Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Легни си будала, стани си ненормален и така секој ден :D
     
    На Elennaa и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК слабо дрво се направив :lol:
    Конечно во мојот живот почнавц да правам работи кои мене лично ме засегаат и прават среќна. Две работи во рок од два дена. Денес излегов и заборавив на се, вчера го видов него, и сфатив дека го сакам, и ќе го сакам до крајот на моето постоење. Биле некои други, сите поминале и сум ги заборавила, останале во минатото, само он е секогаш присутен.
    Нема да форсирам ништо. ќе оставам на времето да покаже. Само знам дека пак ќе се сакаме како што се сакавме... Како никои други... Јас сум спремна се да заборавам, и почнам одново... :)
     
    На Trendafilka, Blanca, Adi888 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ептен денес фин денов, на никој ништо не сум му згрешила па на никој за ништо не се извинив. :D
    Шала на страна, сум грешела, ама со време сум се извинила и денес не ми беше дојдено до извинувања само затоа што е таков празникот, можеби дел од луѓето се налутија оти сум помала нели ред е да се јавам или пишам амаааа со никој не ми се зборуваше. Битно дома ги спотерав сите да ми се извинат за да им ги простам гревовите и за целосен ефект на извинувањето ги терав да ми клекнат на колена, ама не бе не ме слушаат :D Акооо акоооо ќе пијат солени кафиња и ќе јадат патлиџани со киселина :D Се шалам :$

    Деновиве, воглавно мутави се, поточно јас сум замаена и страшно расеана и слабо функционална. Неделава колоквиумска... а јас семестаров се ќе чистев преку колоквиуми хаха, да се посмееме малку на вицов, ниту материјалите не сум ги зела уште а утре понедељак друже... ама ајде, и онака подобра сум кога спремам испити :D А имав желба негде длабоко во мене, ама само негде шетам, скитам, кога нема луѓе нема, ама кога ќе навасаат сите наеднаш оди па постигни ги, овој, оној, ваму, таму, бааа. Кој е тој глупав закон? А не е дека ми се излегува, ама колку да не седам дома... зошто ако седам дома ќе почнам да размислувам и не сакам да ме стигнат некои мисли од кои упорно и упорно бегам. :bandit:

    Друго на западу ништо ново, разочарување до разочарување, јас не знам животов што си мисли и до кој степен планира да ми ги тренира нервите ама нека повели, се ќе помине, јас и онака веќе солзи немам и додека се наполнат резервите веќе ќе се случи нешто убаво. МОРА. :geek:

    Човекот си го ставив во црна листа на телефонот пред некое време, тежок чекор беше ама морав да го направам, не е дека тој врти без престан хахаха, се нема ниту јавено, ама со мојава постапка си дадов малку како некој вид сила, поддршка самата на себе, не знам како да објаснам... пред две недели од прилика кога дедо не беше добар му се јавив, му се отворив целосно, му го кажав секое чувство и секој страв, искрено зборувавме, буквално си ја соголев душата... и од тогаш не се ни јавил да праша барем како си, ако ништо друго затоа што тој како никој друг знае колку ми беше тешко и немаше да му се искршат прстите ако барем другарски се јавеше или пишеше на виберот едно што правиш и како си после сите овие години да покажеше трошка човечност ама не... тоа ти е, живот. И кажувам на другарка ми и таа па скока, ијаааааааааа како така бе сакам и јас, па застана стана ептен сериозна се замисли па ми вика абе а ти ќе издржиш така? и викам де ма не ни ѕвони телефонов не е нешто тешко за издржување и се изнасмеавме. :D


    Цел ден се околу мене ми мириса на тазе печени кифлички... лоша страна од диетите, почнав да халуцинирааам, ми иде сега да земам да замесам.... уф маки :rofl:
     
    На bittersweet, LilBaby, tweety26 и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Колку баклави дегустирав викендов, не можам веќе, немам сила. Шербет ќе почне од кожава да ми тече, да ми капе од косата, ако легнам гарантирам дека и од папукот ќе почне да испаѓа. Пробај една со лешници, па со ораси, па со ораси и чоколадо, па ораси и чоколадо со кокос, а со вишна? А зошто нејќеш да пробаш од таа со бело чоколадо? Ами таа со суво грозје? Ај, ај, атер за вас, за гости правено, ајде пробај.

    :puke:

    Бутав баклави, ми идеше дома кога си дојдов сол да почнам да лижам. Не можам веќе, ама стварно. Не сум дури ни љубител на шербети и глупости, чисто да не кршам атер пробував. |(

    Стандард неделна процедура денеска, составена од етапи наречени спиење, јадење, малку продуктивност и вегетирање поголем дел од времето (а не дека немам што да правам) за на крај да заклучам дека денот ми е мал, и морам да се бањам по ноќите. Како и секогаш во последниве неколку месеци. :D

    Прееска седев, и во напад на досада, почнав да мислам како завршив на мојов факултет. Отсекогаш мислев дека тоа сакам да го работам, нешто со јазици дека ќе е, за на крај да испадне дека и не сакам баш тоа да бидам. Ни ми е интересно, ни можам да се замислам со правни и економски и којзнае какви поими во наредниве 40 години, страшно. Колеги па викаат дека не го сакале баш ова кога се запишале, ама сега тотално се пронаоѓаат во сиов овој хаос. Да можев да си најдам нормална работа без факултет (а не можам, не викајте ако се сака, се' се може, во државава ништо не се може), кога ќе си ги зберев документите и кога ќе ме снемаше, дим да ме њама.

    Шербет чувство во устата, угх. :geek:

    Муабетов кај ми беше... а, да. Да сум малце помалце емоционално осакатена и да искажувам чувства повеќе, ќе го земев телефонот и ќе почнев да им пекам на луѓето. На другарка ми што си ја немам видено одамна, да и кажам дека ми фали. На другава (ќе ме прочита :D ) дека одамна немаме правено нешто заедно, а навистина немаме време ни двете. На другар ми дека почесто треба да се дружиме со целовечерни собиранки. На колегите дека ми се мнооооогу забавни и обожавам да пијам кафе со нив. На момакот поради кој станувам насмеана, дека е сменет на подобро, малку се опушти во врска со мене, :D дека ме прави среќна и дека ненормално многу ми фали кога нема да го видам некој ден. Ама не е ни самиот свесен колку ќе ми фали летоска да ми се насмее и да ми рече - Ќе биде, што да правиш, иако ме нервира некогаш кога ми го вика тоа. :D

    Сакам сите да ги изгушкам и изгњавам и сфаќам колку е лесно во денешно време да се оддалечиш од луѓето. И џабе го пцуеме интернетот и фејсбукот и скајпот, јас ги благословувам, ако не се тие, ќе скренеме и ќе се испозагубиме сите уште толку.
     
    На bittersweet, caroline.costa, LilBaby и 28 други им се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    23.108
    Пол:
    Женски
    Постот на Дузи ме потсети на моето размислување во врска со факултетот.
    И јас така некогаш ќе се замислам, и се прашувам зошто баш тука се запишав? Уште од 5то одделение знаев дека го сакам јазикот, и точно дека ми одеше уште тогаш, на часовите, на натпреварите.. Ама се си мислам дека да не ми беше професор еден човек од приватниот курс што го посетував, никогаш немаше да се запишам на англиски. Ми предаваше вкупно 11 години, прво на курсот а потоа и во средно. Ми ја покажа првин основата на јазикот, а потоа и сите мали финеси кои го прават толку интересен. Ме насочи и ми ја откри љубовта кој англискиот. Ме научи мал милион работи, ми предаде многу важни животни лекции. Со тек на време стана мој идол. Сакав да предавам како него, сакав да зборувам како него, да објаснувам. Добро, малку подоцна сфатив дека не сакам да станам наставничка, и затоа се ориентирав кон преведувачката насока. Ама поентата ми е дека, доколку ги имаме вистинските учители во животот, многу работи ќе научиме. Со нивна помош ќе донесеме важни одлуки.
    А професорот, и ден денес кога ќе го сретнам, не престанува да ми кажува колку многу се гордее со мене и моите успеси. Се уште верува во мене, иако јас некогаш се сомневам дали го одбрав правиот факултет за себе.
     
    На Hopeful, teddybear и Doozy им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.407
    Пол:
    Женски
    Мислам дека почнаа периодите кога се молам, ужасно се молам денот да трае минимум 30 часа.
    За нормално да функционирам. :sweat:
    Не ми стигаат овие 24 за да си ги извршам планираните обврски, а да не зборувам пак за некои непланирани кои од нигде некаде ќе излезат - не дај Боже, веднаш се руши целиот распоред кој си го зацртал, го снемува како кула од карти со нестабилна основа. :doh:
    Исто ми се фаќа и ако станам од 7 сабајле и ако поспијам до 11. Не дај Боже до покасно, ау скраја да е - пиши веднаш пропало и стави Х.
    Понекогаш дури се чувствувам ко да сум во војска - стануваш во 6:30 (ако ти се потрефи денот и во 7), набрзина се спремаш, ко фурија поминуваш низ соба и натаму-наваму, клучот во рака и те снемува во поход „зграпчи го денот“. |(
    Броиш минути и секунди до паузи, буташ хоуммејд храна и се трудиш очите да ти останат отворени. И одеднаш, гледаш дека саатот дошол, грабаш книги и чанти и се враќаш дома мртов уморен од многуте линии и димензии што ти останале врежани во глава.
    И те чека полн водник со чинии, чаши енд стаф и те чека партија дружба со сјајот и сунѓерчето ...
    Тука некаде сфаќаш дека дошол крајот на неделата, дека во петок немаш обврски и си го фаќаш автобусот.
    Чинам, земјата ќе ја бакнувам, само дома да сум си!
    Па тука почнува интересното - го тегнеш денот како измрцварена мастика од неколкучасовно џвакање за да ги постигнеш сите средби, обврски, заврски, преврски и успат спиеш, ако имаш време... :drunk:
    Пишуваш домашни, црташ скици, ти течат очи и мозокот ти пека за „мала“ дремка.
    И гледаш кон саатот - нешто до 5 сабајле. Си велиш - абе ај, ќе се раздени, ќе спијам ... утре. :?:
    Кога го упатуваш веќе вториот поглед кон часовникот, одамна дошло „утре“, а ти во меѓувреме дури си имал време и да повечераш нешто како човек, еј, замисли. :D
    И тука е моментот кога му посветуваш неколку часови на љубениот за да не се чувствува запоставено, а и ти да не си помислиш дека AutoCAD ти е единствено другарче кое ги слуша сите твои команди, колку и да си досаден понекогаш.
    Нејсе, некако друкчије стоеле работите, не за џабе рекле дека кога ќе осетиш на своја кожа ... е тогаш, ќе ми ти се отворат очите. :D
    Ај да одам да прилегнам, оти за неколку часа имам автобус и пак ќе почнат фазиве до ... чинам до недоглед вака. :?:
     
    На bittersweet, ludoto19, teddybear и 6 други им се допаѓа ова.
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Се изнамачив бе...
    Како беше формулата за пресметување проценти? На пример од 250 да одземеш 70%. Нешто се делеше со сто ама не ми текнува.
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Моментот кога ќе се фатиш себе си како правиш некоја невобичаена работа ноќ пред полагање коловкиум - неопислив!
    Како што си сум поприлично педантерија - да го потркепа тоа со факти - ужасно ме нервира макар и едно тањирче неизмиено во мијалник, а за исушено ѓезве со кафе да не зборувам, мразам ненаместен кревет, тепих со трошки, нема потреба понатака да кажувам доволен показател дека се замарам за работи за кои и не би требало толку да ми е гајле барем не сега, не дека цел ден суредувам низ дома или сум некоја којзнае колку што и е чисто, ама си признавам сама на себе дека не можам да функционирам во несредна и нечиста просторија.
    Моментот, да се вратам на првата реченица - место да земам да повторам за утре, гледам ми доаѓа чудна миризба на сомирисани чорапи(да ја нареча така со молба да не ми се смеете), а се чудам од каде кога пред три саати се капев и секако имав облечено и нови чорапи, а мене и ретко ми мирисаат стапалата(освен ако не сум по цел ден во патики или кондури). Пази рекација - ги земам влечките(инаку ако порано мајка ми ме караше да носам влечки за да не се разболам и секоја зима имаше караници околу тоа, на секое мајка ми се слушаше или: Обуј ги влечките! или Не се качувај со влечките на кревет! - трауми од детство, сега јас не можам без влечки. Одма ми студи и се чувствувам како да сум гола. Ете дојде тој момент, кога ја кревам влечката - :drunk: ја помирисувам и сфаќам дека таа непријатна миризба доаѓа од неа правам една фацка што не знам како изгледала од страна(цимерката треба да ја прашате) и и викам: ќе одам да ги перам влечките. Еве сум сега без влечки и тој момент како да сум гола и со смрзнати стапала е присутен, а ноќ пред испит ептен невообичаена ситуација за мене - перење влечки со крем за туширање! Ги изнесов да се исушат на тераса, па се надевам утре ќе бидат исушени за да можам да си ги облечам.
    Ај поздрав, имајте добра ноќ и добар старт на неделава, а за утре праќајте само позитвини мисли преточени во среќа. :hai:
     
    На Markusa2, Glossy-girl, Primavera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Ќе излажам ако кажам дека не сум посакувала сцена од филм во реалноста, хепи енд некоја наравно...

    Ама!!!

    Сеуште не можам да им поверувам на сопствениве очи од вчерашната глетка..
    Во мое маало господинот под рака со тазето цура, која рака на срце, без грам пристрасност и гнев, е крајно за никаде, испод нула, што дополнително ме разочарува. Не е лепотата во прашање и стилот, туку покрај нејзината ужасна физиономија, нејзиниот стил и парчиња, нејзината несоцијализација, нејзината неинтелектуалност и хумор, се се сведува на патувањата низ многу земји кои никаков, ама баш никаков бенефит и шмек не внеле во нејзиниот шивот. И не ме разочарува ни тоа, туку неговата вредност, падна на некои патувања, ме изненади колку бил ТОЈ ефтин...
    Да се вратам на сцената од вчера, бетер и од хорор.
    Сепак ништо ново не беше нивното појавување, се до моментот кога одеднаш се сврти према неа, ја припи во прегратки и ја осипи со бакнежи..Не се воздржуваше воопшто, не му пречеше ништо, како да беа сами на сред толкава фрекфентност и галама... На крај ја прегрна и си отидоа..
    Заменев луѓе мои, не можев да си поверувам...
    Тие секако не ме видоа, и никогаш во животот не се тешам за ништо, па така и сега да речам намерно било или слично..
    Не се разочарав дека е со друга, со друга која не ми е достојна воопшто, како различни мерни величини сме, туку се разочарав колку материјалното го купил, го променил... А којзнае може и отсекогаш бил таков...

    И апропо на муабетов, се чудам какви спонзоруши станал машкиов род, па жените се Северина за нив.
    Според мене, мажот е оној кој треба да е столбот, и за барем пола степен да е појак и подоминантен од се во врската, бракот.
    А денес е нормално да ја возиш колата на девојкати и заедно да шетате со неа, да тераш одмори кај неа во вила, таа да ти купува брендирани парчиња...

    Уа големо за тие мажи- немажи!

    Фино викаат- нетрчај по некој, ќе се изненадиш колку му е цената на попуст.

    Е мил мој те жалам.
     
    На kikav, LilBaby и julie77 им се допаѓа ова.
  10. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Полагам за 12 часа.
    Учев, многу за овој колоквиум. А знаам дека ќе си паднам ко крушка :) .
    Животе, те молам биди добар кон мене.
    Ми правеа натална карта.
    Толку црнила ми кажаа, што и сама не можам да си поверувам.
    Се надевам дека ќе помни како што и ми кажаа.
    Ах.
    Оставам.
    Одам да ја читам по 3ти пат Алхемичарот.
    Патетична, очајна и ужасна сум. Среќа не сум грда :rofl: .
    Уште тоа остана.
    Го сакам него.
    И незнам што сакав со постот да си кажам. Толку.
     
    На zhap4e, ludoto19, Ilusionist и 8 други им се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Уште нерасонета, нечешлана, сабајле од тв слушам како сексот бил здрав и дека требало бар еднаш дневно да се има :^) Мислам, ај за тие што знаат...за тие што не знаат, рано рано утрински, уште додека се во пижами, ајт назад во кревет на една партија здравје. (за тие што имаат кај кого да се вратат...па и за тие што немаат :^) има разноразни опции) Што зборувам :tmi: како ќе ти почне денот значи...
    Вака индиректно да ви кажам, од поплавиве на некој пастрмките од рибникот му пребегнале во езерото, па сега да се стопли и ќе си идеме на риболов :geek: шшш, тајна е :D
    А зошто па еднаш дневно? Зошто не три пати? :$ (иде тука во позадина од Марјанчо Стојановски, Ненаситен :rofl: ).
    Хепи мондеј луѓе. Водете љубов :angel: извинете за малку безобразниот пост :wasntme: ставете цензура ако треба :angel:
     
    На bittersweet, kikav, tweety26 и 24 други им се допаѓа ова.
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Пред едно 15-6 наесетина години лудо бев заљубена во еден дечко,ватерполист со убаво тело,интересна бејби фацичка, заради која си го завикав Бебето.Колку и да се трудев да му се доближам тој бегаше се подалеку и остана тоа како една детска игра слична на брканица.Денес плаќајки с-ки ,пошто нели сега сум жена,мајка,домаќинка ;) се појавува тој,видно изменет и од тоа атлетското тело останал само блед спомен,но физиономијата отприлика иста.За момент ми прелетаа слики од брканицата моја и ми дојде многу смешно.Со врв на око го приметив како ме мерка и ми стана уште посмешно па да знаев сукња ќе облечев,фризура ќе направев . Парадоксот да биде поголем ,дошол да плати некои казни :lol: Не заради мене ,но можеби ако на времето не ме игнорираше ,сега работите ќе беа поинакви :^),па како мене и тој ќе си плаќаше с-ки :lol:
     
    На Bozica1980, bittersweet, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.158
    До кога вака?!
     
    На Little-one му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.674
    Допаѓања:
    202.262
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    поради преоптоварување на истиот со премногу проблеми и неважни ситници ;(
    се плашам за него, сакам да му помогнам, ама не можам, не се раскинува таа врска така лесно... можноста за заминување во странство ја користиме како сламка за спас, ама некако и таа сламка како да лизга низ прсти. Веќе не знам ништо, само сакам да не остават на мира да си уживаме во животот и бракот како семејство. Ние тројца и никој друг. Ама не, мора да трпиме туѓи нервози и да решаваме туѓи проблеми. Само се надевам дека овој период ќе заврши брзо, тоа и ми преостанува.
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, zhap4e и 18 други им се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Понекогаш посакувам да можам барем на 1минута да погледнам во иднината.На пример каде ќе бидам и што ќе бидам за 10години.
    Сакам да знам,бидејќи на моменти се прашувам дали сите работи кои сега ги правам ќе ми се исплатат во иднина.Дали сите задоволства кои што сега не ги поседувам ќе ги имам тогаш?
    Едно е јасно,и да ги имам нема да ми значат толку колку што би ми значеле сега.Кога немаш некои работи во младоста,зошто би ми биле во староста? Добро,за 10години не би била стара,ама сигурно ќе имам деца на кои би требала да им ги пружам сите оние работи кои јас сум ги немала.
    За еден ден,нив да не треба да ги измачуваат вакви работи...

    Знам многу работи за животот.Можеби некој ќе каже што знаеш ти на 20години,ама знам верувајте ми дека знам.Можам слободно да кажам дека знам многу повеќе од оние особи кои цел живот живееле во луксуз и на кои ништо не им недостасувало.
    Научив предку падови,научив преку солзи,научив преку немање,научив преку мојата борба за опстанок која и ден денес ја преживувам.
    Само се прашувам до кога?
    Кога Господ им делел на луѓето,се прашувам зошто мене ме ставил на таа црна листа на измачување.Не сум му била доволно симпатична,или мислел дека сум доволно силна за да се сносам со сите предизвици? Како и да е многу,многу погрешил...
    Нели Господ секогаш го чува најдоброто за нас?Епа каде е мојот дел? На колку години ќе го добијам,уствари дали и некогаш ќе го добијам.

    Мозокот ми полн со прашања и мисли.
    Го пијам кафето и собирам сили за да го поминам успешно и овој ден.
    Луѓето од факултет многу пати ми рекле "Ти бре девојче зошто си секогаш толку насмеана,зарем се ти е погодено во животот".Ајде дајте да се смениме на 1ден и ќе се уверите и самите како ми стојат работите.
    .............
     
    На zhap4e, anabel-a, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Здраво мои мили феминки и фемини :* :* :* СДК дека многу сум си раположена денес незнам зошто ама никој неможе да ми го расипе расположението... па решив малку да ве наелекртизирам позитивно и вас :D :D :D ајде покажете дека вие сте главни и дека вие ке го контролирате животот не тој вас... покежете ја вашата насмевка како победник над несреката ... ајде само напред бидете оптимист, користете го секој момент за да узивате во него не за да се жалите... ВЕ САКАМ :* :l:
     
    На kikav, Elennaa и kravce им се допаѓа ова.
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Што да ви кажувам бе :rofl:

    Саботава-феноменално.Супер ден,со супер друштво.Прво миење коса(а,како се заебав со ова),па гледање филм кај една другарка,па после сите заедно накај центар.Се видов со другарка што не сме се виделе 3 недели.Кафе,муабет...Ама во се тоа добро мора да има и нешто лошо нели.Сабота вечерта малку така како да почнав да настинувам,ама ништо.
    Вчера-прочка.Убав ден.Еден гест ми го расипа цел ден,ми ги откри солзите,и тешко дека ќе го заборавам некогаш..
    Потоа,кај баби на ручек.Цел ден бев добра,и вчера вечерта,одеднаш...главата,грлото,носот,се живо ме боли.Цела вечер така.Среќа ноќта заспав малку...Еве сеа фала Богу малку поарна,но не сум во школо, треба накај лекар да се иде.
    Морав коса да мијам,нели ? :lol:

    И за вчера,простете ми ако сум ви згрешила,а највеќе нека ми прости УН диетата,затоа што по на тато теоријата дека на болен организам не смеело да се држи диета се водев вчера.Па он инсистираше :wasntme: Ама :!: од денес пак си почнав како иде редот.Протеински ден ! :geek:


    Се изнапишав,а уствари ништо не кажав :lol:

    Имајте убав ден. :f:

    http://www.youtube.com/watch?v=RKrNdxiBW3Y
     
    На Inna5, Elennaa и kravce им се допаѓа ова.
  18. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.793
    Допаѓања:
    94.222
    Пол:
    Женски
    не ми треба сонце..
    не..
    конечно најдов човек што ми ја стопли и осветли душата..
    си реков-this is it,ама толку сум утртана,го знаете ваљда она чувство кога Ви е преубаво па се плашите..
    метоболизмот ми е забрзан до 100ка,и имам инспирација за чудни чак и посесивни изјави на љубов и нејзини варијации...
    Човеков така брзо и подмукло ми се всади под кожа,не ни приметив реално,само наеднаш се разбудив рано без потреба и со полуотворени очи искуцав пораче за добро утро!
    Налет,малце ми беше тоа па се залетав у маркет купив милка срце мало,му залепив дреч зелено ноут ливче Ти си во моето :l: и му го испратив на работа!
    :clap: за мене
     
    На Lepaaa, ludoto19, CuteEva и 7 други им се допаѓа ова.
  19. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    6.591
    Пол:
    Женски
    Убаво викам јас времето не лечи се, туку љубовта лечи се.. :lol: 8)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.695
    Допаѓања:
    22.955
    Пол:
    Женски
    Шо ми е бе отсабајле, не можам да се изразам како шо треба. Е не зборам више денес....трт, мрт, употреба на погрешни зборови кои ми ја извртуваат поентата, како јазикот да не си го знам. :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.