Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Криво ми е што му се налутив на тато.

    Стареам луѓе. На чуден начин. Еве, не стареам, ами нешто ми се дешава.
    Ок.
    После коњак и позитивна енергија, секогаш ми се пријадува лепче премачкано со путер и џем. А сега зобам гранола бар облечена во полупижами. Тоа така ја го викам. Кога долниот дел е пижама, а горниот е маица шес броја поголема и удобна ти е.
    На концертов... Немам зборови.
    Нова свежа енергија, полнокрвна, емотивна, лирична, искрена, дури и наивна! Се вљубив! Во сензибилитетот, во енергијата, во изразот, во едноставноста со која пленат Foolish Green. Јас, во најмала рака сум импресионирана. Зелена. Ја фатив месечината. Му кажав и на мажов мој, среде концерт - овде се дешава лудост, јас те сакам. Ми врати срценце, гик мој. А што друго.
    Дома мириса на Орнел плавиот. Даде ми вети во понеделник шетање низ ГТЦ и нов ранец по пола од Саломон - има распродажба, идете и земете си поволни ранци, ролерки, патики, што душа ви сака.
    Удрена сум.
    Под наплив на емоции ми доаѓа да врескам. Како вулкан натрупан со памук сум.
    Кај и да е, змејката ќе рикне.
    Дали со многу нови нешта, или стари не знам. Со Фиши треба да го довршиме албумот. Меко е тлото. А најмеко, дното.
    Нема да размислувам за него. Од таму се креваат сите вивнатости.
    Сакав да кажам дека Македонија е клета земја, а благословена од еден грст индивидуи кои носат зрак светлина.
    Вечерва ми го докажаа тоа млади дечки со својот придонес.
    Што сака нека биде, музиката е лек!
    И точка.

    Добра ноќ жени.
    Гушнете си се себеси, најважни сте си сами на себеси. Верувам.
     
    На kate21, encimenci, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК животот е повеќе од она што гледаме и сме го запознале такво какво што е, истото само во многу подобра варијанта.Штета, што човек доцна го открива тоа.Трагично е и тажно, човек да се исмева на туѓа трагедија, само затоа што мислејки дека истата е непостоечка.Зарем туѓите животи на луѓето не им се репер за тоа што и како би требало да се живее животот? Притоа не мислам човек да се бара себе си во другите, туку спознавање на себе си, својот карактер.Човек што се познава себе си премногу добро, нема зошто да се докажува, ниту пак тоа е нешто што му е од интерес...
    Пак ќе речам, животот е само еден здив, ништо повеќе.А луѓето мислат дека треба цврсто да се држат до она кое наумиле да го направат, за кое сметаат дека и не им е од голема важност.Бидејки некогаш ќе дознаат дека можеби и не требало тоа да го мислат/направат, тогаш кога ќе биде премногу доцна за поправање на грешката.А учењето од грешките е само подобар начин за справување со истите доколку во иднина се појават повторно.Чистата совест е нешто убаво, што може човек да го има.
    Некои луѓе, некои настани, се појавуваат само еднаш во животот на другите и нема реприза на истите, а од човекот зависи како ќе ги перцепира.
    Смешно или не, не ме интересира.Јас како и да е ќе одам благо да си каснам.Само да си кажам, оти ми се кажуваше, така нафрлено, сега тазе појавено.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Значи една песна, само една песна може да ти ги врати сите слики и моменти од минатото до нај ситен детал, така реално, така болно и вистински...
    И ме боли, времево минува ништо нема да се врати а ние, сите ние, што правиме?
     
    На encimenci, tweety26, ludoto19 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Има! Да му честитаат роденден на умрениот. Прост пример секоја година на роденденот на Тоше, цел ѕид на фан страната на фб е испишана со „среќен роденден, се најубаво„. :|
    Бизарно е...
     
    На MacaLove, Libera и mims-89 им се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК не си дозволувајте да се нервирате и трескате од земја за такви кои не ве разбираат, не се ни трудат да ве разберат, не мислат на вас, себични се, за такви кои не ве заслужуваат.
    Има еден куп риби во морето!
    http://www.youtube.com/watch?v=oLm-aB8boZQ
     
    На zhirafa, Annie.mk1, cigarce и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Колку и да е не благодарно ова, морам да си го кажам. Не ми се живее веќе.
    Подобро ќе биде да умрам, отколку да се случи она што мислам дека ќе се случи.
    Проклето минато, остави ме на мира
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Татко ми е бетер од дете.
    Вчера заспав во дневна. Кој ѓавол ме тераше, не знам. :D Ако татко ми е станат, мора сите да се станати. :D Дојде, почна да го тресе креветот, да ми го зима ќебето, да ми вади перници. :D - Елена, ти спиеш? Ама нели не спиеш? :D - Ај оди во продавница, ајде гладен сум. Ти што сакаш за доручек? Толумби или баклава? :D Ја баклава не сум јадела од Нова година, а не па тулумби ќе јадам за доручек. :D - Ајде, каква домаќинка си, до 12 спиеш? Ајде треба во школо да одиш, ми се јави прееска наставничката. :D После почна на мајка ми да и збори: - Жено, кај ја скри тортата? А нели имаше и баклава дома? Ама ајде стани, замеси баклавата. :D Еднаш така на мајка ми и се смачи, му рече: - Скриена е во гаража, оди барај ја. :D И татко ми со цел памет, и поверува. Се враќа: - А бе жено, доле само пиперки има, кај си ја ставила тортата? :D
     
    На Springy, Divinebutterfly, Libera и 9 други им се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    неможам да си поверувам :x мојот сопруг е единствен сто работи во ова кујЧа и ние 6 дуси јадеме од него :^) неговиот брат и сестра одат сколо и им купува книги едно друго се тој,а она негова сестра кога мажми е до 11 на работа вика лелеее сто убаво денес не е дома ке си уживаам :x ми иде да и треснам една :fubar: сто нема во глана,сите пари знЧи се сто работи повеке троси за таа да оди сколо да уЧи книги едно друго да има да јаде,не купувам ни јас ни тој за нас несто за таа да има :x а таа само јади седи и сколо нисто друго и ке ми кажува сто убаво без него :x ма мрс глупаЧо една...цццц а ми е жал да му го кажам ова дека сите уживат кога тој е на работа :x оооффф лелееее колку теско е :(
     
  9. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Феминки знам дека не ми е за тука прашањево ама не знам више кај да побарам? цело утро на нет барам информации за циркусот што е во скопје и не можам ни термини ни нишо да најдам? ве молам некоја ако знае да ми пише фала ви :(
     
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Простете и ќе ви биде простено!
    Простете ми ако на било кој член на форумов нешто сум му згрешила.

    Расположението празнично.Станав и го земав телефонот.Се јавив кај мајка ми да и побарам прошка и реков "Прости ми мамо ако нешто сум ти згрешила,можеби не сум совршена како ќерка ама секој греши па така и јас".Настана тишина..
    Мамо мамо,тука си,и реков.Со растревожен глас ми кажа "Простено ти е се ќе се слушнеме после",ја расплакав жената јас...
    Сентиментална е многу,посебно кога некој од нас треба да и оддржи некој говор или да и честита за некоја работа.

    Ајде да си јадеме баклава,денес и да ставиме повеќе калории не се брои,празник е :D

    Простувајте секогаш не само на прочка,и барајте прошка не само денес,туку секогаш кога мислите дека нешто сте направиле погрешно.
     
    На Springy, Stoimenovska, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    То детето шо умре во сообраќајката во радовиш... исто само на ѕид се пишуваат такви пораки само од него слики со вакви пораки и слични...
    Па луѓе кога беше жив толклу не го почитуваа како сега ....
    како викат старите умри за да видиш колку си ценен...
    Простете феминки ако сум ви згрешила нешто никој не ее совршен па и јас.. !
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Значи јас веќе во тема Религија нема да пишувам на форумот. Им кварам просек на некои со мојата несовршеност. (не се однесува на Горде и Серафима)
     
  13. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Морам...
     

    Прикачени фајлови:

    На vendiii, crazylady, Micheleljubov и 3 други им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Dady, dady, dady, all my life, I’ve been trying to find my place in this world..
    I said to her: Baby baby, babe, I’ve got all night to listen to the heart of a girl. :nod:


    Ние двајца не збориме.
    Ние не знаеме да комуницираме.
    ...нити со другите, нити меѓу себе.
    Знаеме да се скараме, да се љутиме, да не правиме муабет по недела-две...месец... демек, претходно..меџувремено, сме се изнакажале, пак, сега дошло време за здив да се земе - од дрндање.
    Ние во животот се немаме гушнато. Се немаме ни бацено во чело, во образ.. освен од Нова Година на Нова Година, а ни значи тоа едно. Тоа едно ни е вредно колку еден цел слон и стадо овчички,кучиќи и мачиќи и по некоја гуска, а рачунај... ти си таму некаде во средина,измеѓу и овие се мазат ко предалчиња околу тебе.
    Ние ќе умреме без да си кажеме се’ што уствари сакаме да кажеме. И, тоа нема да се смени, само затоа што знаеме дека е така, дека ќе биде така, оти...поинаку и не бидува.
    Тој е таков со причина. Голема,огромна.
    Јас сум таква затоа што тој е таков, затоа што, само тој беше во мојата зеница.
    И ден денес е.
    Денес, се што имаме да си кажеме, после една недела љутење е... шоља какао за мене, кифлички со сирење и шунка за него..за вечера, ем за утре за работа(две у едно му правам бе :D ).
    Така ние си зборуваме и си простуваме.



    Инаку, јас му простив на 17ти март. :D
    ама под 1 услов. :angel:
     
    На bittersweet, Isabella, kravce и 19 други им се допаѓа ова.
  15. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Вчера беше Струмичкиот Карневал, јас настапував и преубаво си поминав, а по улица најубаво :) Пред нас беа едни Албанци, најпрво мислев дека се од Охрид,Струга, но од Албанија биле.. И тие Албанцки зборат, ние Македонски и почнавме Англиски да збориме, ама пак неможевме убаво да се разбереме, дека многу лошо збореа Англиски хаха и потоа дојде едно девојче и овие и кажуваат оваа ни преведува и така се запознавме, и цели 3-4 саати си муабетевме, и после дечките ми викаат дека еден ме свиѓал, да да убав беше не викам не.. :$ Преубаво си поминав и овој карневал ке го паметам по дечките од Албанија :)
     
    На Kathlin му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    .....посакајте ни среќа, си закажавме датум за свадбулето :)
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Springy и 38 други им се допаѓа ова.
  17. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.316
    Пол:
    Женски
    Dear friends, enemies, frenemies,
    Forgive me for all my past sins & all my future sins, im just a human like everyone else :)
    До сите членови на форумот:
     

    Прикачени фајлови:

    • Day.jpg
      Day.jpg
      Големина на фајлот:
      30 KB
      Прегледи:
      323
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Посакувам мислите што ми прелетуваат на главата да се запишуваат авотматски оти така се најубави, најприродни. Се друго напишано, па и кажано е претходно смислено и разработено.
    Синоќа по којзнае кој пат неможев да заспијам, се вртев цели 3 саати, а во мислите ми доаѓаа секакви работи.

    И секогаш кога ќе си кажеш самиот на себе дека нешто не треба да заборавиш, знај дека ќе го заборавиш.
    Тргнав на претстава да ја сликам братучетка ми со новиот апарат, многу убави слики вади, па тетка ми ме замоли да ја сликнам. Аnd guess what? Пред влезот ми текна оти без апарат тргнав. :|
    Се спремав цел час, се издотерав и ниеднаш не ми текна за него, иако неколку дена по ред ми нагласуваа да го земам. :rock:
     
    На Ilusionist, WarriorAngel, wendy2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Еј, па зарем има нешто поглупо . . . уствари што прашувам дали има, НЕМА нешто поглупо од тоа да си ги споделувате фамилијарните животни судбини со партнерот.
    Он треба да го знае моминското презиме на вујна ми, а јас на пр. дали вториот братучед на татко му е преженет или останал вдовец. Ете такви глупости. |(

    Познавам неколку такви. Шта речи. Уште на овие години веќе е длабоко навлезена во семејната лоза, лока кафиња со тетки, стрини, вујни и уште од сега не се слага со сестрата на партнерот.
    На 20 години е веќе омажена и станала права тетка, не ни треба потпис кај матичар, веќе имаш официјално слики со потенцијалниот свекор и свекрва.
    Секој си го креира животот онака како што си сака, ама вакви тешки глупости уште неоформени како зрели личности кога гледам, не можам да останам имуна.


    И мојов знае некогаш да си се олесни, да си ја каже маката кога му е тешко оти се гледа некогаш, не мораш ни да говориш. Некогаш го оставам да се досикаже, некогаш го прекинувам, стварно не ме интересираат фамилијарни работи ни најмалку. Не ме интересира запознавање со неговите роднини поблиски и подалечни, ниту пак чувај Боже кафиња со нив, си имам врсници со кои можам да пијам кафе, тетка уште од сега ќе се правам.


    До толку трачарење и денгубење не сум видела. Место дур сме млади да се посветиме на продуктивни работи, она инстантно ги заменува со вакви тешки глупости.
    Шта ќеш, није лако кад ствари стоје тако. :D
     
    На bittersweet, kravce, sadangel и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    177.242
    Пол:
    Женски
    Првата прочка без него... на нашиот омилен ден за семејна собиранка..него повеќе го нема..
    На минатата прочка се збогувавме...оваа седев покрај него и барав прошка...

    Ги сакавме старите пагански обичаи на овој ден. Ахх.. кога само ќе ми текне...
    Одсекогаш овој ден бил денот кога фамилијата вечерно се собира кај нас. Најпрво пред двор, на огнот кој го палевме откако паметам за себе. Ех мои пријатели, само какви преубави времиња беа тоа... Низ целиот град...во секое маало, пред секој двор или зграда имаше оган, без разлика шо некогаш знаело и да врне дожд или да има снег, адетот си е адет ќе речеше татко ми.. а луѓето беа среќни, навистина беа, бевме среќни, насмевки фрчеа на сите страни...безброј комшиски дофрлувања и шеги за тоа кој има поголем оган ги грееја душите :) ...кога само ќе помислам на тоа...
    Но, со годините се намалуваше џагорот..огновите и насмевките...последниве години во моето маало само ние останавме доследни, само кај нас оган... но, од лани веќе ништо повеќе не е исто...
    Но, јас го сакам овој ден и покрај се...мене секогаш ќе ме потсетува на едно убаво време, кога луѓето знаеја повеќе да се ценат и почитуваат... јас сакам токму така да го паметам, зошто знам дека огнот кој тој го распламти во душава, не смеам да дозволам никогаш да замре... како би можела...

    http://www.youtube.com/watch?v=OlJ-pqy1b80
     
    На bittersweet, kravce, Asja и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.