожд иде сонце, јинг јанг и сите тие работи, и се мачам да се водам по тие теории, и колку толку успевам и на добар пат сум.
    Дедо ми е подобар, подослабена сум, си купив полнач за компјутеров, имам другарки што ме обожаваат и доволно е, море предоволно. :)

    Сакам да завршам факултет, да ослабам и никогаш повеќе да не се здебелам, да живеам сама, да си отидам од тука, да најдам некој да се заљубам лудо и среќно повторно и да ме сака повеќе од се, да имам работа што ќе ја сакам и да имам големо семејство кое ќе биде прекрасно и хармонично и никој никогаш нема да повиши тон за ништо и ќе живееме во средна пријатна убава куќичка со прекрасен двор и сите ќе сакаат да доаѓаат кај нас и ќе имаме викендичка целааа дрвена во некоја планина... итн. Значи да заклучиме, не барам многу од животов :D

    Цела среќа е што немам обврски па по цел ден можам да си гледам серии и да си правам филмови во главата за мојот живот :D абе убаво е човек да си фантазира а кај ќе не однесе животот реално си е друга работа. :emo:

    Не можам да си поверувам дека за некој месец ќе заврши последниот семестар од факултет, и дека ќе полнам 21 година, брат ми ќе стане полнолетен, ќе му биде матура, мене аполвентска... на мајка ми новчаникот празен. :D Ајде само за убаво нека е, парите како дошле така ќе си одат, не се за чување. И сега мајка ми да беше на форумов ќе ме цитираше и ќе пишеше да да, заработи ги да те видам :D

    Имајте убав ден. :f: :hug:
     
    На slavica999, kravce, la-chicka и 28 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Да можеше да се купи култура, жими мене, ќе одев и на еден по еден ќе им купував. |(

    И култура и осет и исав и сите зборови присутни во нашиот јазик кои го покажуваат човечкиот фактор во луѓето. Дали им се билда егото на тој начин, дали денот им е поубав, им се полни ли душичката ако го потшутнат картончето каде што некој проси? Мислам, не сакам кога некој не работи и чека од дедо Боже, ама мајка му стара, нема да му правам да му биде полошо неголи што му е моментално. Подобро ли ти е тебе ако пред единствената колешката што е од друга националност почнеш да ги вреѓаш ,,нејзините,,, она е ете сама, и мирна и нема да ти врати на провокација... Всушност, зошто на 20 години се замараш со поделби на ,,ваши,, и ,,наши,, , да се инвестираше малце повеќе во книги читање него во вакви глупости понормален свет ќе имаше по улиците. Дали лицето ти се огрева кога пред група колеги, од кои пола и повеќе се од страна и одвај сврзуваат крај со крај, ќе кажеш дека растителниот кашкавал е како гума и дека ти дошло да повратиш кога си го пробал, па си го фрлил? Не се размислува дека некој дома ни таков нема да јаде, а не па да фрла. И пола и повеќе веднат глава, па мајка му стара, биваше ли да сте толку неосетни.

    Не, не, дефинитивно не се размислува.

    Па се коментира како две илјади не ги крпеле неделно, морало да им праќаат нови пари, како тоа... Ненаситни некогаш можат да станат луѓето, имаат и сакаат уште и уште и уште. Страшно. И си викам во памет, Боже Господе, што да речам јас што имам уште 200 денари а си одам во петок, изгледа некој изрод сум што преживувам. И знаете што, секогаш во вакви времиња, не знам зошто, дали карма или универзумот или Господ, ми се наоѓа нешто, превод ли, есејче ли... Па тие 200 станаа 500, што е веќе друга приказна. И нема да ми биде жал од тие 300 денари плус да ја почастам едно кафе цимерката или да платам сметка кога ќе седнам со момакот некаде. Затоа што, ете, така треба, така сакам, така ми е убаво ако направам... ама и се има нешто што ми тропка внатре.

    Главата се носи за украс, за пеглана коса, за новата пудра со портокалова нијанса и за ташната од Сити мол. Како да ти кажам, џабе ти е сето тоа, кога ако те соблечат, буквално, да ти ги земат алиштата, и ти ја избришат шминката, и ти ја исечат косата, ќе остане само еден покварен куп. Мислам дека дури и ќе замириса на расипано. Е за таквите пишувал Данте... Грешни луѓе гонел Хитлер, грешни. :puke:
     
    На sweet-cherry, Serafima, kravce и 45 други им се допаѓа ова.
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ми треба работа, а знаете зошто?
    За да можам да станам мајка, која одговорно ќе си ја исполни родителската обврска кон своето дете.
    Чекаме од јануари месец да не повикаат на работа. (Сигурна работа) Пристојна, добра и солидно платена.
    Не бараме друга, бидејќи нели во секое време чекаме да не повикаат?
    Мене тоа чекање почна полека, но сигурно да ме бутка во бездна.
    Постојано самата на себе си велам: Времето поминува, а ти си уште на едно исто место, ниту еден чекор напред не си направила.
    Имавме многу убави планови, заради одложувањето со вработувањето автоматски и тие се одложуваат.
    Со секој изминат ден, се полошо ми е..
    Станав депресивна, тажна, нервозна, лута..

    Јас, само сакам да станам мајка..
    Оговорна мајка, мајка способна да се грижи за своето дете!
    Многу ли барам?
     
    На Serafima, Moira, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Разбрав дека уште една моја екс колешка од факултет спаѓа у групата шо ја викам „се запишав на факс за да се омажам“. Типот знам дека го запозна додека тука студираше. Значи прва година бевме. И после нова година ја снема. Се` си мислам сменила факултет ова она, кога таа уште тогаш да ти се омажила. Ја видов, шета толкаво дете. Ццц.

    Ја прашав шо праи како е...ја прашав дали сменила факултет, а она ми рече „Па никогаш факултет не ни бил за мене, знаете идев главно со вас да се гледам на паузи и тук там некое предавање.“ И` се исплатеше ли пропаднатата прва рата за овој нов живот? Се надевам, пошо очигледно намерата и` била да си фати некој богат, да му роди дете и да се дотерува по скапи бутици.
     
    На Divinebutterfly и Katerinceee им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.046
    Пол:
    Женски
    Турбулентни денови... Ама конечно тоа што го планиравме се започна, мрднавме од мртва точка и имаме надеж. Добро е. Деновиве дишам малку полесно, одам малку послободно и се чувствувам малку поисполнето. :)
    Друго што сакав да кажам е не дозволувајте да бидете нечие тркало, да ве тркала некој како ќе му се посака, не верувајте на се и сешто, едноставно постои премногу гнилеж во светов. Бидете попаметни, мислете со своја глава, не само да ви служи за рамнотежа. Ако некој нешто ви кажува распрашајте се дали е така, а не веднаш слепо да верувате. Деновиве се уверив дека ништо не е така како што изгледа, а јас самата се сметав за доволно разумна, ама ете, секогаш постои простор за надоградување. Не учи животот, само треба да бидеме добри ученици.
     
    На tweety26, Serafima, ilipili и 10 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    што будали жени постојат, не ми се верува :x
    да ставиш импланти на градите за да му се допаднеш на мажот кој ти значи а следно подигање на задникот и липосукција :tmi: за лично задоволство ок-женски комплекси ама за него :shake: од тоа рак се добива-збирувам конкретно за градите дефинитивно болна во умот :!:

    инаку се видов со една познаничка од курсот за Претприемништво-мајка и дојде, ми гледаше на кафе и како и секогаш еден куп нерајаснети работи па сега ти мисли и размислувај како, што, кој, каде, и ми кажа дека има намера да отвори свој бизнис-агенција за запознавање па ке видиме како ке се развиваат работите а во моментот се работи на веб страната и ја замолив за помош за цвто кога ке можам ке и го пратам-има многу повеке познавање од мене во сите области-фина, љубезна како и секогаш
    на вракање се видов со другарка ми од медитација, опуштено без нервози со индиска музика-релакс и баш се договаравме за пешачење и планинарење
    се видов со едно другарче од партија па ми кажа каде ке има митинг во Петок а има предавање за кармата во домот на Мајка Тереза-таман да избегнам стрес, нервози, и непосакувани лица :)
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    :nod: ......
     

    Прикачени фајлови:

    На senza.parole, hrcace, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Мислам дека ми е потребно бегство или некаква промена.
    Некако се презаситив од мнозинството луѓе кои ме опкружуваат, од работата, од обврските, од кредитите, од политиката... всушност од досадното секојдневие.
    Дури и една мала екскурзија на мозокот добро би ми дошла, но некако слабо инспирација и за тоа.
    Патувањето кое го планиравме најверојатно ќе се одложи за некои подобри времиња. Не е лесно кога само еден работи и заштедите веќе се исцрпени, а работа се помалку има.
    Одмор летово? Рано е да зборам, но најверојатно и тоа нема да биде.
    Лани моравме да го скратиме неколку дена, но си ветивме дека оваа година ќе надокнадиме. Тешко.
    Само една мисла ми дава некаква сила и цел за полесно да се справам додека да помине се ова, а ќе биде подобро верувам. Мора да биде.
    Полесно ми е и што он не гледа така црно на работите, како што знам понекогаш јас.
     
    На Moira, Lux, slavica999 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Велат секоја планина си има своја тежина, некоја поголема некоја помала, но сепак сите тежат... Исто како и човековите проблеми, сите ги имаме. На некои им тежат премногу, на други пак помалку.
    Човекот е така направен за да ги издржи сите работи кои го наоѓаат низ патот на животот.. Способен е да издржи многу топло, многу ладно, способен е да издржи тешко, лесно.. се додека не потпадне психички... кога тоа ќе се случи тешко е да се исправите колку и да сакате..
     
    На Moira, kravce, Adi888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Си ја извадив денес папката со сите дипломи, пофалници, сертификати, признанија и слични работи, па земав да пишувам CV. Листајќи низ папката си најдов дипломи уште од основно, за 8 годишно учество во Junior Achievement програма и некои слични активности на кои тотално сум заборавила.
    Седнав за да селектирам што од тоа ќе ми користи и наидов на мојата диплома за освоено 2ро место во маскембал - лето 2000та, во старото одмаралиште во Охрид кое тогаш го викаа Сутјеска :lol: Какви доживувања беа тоа... Прв пат бев на одмор без моите, бев најмала во соба и тогаш научив многу работи од моите постари цимерки :wasntme: Се сеќавам дека секое утро на разглас не будеа со Билјана платно белеше, а додека бевме на доручек, ги оценуваа собите според тоа колку се средени. Нашата секако беше најдобра, секогаш добивавме 5ки :)
    Туку, ги гледам дипломиве од Црвен Крст и се мислам дали да пишам дека долги години бев активист и волонтер таму. Може ќе си речат: Супер, оваа за без пари ќе ни работи :D
     
    На Foreveryoungiwannabe, sweet-cherry, tweety26 и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    И јас бев истата таа година, тоа лето, на тоа место. :)
    Ако кажам дека бев во соба со мало девојче на кое му подарив меченце ден-два пред заминување, ќе ми кажеш ли дека тоа беше ти? :)
     
    На Adi888, martinuska и hrcace им се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    tessie,таа да не сака со Русинките да се токми? :D Гледав на една наша телевизија една емисија за нив,значи исто така,викаат ааа јас не работа,маж ми работи,јас треба само убава да му сум него,мора грижа да положам за тоа.Дете? Кое дете,родила и бебиситерката го гледа,пошто таа треба по маникири да оди и шминка,пошто ќе оделе некаде на коктел. |( Купува бунда од 600 000 евра!!! Еден фустан 3000,а друг 5000 евра ( а татко ми вика тууу,а ние се мислиме тука за колите дали од 2000 или 3000 евра :D,многу скапа 3000 ),становите 2 000 000 евра во Москва [​IMG]
    Тоа е,има и такви луѓе за жал,а како што гледам во светов на некои место тоа им е секојдневие и воопшто не им е гајле. И кај се токмиме после ние со тие земји? Сакаме во ЕУ,ехеее имаме уште многу да стигниме до таму,да бидиме како тие земји...
    Дури и чистачите беа задоволни (на емисијата што гледав),земаа пристојни пари,макар и да не живееја таков луксузен живот.
    Ние најлошиот период го фативме ми се чини...
     
    На Monna.Monna, tessie и ilipili им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Па да ти кажам, ми се гледа за жена со такви аспирации. :lol:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Дани спомна како е да се има болен маж дома.[​IMG]
    Јас утрово ќе се онесвестев кога го видов дома во 9 часот.Прво си помислив немало работа,ама не,на господинот му било лошо и си дошол дома.Е да,лошо ќе ти е,кога претходната вечер дојде нафлекан.Кој знае која промаја и каде те има плескано.Сега лежи офка се го боли,дури и даљинското не може да го земе.А сто пати му кажав да оди да се провери ,ама не,тврдоглав е како магаре.[​IMG]

    Инаку новите прилики го диктираа денешниов ден
    Зедов список да пресметам колку приходи и колку расходи имаме.

    И да ви кажам почесното прво претседателско место го зазема ценетата Исхрана.Комуналиите баш знаат да си ги покажат забите.Културата никаде ја нема,само едно тивко гласче се јавува за членство во библиотека и еднаш годишно за денови на комедија.Облеката и Чевлите како важни членови се срамеа од својата демодираност и дотраеност.Хигиената жално ги пружа рацете а во нив сапун ,шампон и паста за заби.Нејзината сестра Козметика...беше сосема неприметна,обвиена во последните пластови од мирисот на тоалетните води и скромната крема за лице и брчки.Викендот доби забрана за присуство,а поради лошото однесување Годишниот одмор е протеран (ама сепак има можност за жалба)
    Ќе бидам безобразна и ќе кажам
    [​IMG]
     
    На tweety26, Serafima, 1209 и 27 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.