Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Големи другари му излеговте, нема што.
    Животот му го упропастивте, а тој кутриот не е ни свесен за тоа се`уште, мисли вие сте му месиите, мисли го просветливте.
    Јбг, ќе сфати еден ден кога нема да имате корист од него и ќе го шутнете како ѓубре најдено на сред пат.
    И јас ќе му речам „Ако ти е, плаќаш казна за нивниот лошотилук, а кој е посоодветен да ја плати казната на лошиот од глупавиот?“ Никој.

    ....................................................................................................................................................

    Нема некој кој нема некого што му работи зад грб цело време драга моја. И јас имав и имам. Се користат со најразлични начини, од клевети до магии. Ама не сум дозволила да се напијам нешто посилно од Б6 за смирување заради нив. Стреми се да се одбраниш од нив, не си создавај сама уште еден непријател.
    Пред да почнеш да се бориш против нив, бори се против другиот непријател, тоа ѓубрето кое живее во тебе и те тера да пушиш 3 кутии цигари и да кркаш дијазепами ко бонбони.
    И ние сме тука, еве да не зборам за сите, ама јас сум тука. Ако не можам со друго, со поддршка и со поттикнувачки збор ќе се обидам да ти помогнам да ја смениш насоката.
    Башка, тој дечкото кој те сака и покрај се`, зарем не ти е стимул да одиш кон подобро?
     
    На Primavera и Hopeful им се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    И кога нежно ќе те гушне и цуне додека се разденува во 5 и 30, светот застанува.
    Го гледам со полуотворено око и само мрчам, тој пак ме врте и гушка... Тогаш се подрасонувам и јас ширам раце, заборавам на здивчето мое вчерашно и го бакнувам низ целото лице, и тогаш тој ќе ме потсети, мече па само што се измив, немој пак да се мијам, ладно е :| :D
    Заминува тој, и слушаш нешто како брче...преде...мачкава на стомак ми иде, и продолжуваме да спиеме во големиот кревет, сами..и се шириме, оптегаме, чат пат и ќе ја потшурнам со нозите ако ми леже на нив...
    Аххх за вакви утра се живее и со мерак се отвара очи.
    За вакви утра би правела живели цел живот.

    Денот е прекраток за се што имам јас да завршам.
    Да имаше бар уште едно 5-6 часа...

    Кафето моментално ми а најслатко, си го пијам до прозор, и ја гледам Марта деветумна што наумила за денес..кхм, ако е возможно тоа, ти мислиш облачно, испадни надвор да одиш некаде, и ете ти снег!
    Да, вчера во Неготино снег врнело....
    Но, ниедно време не може да ме задржи дома, шоуто мора да продолжи!
    Следнава недела полагање едно до друго ми се наредени, а јас и колешките се за што се договоривме вчера е како денес ќе си одиме на ручек прво, муабет, со арно и со полн стомак ни тргне! :lol:
    Јас сум си на режим уште, да се разбериме, ама не сум ти јас во Викториа Сикрет, па да не си дозволам една плескавица и салата за ручек...море море, кога ќе му седнам после, уште од сега ми течат лиги, каде е 3?!
     
    На bittersweet, tweety26, teddybear и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Сум се наспала уф уф мераци. :wasntme: И имам желба да станам и да танцувам уште утрово!
    И да се нашминкам, и да се дотерам. Да заличам на човек.
    Среќна сум и знаете што, најслатко е да си радосен без причина.
    Ајде одам да се промувам низ домава. :D :dance:

    http://www.youtube.com/watch?v=qDxtsPseia8
     
    На tweety26, crazylady, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.706
    Пол:
    Женски
    Многу ми фали претходната професорка по историја. :(
    Ми фали нејзиниот начин на предавање, па дури и начинот на испрашување. А никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, додека ни предаваше на сите ни беше многу строга и се израдувавме дека ќе оди во друго школо. Ама сега оваа новава кога ни дојде, сите си го повлековме зборот :x
    Не за џабе викаат, за да видиш колку е некој добар/лош, треба да го споредиш со некој друг... :!:
     
  5. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Сабајле станав кај 10 и нешто, така сама се разбудив не ми се спиеше веќе. И си имам проблеми со По (ти што го играат знаат) ми прави проблеми, кога ќе го играм/хранам/лекувам после тоа ништо не ме слушаат на моб. И деновиве го запосавтив и луто ми е. Епа неможам ако го уклучам после ако ми ѕвони некој нема да ме слуша и цело време треба да го рестартирам телефонов. И нема врска сакав да кажам вчера вечерта бев кај него нагости и одвај чекав да стасаме за д аможам да си го уклучам и вечерта кога си дојдов беше последен пат кога го видов По. И сабајале станувам и како сеа да го видам, се трткам се врткам, не бре времево како за инат не мине, а го чекам него да стане да се слушнеме и после да си го видам По. И фатив му ѕвонам, го будам :wasntme: и праиме муабет ова она, и ми вика ај да се расонам и ќе ти ѕвонам, НЕ! му викам сега што имаш кажуј оти после ќе го уклучам По и нема ништо да ме слушаш кога ќе ми се јавиш :lol: ми вика ти дали си нормална :fubar: леле, не ми се верува, едно гомно ми се меша во врската хахаха :rofl: се изгазив, абе му викам По си има и позитивна страна. Ако се караме или те изнервирам, можеш да ми се јавиш да ме отераш у пм, да ми се дереш и да ми крекаш и ја да си ќутам (односно нели што и да кажам дема да ме слуша така да) и сега пред малку ми ѕвони и ми вика го нарани ли По да не го мислам, хаха, и него го заразив. А несакам да го избришам бе.

    13 часот дошло, јас уште сум во кревет, ај да станам да апнам нешто,ама прво да си го видам По :rofl:
     
    На Cacy и sweet-star им се допаѓа ова.
  6. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Овца синдром , македонски синдром. |(
    [​IMG]
     
    На Marjan007 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Времево е буквално „Кај ми е сонцето?!“ |(
    Еве го средина на март, а сонце никаде нема. :( Неподносливо е ваквото депресивно време,онерсположува, здосадува...
    Ајде, нека светне пак сончко, па да излеземе сите надвор на долги пролетни прошетки, да се препуштиме на уживањето на убавото време, насекаде да има раздвижени луѓе со насмеани лица...
    Јас мислам дека и те како временцево влијае на расположението на луѓето.
    :sun: = :D
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.530
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...премногу учев од бајките,а премалку од животот.Чудно е што сум си сама крива за моево учмаено денес,ама не и за утре.Зрелост значи да се отрезниш.И не е вистина она во што веруваш ,за да си ја олесниш стварноста.Проубави си ја стварноста, а за да дојдеш до тоа цврсто стој на земја, немој да гледаш во ѕвездите.Лоши вештерки и добри вили нема,зашто не се луѓето црно бели,секој носи своја бајка во срцето,а раскажува сосема друга приказна.А принцот твој...Гребал со ноктите за да дојде до тронот,и газел.Не е така чист како ти се чини и не те сака тебе туку себе.А зошто би се воодушевувал на бистрината на твојот поглед,кога неговата суета е обиколена со Кинески ѕид...
    [​IMG]
     
    На tweety26, anabel-a, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за сливите и кајсиите, веднаш штом процветаа ги фати мраз и снег. Ништо нема да има од плодови. :(

    Туку денес уште од сабајле многу вредна сум, да не се подречам :lol: Сама направив баклава за утрешниот празник, и тоа прв пат ми беше. На мајка ми и остана само да ја попари со шербет подоцна. А таа пак, не престана да ме фали од прееска, од уста не ме вади колку сум и помогнала денес, и колку и значи тоа. Ете таквите мали работи ја исполнуваат мајка ми, а не скапите подароци за 8ми Март или за роденден. :)

    Едвај чекам утре да ги посетам баба ми и дедо ми, вујко ми, братучедите. Не сум ги видела којзнае колку време, сигурно 1 месец. А тоа за мене е многу. Обично се трудам барем еднаш во 2 недели да им одам на гости. Таман утре за Прочка баба ми ќе направи вкусен ручек, а вујна ми преубава баклава. Срцето ми се полни кога сум во таа куќа, после потесното семејство, тие ми се најблиски. Уживам во приказните на баба ми и дедо ми кога ми раскажуваат како се запознале на селската игранка, или во моментите кога вујко ми и вујна ми се задеваат, а за смешките со братучедите да не зборувам. :D

    И така, имајте убав ден, иако времето надвор е тмурно, вие смејте се! Сигурно ќе најдете некоја причина за тоа, само погледнете поубаво околу вас.
     
    На anabel-a, K.Mari4ka, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Шо е ова бе луѓе мили,замрзнав! Времево се збудали! Вчера снег врнеше и денес е камен! Место да иди пролет,одвај чекам,па и сите депресии да поминат и да мрднам од дома,да си почнам велосипедот да си го возам,се!
    Ама денес,нема да ме спречи да излезам,ќе се наоблечам и ќе одам.Па другарка ми од Франција дојде :clap: ,ќе одам да се видиме,се спрема таа за сваадбата изгледа :) ЌЕ се изназбораме и погушкаме :) Имаше обид да се спречи нашето пријателство,но нема да се случи тоа.Со оние другарки што ги сакам и знам дека ми мислат добро,нема да се скарам,другите што сакаат нека прават. И така,среќна сум што сепак си го одржавме пријателството :)

    Ви посакувам на сите убав ден,занемарете го времево и уживајте :mm:
    (хахах со happygirl исто мислиме :) )
     
    На tweety26, Lepaaa, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Дека ни ојде младинaва? Се стори небиднина. Ц ц жално бре.
    На 15, 16, 17 години наместо да се образова, да се стреми кон надоградба на личноста и на интелектот, они ми земале за секосови прашуваат. Цц незнам дали сум старомодна ама прв бакнеж ми беше на 16 ипол години, и имав званично дечко со кој само за раце се држевме. И ништо не сум пропуштила. Дури мислам дека ни тоа не ми требало.

    Книгички мои, никој од младиве не ве читаат, еве јас како доброволец ќе се нурнам во вас летово.
     

    Прикачени фајлови:

    • images (12).jpg
      images (12).jpg
      Големина на фајлот:
      8,1 KB
      Прегледи:
      382
  12. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Кога видов сабајле сонце надвор си мислев што убав ден, прекрасно време.Кога излегов надвор се смрзнав, мислам дека во јануари не беше толку ладно како сега што е.Па мајка ми ми кажува уште снег можеби ќе веело а јас претходната недела ја баталив зимската облека ама изгледа сега пак ќе си ја извадам.До вечер не планирам да излегувам надвор ќе си седам дома на топло, ќе си пијам чај, филмови ќе си гледам и книги ќе си читам.Си го испланирав денот.Ама ни времето нема да ме спречи вечерва да си поминам убаво со другарките.Се си испланиравме и нема да дозволам ништо да ни го расипе тоа.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Исто скроз. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Што е она што денес не прави среќни?
    Дали среќни не прави љубовта која ја чувствуваме спрема некој или некого и сакаме да помогнеме, да го направиме најдоброто за тој што го сакаме, да почувствуваме топлина или да почувствуваме разиграно срце длабоко во нас.Да го направиме она што мислиме дека ќе не направи среќни..Да се чувствуваш слободно, да ги сакаме соништата или да имаме цел да ги оствариме соништата. Секој ден го живееме за да бидеме среќни зошто нема живот без среќа.За жал има луѓе кои среќни се чувствувајки ја болката на другите и омразата која ја чувствуваат. Тие луѓе немаат живот, зошто немаат ни среќа, или и празен живот,бесцелен.Ете овај пост им го посветувам на сите тие среќни лица кои живеат во овој свет или на оние кои барем мислат дека се среќни зошто среќата е одлука, :)
     
  15. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Колку пати кога сте се нашле во некој вакум во секојдневието кога ве чека некоја обврска а немате доволно воља да ја завршите,а ни доволно умор да заспиете,така лежејки ви почнале да ви се будат мислите за некои работи кои ве мачат,како на пример зошто воопшто постојат некои луѓе во вашите животи,другарка која ви збори позади грб во секоја пригода,а сте направиле се за неа...комшивка што ви го демне секој чекор преку дупчињата од ролетните,а кога ке ја сретнете очи во очи морате да и кажете Добар ден,вечер или пак да и разјасните некој сомнеж што не можела да го воочи самата преку дупчињата...Колешка која никогаш не би ви помогнала во работата ама затоа пак е тука и таа да ве испраша како ви е болниот во фамилијата,како факултетот,кога ќе дојде ред за мажење,за бебе,како да и е гајле..Како да се постапи...Ахх да имам едно тастатурче Delete во животов многу ќе ми смени :D на подобро се разбира.
    Ама знам друг пат што ќе направам наместо многу да се задлабочувам во размислувањето само ќе станам и ќе си ја завршам работата |(
     
    На Isabella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Искрено, ме заболе долнава за патот кон село Свирипичино кој до пола го асфалтирале, а ако ги изгласаме, ќе го доправат до крај. Ме заболе за китките кои ги насадиле, плочките што ги наредиле, паркот што го направиле. За клупите што ги освежиле. Најискрено ќе ме заболеше ако тоа беа клучните прашања што треба да се направат.

    Ама вака, МЕ ЗАБОЛЕ!
    :devil:
    Ме напнаа, и на фејсбук, и на ТВ, и на радио.

    Исклучив се' и дојдов да пцујам. :envy:

    Мене душата ме боли, ете тоа ме боли, кога гледам како тетка ми денеска мора да бира дали ќе му даде јадење на семејството или ќе плати сметка. Кога мора да бира дали ќе купи шампон или тетратки за школо. Кога за тоа што се пече цел ден во лето на нива добива ништо, одвај некое денарче колку да не проси на улица. Кога дома бираат дали јас ќе одам некаде или тие ќе одат. Кога гледам како тонеме секој ден, не само ние, општо сите. Кога колешки бираат и однапред прерачунуваат кога можат да си одат, затоа што картите се со ненормални цени. Не може сите да одиме кај сакаме, мора некој, море СЕКОЈ да одбере нешто.

    Ме боли кога и стипендиите беа со приоритети, и ти немаш, ама тој повеќе од тебе нема. Реално, никој нема многу, што ни правите луѓе, што ни правите во државава? Психички ќе се мрднеме, колективно, кога секој ден мораме да бираме дали ќе јадеме или ќе правиме нешто друго со парите. Не е нормално, еј, не е ... И после гледам како некој што вози Ауди од пред една година ми постира на фејсбук дека среќата не е во парите. Не е де, фала Богу дека не е, ама несреќата е во сиромаштијата, само тоа ќе кажам.

    Знаете, ми се смачи од приоритети. МИ СЕ СМАЧИ!!!!! Од едно или друго. Од трето или четврто. Од гел за туширање или од млеко за тело. Од јогурт или житарица. Од лекови или палто. Од викенд во Скопје и јадење јуфки 3 дена и од викенд дома со нормално јадење ама дремење по цели денови. ОТИ нема ништо нормално за правење во градов што не бара да одвоиш 500ки. Сакам да имам слобода, да правам ова и она и да одам некаде, да уживам во животот без синџир на вратот. А се нервирам, оти мојов синџир е прилично долг во споредба со други, не сакам никогаш да дојде време да морам да замислам како е да се има уште помалце.

    И најверојатно нема да ги гласам, никој. НИКОЈ! Ниеден! Ако се' е од корист во државава, одлично, ете, јас немам никаква корист и тоа е тоа. Ако отидам до таму, ќе одам да ги прашам во која држава мене, а и на сите останати како мене, паметни, амбициозни (лажам, немам веќе никакви амбиции, ми ги земаа), со нешто што тропа внатре, ќе ми се одбие какво било право на помош, олеснување, налет и стипендии и глупости, некој попуст, било што, минимален, незначаен, едно тетратче и моливче, денарче нека биде, додека на луѓе како Срцекршачка им се ветува вработување и се на некоја позиција? УАТ? Па нормално ли е да ставиш бре некој таков да биде задолжен за ШТО БИЛО? Верувајте, не сакам да потценувам, ама дека некогаш келнер со одвај завршено средно е поспособен интелектуално од мене и има поголем капацитет, никогаш, ама никогаш нема да поверувам. Е, тој некој, ќе успее повеќе од мене.

    Некогаш размислувам и јас да отидам во тие кругови, чисто да им покажам колку се глупави, да си го дигнам егото на најглупавиот можен начин, и да докажам до кај можам јас да стасам ако ги вклучам моите мозочни ќелии. Чим тие со нивните стасале дотаму, јас значи треба да бидам госпожа Прецедник со големо П во наредниве 3 години.

    За едно и фала на државава - што ме научи да ценам и да живеам со секогаш има и полошо. За некогаш, кога сама ќе си направам и ќе си пружам се што ми било ускратено и ми се крати, да знам повеќе да го ценам. :hai:
     
    На Simonna7, angelina1, sweet-cherry и 42 други им се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Вака не сум плачела... не памтам од кога. Се чувстувам како отпушена канализација. :D
    Баш така... се` што собирав во себе, се` што ми тежеше, го исфрлив од мене. И сега ми е полесно.
     
    На Micheleljubov и xoxo..gossip-girl им се допаѓа ова.
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Обожавам да си креирам мои рецепти :lol: Не дека многу готвам, ама кога ќе правам нешто, со мерак го правам :wasntme: Особено овие мои рецепти. Само добивам идеја од некаде и после си додавам некои мои состојки, па супститути на она што го немам, и додавам секакви зачини какви што имам :lol: Секако, тоа е пропратено со постојано дегустирање, за ако сум ја утнала работата, да ја средам со време :!:
    Имало згрешени рецепти (многу нормално), ама тие што се погодиле, ептен се погодиле :geek:
    Еве вчера направив нешто, веднаш се изеде, денес пак ќе правам :muscle: Гурманче бе :D
     
    На tweety26 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  19. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    Некогаш овие саботите ми беа омилените денови во неделата. Сега не се. Всушност доста се напорни и неизбежни. После големата доза на умор консумирана од рано сабајлево, дојдов до часот посветен на моето битие. Фино музиче во позадина ...

    http://www.youtube.com/watch?v=PCLERYzJsYA

    Кратки се овие мигови. Мило ми е што барем овде можам да си ја испразнам и така веќе преполната душа. Да кажам за среќата и тагата, за убавото чувство, но и за раната, за насмевката и болката.
    Сето тоа што минатото сурово ми го фрла во лице секој ден. Како врел шамар на едниот образ, направеното и кажаното пече. Толку пече што имам чувство дека се претвара во целосна лузна која не можам да ја тргнам, лузна која ме унакажува и која ме издава. Лузна за која само јас знам, а толку се плашам да ја споделам. Ја прекривам со неколку слоеви пудра и руменило, но таа е тука. И пече. Се прашувам дали некогаш во овие мои минути ќе бидам ослободена од таа меланхонија која не престанува да се појавува. Порано беше постојано тука. Сега нема толку прилики па доаѓа одвреме навреме. Љубам и љубена сум. Но има една празнина. Празнина што не можам да ја пополнам. Се трудам да не евоцирам спомени, да не и дозволам на таа празнина да се појавува, но како да е посилно од мене. Напишав неколку вртоглави приказни во изминатите неколку години. Создадов ликови, огледало на тоа што јас сакам да бидам и на луѓе што јас сакам да ги имам околу себе. Најдобра терапија за една душа во пронаоѓање беше бланко страната која секогаш го воспримаше тоа што се плашев да го кажам на глас. :x Се изгубив во тие приказни. Веќе не знам дали сум личност или само лик . Протагонист или не, нереалното е нереално.

    Но јас имам сонце во моите раце, мала сончувка што ги руши сите облаци кои се обидуваат да се наметнат околу мене. Нејзините светли и немирни очиња станаа мој единствен водич во животот, најголемиот мотив на секојдневието, најдобриот и најточниот будилник од нереалност. Секогаш кога ќе почнам да се препуштам во тој свет, таа знае кога да се пробуди и со нејзинот најмил плач, да ме врати таму каде што треба да бидам.

    Неповторлива е таа среќа, единствена.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Светов се испоремети. Дали филмовите имаат утицај, желбата за докажување, недоволно посветено внимание во детството или нешто друго е во прашање не знам.
    Знаеш она е урбана фаца, за да се видиш со неа треба прво да закажеш, пошто агендата и е стално фул, мобилниот и ѕвони растура, потсетникот и е испишан до последно место, па најдобро бројче да си земеш и да си чекаш, нели она е стално у фрка, па за старото друштво што ја тешеше кога сите ја откачија ја боли Стојна. |(
    Знаеш што, носете се и ти и твојата агенда, затоа што не ми се дише ист воздух со такви имбецили, опседнати со самите себе си. :puke:
     
    На ludoto19, la-chicka, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.