Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Се приметува дека сум на боледување и дека неможам да се движам штом ги напнав темиве на форумов уште од 8 сабајле. Морам да признаам дека ми се одлична релаксација и ми го одвлекуваат мислењето од болките. Не ми замерувајте ако го отворите форумов и на секоја тема моето мислење е последно :lol: Веќе изнапишав се во категорија Лице, а тек е 11 саат, што ли ќе биде до вечер??? :lol:
    Добро утро и на вас, мило ми е што ужасно е времето денес затоа што и онака морав да го поминам закована на фотелјата покрај прозор. Убава е глетката сепак, Скопје се гледа кристално чисто, се спрема да врне, а претпоставувам и дека е ладно. Да го немав прозород и погледот е тогаш ќе беше депресивно, вака е убаво...
    Жена ако од ништо не направи нешто не е жена.
    Имајте убав ден и читајте ме :D
     
    На sweet-cherry, kravce, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ви викам јас одамна, скромна момичка сум, по се може да се види.
    Дури и очекувањата ми се скромни, нема повеќе. Се знае, во кал сум - таму сум, немој случајно да очекуваш дека некој ќе те награди за труд, маки, непроспиени ноќи. Среќа ме наградуваат, и тоа повторно скромно, зарем може од скромноста некој да избега. :lol:
    Скромноста била доблест. Јас ќе речам навика. За доблест што ако ја имаш, не очекуваш ништо. Да те пофали некој со епитет скромен, пак не значи ништо, тоа ти е само еден нафрлен збор во реченица.

    А да не кажам дека скромноста кај нас се поистоветува со сиромашност. Скромно си живеат тие, скромни си се (читај: фрижидерот од 30 дена, 20 им е празен).

    И? Скромна ли сум? :D Или до корените ми е, па ме префатило и мене. Фали и на децата да им ја пренесам скромноста, само да не живеат ко мајка им скромно, во земјава сиромашно.
     
    На kravce, bittersweet, Serafima и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Рози од лушпи од јаболка на маса. Кутија со мачкино јазиче колачиња и брзозборките на еден улав ветер во подем. Денес славиме 19 месеци Љубов. Се сеќавам на првиот состанок. Ти, облечен целиот во бело, со часовник што веднаш го забележав, како голфер аристократ. А јас, како Есмералда. Без козата. Шарен фустан, сини чевлички и син шешир. Деколте колку за флерт и милион очекувања.
    Јадевме сладолед во Џино. Колач и вино и чоколадо со луто пиперче беа вкусовите.
    Впрочем, како нашата Љубов. Секакви вкусови и расположенија, и најголемиот двигател е разбирањето, комуникацијата, страста која не’ одржува.
    Среќа.
    Утрово додека правев чај, ми поминаа милион мисли во главата. Но срцево знае едно. Со тебе сум, секогаш. Гушкањето и топлењето наутро, договорените средби после работа да мезиме некаде во Чаршија, пијачките поделени со поглед и твојот несмасен аплауз по повод моето читање во Менада, кришките јаболки во чашата и хартивчиња со пораки наутро значат многу.
    Дури и низ сево ова што го кажувам, прераскажувам, само сакам да ја извадам од себе сета среќа за да се растопи во реалноста и да помогне некому. Енергетски.
    Ветеров е откачен тотално. Ми нуди флерт со марамата. Треба да одам на интервју за еден весник по повод книгата. Да одам на состанок од работа. Да се видам со колешка од факс, треба да и читам на нејзината промоција. Денов ќе се развлече како симфонија од Бетовен.
    Храбро го држам светот што го градиме. Сите прашања добиваат логични одговори кога сме еден крај друг. И добивам сила за да станам подобра, и ако можам тоа да го дарам како светлост ако е некому потребна.
    Се радувам, што сме овде. Што и покрај сите лудости што секојдневно ми го кршат сонот што го сонувам, имам со кого да бидам Јас, без да биде тоа егоизирано и да забега.
    Сакав да ми биде денов раат. Како шолја чај со бротчиња лимон. Ќе го видам градов што има да понуди. Можеби утре ќе се гушкаме во друга земја, но со истиот жар.
    Да го доживеам тоа, ќе пишувам.
    Сигурни срца, само тие можат да го променат светот.
    Оние, пеплосаните, што не дозволуваат воскреснување - одамна изгубиле битка...

    Иако е четврток, звучи како да е недела, и Тивери Корпорејшн ми прават друштво додека везам. Тој отиде по нови стакла за наочарите и вечер ќе си се почастиме нешто непланско, како ветеров низ воздух.
    Го сакам, како воздух. Да. И бестелесно и секако.
    Чуда, ете приредува животов...
     
    На EmGreen, ines.h, L-enna и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    9.776
    Повелете +++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++ Јас сум ви + и во крв,и во срце и во дух. :rofl: Непресушен извор на позитив,затоа кој е жеден нека повели.П.С:да не се разбереме погрешно, негатив сум во заразни болести и такви други работи :lol:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Денес убав ден во школо.Другар со гитара,другарка пее,супер.
    Првпат вака весело да е,штета не се снимавме ...
    И така.Сега чекам и ново телефонче да ми стигне :wasntme:
    И само викам да не се расипе денов.
    Фала,пријатно. :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=M3OTNgtXtOI
     
    На kravce, Hipica и Katerinceee им се допаѓа ова.
  6. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Денешениот ден е се`што не би посакале многумина да биде.
    Мене ми е убаво. Чаша топло млеко во онаа искршена шолја што кај и да е ќе ја фрлам, пес во скут, лаптоп и една хармонична фамилијарна атмосфера во 12 напладне.

    Добро лажам, психофизички се спремам да одам на работа. :@
    А таму ќе ги соберам сите сингл дами што изминатиов период останаа сами. Дали ради времево, ради лошите и непродуктивни врски или фактот дека јас ги заебав и влегов пола година после нив во врска, не знам. Меѓутоа знам како е кога ќе се навикнеш и ќе го предадеш срцето некому, како и месеците од животот кој никогаш нема да дознаеш дали би се искористиле повеќе продуктивно ако не си бил тогаш и таму.

    Срцето е кутија за накит. Некои вешто си ја кријат бижутеријата во него. А некои небрусени дијаманти спасуваат животи. 8) *By Shelea Twitter
     
  7. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    RIP Clive Burr :(
     

    Прикачени фајлови:

    • clive_burr.jpg
      clive_burr.jpg
      Големина на фајлот:
      37 KB
      Прегледи:
      284
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    СД се доискажам :rofl:

    Сабајле од ниедно време ме разбуди гласчето на малиот.
    Да одам ли на лекар ми вика.
    Што сакаш прај викам, ти си знаеш, голем си. Ако си болен и нема никакво подобрување од вчера оди.

    Ама ти кажи што мислиш |(
    Божем мене ми се сони него како му е па ме праша.

    После ај јави се прашај дали може без термин. Оти нели настинката му го апнала јазикот, не може да збори.
    А викам ќе се јавам, дади број.
    Најдобро според него кај мојот матичен :^) . Божем локумчиња таму даваат или јас од мерак одам.

    Се јавив, прашав, рекоа нема проблем нека дојде, и му кажав да се спрема.
    И он вика таман додека се истушрам ти ќе се спремиш и после јас за минута готов сум :o .

    И така видов не видов, рака под рака и на лекар двајцата.
    Ние бевме единствени во пар таму што седеа. Па ај од време на време го погалував по главчето кога се жалеше дека го боли, резервен држач за паломи, советник за неговите категорични одбивања еден парацетамол да се напие |(

    Леле колку пати превртев очи за време на постов :rofl:
    Има да превртувам и додека не помине денот.

    Ај утре роденден му е, 29 машала и он.
    Нека ми е жив и здрав оти немам живци и болкиве негови да ги трпам.
     
    На eli25, kate21, kravce и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Многу е лошо кога сонувате некаков неразбирлив негативен сон и во исто време ви ѕвони телефонот стресно многу стресно се надевам нема така да ми заврши денов пупу :x
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Oh, I love practicing my imperfect British accent in front of the mirror.
    Love!
    London!
    :l:
     
    На kravce, Elennaa, Stoimenovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Цела зима не настинав, и баш сега кашлам и си кивам...[шмрк] |(
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Ми се бендиса статијата па решив да ја споделам. :)

    Неколку работи кои Бог можеби ќе ве праша...

    Бог нема да ве праша каков автомобил сте возеле.
    - Ќе ве праша колку луѓе, кои немале превоз, сте ги пренеле до нивната дестинација.

    Бог нема да ве праша за квадратурата на вашиот дом.
    - Ќе ве праша колку луѓе биле добредојдени во вашиот дом.

    Бог нема да ве праша каква облека сте имале во вашиот плакар.
    - Ќе ве праша на колкумина сте им дале облека да се стоплат.

    Бог нема да ве праша колку е била вашата најголема плата.
    - Ќе ве праша на што сте ги трошеле вашите пари.

    Бог нема да ве праша која е била вашата највисока позиција во работата.
    - Ќе ве праша дали вашата работа сте ја обавиле најдобро што сте можеле.

    Бог нема да ве праша колку пријатели сте имале.
    - Ќе ве праша каков пријател сте биле вие.

    Бог нема да ве праша во какво соседство сте живееле.
    - Ќе ве праша како сте се однесувале кон вашите соседи.

    Бог нема да ве праша за бојата на вашата кожа.
    - Ќе ве праша за содржината на вашето битие.

    Не е лошо да се размисли околу овие зборови, навистина е потребно ние самите да се запрашаме дали правилно го користиме сè она што ни го дава Бог на располагање? Фала му на Господ Бог што имаме уште време да се поправиме онаму каде неправилно сме постапиле.

    Преземено од lifeconnect.mk
     
    На Serafima, Marjan007 и cigarce им се допаѓа ова.
  13. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Им завидувам на оние кои се толку друштвени,отворени и немаат проблем со запознавање нови луѓе,па така за 5 мин. ги гледаш веќе си праат муабет.А јас,ма јас три саата треба да седам со некој,да се срамам за да на крај пуштам некој збор и започнеме асален муабет,а не од типот на еееј убаво времево надвор! Мхм,да...убаво е.
    Е не е убаво,дува ли дува јас слабичка мислам ќе ме однесе.
    Како и да е,отидов да гледам јас N.C.I.S,имајте убав ден вие :)
     
    На kravce и Serafima им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ги гледам луѓево што останаа така во животот.
    Недефинирани. :^)

    Со истиот дечко од прва средно, со истите другарки, истата фризура, со истиот начин на шминкање со три нијанси потемно пудро, како одат во истите кафичи и нарачуваат исто кафе. Животот не им се промени ни во нагорна ни во надолна линија откако наполнија 18 години, некои не ни отидоа на факултет, други отидоа оти дома им рекле дека мора, трети одат ама како да не одат. Најтрагично, останати се со паметот и мислите во средно.

    Дечкото е закон и ред, него му се принесува целодневен извештај, ма каков извештај, врзани се со папочна врска, со катанец, заварени се еден за друг. Живот настрана се нема... Излегувањата се строго во парови, веќе 6 години се нема испаднато како што секој млад човек треба да помине некој период на испаѓања. Запознавањето на нови луѓе е научна фантастика, кругот на пријатели е тој и нема потреба да се проширува, што има да запознаваат нови луѓе, доволни се они сами против светот. Животот на батката му е нареден, ќе најде некое работиче за осум илјадарки, три од нив ќе остави по кладилници, со другите пет ќе преживува до први по локалните кафани и биртии. Не го остава момата, она него го сака, она ќе му роди дечиња, ќе му прави мезе за ракиичката додека тонат во мизерија...

    Другарките се тие, муабетите се дека веќе е времето сите полека да се скрасуваат, им дошло времето за мажење, ајде, додека имале фора да бираат. После нив ќе ги бирале. Се зборува за пластични нокти, за кој кого изневерува, за евтини фарби за коса. Се зборува кој каде оди и не оди, односно, смее и не смее да оди. Како сите другарки веќе им се испомажиле, ете, годинава 10 свадби речиси поминале. И на секоја свадба, глава оставам, има кисели насмевки меѓу сватовите, невестата е светната во лицето од саклет, младоженецот не знае да се понаша како маж и цела свадба му е заебанција со другарите (нели, има 22 години само, шта више)... АМА они се сакаат.

    И после животот им продолжува, во типичен балкански стил. Каде што таа чисти, пере, пегла, готви, стои на раце, оди на некоја мизерна работичка по 12 саати, а тој оди по кладилници, (таму биле парите, хе, хе) јаде, прави нечисто и вегетира. И нивните родители, и тие самите, и нивните деца, и децата на нивните деца ќе прават така. Затоа што за друго не знаат. Можам слободно да констатирам дека и до некаде се среќни во нивните мали животчиња, без поголема амбиција, без желба сопругот да ти биде најдобар другар, без потреба да направиш нешто ново и да видиш нешто друго од тоа што претходно го знаеш.

    Се извадив од памет кога се замислив во нешто вакво. А ако сепак тоа внатрешното внатре не ми викаше дека не припаѓам таму, на тоа место, со тој човек, ако се предадев и ако речев, да, супер ми е, не сакам да одам по дискотеки и да излегувам кога сакам и да одам каде сакам, и јас немаше да бидам во некоја позавидна ситуација. Мило ми е сепак за искуството и поуката што сум ги добила, некои не добиваат ни поука ни искуство. На крајот на денот, секој го добива тоа што си го побарал.

    А јас му пекам на овој мојов дека ме игнорирал некогаш. Некогаш. :!: Боже, што ќе ми штукне на паметов. :geek:
     
    На sweet-cherry, orchid28, kate21 и 48 други им се допаѓа ова.
  15. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Сеуште сум нова а веќе ми забранија пристап во одредена тема поради то што одлучив да се нашалам.. wow :clap:
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Си ја закачив мартинката на првото процветано дрво што го видов годината. Една кајсија на патот од школо до дома. Си замислив и желба,како што е редот.Немам посебни желби за облека,матријални предмети,другарки,школо... се што сум сакала сум добила(во границите на нормалата). Ама во моментов имам една голема желба,и се што сакам е таа да ми се оствари. А ако се оствари,ќе бидам без конкуренција најсреќниот човек на планетава,и пошироко :D
     
  17. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Мореее овие митинзиве интересни ти биле :) Седиш во сендвичара или во некое кафуле и разговараш со другарките.. :lol:
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Што нема да прочитам веќе, зошто барем логички не ги поврзуваат работите, сега уште фали да прочитам дека Александар бил вонземјанин, а Обама кинез |( Човек се може да направи доколку сака, незначи дека ако во нешто успеал е од чиста среќа или има некаква врска со нешто натприродно :fubar: Затоа не читам нешто што нема логика.
    Слушам, читам што ми душа сака, така да што и да му се презентира на човек, негов избор дали ќе верува во истото или не.
    Ама ко се збори Ацка наш, тоа многу чувствителна тема и за кинезите :!: :geek: :D Да не испадне и сега дека е кинез, се бива во светов, на крај ќе кажат дека човекот има и моќ да лета |(
    А додека нашава држава се занимава со ова, полека истата си останува без луѓе.Ќе му се одмили на човек, па колку и да си ја сака сопствената држава.
     
    На ilipili, Someonespecial и Devojka20 им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.701
    Пол:
    Женски
    Никој не е ниту совршен, ниту безгрешен. ;)
    Некои ги бива за една област, некои за друга. :)
    Секогаш има подеми и падови и не може да бидеме еднакво добри во се, а на сите може да ни се случи кикс дури и во областа за која мислиме дека највеќе ни оди. :!:
    Треба сите да го сфатиме ова и да не се секираме за глупави и мали киксови. ;) :sun:

    [​IMG]
     
    На Serafima, Hipica, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Операцијата успешна! :wasntme:
    Сега две недели домче на топло во кревет. :)
     
    На sweet-cherry, Glossy-girl, kate21 и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.