Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Марфи: сите оние денови додека се токмиш да му пишеш на симпатијата тој е онлајн нон-стоп. Откако ќе се решиш да му пишеш, да започнете муабет, и да договорите кафе, тајмингот едноставно не ти работи |(
     
    На butterfly33, kravce, Sephora и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ете мее :hai: :) ,деновиве раштракана наваму натаму,полека ме совладува уморот но сепак за убаво е. Утре одам кај либето :inlove: :D ,да почнам да се привикнувам малку по малку :wasntme:.Уште малото да биде целосно добро и се ќе биде во ред,душиче мало борче е то,ќе успеј јас верувам дека ќе биде се во ред.
    Чуден е животецов,кој знае што ни спрема на секој од нас,а ние можеме само да живееме и да се потрудиме да си го направиме што подобар за нас и нашите блиски.

    Денеска се видов со блиска личност која што по 7 месеци се врати од на брод ,се изгушкавме,срцето ми се наполна кога ја видов :inlove:,но за два месеци бега пак :( .Ако,само нека е задоволна таа и исполнета, а другото не е важно и нека шета за мене кога веќе јас не можам да го посетам тој дел,можеби некогаш ако ми падни на лото :D . Ама низ нејзините раскажувања исто ко да сум била.Само се надевам дека ќе биде тука за свадбата,а ако не биди не прам без неа :D.
    Туку кажуваше дека во некои места имало многу сиромашни луѓе кои што во ресторани работеле само за да се прехранат и од таму земале скришум храна за своите деца,млади девојки го продавале своето тело за мизерни пари.Слушајќи ја не ми се веруваше до каде отишол светот,но што ме чуди денеска за пари човек може и да си ја убие сопствената мајка. За жал навистина парите го вртат светот.Не е се во нив,тие не ни купуваат здравје, пријатели,љубов,мир во душата,а тие се работи кои што барем мене ме исполнуваат.Можам да преживеам ако не купам денеска јогурт,ако месецов не купам некое парче облека,но не можам без погоре набројаните работи така да јас секогаш го бирам духовното пред материјалното бидејќи ако го немам тоа јас нема да сум јас.
    Се изнаприкажав јас,нема да ме има неколку дена од оправдани причина ама сепак ќе ве мислам. Имајте убави денови :) .
     
    На Lepaaa, tweety26, Monna.Monna и 19 други им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Последниве денови си влегов во некоја рутина, куча-посао-плажа :lol:
    Да се искористат до максимум последните топли денови, од денес веќе заладува, есен стиже дуњо моја :D

    Си поминавме со малиот прекрасно кај другарка ми, малиот ми е скитниче, издржа без проблем 10 и кусур саата возење без многу кенкање, изгледа е во период кога се му е интересно.
    Со другарка ми си ги наполнивме батериите со љубов до следното видување кое е веќе закажано за 3 месеци :*

    Сабајле бев на преглед, нема среќа свекрва ми :lol:

    It`s a boy !!!!!!!!!

    И јас сакав женско ама нека е здраво и живо има време и за трето :lol:
     
    На Hipster, tinkerbelll, Elennaa и 63 други им се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Најлошо е кога некој ќе ти ја најде слабата точка и упорно таму ќе те боцка. И ќе те боли, ќе те пече...
     
    На Stoimenovska, Barbie20, prettyliar и 3 други им се допаѓа ова.
  5. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Време е да ги стрижам моите долги коси !
    Си ги растев 4 години.задоволна од исходот.должината.квалитетот.
    Горда сум.многу би сакале да ја имаат.
    и на некој начин чуствував дека барем малце се издвојувам од толпата
    Ама доста е... секоја промена е добредојдена.
    секоја промена е ново освежување.
    Нели викаат она што расти не го жалај.
    Ама знам дека ќе го жалам.ок.нема да си дозволам некоја драстична промена.
    нема да дозволам да ме ошутат.
    не одам под НОЖ одам под НОЖИЦА :P
    околу мене книги.тефтери.наливи.листови.давам впечаток на тешка бубалица.
    Отсекогаш им се восхитував на таквите.кои знаат континуирано да си ја учат наставата.
    како и јас не бев една таква.
    Ајде има време.можеби на факултет.ќе се роди тој афинитет.
    Луѓенца убаво да спиате.а јас ќе си ја искористам ноќта како на пример за учење :*
     

    Прикачени фајлови:

    • kose.jpg
      kose.jpg
      Големина на фајлот:
      21,8 KB
      Прегледи:
      466
    На butterfly33 и 1209 им се допаѓа ова.
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Како брзо дојде бре бре..
    Прво си планирав да правам барбикју роденденска забава, скара, јадење, пиење, муабет, па да ни се стемни.. нешто што не сум го правела никогаш.. и ете :devil: :devil: мораше времево да биде за никаде

    како и да е, пак ке си излезам и ке си се журкам :D

    еве и вас да ве почастам феминки :)
     

    Прикачени фајлови:

    На butterfly33, kate21, Srekicka и 4 други им се допаѓа ова.
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ептен ми се допаѓа кожата на дечко ми. Посебно кога го бацувам на очните капаци. :*
    Зимоска си посакав нешто. Не успеав да го добијам. Сеуште не сум стигнала до пост во Италија или Франција или Англија. А сакам! Со душа си ја очекувам таа прилика.

    Абе зашто луѓето се толку невоспитани и брзо возат по вакво време?! Се прскаат наоколу.
    И што прочитав, за викенд паркингот во центар ќе биде 10 денари. Ајде да го видиме и тоа. И зашто бе за викенд?! Зашто не секој ден.
     
    На pamelche, mims-89, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  8. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    СДК... Никогаш не ја потценувајте моќта на глупавите луѓе собрани во големи групи! :puke:
     
    На hrcace и Hipica им се допаѓа ова.
  9. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Ретко се случува ама така ми дојде дека треба да си се опуштам со некоја јакичка и квалитетна , може има месец како не сум :D
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како некои старци немаат ни грам срам-ужасно
    да им се залепиш на две девојки што дошле да разговараат на Англиски а ти ги каниш после на изложба и дури меил сакаш да размениш со нив,ф.б. бил премногу опасен |( :lol: ама едната ја препозна намерата и те откачи :D тоа бев јас :!:
    само не ми е јасно другата девојка како не свати на типов која му е целта-изгледа дека никогаш не налетала на фосил до сега ама за се има прв пат :!:
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Не би да копирам, да не испадне лицемерно, бидејќи на филм си го видов :angel: a e религиски стих. Хуманоста, онаа вистинска хуманост, секогаш е анонимна. Ако си хуман, не работиш за себе, туку за другиот, па сите средства на своја промоција се непотребни. Да си вистински хуман се подразбира да бидеш задоволен од тоа другиот да биде среќен, повеќе од тоа ти да бидеш среќен зошто си помогнал. На правиот добродетел не му треба јавно признавање и возвишување за сторените добрини. Ниту тапшање по рамо -браво. А сепак, анонимна или јавна, сите уживаме во чувството да направиш некој друг среќен, да си одговорен за туѓата среќа. Дали хуманоста е себична тогаш? Интересно нешто
    Доста филозофирав м? А да си посвоите сите по едно куче :angel: Секој ден се’ повеќе бездомни кучиња на улиците. Се грижат за едно, ама на едното кученцата му ги фрлаат. Ако не сакате кучето да ви раѓа, има опции за заштита од тоа. Се фрустрирам, а сите имаат милни фаци, седат покрај патот и им се чита од очи дека сакаат дом. Не е фер, стварно не е фер. Па немам каде да ги ставам :( моево куче не сака други кучиња :( вдомете ги бре луѓе. Не само за нив, туку и за безбедноста на местата каде се собираат.
    А јас...дигам слушалката од факсот и велам -Хелоу, јес дис ис дог :wasntme: Глава лево десно, никој не ме виде :D
    [​IMG]
    pms alert btw, stay away :D

    И заборавив да кажам, времево стварно не е фер, секоја година кога ќе расцветаат кајсиите и бадемот паѓа снег :| во соба ќе ги ставам дрвјава за да си кснеме бар еднаш од саденото :?:
     
    На ludoto19, Lilit, bittersweet и 24 други им се допаѓа ова.
  12. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    супер ми е...

    значи кога немаш дечко, телефонот не ти звони...
    секогаш имаш батерија( кога ќе ти се јави мајка ти--да те праша кај си...ама кај си точно)
    другарките што до вчера ти зврцкаа за се и сешто, и ве канеа на секакви глупости....нигде ги нема...
    дури страв ми е, земја се отвара, слушам....да не пропаднале негде...

    исто супер ми е, зашто најдобрата ми другарка, кај стигне кажува дека сум ја откажала свадбата...така да нема потреба да им раскажувам на лугето...веќе слушнале...

    убаво е и кога сите роднини ти се јавуваат...дури и од иноземство....да видат како преживуваш :D ...некои загрижени, некои онака за да си раскажуваат мегусебе....некои од злоба...а мене едно незгодно...стварно сум ок (најголем дел од времето)..а они би да поплачам..или нешто слично...ги разочарувам...

    супер е да си јас....стално нешто ми се дешава..
    п.с. вчера јадев лахмаџун, и пиев јени ракија=ко у турска серија, само што не ми е потребна, јас мојата ја живеам :D
     
    На Springy, Trnche, HollyWoodGirl и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Дечки, чисто информативно, знам дека меѓу вас има многу креативци, па еве ако некој е заинтересиран:

    http://www.gifest.com/

    Се знам со една од девојките организатор, па би сакале македонско учество :) Еве поконкретно:

    trebala bi mi mala pomoc od vas, naime organizujemo tu u Subotici jedan festivalcic GIFEST- festival gifova...
    e, sad, posto ne zelimo da bude lokalnog karaktera, nego zelimo gifove iz regiona i sire, zamolila bih vas da prosirite vest u lepoj Makedoniji ili da mi date kontakte nekih makedonskih kulturnih centara, casopisa, organizacija kojima bi ovo moglo biti zanimljivo....
    a naravno ocekujem da i vi napravite neki svoj gif i posaljete nam :)

    Сите заинтересирани се добредојдени ;)
     
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Порано дечкото требаше да го кријаш од мајка ТИ...а денес од другарките !!! ;)
     
    На Name, butterfly33, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  15. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Колку убаво се чувствувам, толку исполнето...
    Колку било убаво чувството да го оствариш она што си го зацртал или си го планирал, поубаво чувство немам почувствувано од чувството на триумф, чувството кога толку си се трудел за да се оствари и навистина, конечно се остварува.Да дојде до знаење дека си способна нешто да сториш со животот и иднината која ТИ ја сакаш и остваруваш.. :clap:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Сакам да кажам дека после дождот доаѓа сонце! Секогаш кога ќе се посомневам во тоа, ми се остварува. :rain: :sun: И дождот прави многу повеќе да го цениш сонцето. Дали вистински се работи за вакво време како што е сега надвор, па кога ќе светне сонце ќе промрдаме сите ко црвчиња од под лист, или пак за зезнати ситуации кои не гонат, и ќе се расветлат некои работи. Кога помислив дека скоро сите бродови ми потонаа, вчера еден исплови, и тоа со едно едро до недоглед. Со полна пареа само напред! Една од најважните работи кои ќе стават печат на мојот живот, и секако кои ќе ми овозможат мирен брак. Дури не ми се верува, цел ден му се заблагодарувам на Господ за тој дар, и без разлика дали е за минат труд или пак за нешто што тек ќе треба да го враќам не е важно. Работата мрдна од мртва точка. Знам дека мојата најголема желба зависи од тоа, зависи од мојот мир. Фала ти Боже, повеќе немам што да барам! :angel:
     
    На Springy, kate21, butterfly33 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Сакам само да кажам дека денес сум многу среќна. Ми значат ваквите мали моменти во животот. Само еден мал гест може да направи да се почувствуваш убаво и сакано. Само еден мал гест може да ти го разубави денот. Не знам зошто ние бараме нешто големо, кога среќата од малите нешта е поинтензивна и позначајна.

    Денес добив едно прекрасно изненадување. Иако роденден ми е во недела, другарките решија да ме изненадат денес. Решија да ми го направат овој ден специјален. Ми донесоа една прекрасна торта во школо, направена само од нив и буквално ме запрепастија. Останав со подотворена уста додека сфатив што се случува. Ми потекоа солзи од очите и ги гушнав силно, силно, најсилно! Сфатив дека во животот е важно да имаш пријатели, некои на кои ќе им значи твојата насмевка и ќе се потрудат да ја изнудат од тебе.

    Одам, се смеам и плачам во исто време. Солзи радосници. Навистина не го очекував ова. Порекнувам се што кажав за пријателството и за животот. Овие девојки вредат и благословена сум што ги имам.

    Јас сум многу среќна и искрено посакувам да ја поделам среќата со вас. Бидете ми среќни и весели секогаш и запомнете, малите моменти се оние што се бројат.

    Животот е убав :l: :f:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2713.JPG
      IMG_2713.JPG
      Големина на фајлот:
      344,5 KB
      Прегледи:
      347
    На Someonespecial, kate21, mims-89 и 22 други им се допаѓа ова.
  18. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    i'm so tired from being here
     
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Работниов ден никако да помине :worried: Имам чувство како 13 часа да сум на работа, толку бавно поминува времето...

    Туку, ми фали тој. Ужасно многу. Не сум го видела 4 дена, а како да биле 4 недели. Едвај чекам да го гушнам вечер, едвај чекам да ми го фати главчето и да ми ја бубне косичката :* Сладок ми е кога го прави тоа :) Викендов му се посветувам нему, телесно и психички. Ќе го поминеме во кревет, со филмови, пица и многу прегратки, бакнежи и страсти. Ќе исклучам телефони, лаптопи, ма се`! Добро де, може еднаш ќе се вклучам на Фемина :D , ама ништо повеќе! Ќе го љубам и ќе ме љуби.

    Друго што сакав да кажам е дека денес малку (повеќе) ескивирав од работа. Требаше да завршам нешто службено во град, па патем си се прошетав низ сите продавници, си купив едни слатки кондурки и две блузички и си ги скрив во колата, зошто ако ги однесев на работа ќе ме дознаеја што сум правела низ град :rofl: Е, колкава предност е да си имаш кола. Јас се` си кријам во неа. Секогаш имам некое чоколатце за кризни денови. Имам и други тракатанци, а еве првпат јавно ќе признаам и дека имам цела торба со облека, меѓу која и пижами :D за кога ќе ме мрзи некогаш навечер да се враќам дома, да можам да си останам кај либето на спиење :$ И едни патичиња си чувам, не се знае кога може да притребаат :D

    Чудничка сум, знам, ама сакам секогаш да сум си спремна на се`, ништо да не може да ме изненади :D

    Имајте убава вечер и љубете се :)
     
    На Springy, mims-89, teddybear и 14 други им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Не е љубов ако некој е со нас поради нашите доблести. Љубов е кога со цело срце и душа останува покрај нас и покрај нашите мани и грешки.
     
    На kate21, Hipica, marama и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.