Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Како тоа секогаш пред избори паѓа на некој лото 7ца , прилично голема сума на пари .....

    ништо пред следните избори ќе играм лото може ќе ми се посреќи и на мене :lol: |-)
     
    На simpaticnaa, kravce, Trendafilka и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Добар ден на сите, имајте убав и весел ден! :) :sun: :f: :coffee:

    Денеска е прочка, ако сум ви згрешила нешто простете ми. Многу ве сакам :* :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На lunicka, Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Си ја имам најпрекрасната и најубавата мајка на цел свет :inlove: Ги имам и најпрекрасните татко, брат и детко да не го заборавам. Премногу си ги сакам. Го сакам тоа што мајка ми бара совет од мене за тоа која блуза да ја облече и како да се нашминка, тоа што бара од мене да и ја поправам фризурата. Ги сакам моментите кога со татко ми ќе седнеме и ќе мајсториме нешто и се разбира ќе го дорасипеме 8) И сакам кога брат ми бара совет од мене за тоа кој парфем да го купи и како да се облече. А најмногу ги сакам летните зајдисонца со детко мој и остала пензионерска компанја во дворот. Ќе седнам понекогаш со нив и ќе слушам какво им било минатото. Прекрасни старци се тие. Сакам да дојде лето и да си облечам кратки ракави и кратки панталони и боса да ја перам колата во дворот, да се буричкам во водата.
    Лежерно ми почна неделава. Ја суредив мајка ми и ја пратив на ручек со другарките. Роденден славеле. А сега ќе седнам јас да ја зачистам собата, па самата да се суредам, избањам, исчупам, брк да фатам и ќе седнам да учам.

    [​IMG] Damn I love my big nose :rock:

    Ми фали летото, премногу. Ќе си немам никакви обврски и ќе можам по цели денови да лумпувам со другачкиве, и едвај чекам да си дојде другачка ми од Италија. Убаво ќе ни биде, знам :wasntme:
    Ама и вака не е лошо. Животот е убав и убаво е моето мало градче, го сакам.
    А да и заборавив да кажам, бев на систематски и супер ми е здравјето. И сабајле ме удри филм да си направам IQ тест, 128 ми е. Па и не е така лошо со оглед на тоа дека над 130 е супер интелигентен. Ајде сега да си ја дометам собава. На работа, на труд! :D
     
    На kravce, Doozy, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Ајдеее дојде Грујо да збори кај нас, сега цел ден ке слушам безпари музика, нема спиење, нема учење.. :lol:
     
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Преку глава (ај да не кажам преку што друго) ми е од паметњаковичи кои мислат дека се знаат и делат памет (?) каде стигнат и каде можат. Не само во реалноста, туку и во виртуелноста. За греотка бе.

    Не, не си во право, тоа не треба да изгледа така, не треба така да правиш, ма ти дали си нормална, ало?! :^)

    Искрено, би ги запукала со 2-3 жешки, само за да се свестат каде се и во кој свет се наоѓаат.
    Ако ти не правиш така бе срце, јас правам. Правам оти ми се сака! И оти ми се може! Тебе ако не те држи гз, не прави бе срце, ете, толку е едноставно. ;)
    Ти не сакаш нешто, али јас сакам. Тоа си е мое право, а твоето е само да промрчиш. Е така!
    Како што јас не се замарам со твоите проблемчиња и глупости, немој ни ти со моите.

    И така ... гледам и сите се паметни и со статусиве на Фб, мисли од секоја глупачка, која всушност не ни разбира што и како е пишано, али ајде.

    Абе луѓе бре ... Најмногу ме нервира кога некој си се преценува, а него, не го бива ни за носот да си го дупне. Колку сакаш такви околу тебе.

    Боже, ај те молам, направи идиотиве повеќе да не ме дирнуваат.
     
    На sadangel, Ilusionist и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не знам, сите велат дека бараат искреност ма колку и да е болна, а кога искрено ќе им одговориш на некое прашање тоа го сметаат за љубомора. Па не прашувајте бе луѓее!!!!
    Значи џабе.. Како што 1000 пати до сега сум рекла, секој прави како што му одговара, мисли тоа што му одговара.
    И да, некои луѓе само се преправаат дека се трудат да ти помогнат. Бидете паметни и правете разлика!

    А за сите вие што го бирате секогаш партнерот пред сите, пред пријателите, чукнете си ја главата малку. Да љубиш некого не значи да си само со него дури и кога најверните другари те молат да одвоиш малку време за нив. Ама прости душички, еднаш ќе се договориш да излезеш и ќе те извиси, зашто нели не беа видени со љубовта на својот живот цели 2 саати.

    Ете баш вака..
     

    Прикачени фајлови:

    На Doozy и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.259
    Доаѓаат на врата две од една партија наша да не ја именувам, да ни зборуваат зошто треба да гласаме за едната од нив за советник. Татко ми и вика,колку години имаш 24... И и вика, што ќе советуваш ти,да те прашам? Со кое искуство?

    Тоа е... не сум посвоена.
     
    На bittersweet, Springy, Hipster и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Тој кај вас барем имал 24 години, кај нас ам 20 годишни? Моја генерација ќе бидат советници..
    Чудесна земја :D
     
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.108
    Пол:
    Женски
    Не... не е можно.. :x Зошто? Зошто си отиде Далааа?? ;( ;( ;(
    Сега ми е како да сум загубила некој кој ми бил многу важен.. Зошто си замина, ќе се вратиш ли еден ден, ќе ги заборавиш ли нашите „ :geek:“ како така одеднаш, си замина?? ќе се врати нели?
    Ако моментално го читаш ова, од сето свое срце те повикувам назаад..
    Сакам само да ми кажеш зошто? а потоа ако сакаш оди. ;(
    Дала, врати се, сонувам ли јас? Зарем вака ќе ги заборавиш и кечапите, мајонезите, оцетите и останатите тракатанци.. ;( Кој ти згреши нешто? Кој? Кој? Јас, или зачините, или некој трет? А? А? А? Врати сееееее!! :sweat:
    ќе те чекам да знаеш.. ќе те чекаме.
    :geek:
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК штета што празников Прочка преминал во мода, нешто што се бара ради реда, од онака, а не од срце и душа.Празниците постојат за да не заборават луѓето на човечноста, без разлика дали ја има или нема, но незначи дека само кога е празник треба да се направи нешто во чест на истиот.Во спротивно, празникот го губи своето значење.Ретки се луѓето кои ги ценат вистинските вредности на животот, мило ми е и драго што се уште има такви, за кои вреди човек и да се онесвести.Барем се светлината во мрачното секојдневие, за кое патем останатите луѓе со превез на очите гледаат кон суровата реалност.
    Се зависи од човекот и се е во нас, нема ништо надвор од нас.

    Туку, сакав да кажам, пред некој ден прочитав како американците виделе ангел на небото, тоа да ти уствари облак во форма на ангел, е арно ама, зарем американците сега знаат дека облаците прават форми? :^) Па и одеднаш приказни, како случајно си се појавил ангел, токму на избирањето на новиот папа во Рим, и дека дедо Боже тоа го одобрил, му се допаѓат новиот папа :tmi: Облаците отсекогаш правеле форми, само луѓето од нивната константна преокупација со животот, забораваат да ги видат убавините на природата.А не дека сега наеднаш ангел се појавил :!:

    Ироничен е животот, премногу, што тоа не се ни приметува :wasntme:
     
    На kravce, Hipica и Katerinceee им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.538
    Пол:
    Женски
    ...Си оди полека денов...децава тотално незаинтересирани за палење оган,маж ми се уште дреме дома...направи дупка во троседот..јас...сега седнувам...цел ден по кујна и купатило и тераса...а ми се пие едно убаво кафенце ми се плаче,а немам сила да станам да си направам .Ги молам сите ,ама јок сите ме [​IMG]
    Тоа што бев нервозна вчера ,тоа да ти бил преранет пмс.[​IMG]Циклусов ми се измрда ,како луд е .Те поранува,те касни...те претекнува...како воз на Македонска железница...се е,само никогаш не е точен....[​IMG]
    Другарка ми е пак во ситуација без излез,не знам како да и помогнам,зашто не е до моја помош или совет,туку чисто до нејзина одлука..
    Нешто ми падна на памет денеска ,да одам да си направам фризурче такозвани боб.Хм..како ли ќе ми стои...и да не стои ќе порасне ,не вреди да се жали по нешто што расте...
    Инаку денес се оди на гости кај блиските..обично младите кај постарите..е мојата свекрва по обичај не не повика..па како кога не сака да те угости..додуше ако сакам да одам и да си направам сама јадење...па тоа го можам и дома...
    Одам јас да си направам кафе и да си кркнам едно парченце од мојата совршена Сунѓерка торта...
    а вие простете за да ви простат...
    [​IMG]
     
    На bittersweet, kravce, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Што е баланс во врска? Кога девојка електраш и дечко спортски настроен одат прво на РобоМАК, па на кошарка :) Шала на страна, јас бев иницијатор на се, и не можам да кажам дека не уживав. Се смеев, се забавував, викав, навивав (уште ми е фатен гласот)... Трчав како малечко детенце, скокав од радост кога победивме... И на крај се опуштивме со пиво и чипс :)
    И беше тоа едно чувсто на моќ и слобода, чувство дека целиот универзум решил да оди во твоја корист, чувство дека си на врвот на светот. Токму тоа што ми требаше, токму тоа што ми недостигаше...
    И сега спокојно можам на се вратам над книгата... :) Ако ме фати место пак, де :)
     
    На Mishela и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Инстраграм е крив што имам научено толку малце! :lol:
    Омилена пауза ми е, само барам рачки, за да не учам.
    Ајде сега кафе и малце Инстраграм, нешто благо да каснам и да видам што има на Инстраграм, па ајде малце ова и Инстраграм, она и Инстаграм и така до бесконечност! :D

    Немам фејсбук, ама ова е полоша зараза.

    ****

    Туку, денов убав, а? - А јас, јас затворена во станчево не мрдам! Милион договори за кафиња и ниедно не се испи. Секоја втора недела со полагање, мир немам.
    Слободен викенд? Само тој после полагање, и тоа резервиран за него. Уште него да го запоставам вака како што запоставив се', незнам кај ќе ми е крајот.

    Ах, колку ми е монотоно, еднолично и безвезно.
    Сакам да си се средам, цвикерчињата, мојот А. под рака и да уживам!

    Ама ќе почекам за ова, се надевам не многу. :)
     
    На Stoimenovska, anabel-a, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Среќен нека ви е празников и простете ако сум ви згрешила... :) :*
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    убав неделен ден... се простив со моите бидна и прочка :) ... aјде сега да се избањам па нели е недела :D и да се изрелаксирам малку... пошо утре е понеделник треба напорна работа, мора малку сериозно за да си ги остварам целите.... простете ако сум ви згрешила мада пошо сум нова немам ви згрешено :D
     
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
    Секогаш гледаш на другите да му погодиш, а на никој не му е гајле дали тебе ти е погодено.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.758
    Пол:
    Женски
    Читнав некои од темите за свадби, не , не се мажам него онака... И ми текна колку многу сакав свадби кога бев малецка. Кога првиот братучед се женеше мислам дека бев тргната во основно ако не се лажам и според годините на внук ми бев прво одделение. Зимска свадба, мајка ми не дотера во црвени комплетчиња, бели ролки и хулахопки, црни мартинки. Имавме двете боб фризурчиња и црвени ленти на косата.
    Бевме пресреќни затоа што ќе добиеме дадичка со која ќе си играме.
    Кога почнаа подготовките, разговорите околу адетите во многу од нив требаше да има мали, немажени девојчиња. Добро де може не им требаа толку мали како мене, но мене не ме одбраа, а одбраа сепак девојче колку мене.
    Кога прашав зошто, одговорот беше дека сум сираче и нема бракот да им тргне ако се замешам јас. Хмм... се налутив многу, па што ако сум? Што тоа има врска со нив?
    На наредната свадба исто. Иако бевме испочитувани скроз од одење по невестата она веридба, до одење по невеста на свадба и што ти јас знам, сепак сакав да учествувам во тие адети.
    Кога беше последната свадба, требаше да се стави венец на врата. И пак сакав и јас да бидам таму, најблизок ми е, најмногу го сакам, како да не бидам кога ќе се става венец? Ама не, не можеше повторно, несреќа ќе им донесам.
    Иако тоа нивното помина без никакви фешти, сепак не бевме таму со сестра ми.
    Како бе јас ќе им ја пренесам мојата несреќа со тоа што ќе бидам присутна кога ќе се прават тие адети, м? Да се пренесувало така несреќа, мислам дека и ретко кој некогаш би бил среќен.

    Небитно...
    Почнав да си ја средувам собата. Да ставам нови рафтови во плакарот за да ги средам како што сакам парталите.
    И жал ми е некои фустани да ги фрлам затоа што тета ми ги шиеше, жал ми е некои парталчиња да ги фрлам затоа што ми значат нешто. А ми треба простор, ми треба.
    Моднине гуруа велат дека се што не си носел една година треба да фрлиш. Да бе, мајка ми да фрлала така сега немаше да ги имам најубавите кошули.
    И како да се одлучам што да остане?
    Е голема мака си имам, а?
     
    На CoverGirl10, bittersweet, Adi888 и 19 други им се допаѓа ова.
  18. mlad-bitola

    mlad-bitola Нов член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    6
    сакам да кажам дека крајно сум разочаран од женскиве и млади и стари сите се исти потполно |( зарем нема никоја поразлицна од другите??? :geek:
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Кај нас една што годинава е матуранка. Значи 18 години..
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Не ми проштевајте, не ви сум згрешила.
     
    На kravce и CharmedGirl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.