Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Денес цел ден се убив од туфки правење, па сечење картпни, па мотање, цел ден со вница го поминав :lol:
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821

    Прикачени фајлови:

    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Кога раскинав со претходниот дечко, си ветив самата на себе дека нема да си дозволам врска да ми биде толку јавна како претходната. Но, кога ми ја свитка раката во неговата, ме бубна на образот и тргнавме заедно, баш ич не ми беше гајле кој ме гледа и кој ќе ме зборува утре! :dance:
    Вчера и денес скиснав со романтики. А фризурата ми беше најромантична-Канго бр.2! Нит се пегла, нит се фенира, па пробав да се виткам. Ако ми е. :fubar:

    Верувам во љубов. Не во вечна. Ами во вистинска и која трае до крајот на животот. Одамна ги немав видено мајка ми и татко ми да се држат за рака. Уште посреќна би била кога креветот би закрцкал троа посилно. Ама па и немора да слушнам јас. :wasntme:

    Можело да се биде среќен и на ова брливо време и да се чувствува комплетност и покрај толку голем недостиг. :sun:
     
    На Elichka, Moira, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  4. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Би ти се јавила јас..онака понекогаш....Да се увериме дека и двајцата сме добро.Ама не смеам , повеќе болка би ни нанело отколку што би не смирило.Вака молчиме и двајцата и се надеваме дека тој другиот е добро.таму некаде ...далеку
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    И така, си се возев јас денес со моите дедичко и бабичка.
    Се изнаслушав старински муабети цел пат. Ама толку поучни... :!:
    Колку се мудри постарите луѓе...од сега па натаму, кога ќе ми треба советче, право кај бабичка. Да ми сподели искуство :lol:

    И, многу ми се смешни кога се караат, онака за безвезални работи. Она, комично карање (познато ви е) .
    Како да бев на театар, комедија да гледав...а не како да се возев со 60-70 годишни луѓе.
    Па дискутираат за некои теми, мислиш во парламент се, го донесуваа законот за домашниот буџет во кола. Абе закон се.

    А, моментот за памтење беше кога баба ми се сврти назад и ми вели: Ти го знаеш Доктор Оз?
    - И велам Да,го знам.
    -А знаеш, зошто кога џвакаш мастика ти се подува стомакот?
    - И велам, кажи...не знам (а, не дека незнам, туку ај да не и кршам филм на жената)
    -Вика, па нели кога џвакаш и цело време ја отвораш устата и голташ воздух, затоа! Така рече Др.Оз на телевизија!
    :^)

    А, јас...неможам во мене да се приберам од смеа.
    Убава оваа емисијата. Ја гледаат (уствари ја слушаат) и сега ми изигруваат некои научници. Демек некои откритија пронашле... :lol:

    Интересни се стрчињава бе, секој ден ми е весел со нив.
    Ме смеат до солзи....
     
    На Elichka, Marjan007, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  6. pancake

    pancake Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    27
    По овие телевизите само турски серии, турски серии и ништо друго. Навечер нови епизоди, после на сабајле репризи, па оклу пладне пак репризи случајно некој да не пропуштил и пак нови епизоди и така секој ден. И таман ќе заврши серијата, опп пак наново демек на барање на гледачите, незнам само кој се тие луѓе пак што ќе ја гледаат истата серија... :x
     
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    кога нервата ке влезе :devil: ууух тука си е таа :^)
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Арно велат старите - колку помалку знаеш, толку си посреќен.
    Посакував и јас.
    Да бидам не посреќна, ами послободна. Во мислите.
    Да не ситничарам и да не си правам стресови - најчесто непотребни - од типот „што би било кога би било“ или „ама“ ...
    Во последно време тоа проклето АМА почна да ме излудува.
    И не ми е јасно како луѓево остануваат присебни и весели покрај целава оваа глупоштарија !?
    Како да воопшто не се секираат за ништо, како сè да им е пуно-рамно и како да им тече мед и млеко низ животецот !?
    Не ми е јасна смиреноста, ја мразам зашто ситуацииве се сè освен смирени.
    Не знам како да не се потресувам од тоа што може да ми донесе некое „утре“ и аналогно на тоа нели, да си се стремам кон успеси за тоа некое си „утре“ да не ме изненади непријатно и да имам поткрепа во секој момент, да вложувам во себе си за некое подобро утре, да имам ќар во животов и од уката и струката.
    Затоа што, од муабетите „има време, лесно е“ не се живее.
    Или „тебе работното место ти е и онака загарантирано, што ја тупиш толку“, „сакаш висок просек? Ќе те вработат твоите и без него, зошто си ја замараш главата со глупости, уживај си додека можеш, после во брак нема да имаш можност за ништо лелеее, па и ти па“...
    Сè им изгледа така лесно од страна, си мислат дека ... дури и некогаш навистина не знам што си мислат, дека мајка ми пронашла Аладинова ламба, ја протрила, си посакала три желби и добила диплома, работно место, канцеларија !? :?:
    Трнлив е патот до успехот, па и до сè, до секоја замислена цел, а неретко и крвав.
    Ама, никој не знае и не му е веродостојно додека сам не помине низ него и не се увери.
    А мене ми крварат ушите од ваквите муабети, се прашувам дали некогаш ќе оглувам и конечно ќе ги игнорирам.
    Не сакам да зависам од никого и убаво ми е вака, ама се прашувам - до кога вака ? Кога ли ќе почнам да бидам слепа и глува за туѓите простотилуци и безосетни муабети ?
    Не сакам да бидам ваква, зашто немам веќе место во главава за да ги складирам гадосиите.
    А ги има толку проклето многу. И не можам да ги игнорирам, се трудам ама не можам - не сум толку широка душа за да ми успее. :sweat:

    Продавам тесна душа, за една многу поширока во која нема ни да се приметуваат зафатнините распоредени во неа, а за проблеми од било кој тип ќе работи системот cut -> paste во депонија.
    Да можеа мислите да се исечат ко коса и да станат цвеќиња - би се шишала кец уште денеска.
    Ма што зборам, уште сега и веднаш!
    [​IMG]
     
    На AnaKarenina, Moira, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Прееска станувам од попладневно спиење, цела успана. Си седнав на креветот, со наведната глава, се мислев дали уште да спијам. И почнав да трљам очи, дали убаво гледам, или ми се причинува. Една црна, друга розева чорапа. [​IMG] Затоа цел ден сестра ми ми се смее под брк. :D А што е најинтересно, прееска имавме едни комшии, а јас со распар чорапи. [​IMG] И после цел ден, дури прееска сфатив дека ми се распар. Ma нема врска. Соске нервоза? Дикле романтика. :D
     
    На ana-girl, kravce, ilipili и 5 други им се допаѓа ова.
  10. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    И после сите подеми и падови и сите срања оваа година,мене баклава ме препороди!
    Ајт.
    :*
     
    На ines.h, kravce, ilipili и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Колку мразам кога ќе си ја испеглам убаво косата и баш тогаш ко за баксуз ќе се убие од врнење, ќе ми се напраи жива вода и ќе ми се извитка!!
    hate itttttttt! |(
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Гледаш пред себе прекрасен поглед. Море, сино небо, сонце кое се огледува во бистрата вода, човек кој пие од таа чистота, птици слетуваат на мали островчиња, наоѓаат храна, живеат.

    Во неа мислиш дека се’ е иделано како и горе. Школки со прекрасни бисери ја украсуваат нејзината длабочина, растенија кои човечко око не ги видело, прекрасни разнобојни риби кои ги украсуваат тој зелен морски тепих. Звук на жубор, игра на делфин, радост на мајката кит со своето новородено младенче, милување, љубов...

    А внатре кој се нурнал да види што навистина има во таа вода?!
    Никој!
    Длабочина, црна темнина.
    Ајкули ја распаруваат нејзината утроба. Ја брануваат таа бистра вода, ги ловат и немилосрдно ги убиваат убавите риби. Ја обојуваат во крв, ја заматуваат. Ги гледаш како сите се разбегуваат, се кријат во карпите, треперат. Се дише од страв, мисли дека живее, а умира.
    Понекогаш и таа вода знае да ги победи нив, но навистина тешка е таа борба. Сончев зрак пробива дури до длабочината, а таа тогаш добива сила, ги фаќа со своите бранови, ги фрла во острите ивици на тие карпи, а тие паѓаат и за миг заминуваат.
    Само тогаш владее хармонија. Се’ што живее во неа се радува, пее. Тогаш излегуваат сите. Но, тоа кратко трае.
    Зашто се’ знае, дека тие црвени очи гледаат сокриени зад некоја пукнатина и го очекуваат својот плен.

    Ете тоа сум ви јас. Од точка до точка.
    Онаа која мами со својата надворешност, а внатрешноста и е една празна бездна.
    Тоа сум јас, која ни еден добар збор не заслужува да и се каже, зашто секој еден ми е меч кој ми го прободува срцето.
    А тогаш се прашувам:
    - Зошто? Со што сум го заслужила ова, кога паѓам како и секој, кога знам дека го немам тоа во себе?
    Ве молам премолчете, вистински не заслужувам. Има други личности кои тоа многу повеќе од мене го заслужуваат. Нивниот живот и дела го покажуваат тоа.

    Простете!
    Простете што не го заслужувам ни вашето скапоцено време да се спомене моето име :rain:...
     
    На Elichka, karenin, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Периодов се мислам дали ВООПШТО да одам на матура.
    Со какви дебили учам во клас тоа е страшна работа, едвај во школо ги трпам па уште матура со нив да славам. Не само тоа туку искрено некако многу безвезни трошоци ми се. Славење во кафана со тетки и вујни што не си ги видел 5 години, па фустан и штикли што веќе никогаш нема да ги облечам, пари за фризира и шминка, па за таму пак давање пари...
    Сите тие пари што би ги потрошила за таа една ноќ, татко ми на рака да ми ги најде одма знам за што ќе ги искористам: некој добар апарат каков што сакам или пак да прошетам малце надвор од балканов, да шетнам летово негде поасално.
    Брат ми исто така не беше на матура, парите од матурата си ги искористи летото со девојка му на убав долг одмор и не се кае за тоа што не отишол во Палас да гледа накитени тетки :!:
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    СДК дека дефинитивно го имам најдобриот дечко на свет!!! :angel:
    Тоа што тој го прави за мене никогаш нема да го заборавам :)
     
    На Mrs.Cuper, anuskaNESTLE, Moira и 5 други им се допаѓа ова.
  15. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Денес научив колку е тоа страшно што бараме љубов во другите, а нашата љубов, онаа која вирее во најдлабоката бездна во нас самите ја потиснуваме, ја претвараме во лутина и гнев.

    Веќе нема да очекувам од никого љубов.
    Всушност воопшто нема да очекувам ништо.

    Зошто е погрешно да се плаче во јавност? Да се потиснуваат емоциите? Да се заробуваат чувствата во срцето? Да се лажираат насмевки?
    Зошто е туѓото мислење толку битно?
    Зошто се оттуѓивме од себеси за да не излеземе од рамките на шаблоните зацртани од контролирачкото, бедно опшество кое постојано осудува?
    Зошто ги ставаме туѓите потреби и желби пред нашите?
    Зошто онаа среќа која притоа направила некој друг во нашиот живот несреќен, е нецелосна?

    Зарем погрешно е да се грижиме за себе?
    Доколку грижата за себе не прави себичи, а невнимателноста кон себе води кон долготрајни последици како што е на пример депресијата, каков избор имаме?

    Заробени од опшеството и сопствениот его ум или слободни од сечии канџи, независни од нечие мислење?

    Го бирам второво.
    Не се стремам повеќе кон совршенство.
    Верувам доколку останам доследна на погорнава реченица ќе бидам поблиску до совршенството отколку било кога при било кој мој залуден обид.

    Ослободете го срцето од гнев, потиснете ги очекувањата и подарувајте љубов!
    Вдомете животно на пример, или упатете искрена насмевка кон некое нерасположено лице.

    Happiness is guaranteed. :)
     
    На L-enna, Moira, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Се враќа оној душевен немир во мене. Обично навечер доаѓа.
    Сета убавина ми ја топи, ја распрскува по душава. Ми ја сотрува.
    Кој е тој?
    Знам дека е маж, дека е љубовник. Моќ. Ама љубов? Можеби повеќе почит.
    Незнам дали е траума, болка. Можеби среќа?
    Ништо незнам.
    Дали е имагинација? Или болно сеќавање. Зашто оставило толкава трага, да по толку време се навраќа, ми се враќа?
    Прашања, прашања, никаде одговор.. Никаде го нема. Го барам во сите повторно, ама него го нема, како што ме нема ни мене. Прав.
     
    На julie77, Moira, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    80% од денот у процмиздруење го поминав значи...

    не грижете се, тоа се само моите збеснати хормони...ќе мине...до вчера се` ми беше смешно,вчера и денес све ми е тужно...и така, тешко е да си жена. Лека ноќ. :*

    .....

    Леле што сум дознала. :D И двете девојки на кои мојот бивши им се удвараше, сега се зафатени. :lol: Тој раскина веридба и се`уште е сам ко пес. :D :D :D Теси колне со мисли, не мора да рече ништо. Покасно се фаќа можда, ама перманентно. Скопски ерген еден... :lol:
    Пред еден саат плачев сеа се смеам...ај теси легни си...збесна више.
     
  18. Shoshanna1

    Shoshanna1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    47
    Ти драга моја, како другарка на почетокот се покажа супер. После, малку се подзаборавивме. Е, дури тогаш си го покажа правото лице и еве сега ти посака да се дружиме пак. А јас како добра другарка ќе ти дадам уште една шанса, затоа што (шшшшшт) ми недостигаат времињата кога бевме блиски и кога знаевме да си направиме муабет убаво и пошто нели јас сум злато. Ќе замижам и ајде сега пак да си другаруваме!
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Не .не не требаше денов да го завршам со парче торта.Значи никако не требаше :tmi: али не е до мене не,не не сум јас крива :).

    Нека , па и не било така лошо да си го завршип денот и да се наградиш со едно такво превкусно парче торта :P .
    Мислам дека ќе го правам ова почесто,ќе се кријам во кујна и скришно во еден здив ќе си се заблажам пред спиење.Од понеделник на диета :),кој ли понеделник ќе биде :tmi:.

    Во соба малку си го отворив прозорецот,сакам да слушам кога врне а јас под ќебето потонувам во ноќта.
    Би сакала деновите да ми поминуваат како овој - без проблеми ,а вечерите да ми бидат мирни и тивки и немора секоја али барем два пати во неделата да си се заблажам со по едно парче торта пред спиење.

    Добра ноќ,добар сон ... |-) |-) |-)
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    :clap:
     
    На julie77, midnight.flower и Offspring им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.