Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Наставник-ќе го поштувам и се‘, ама будала да ме прави нема.
    Ако е наставник, не е Господ.
    Денес музичко 3 минути пред да ѕвони за час, вика: Ајде викнете ги тие од надвор, часот е почнат, да не ги запишам. Му викам ја дека по мојот (кој е местен строго по школскиот) има уште 3 минути, и типо ми вика да си излезам и кога ќе дојде време на мојот да си влезам, така не сум смеела да му викам на него, кога он ќе кажел дека часот е почнат, почнат е. Јао, ма немој. Си земав ја ташната, пријатно-пријатно па не му се ни вратив. Праќал после деца да ме викнат, ама не, си бев веќе ја на шетање. Ама не ме запишал. :rofl:
    Него, математика добив тројче. Секако, ништо незнаев. Наставничката ми се чудеше кои задачи сум можела да ги згрешнам, додека на часот многу решавам такви. Се случува де. :D

    Одам да учам историја и англиски.
    Историја морам да си оправдам петката, и морам да докажам на некои, дека и без помош од нивната партија ВМРО, можам да постигнам нешто.
    А англиски, немам појма ништо. Оваа па колку ни натрупа |( . Таму барем 4 да добијам, ваљда ќе ми стави 5-ка.

    Патем, прочитајте го ова.
    Браво за авторот.
    http://nanosvest.blogspot.com/2013/03/b ... &type=POST

    :bow:
     
    На Foreveryoungiwannabe, Someonespecial и lunicka им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК се надевав дека нема да ми рече и ми рече :| Ме вознемирува, ме пецка, знам дека сега ќе мислам само на тоа. Кој ми е крив што јас сум поранлива и што кога барам нешто за мој интерес, гледам да е на начин да не повреди никого, ама не се сите се такви, рушат и газат се пред себе. А можеби и јас ќе имам интерес од ова еден ден, којзнае... само знам дека во моментов почна да ми тежи, а немаше никаква потреба.
    Сакам да го прочитам ова во иднина и да си речам дека сум била будала што сум се нервирала. Сега не можам, барем во иднина да не се нервирам.
     
    На kravce, Miss.Ricci, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк заврши систематскиот од на работа.
    Добро е што резултатите се добри [​IMG] уште од психијатрија ми фалат,утре ќе ни ги испратат
    се надевам тука не заебав нешто :D него згоден докторот де :$ [​IMG] :tmi:
    Прашањата лесни, што ќе се напиете :D И така ме прашува овој мојов како поминав,
    и јас си му кажувам се по ред. Та нели сум Озбилна жена, и му кажувам се :D
    Е добро де не баш се. Па ми вели.
    Е, баш ме интересира што дијагноза ќе ти даде после вискито :D
    Да не те убие радозналост недопеан еден ]:) на испраќање ми кажа.
    Терај Озбилна како и досега. :D не е за замерација од вискито е .
     
    На Serafima, Buttterfly, Moira и 5 други им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ако си била на тоа место, таа година, во најсредената соба на 2ри кат - нема утка :lol:
     
    На Foreveryoungiwannabe, sweet-cherry, tweety26 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.100
    Пол:
    Женски
    ова мислење можеби и не е баш за оваа тема каде што се пишуваат долги и квалитетни постови ама видете што чудо напраив во пеинт. И тоа не се мачев многу. :D


     

    Прикачени фајлови:

    • lella.png
      lella.png
      Големина на фајлот:
      26,5 KB
      Прегледи:
      673
    На Someonespecial, Katerinceee и hrcace им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603

    Не сум прочитала нешто подобро и повистинито месеци наназад. :hug:
    И толку е реално и болно, да се расплака човек од мака.
    Некои денови буквално ми се повраќа, ама имам мачнини во стомакот, веќе започна опкружувањето со вакви луѓе да ми се манифестира со физичка болка, не само со психичко масирање на нервите.
    Си седам така, си ги набљудувам луѓето и си викам - леле, можно ли е да сме толку сиромашни по дома?
    :sweat:
    А убедена сум дека не сме, си крпиме како и поголемиот дел од нормалниот свет, лишени сме можеби од луксуз, ама имаме за нормален живот (тука веќе ми се наметнува неминовно - дефинирај НОРМАЛНО).
    Не стигнав на зимување во Банско (веќе полни 27 години :D , како ли сум жива господе драги), лани не бев на одмор :| ... Си штедам за точак од 5000. ден...
    Некому смешни му се овие работи, не знам, кревам раменици.
    Некогаш, ми снемува и зборови, што верувајте ретко се случува, немоќна сум да се соочам со плиткоста и целата таа патетика на имаш-немаш.
    Се расправаат банални работи од типот - леле, користиш кармини на Голден Роуз? |( Мене ми се никакви, многу ми смрдат.
    А ти си ставила од него во моментот. Срце оно најубаво, ми се иде да ти втиснам бакнеж со мојот кармин директно во чело, црви ќе ти излезат од него 100%.
    |(

    И целото тоа глуметарење лудило и покажување пред народот, и понижување на другите несреќници околу нив, убаво ли е тоа чувство се прашувам, те исполнува ли толку?
    Како спиете сами со себе навечер, што ли ви се мотка во тие празни, црвјосани тикви?

    На иста мака сме и мисла Дузи.
    На сосем иста. :|

    Некои денови сум толку разочарана и гневна, ми доаѓа да рикнам на сиот глас.
     
    На sweet-cherry, tweety26, thinkerbell и 34 други им се допаѓа ова.
  7. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Пресреќна сум :)
    Вистина е дека малите нешта го прават животот вреден за живеење.
    Не постои поголема среќа од тоа кога твоето 8 години помало братче ќе те изненади. Па нормално е дури и солзи да ти дојдат на очи ;( ( од среќа )
    Беше на еднодневна екскурзија до Скопје и онака на смеа му викам да ми донесеш нешто на враќање. И си иди дома и ми вика ти купив ти купив...
    Е ајде баш да видам што...
    А имаше и што да видам...

    [​IMG]

    И како е можно после вакви ситници да не си го сакам најмногу. Душа моја најсакана е! :inlove: :inlove:
     
    На Boleyn.7, Serafima, midnight.flower и 3 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Бидете храбри и иницијативни драги мои затоа што не постои ништо што повеќе ја јаде душата од недовршена приказна. И да се изгореш, ќе помине, да останеш во прашалници, цел живот боли.
     
    На Serafima, Yowannty, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Гадно, страшно и жално е чувството кое се буди во мене, додека животот на друго семејство пред мои очи тече, длабоко заглибен во беда со големи здравствени проблеми и многу маки со парите.
    Здравјето со пари не се купува?! Размислете два пати!

    Некогаш не, пуста црна судбина, ама во Македонија, драги мои, охо :tmi: , само така изгледа до здравје се иде...
    Ова е втор случај, со тотално ист здравствен проблем кој ги снајде и нив, и фала му на Господ, овој не заврши фатално како кај баба ми.
    Се молев, пустев последниов пола месец, сите околу нас се молеа, и на крај се испадна добро, сега за сега.
    Но, најлошото помина, викат...
    Така викаа и пред многу години кога заминавме баба да ја зимаме, и мртва ја најдивме, ама пу пу, не дај Боже сега така, не смее!

    Јас деновиве, незнам главата кај ми е, искрено не можам да дишам нормално, преморена сум, значи исцадена сум, испиена ми е цела енергија, очите ми паѓаат, лежам, мижам, а не можам да спијам.
    Милион и една мисла ми лета низ ум, се мислам, па машина за мислење да беше, ќе пукнеше до сега, аман значи, има ли крај со мислачките?! :|

    Нонстоп сум натаму, наваму, средувам, мијам садови, расчистувам, де тука, де таму, фати два автобуса, оди на факултет, едвај седам мижам, едвај слушам, се блокирам, после фати два автобуса, оди таму, среди, вари чај, муабет, позитивност малку да се крене, да раскренам, да јадеме, да измијам садови, па пак фати два автобуса и дојди си дома, па дома средување, миење, и на крај снагата ми се тресе, не ми се јаде, и се што сакам е само да заспијам а ни тоа не можам, кој да научи наместо мене, учи додека можеш, додека влева нешто во глава, па после напиј се чај и б6 као демек смири се, да заспиеш Ано побрзо, додека мислите не те стигнале...
    Периодот е страшно многу со турбуленции, ама ако, од ден во ден на подобро оди, само неа да и подобро, уморот и спиењето пак ќе си дојдат во нормала кога тогаш, ама животот е еден, не се враќа, само тоа да се среди, има денови, и денови после да се вратам јас во нормала...

    Единствено изгледа најмногу одмор впивам додека се возам во ЈСП, така благо хипнотизирана со слушалки на уши, и лебдеам стоејќи, фантазирајќи и молејќи се.
     
    На bittersweet, Serafima, thinkerbell и 11 други им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Во склоп на кажаново, морам ...

    Ако сакате нешто да направите – одете до крај! Во спротивно, не ни започнувајте! Тоа би можело да значи дека ќе ја изгубите девојката, жената, роднините, работата, а можеби и главата!

    Би можело да значи дека нема да јадете два или три, четири дена…

    Би можело да значи дека ќе се смрзнувате на клупа во паркот. Можеби ќе ви донесе и затвор, исмејување или изолација…

    Изолацијата е подарок, сè останато е проба на вашата издржливост… ваша желба да го правите тоа навистина!

    А вие ќе успеете!

    И покрај одбивањата и слабите шанси, ќе биде подобро од сè што можете да си замислите!

    Ако веќе пробувате – одете докрај!

    Нема слично чувство, ќе бидете сами со боговите, а ноќите ќе ви поминуваат во пламен. Ќе јавате на животот сè до совршената насмевка. И тоа е единствената борба која е вредна за вашиот труд!

    - Буковски
     
    На Serafima, anabel-a, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Одамна немам пишано на форумов. А, немам ни нешто посебно за кажување.

    Периодов ми е каша. Знаете она кога убаво ќе си накиснат бисквитите потопени во врело млеко. Е така!

    Одамна немам читано ни хороскоп. Само што го сторив тоа, а и не дека ме очекувале некои поведри времиња.
    Јас барам само една чистинка! Ми фали спокојот кој го изгубив пред година-две. Проклето многу ми фали!

    Мислите убиваат знаете?! Ве јадат одвнатре, ве трујат...

    [​IMG]

    Tschüs.
     
    На Oxymoron, cigarce, SparkyAngel и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Па одамна ваква не сум била :$
    Мајка ми ми вика дека никогаш ме нема видено ваква, насмеана, едноставно зрачам.
    Вика да го бркнам детето, и да си го фатам оти одамна ме немало видено ваква, толку среќна и исполнета, без да се нервирам за нешто и да уживам во нештата што ми се едноставно кажано пред носот.
    Сепак јас ќе речам во секое лошо има и добро, мило ми е многу шо сфатив конечно некој работи, дека тој едноставно не бил за мене, не бил онај вистинскиот што јас мислев и го правев дека е.
    Мило ми е ептен шо стварно се ослободив од сите маки и проблеми, едноставно тоа не бев јас.
    Јас не сум уште за сериозности, јас уште сакам да лудвам, сакам да бидам дете, да љубам и да ме љубат, да се осеќам сакана и да сакам, да ги развеселвам сите околу мене со мојата насмевка која едноставно сите ми викат почесто да ја има на мене, знам дека овај период ќе ја има, сигурна сум :)
    Деновите ми поминуваат многу убаво, одамна не сум била вака исполнета одамна без да се секирам за ништо, само знам дека стварно е така како шо велат дека се ќе си дојди на свое место, и да тоа е точно, сега конечно можам да верувам во то :)
    На татко ми му кажвав дека животен сон ми е да го посетам Дизниленд, и да се возам на РолерКостер, животен сон ми е едноставно кој се надевам дека ќе се исполни, Мее испули со еден убав поглед и ми даде една блага насмевка, знам дека сонва да ме пушти ама пусти средства не дозволват ;(
    [​IMG]Еден ден.....
    :)
    Дечки мене нема да има тука до 22 дури не ми завршат колоквиумите, а после си знајте редовна сум :)
    Вие останете ми умни паметни, насмеани пред се, заљубени, учете положете си ги колоквиумите, наредете убај оценки :)
    Среќна сум бе луѓе, да конечно, мислам дека заслужив :$
    Ви посакувам убави денови :hug: :*
     
    На bittersweet, ilipili, Lepaaa и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Дали сте знаеле дека 3от изотоп на водород се викал ИГРИЦИУМ :^) ХАХАХА и така една моја другарка си одговара физика и онака ладно најнормално си вика дека 3 изотоп е игрициум и професоркава се умре од смеење, од стол ќе паднеше и цел клас кома. А што е најтрагично учеше од моја тетратка каде јас го имав напишано вака. Хах, јас и уште пола клас....
    Денов цепки! :D
     
    На Someonespecial и zhirafa им се допаѓа ова.
  14. la-nina

    la-nina Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    27
    СДК дека сум нов член на форумов, иако подолго време го пратам форумов :)
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    дека ми се дигна притисок
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК незнам до кога ќе можам да го издржам ова темпо на живот. До кога себеси ќе се ставам во втор план, само за други да не излезат повредени. Одвратно се чувствувам, ова не е тоа што го сакам од мојот живот, дефинитивно не е. Не требаше да се вратам на старо :doh:
     
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Сакав да зборувам за љубовта.Толку многу сакав.имав желба.
    Иако не сум заљубена.или пак сум.небитно.
    Оправдувам заљубеност.само кога е обострана.
    А вака не.вака никако !
    Очајно е.празно.
    Почнувам да го мразам сонцето.секогаш мислам дека убавиот ден погрешно го поминувам.
    Со прекрасно друштво на прекрасно место.
    Ама не !
    знаете на што мислам.
    Двајца заљубени прегрнати еден до друг.уживаат се милуваат.воздивнуваат.
    Незимерно се сакаат.не можат да си одолеат.а сонцето им ги гали испотените тела.
    Па да.отсекогаш сум била скромна.
    Не сакам матура.не сакам некој да се весели на моја сметка.а сум го видела само 2 пати во животот
    последниот пред 5 години.
    Не е фер.сакам кешарац.би си дозволила еден луксузен одмор на пример Шпанија.
    Палма де мајорка,Ибица,Бора бора,звучи многу примамливо одколку.Мариофска меана,или кафана Деспина.
    Ма дај !
     
    На Marjan007 и Adi888 им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Јас навистина не знам кој има дава имиња на циклониве.Те Викторија,те Мирослав а денеска лудата Нада ја имаме на репертоар.Мразам ветар,ми се чини ќе го однесе покривот на куќава.[​IMG]
    Ноќеска пак несоница,[​IMG]читав [​IMG],се вртев се превртував [​IMG],излегов на тераса мислев ако се смрзнам ,па стоплам ќе ми дојде сонот ,низ главава 300 мисли....и си го дочекав утрото броејќи овци [​IMG]...
    А сега...не сум во елемент [​IMG]!
    Инаку од парите кои ги навестив пред некој ден ,ништо...очигледно уште дооолго време низ мојот новчаник ќе дува промаја.
    Мразам кога сум ваква [​IMG]
     
    На MacaLove, Umbrella22, ilipili и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Со намера да го зачувам здравјето, особено нервите, решив да ги примам сите работи околу мене само површински, да знам дека постојат, дека се тука, но да не допрат подлабоко во мене.
    Еве некое време сум така, како да хибернирам, како воопшто да не живеам а времето си одминува без да го воочам тоа. Годините врват а јас се обидувам да го ставам животот на игнор. Знам дека грешам. Но привремено се залажувам дека реалноста нема да ме победи, да ме доуништи.
    Додека пред мене чека голема чаша со кафе до врвот, јас правам споредби на преполната чаша со моето срце преполно со емоции, со гнев, лутина, љубов, тага. Само што моето срце некогаш може да "пукне" и да се уништи. Може и чашата, да, но само ако ја фрлам на плочките па да се скрши, но таа нема да се пукне ако се прелие, додека срцево ќе експлодира.
    Немав намера да филозофирам и украсувам, но мислите сами течат, а кога ќе потечат, не можат да се сопрат.
    Површинското гледање на работите е позитивно, но само на кратки рокови. Кога-тогаш реалноста ќе те плесне по лице, ќе успее да го исфрли од тебе целиот гнев кој си го собирал хибернирајќи. Е тогаш ќе се почувствуваш како да си на работ на бездната.
    А јас пак сум таква, моите емоции ретко допливуваат до површината, знам да одглумам, но знам и да паднам во тешка депресија. И ретко кој може да допре најдлабоко во мене, освен ако не ме издаде силниот набој на чувства после хибернација, кој може да премине во силен гнев, раздразливост, солзи.

    Дали денот е таков, дали јас почнувам да излегувам од хибернација, не знам. Но знам дека е доволно ужасно во двата случаи.

    Дали ви кажав дека имам ново кученце? Мислам дека не сум. Епа имам, и наликува на претходното што ми го отру некој нечовек. Сега се привикнува на новата средина, многу е исплашено, мислам дека само со мене е поопуштено, барем за сега, бидејќи највеќе време одвојувам за да седам покрај него и постојано да го галам а тоа срамежливо врти поглед накај мене и ме гледа со очињата. :angel:
    Мислам дека вчера го прејадов :lol: . Свекрва ми му дала да јаде, после јас малку сланина му дадов а пред да си легнам му однесов млеко. Ама добар беше утрово кога излегов, стана на нозе за да ме испрати :lol: .
    Тоа ми е терапија за мојата очајна состојба.
    Кога дружам со него, моите проблеми особено во врска со работата, се канализираат во непознат правец, но со враќање на "обврските" повторно го пронаоѓаат патот до мене. Каква иронија.

    А во животот не можеме без љубов. Јас ја имам премногу, но тоа не ми смета, колку сака нека се прелева. Иронија во животот е што не ти дава можности да бидеш истовремено и заљубен, и среќен и материјално задоволен. Секогаш мора да фали барем едното од трите. Мене ми фали последното, за да го комплетирам второто и за да уживам во првото. 8)
     
    На bittersweet, Serafima, ilipili и 7 други им се допаѓа ова.
  20. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Незнам дали знаете-Гулабица ќе има концерт.
    Влез бесплатен.
    Излез 1000 ден
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.