Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.532
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам денеска не сакам да разговарам со никого ни на телефон..ни...[​IMG]
    Изгледа не сум требала да бидам женско.Не сакам кафенисување со трачарење,оговарање...
    Поседувам нешто што не ме исполнува..[​IMG]
    Не сакам кога ми се пренемага женскиов свет,за да привлече внимание.Не можат да ги извалкаат рацете,да донесат нешто..
    И да се најде некоја да ми го објасни чајник држењето на некои девојки а богами и жени.Ташната на рака свиена во зглобот а другата на колкот.Мислам...како...
    Чудна сум ,знам [​IMG]
    Овој е еден од оние постови кои ги напишав ,а не знам зошто[​IMG]
    И најдов смајли кој ми опишува како изгледа некогаш моето доаѓање на форумов [​IMG]
    Си одам немам друго што да кажам [​IMG]
    А да ќе заборавев,го сонував Елементал...господе Боже [​IMG]
     
    На EleMental, bittersweet, ViktorijaMari и 19 други им се допаѓа ова.
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    tessie[​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Сега е тренд на фб да се глуми некој вид интелектуалец. Сите пишуваат како многу учат, објавуваат кои книги ги читаат, се сликаат со тетратките пред нив, пишуваат статуси како положиле и како се изнаучиле... Сериозно?
    Да, ако едно време не беше ова ок бидејќи ова го правеа само бубалиците сега е во мода да си бубалица. Да, во мода е да учиш, да студираш, да се фалиш колку си начитан, колку ти е збогатен речникот и тн...
    Сериозно?
    Е не бе ќе се зафркаваме...
    Всушност да не е смешно ќе биде ептен трагично. :emo:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.152
    Допаѓања:
    259.202
    Пол:
    Женски
    СДК Doozy си пишала толку добар пост ми иде да го испечатам како антиполитичка програма ама не на партиите туку на народот. Девојко би собрала повеќе гласа отколку политичкиве партии.
    Јас упорно се трудам деновиве од кампањата да не гледам тв или да гледам некои канали кои немаат врска со нас, со Македонија. Ама пустото од секаде не демне, од огномети на митинг, до кампања на фб.
    Не знам дали го прочитавте Висар Вишка пред некој ден, ќе не натераат сите групно да се иселиме од државава.
     
    На bittersweet, ludoto19, la-chicka и 6 други им се допаѓа ова.
  5. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    ...две жени,27 години разлика,иста професија,иста животна филозофија,голема подршка и единствената безусловна љубов кон мене-љубовта на мајка ми...

    Денес се шетавме по вертовите...
    и, не, незбори моето ново љиљаково пролетно хаљинче( кое со 100 вида на попусти беше 1080 ден у макприм :D ) него со мајка ми секогаш е забвно...

    ние во сабота најчесто одиме на пазарче...тоа мене ми е доживљај...прво многу ги сакам боите, убаво наредените артикли,пазарџиите,буката...ценкањето на мајка ми..хахах...и нејзиното вечно прашање--од каде сте( демек некој ќе и каже-од спроти топилница во велес)...или-стално кај тебе земам марула, нема ли попуст за стални муштерии... :D ..и ако нема попуст од пет денари-цело пазарче ќе го превртиме, за поевтина и поубава марула...уживанција...а, да-и кога некој ќе и каже повели девојче(а стварно е младолика и ситна) обавезно следи-што пиеш за ова девојче :) ...ја обожавам...

    ама денес небевме на пазар :worried: ,бевме да си купиме поклони за 8-ми март..
    и тоа беше забавно...неможе да се спореди со-ако не ти е добар гравот,ќе ти го вратам сосе тенџере--ама беше ок...
    се подновивме,прошетавме, јадевме мекици од стража..

    мајка и ќерка...да ми ја чува Господ
     
    На ViktorijaMari, Lepaaa, midnight.flower и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... кога сум сведок на невидена глупост, можам да станам и физички агресивна.
    Можам, да речеме, (ако не гледа никој :?: ), да те фатам за тие евтини екстензии, кои се молам да ти се од некоја што имала вошки, на пример, и да те раскубам.
    Па да ти врзам 16 шамари, со двете раце да те мавам без престан.
    Немам потреба да те посипувам со ништо, муви секако ќе се залепат за тебе, и honey - не заради тоа што си медена.
    И моментот кога ќе ме прашаш зошто - да те исклоцам повторно.
    Ама тебе нема да ти дојде памет.
    Ќе продолжиш да се трескаш со малоумни статуси, како госпоѓицата смрдла пиела само моет и носела исклучиво Викторија Сикрет... смрдло една, какани ти се гаќите.

    Боже, зошто сум секојдневно сведок на малоумна женска глупост?
    Што ти погрешив толку... :|
     
    На bittersweet, mims-89, Mermaid и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Искрено им завидувам на оние кои имаат семејство.Кога ќе ми кажат:"Утре ќе одам во село кај баба" или слично.Срцево ми се кине.Камо да имав јас кај некого да одам.Имам баба и дедо кои имаат куќа надвор од Скопјево но,едноставно не ме сакаат.Кога и да отидеме со брат ми кај нив чекаат побрзо да не избркаат.Не сметаат за гости.Наместо за сопствени внучиња.Дури тоа теткиштено ми вика "Ти си супер ама брат ти е многу немирен.Друг пат само ти да доаѓаш".Која си ма ти така за брат ми да збориш?Да има малку ум сигурно мене нема да ми ја полни главата.Да,толку ми е мака да немам едни баба и дедо кои би се грижеле за мене,кои би ме сакале...Кога бев кај нив што се не ми направија.Едвај чекав да си одам.Комшар ми стана одењето таму.Можеби на овој начин научив дека подобро е да имаш барем една важна личност која секогаш ќе биде покрај тебе,ќе ти помага и сака наместо да имаш некои кои те мразат.И тоа сопствени роднини!Од сето ова сфатив дека никој не треба да преценувам.Без разлика колку и да сум блиска.. ;(
     
    На eli25, danniela5 и anggell им се допаѓа ова.
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Некогаш знаев да ја наоѓам радоста во малите нешта.
    Или да не звучи премногу исклиширано - а звучи, ќе речам во едноставните секојдневни нешта.
    Или рутини, сеедно.

    Пример, попладневна дремка на двоседот во дневна - ова нормално проследено со гола половина или напола покриена :D, лакирање со омилениот лак, гледање на омилената програма/серија, кремосување, мачкање и премачкување со креми, грицкање на омилениот чипс, јадење навечер шпагети со мноооогу пармезан и кечап ( ова во мојот случај :D ), чашка кока кола после долг ден или пак рандом хепи денс после исцрпувачки и тежок тест.

    Ги има уште еден мал милион на слични работи што би можела да ги набројам.
    А нема потреба, затоа што секој си заоѓа задоволство во различни ствари.

    А јас?
    Не се сеќавам кога последен пат сум дремнала на пладне или кога последен пат сум ја пуштила омилената програма. За разлика од порано кога ОБОЖАВАВ да се мачкосувам со разно разни креми, сега едвај рутински го правам тоа, ради реди, ставам, мачкам и готова сум. А не се ниту сеќавам кога последен пат сум уживала и сум јадела со сласт некое јадење?! Јадам од навика, буквално од навика. Од дрчност, од... Од не знам што.. Јадам се и сешто, ама никако со сласт и уживање. Сосем имам заборавено какво е чувството, т,е задоволството во едноставноста. И ми е страв, затоа што не се сакам ваква.

    ***

    Друго што сакам да кажам, е тоа дека ми смета ненормално многу глупоќата кај некои.
    Еве за што се работи. Најверојатно после ова ќе бидам и погрешно сфатена, и осудена можеби, ама не можам а да не го исфрлам ова некаде. А тука ми се чини како најкомпатибилно место за тоа.

    На блогот ми стигнаа еден мал милион на коментари од анонимуси, кои ги забранив да се објавуваат. И ги избришав искрено речено, затоа што ми створија еден таков немир во мене и ужаснатост истовремено. Никаква сум била, ваква сум била - таква сум била, не ми чинело ниту едно парче, ужасна сум била, сум влегувала во некој филм, требалo косата да ја измијам па предлози на шампони паднаа тука - да да, ми имаше и еден таков коментар стигнато. :D :nod:

    Зборот ми беше, секогаш, буквално секогаш треба да се избираат зборови, пример јас после овие коментари од трагично искомплекирани личности, ми доаѓа да се пренасочам на неприфаќање на било каков коментар. Зошто?! Затоа што блогот го направив чисто ради забава и тепање на време, место кај што ќе го презентирам МОЈОТ изглед, место кај што стилски и креативно ќе се испразнам, место каде што ќе овозможам да бидат видени МОИ идеи. Мислам, није у реду! Дајте барем пред објавување на било кој пост, ќе се консултирам со сите - па веќе кога сето тоа ќе биде измодифицирано и несвојствено за мене, дури тогаш ќе го прикачам. Џаст донт си д поинт....

    И врска немам зошто го пишав ова, освен што ми олесна во мене, ништо друго нема да се смени.
    Ај чао со една добра песна, и понастрана од егоцентрични нагони...


    http://www.youtube.com/watch?v=-uZlvKXnYU4
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Heleny и 19 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    Денес стварно не ми беше пишано да одам по дуќаните |(

    Ми стаса новиот телефон, исовремено ми цркнаа и слушалките на ајподот, па викам ај да си купам нова маска за телефонот и слушалки.
    Малиот очигледно благодарен од моите негователски способности па ми ја даде картицата негова :tmi:
    А он целосно фин, вика оди и по дуќаните, знам ти секогаш попусти наоѓаш.
    И јас целата во насмевка, ставив на мене што најдов и да ме нема.
    Купив кожена флип маска за тел. слушалки за музика, и да ме нема од тој дел на градот.
    Ама не ми било пишано бре.
    Три трамваи од три различни постројки кои ми беа во близина ми избегаа пред очи |(
    За секој нареден треба пола саат да се чека, а меретно студи. И кога конечно дојде еден што не оди баш кај трговските кои ми беа цел, ама така во близина се пикнав и...поради демонстрации рутата е изменета и наместо у центар града вози накај мене дома :rofl: .

    Притисокот дали ми се изедначи поради пропуштента можност, можеби once in life time и викам ај барем една кока кола да си купам :tmi:
    И на каса стандард некој флека човек.
    Сите се редат во редицата, но некои со рацете во џеб. Редот ќе им дојде, продуктите минат на лентата за скенирање ..а они сеуште раце у џеб :@
    И наеднаш ќе се шаштисаат каде е новчаникот, па каде се картичките, па собирај производите по кесенца..па од многу возбуда и пин некој ќе згрешат.

    А мене најчесто ми врие, гарант ќе испуштам уште некој трамвај.

    И така то.
    Сега паметот у јадењето ми е. таму е утехата.
     
    На bittersweet, tweety26, marama и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Животов многу сака да ми поставува прашања.

    А јас сакам да дадам одговори, ама не доаѓаaт веднаш. Мора да биде тоа проследено со драми, солзи, лифтови, препрашувања, допири со Сонце и Месечина, мора да е некако... Така, како танц. Ем се препотуваш додека трае, а на крајот секогаш си задоволен зошто си останал жив.
    Деновиве ми се чудни. Круцијални одлуки треба да правам.
    Многу емоции, многу нејаснотии, многу зошто да не и зошто па да да.
    Љубов, фала богу одржува стабилност и жими тоа ми е радост, зошто не знам како ќе ги издржам сите овие лупинзи без него.
    Ќе одам вечер со Фиши и Дина на Foolish Green, ми треба малку свежа музика, енергија и да фаќам врвчиња од небо со фини луѓе.
    Цело време ја слушам Бјорк и си се држиме за рака. Ми дава мир. Какво интраселестрално суштество е, просто само сакам да ја допрам за да ме опфати магија.
    Си добив две книги на подарок, со мошне симболични наслови. Едната е "Шеќер по подот", а другата "Куфери". Феминистички перформанс на 28ми, ќе биде тоа добро се надевам.
    Ма да кај нас не се навикнати луѓето на ексцентрија и уметност што менува видици. Што ги вртам бе.
    Нека зборува универзумот што сака, мене ќе ми дојде нешто на крај, скроз неверојатно и многу веројатно најточното искуство што завиено вака во проблемчиња, не го ни чувствувам како добробит.
    Мастило. Индиго. Токму како што сакам да ме води патот.
    Љубов и иднина.
    To love or not to be, јас бирам to love and to go.
    http://www.youtube.com/watch?v=yTU98Nq6TrY
     
    На tweety26, midnight.flower, Ilusionist и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Moрам да кажам дека многу слатко се изнасмеав..
    Читав некои статии кога стигнав на некои љубовни заповеди,моралности,барања, што да се прави што да не се прави.. И стигнувам до тој дел кој вели баш со овие зборови цитирам ,,немојте да бидете ороспија'' .. а надополнувањето на оваа толку убава реченичка е доколку дојде до некое секојдневно недоразбирање, нели се случува..да не избувнуваме.
    Ете така беше опишано да не се биде ороспија. :tmi:
    Јој си обришав чело си велам, сите ороспии да беа ороспии заради избувливоста која се случува дома со партнерот (пошто темата беше за тие што веќе живеат заеедно) светот би бил подобро место за живеење богами :D
     
  12. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Штотуку направив една руска салата(така квалитетно и професионално сум ја исецкала мх мх мх...),на ред на менито е припрема на месото,а тука се и кифлите и благото.
    За утре јас ќе ја сервирам трпезата за ручек и ќе ги седнам моите да ми простат.Бев немирна минатата година,многу пари трошев и понекогаш ги нервирав :lol: за ситници де.

    Утре сакале - или не ќе ми простат,а јас како и секоја прочка ќе го дадам стандарт ветувањето
    ГОДИНАВА ЌЕ БИДАМ ПОУМНА ВЕТУВАМ .
    Не за џабе се рекло мали деца - мали проблеми,големи деца - големи проблеми.Јака им душа на моите :lol: :lol: :lol:
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    17.582
    Пол:
    Женски
    СДК дека мм е во Тесалоники.... хахаха се шалам бе во СОЛУН Е (СОЛУН Е НАШ)

    Читајќи ја Дани разбрав дека не сум била единствена денес, два автобуси ми избегаа, за едниот си реков овој е гарант отиден, ќе си појдам пешки, и таман пола минута пешки овој пролета покрај мене. За наредниот веќе имам наивен изговор, од другата страна на улицата бев :lol:

    Тоа ти е, среќа у несреќа, барем стигнав до саканата дестинација (пешки, ама и тоа е нешто :$ )
     
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Најтрагично е што тие анонимуси немаат храброст тоа да го кажат во лице па затоа секогаш го бираат овој начин. Не дозволувај такви личности да ти ја нарушат самодовербата и никако да те поколебаат дека тоа што го правиш не чини. Ти имаш избрано одлична опција за да ја презентираш сопствената креативност, а они немаат ништо да покажат освен злоба и завист.

    Еднаш и кажав и на Сефора, вредиш штом некој толку многу се замара со тебе. ;)
     
    На sweet-cherry, bittersweet, JuLleE и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Koга ќе погледнам во очите на некој старец, гледам истоштеност, гледам броени денови.
    Но, гледам дека сеуште си пружат задоволства и не живеат со помислата дека нивниот животен век е веќе при крај.
    Желбата за живот никогаш не престанува, колку и да се големи падовите во животот...колку и да се длабоки бездните во кои понекогаш несвесно тониме. Таа искра во нас, не згаснува лесно.
    Да ти речат да не живееш, е исто како на огнот да му речеш да не гори. Во некои моменти тој згаснува и останува само жар, но сепак постои...само треба да има нешто или некој за повторно да го разгори.
    Бидејќи, жално би било да тлее, без никаква надеж, само со пуста желба...
    Незнам каква ми беше компарацијата, ваљда ме разбравте :emo:

    Во моментот сите нешта си ги делам на два дела, визуелно и функционално.
    Бидејќи ми треба нешто кое ќе резултира. Па би ја искористила функционалноста тука, за конечно да имаат прогрес нештата.
    Го чувствувам времето како брзо лета, но се чувствувам и јас дека сум во чекор со него.
    Не ми недостига време. Дали тоа јас сум добро организирана последниов период? :^)
    Па имам време да се посветам на самата себе максимално. И на нештата кои ме интересираат и исполнуваат.

    И, редовно си застанувам на прозор, таму ме пречекува една прекрасна слика. Еден бескраен хоризонт во кој пловам. Несомнено имам најубав поглед од собава. :$
    Поглед кој секое утро ме потсетува дека се` што се случува се случува со некоја причина. Дека за секој проблем има решение. Дека мојот свет не е место на минливо и потрошно, оти сликава не бледее, не ги губи боите...ниту живоста и енергијата кои зрачат од неа.

    Сонувач сум во моментот. Од исполнетост си летам со облаците...
    Имам на што да се радувам...сите имаме на што да се радуваме.
    Како што рекол еден автор: ''Нема да ги живеам деновите на начин како би го продолжил животот''
    Мојот карактер го сака животот, па со сите сили ќе се обидам да продолжам да си живеам квалитетно. Без оглед на тоа дека некои работи постојано ме демнат од позади грб, и ќе продолжат да ме демнат, затоа што се дел од мене уште од самото раѓање, без оглед на тоа колку време имам...да им избегам нема да можам, само може да им бидам малку подалеку... :o:
     
    На WarriorAngel, bittersweet, Isabella и 12 други им се допаѓа ова.
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Починал некој, а тие земале на фејсбук, на ѕид му пишуваат Почивај во мир.
    ПОРЕТАРДИРАНО ОД ТОА ИМА ЛИ?! Да ти се плукнам во глупавите луѓе! :puke:
     
    На sweet-cherry, bittersweet, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Една е мама.
    Една и единствена!

    Толку многу си ја сакам, што сум спремна да прекршам секаков режим на исхрана, и да јадам од сѐ што денес ќе ни принесе на маса. Ѝ спремив уникатен подарок, ѝ направив честитка, па синоќа после полноќ ѝ честитав роденден и силно ја изгушкав. Ѝ посакав да ни биде жива, здрава, весела и уште многу години да се собираме сите заедно на трпеза, па куќава да ечи од џагор и смеа. Нема ништо поубаво од тоа!
     
    На Foreveryoungiwannabe, sweet-cherry, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  18. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе не можам да се препознаам.

    Благо речено, му се чудам на сопствениот одраз во огледалото! Веќе кажав, СИ НЕДОСТИГАМ СЕБЕСИ!

    После перипетија следи расплет, а јас не застанувам. Ќе се борам со внатрешните демони за да си ја вратам душата на место!
     
    На marama и teddybear им се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.808
    Пол:
    Женски
    Ми недостига. А тука е, до мене. Толку ми недостига чувството кога ме држи во раце и ме чешка по грбот.
    Ми недостига сигурноста што ја имав во неговата прегратка, сјајот во очиве кога сум до него.
    Сега пак сум во неговата прегратка, ама далеку од него. Ме стега како синџир, се борам да ме пушти.
     
    На Isabella, Noemi, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    Не ми е јасно ШТО добиваат луѓето со лажење? Што?
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.