Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека сум премногу гордана на моите родители :) кога гледам какви родители ги има :x леле си викам јас сум била многу срејкна сто имам родители како моите :* :* бакнежи за нив :* :* и бас ми фаалаат сега сто не се до мене,да си ги изнагускам и да си ја
    каснам
    мама малце :D :D
     
    На tweety26 и midnight.flower им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Кога ќе размислам убаво за некои работи и ќе погледам назад во минатото сфаќам колку многу дупки имам во животот за кои самата сум си одговорна.
    Кога вела дупки,мислам на прпопусти,мислам на ситуации кои можеле да завршат многу поинаку ако малку подобро сум размислела.
    Арно ама,многу е полесно кога сега ги согледуваш ситуациите,отколку кога ги донесуваш одлуките во тој момент.
    На моменти си размислувам што би било ако некогаш сум им го променела текот на настаните..
    Никогаш нема да дознаам,затоа морам да се фокусирам на ова што е сега,на сите работи кои самата сум си ги одбрала и сум си ги "потпишала".

    Колоквиумска на повидок.Мислите ми се таму,ама рацеве не превземаат ништо.Игледа чувствуваат одбивност спрема книгите.

    Денес со брат ми сакавме да правиме баклава,бидејќи не сме дома,арно ама,јас знам малку,тој знае малку,и се откажавме.Па така брат ми отиде и купи,ја сокривме одма,дека ќе ја снема.А се држам до тоа правило дека баклавата наравена или евентуално купена за Прочка се јаде на тој ден :D
    Ја прашав и мајка ми бидејќи во станот имаме и машина за перење алишта,утре кога после пладне смеам да ја уклучам,дека нели празник е,не се работи.
    И си решив сега,за некој саат на ефтина струја ќе ги пуштам шарените (помалку време одземаат од белите алишта) и таман до кај 12 пред полноќ ќе бидат готови. :D

    Утре празник,далеку од дома...
    Криво ми е дека на мајка ми мораме со брат ми да и бараме прошка преку телефон,многу сум чувствителна за такви работи ...
     
    На encimenci, Ilusionist и midnight.flower им се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Ами пак времево ме расипа туф. Што убо си бев расположена прееска.
    Орце уште да заиграв. А сега се напнав до немај каде. Онака, за беспари.
    Од времето.

    И го знаете она чувство кога се накашуваш или кивнуваш и се подмочуваш?
    Еее, моментално ми се случува по 3-4 пати на ден. Како одрдавена баба. :D Пак сум настината и не ми се верува како ми успева. Значи да сакам, нема да успеам волку да се наситнувам. Немогуча мисија е.

    И така како бабе умотано, со чај в рака си седам.. И си седам. И вечерва ќе го гледам Танц со „ѕвездите“ :lol: :D па ќе учам. Тежок предмет доаѓа..
    Нек си ибе векот.

    :coffee:
     
  4. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Мразам ШКОЛО :puke: :envy: :geek:
     
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    177.242
    Пол:
    Женски
    Ејјј се падна конечно седумката на лото ?! :^)
    Која коинциденција! И прошлиот пат коа се падна беше исто така непосредно пред избори!! :puke:
    Сувишен е секој коментар...
    Не пуштам ТВ, и ретко се ставам на ФБ... за да ги избегнам глупавите реклами на партиите со кои не е*бат при здрав памет... не не... до недела сум во изборен молк дома!!
    ******

    Мајка ми одсекогаш била строга према мене. Освен за образованието (тука била за нијанса поблага), никогаш за ништо не покажала дека е задоволна, но не покажала пред мене. За се знаела да рече...па можеш ти и подобро од тоа...дали испит, дали некакво си чистење по дома, готвење..за се, буквално за се. Тоа често знаело да ми смета. Да ме фрустрира. Што пред мене, никогаш не ме пофалила, само ме охрабрувала за повеќе. За разлика од неа, татко ми од друга страна пак... сите мои неуспеси ги праеше да изглеаат како успеси, знаеше да ме пофали за нешто за што и сама бев свесна дека не е доволно добро, но јас знам дека тој, на токму тој начин сакаше само да ме охрабри... на онаа, поинаква тактика од таа на мајка ми... научив да живеам со тоа.. Сега кога него повеќе го нема, научив дека уствари мајка ми, ми докажа дека јас навистина можам повеќе и подобро... Денеска после се, мило ми е, шо моите родители не се од оние кои не си ги вадат своите деца од уста, создавајќи искривена слика за реалноста, одамна престана да ме фрустрира тоа, напротив, на такви муабети само се насмевнувам и ги сожалувам и родителите и децата.

    Како помала, секогаш ме нервираше нејзината педантерија, и онаа нејзина желба се да има под контрола. Така функционира и ден денес, со таа разлика шо, јас се претворам во неа... станувам личност доследна на себе си. Ги земам уздите во рака, и учам да контролирам се, а најмногу соптвената психа...и чудно е шо тоа ми оди навистина добро..

    Таа е секогаш покрај мене. Мојата добра вила..која нејзината строгост ја насочува директно кон моето добро. Ја навалувам мојата глава на нејзиниот скут... а таа ми ја гали косата..и ме потсетува како ме заспивала кога сум била мала.. :) ..обожавам да го слушам тоа..иако веќе на памет го знам.
    Знам дека таа ме научи како однапред да одлучувам за убавината и среќата. Дека ако сакам нештото да го гледам како убаво, такво и ќе биде, и дека ако сакам да сум среќна.. не треба да барам причина.. Приказната за слепиот дедо во домот за стари лица, ја бев слушнато уште пред воопшто да биде измислен интернетот.. :)
    ********

    Сум ви кажала ли дека најголема желба кога бев малечка ми беше да летам?! :) Не, озбилно! Не со авион, туку да имам сопствени крила... смешно нели? :) Но за 5 годишно лудо детуле како мене тоа изглеаше како маст хев... и така и би :D Ќе ви кажам и како, долго време собирав пердуви низ двор, без никој да знае и кога видов дека тој не е најдобриот начин, распарав стара перница полнета со пердуви и ги лепев на 2 табака морска пена :$ и знаете шо беше следно.... со по еден табак налепен пердуви под рака, пробав да скокнам од балкон од втор спрат, штета шо летањето не се оствари зошто тогаш налета татко ми и ме фати за блузичката баш во моментот коа го остварував мојот фамозен скок :D ..и се знае, после тоа 5 години казна за неприближување кон никаков балкон.. тоа е! :D
     
    На bittersweet, midnight.flower, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Ми олесна малку. :whew: Излезе дека и нему му било многу тешко. Знаев, знаев дека му е тешко, само не знаев зошто толку одолговлекува. Многу ми недостигаше изминатава недела. Иако бевме заедно, спиевме заедно, ручавме заедно... никогаш не сме биле повеќе разделени одколку што бевме изминатава недела. Тој ми е најдобар другар. Многу е тешко кога ќе го изгубиш најдобриот другар - макар за една недела.

    Ќе се бара нов дом по секоја цена. Небитно колкав, каков и на каква локација. Мора да бегаме.

    Ги сакам мама и тато најмногу на цеееел свет!!! Во изминатава тешка недела, тие ми беа единствената светла точка во животот (иако не им раскажав баш се‘). Единствените луѓе кои се плашев да не ги разочарам со некоја луда постапка. Единствените луѓе кои навистина, искрено и безрезервно се грижат за мене, како што знаат и умеат.
    Мајка ми од секогаш ми велеше: секој може да умре, но уметност е да се живее!!! Те сакам мамо!!!


    Времето надвор потсетува на доцна есен, а не на доцна зима. Никако не мириса на пролет. :!: Расцветаните дрвца и доселените птици и те како се зафркнаа.
     
    На bittersweet, Hopeful, encimenci и 6 други им се допаѓа ова.
  7. SweetCandyyy

    SweetCandyyy Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам
    Бивша моја другарке најверојатно ќе сакаш да си ја држиш устата затворена, а не толку расчепатена како досега, бидејќи ќе си настрадаш... донт месс вит ме битч 8) :devil:
     
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Првата прочка која нема да ја прославиме со деде. Во многу лоша состојба бил.
    И сега знам дека атмосферата нема да ја има онаа фамилијарна топлина без него и без баба.
    Ќе нема кој да не насмее сите до солзи или да и дофрле нешто саркастично на баба ми за некои ситници.
    И осеќам една голема празнина во мене. Страв ме фаќа од вештачката пластична квази-фамилијарна атмосфера утре! :(
     
    На Foreveryoungiwannabe и pamelche им се допаѓа ова.
  9. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    СДК-дека јас сум на нај нај нова на форумот и сум very happy :rofl: Здраво фамилијо сигурно и вие сте пресрекни за новиот член..ветувам нема да ви го рушам мирот немајте галје.. не сум баш запознаена со правилата ама прочка е ке ми простите на грешките... еЕ кога сега веке се запознавме можеме да дискутираме по темиве ;) . Веке подолго време ве следам и баш сте ми пријатни и интересни па многу ве засакав така да решив да ви се придружам... се надевам ке бидам добро прифатена :*
     
    На Lepaaa, Doozy, Stoimenovska и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СДК доста ми е од се. Форумов ми беше секојдневие,ама доста е.Водата ја прели чашата,толку беше од мене,колку што знам дека на некои личности ке им недостигам,толку знам дека некои ке се радуваат на моето одење,иако нема ова одење да биде како предходното....И тоа си е нивно право.Незнам со што ја заслужив таа омраза од одредени членови,незнам што се случило,зашто се случило,појма немам,и не ми е гајле.Отераа многу личности во неповрат.А сега само да ви кажам,кренете ја главата горе,вдишете,погледнете наоколу кој се крие,колку квалитетни членови си отидоа од форумов,и веќе ми станува и досадно...Тие што сакав да ги читам,веќе ги нема,многу работи се испреплеткаа.Форумов не е истиот што беше,се приметува.Нема да пишувам долгометражен пост , толку беше од мене,можеби повторно ќе се врати Фери,да,јас ќе ве читам цело време,ама ништо не пишувам.Како што кажав,некој ден можда ке се врати Фери,но во позрела варијанта,не старата Фери,старата идиотка што ви ги копаше нервите на повеќето...Од мене едно чао и бидете какви што бевте,останете такви,никојпат немојте да бидете наивни и да потпаѓате под туѓо влијание,останете позитивни,чувајте го форумов,не ги правете грешките што ги направив јас...
     
    На Golden, T.e.d.d.y, Micheleljubov и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Ништо неможеш да знаеш,ништо неможеш да предвидиш....оцабајле здрав и прав до вечер се губиш...дур да трепнеш животот ќе помине покрај тебе :worried:
     
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Како поминува времето, се' повеќе ми се стеснува кругот на блиски луѓе. Или пак јас несвесно сама си го стеснувам, искрено појма немам :?:
    Знам само дека можам да се „пофалам“ со само 2 најдобри другарки. И една многу блиска бивша колешка. Најблиските секако не морам да ги споменувам, секогаш и по секоја цена ќе бидат во тој круг. Смешни ми се три бивши најдобри другарки.....Некако како во пубертет да влегуваат, на овие години (генерација ми се). Ај што уште прават глупости што не им личат на годините (добро де, правам и јас, ама не сум до толку како нив), ама овие бре :o Осет да се немало. Ги гледам по ФБ не пропуштаат натпревар на еден скопски клуб, па изгледа еднава (или може и уште една, кој ги знае) лапнале по еден од играчите :D Па тоа таму фрчат коментари мачки, мачори.....Па провокативни слики, мислиш тинејџерки се :talk: Статуси и коментари кои изобилуваат со бисери и скапоцени мисли, мислиш цело знаење на светов го собрале. Јоооој туго моја преџи на другога е работава :rofl: Само се смеам и си фаќам сеир, и си мислам колку само сум била во право што сум се тргнала на страна од нив, иако во тоа време се сомневав во одлуката.


    Планирам големи промени во животот. Планираме заедно да го оствариме она што навистина го сакаме-да се тргнеме од овде. Од секогаш, од мала, знаев дека не припаѓам овде и дека би припаѓала таму, бев во тоа 98% сигурна. А сега откако се вративме од таму, сум 100000% сигурна дека припаѓам таму. И ќе направам буквално се' што е потребно да го остварам тоа. Заедно со него, секако. Важно е што и тој сака :) Нема да се смирам додека не си ја остварам целта. И со нокти ќе гребам и на трепки ќе се превртам, ама ќе го остварам тоа. И тука завршува муабетот. :D Познавајќи се каква сум кога ќе ме фати инает или преголема желба за нешто.....ооооо, не ме спречува ништо. :emo: Шала на страна, има реални можности за такво нешто, така што не се летаме на непознато и на сила. Само треба фино да се усогласат некои работи. Нема конкретен и точен договор за ништо, ама овој пат знам дека ќе биде. Не може поинаку.

    Веќе месец и повеќе си го верглам човеков во плеј-листа. Прекрасен и смирувачки глас, одлични текстови.... со еден збор кажано-уживанција. Оваа ми е фаворит, ах да може repeat копчето да зборува и да каже колку било измалтретирано од моја страна :$


    http://www.youtube.com/watch?v=kWbN3-6o3WQ


    Лека ноќ на сите :*
     
    На bittersweet, tweety26, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    колку само стресен ден |( едноставно незнам од каде да почнам, а желбата да кажам некому се што мислам е се поголема.
    Бев на забар :envy: одам јас и велам на заболекарката имам лек на забов (веке втор лек ми е) дај овој пат пломбирај го и таа да ке ја наредиме работата, секако ставив анастезија на цел дел од долната велица ај да ти направам уште 2 заба, и јас силна ако ако можи, а во себе се препотував од страв и осекав како дланките ми се влажнат, и здивот ми смрзнува, а навистина ми се замрзна се кога на крајот прашувам колку треба и одма тука се прават рачунки, и овој заб 600 другиот 600 се 1200 и плус неверојатни 3000 за критичниот заб што сепак не го пломбира туку ми стави нов лек едно часовното потење од страв на заболекарската столица ме чинеше 4200 денари. И после ке пишат по весници македонците имаат фобија од заболекари, е како да немаат? Ова нови заби да си ставев по ефтино ке ме чинеше :!:
    И така додека седев на таа столицата мислев дали син ми се разбудил, дали плаче, па наеднаш си правам филм дека веке е странат и плаче и во себе се колнам кај ми текна оваа сабота да одам на забар и така помина пеколниот еден час.
    Доаѓам дома, што да видам бебушот мој уште мирно си спие, тоа ме успокои малку, ама ми падна тешко што кога се наведнав да му го бакнам главчето, јас ништо не осетив, устата ми беше отрпната од анастезијата ама повеке од цената за неа :^)

    Користам време додека уште спие да уклучам перална, да измијам садови, и оп ете го малиот писклив глас екна од спалната соба, се разбуди јунакот, и после 3 часовното играње, пеење, менување пелени, цицање и гугање пак заспа и јас пак се пуштив во акција за средување на мојот дом, среќа мајка ми ми направила баклава па немораше да го правам и тоа.

    Откако се средив влегов да се бањам, од што бев толку изморена, 25минутно седење под жежок туш максимално ме отпушти, и мислев што да правам за вечера оти за ручек и така помина денот ништо не направив жалејќи по мојот болен заб и 4200 денари дадени за пак лек да носам :envy: оди оди јас пак забот :D а што зборев дека мислев што да правам за вечера, да се докажам дека измислив и направив палента, ми се разви свеста дека е време малку и за здрава исхрана.
    Е сега доаѓа смешниот дел, јас си се најадов како човек ептен ми се слади со павлака и сиренце мх мх ама кога се врати маж ми дома вика ај да јадам јас му осам палента и тој така скептично ми вели - што е ова бе?!?!?!?! а јас ладна - палента :D јадеше јадеше не бива не му е убаво на човекот и стана си свари јајца и доаѓа кај мене и ми вика е ова е вечера да се знае чија куќа мрсно јаде :D

    После сресниот и напорниот ден ова ми беше мала релаксација, дома со маж ми и бебенцето седнати гледаме некоја комедија на сител со Џим Кери, и во целата ситуација ме нервира тоа што кога ке го успијам детево за конечно да се одморам, маж ми почнува да грицка соленки, и соленото му го дразни грлото и почнува да кашла, и детево се буди нервозно не наспано и јас станувам уште по нервозна и ми се иде да се фрлам од 7ми спрат :devil: (ова се случува секоја вечер)

    убаво е да си мајка и сопруга, ама во умерени количини ! ! ! лека ноќ
     
    На Ilusionist и Girl-50 им се допаѓа ова.
  14. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Највеќе си ги сакам другарките :inlove: :inlove:
     
    На sweetyy1, Lady17 и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  15. Iskreno

    Iskreno Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    31
    Ако има некоја слободна да одвои 1 мин да ми напише лп за да ми одговори на прашање секако доколку знае. :)
     
    На Summer.Love му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Господ да те чува од глупи луѓе ама ете јас ја немаам таа среќа за жал!!!!!!!!! ;)
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Подобро можев ли да посакам?
    Овој човек го промени целиот мој живот за кратко време.Веќе ништо не е исто,јас не сум иста.
    Се оди кон нагорна линија,јас успевам и сум пресреќна за тоа.
    Лоши фактори...луѓе??Ма кој ги перцепира,се е ставено на игнор.Јас си го живеам животот а се што е надвор од него не ни постои. 8)
    Малку ме нервираат кога ми велат да не идеализирам толку,особено мама.Но ако не сонувам и ако немам надеж тогаш за што живеам... :^)
    Извини до сега никој не ти одговараше мој,така да навикната сум дека секој нема да чини,но не се прашуваш ти туку јас.
    Во моментов барем додека трае оваа моја идилична бајка јас сум најсреќна,и се приметува по мене...а понатака што биде нека биде. :inlove:
     
    На bittersweet, Hopeful, Girl-50 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.758
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна што постои иако некогаш навистина ме нервира.
    Напорни денови за двајцата, договорени денес да не се видиме ама ми наспомна дека може ќе помине на минута.
    Ми пишува - Јадеше? Да! - Што јадеше? - Нешто каснав, што најдов. - Ме лажеш? Не! -Епа добро чекај ме за 10 минути на уличка, доаѓам со лексовачка. Ама... и ми исклучи. Се јавува по некоја минута веќе купува, да излезам ама да се облечам убаво студено е.
    Што да правам, морам да излезам инаку ќе дојде на врата :lol:
    Тргнавме да најдеме местенце да седнеме да јадеме, па му текна, а на пијачка да одиме? И отидовме... додека се движевме се правеше будала само за да ме насмее, а мене тоа повеќе ме нервира. Знае дека ме нервира, но знае и дека со некоја негова лудост ќе се насмеам од срце и покрај се.

    Него жално е понекогаш со што се се соочуваме.
    Во секоја бајка има принц, принцеза и некоја злобна вештерка. И бајкиве не научија дека на крај злобната вештерка умира, но никогаш не покажале дали принцезава кога ќе остари ќе остане добра или ќе стане лоша вешерка?
    Да, знам глуп муабет, но поентата ми беше друга.
    За жал многу често стануваме како оние личности што не ги сакаме, што не нервираат, но за жал гените се во прашање, па нема спас.
    Не сакам да се претворам во неа, а полека, полека станувам таква. Сакам да ги држам сите ланци цврсто во рака. И тој ќе ми ја бакне раката и го намали стисокот, па ланците малку попуштаат.
    -Не дозволувам дур си со мене да бидеш таква, нема да дозволам ни да станеш полоша, ти може само да си подобра.
    Ах, мил мој дали ти се лажеш?
     
    На bittersweet, Isabella, Artemission и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Незнам колку треба да си малоумен во речиси 1 саат по полноќ да застаниш и да звониш на домофон! |(
    Звони ли звони, а знам не чекам гости, ниту пак би отворила на некој сега!
    Најтрагично што дечкото и не беше мал, звонеше и реков ќе видам кој е па што сака нека е. Гледам низ прозорчето од соба, вол трча и се кикоти како којзнае колку паметно нешто да направил. :envy:

    Се испотресив!
    А сама сум... Јес да живеам на булевар, нон стоп луѓе поминуваат, ама пак... :(
    Која мизерија се луѓево, мизерија! Страшно.
    Се мислам како ќе спијам.
    Бај д веј, незнам утре како ќе ги истргам сите работи што ги ставив пред врата! :rofl:
    И чекан имам до вратата! ]:) :rofl: :rofl:
    (Ова, јас ќе да сум малоумна! :rofl: )
     
    На sweet-cherry, anuskaNESTLE, Girl-50 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ами на профилот од починатиот да ставиш статус „јас починав, сега сум со ангелите“ |(
    Оваа моја чудесна искварена и проста раја |(

    Туку, дојдов тука да нешто кажам/спомнам/сугерирам/чисто онака: да беа барем половината ко Шилеа наша, Македонија ќе беше најубавото катче за живеење! Толку неисквареност и енергија на едно место, да е здрава и жива :angel:

    ( Се извинувам што прозивам, што присвојувам, што сум пристрасна и што навистина посакувам повеќе луѓе покрај мене. Се некако смрди во овој свет. А мене толку малце ми треба некогаш па се ми мириса на лаванда и гербер :angel: )
     
    На zhirafa, Trendafilka, MacaLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.