Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Денов ми е многу глупав.Од кај е ладно,па дури и досадно.
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Арно ми викаа... само за бељи сум родена. Тутурутка.
    Мајка ми цело време се жали, дека нема место за чашите. Едни од чеиз, едни од свадба, други од роденден, трети од бабата на прабабата... И јас нормално, морав да поработам на случајот. :D Пак скршив чаша, по не знам кој пат, годинава. Па додека не дошол никој дома, морав да исчистам со правосмукалка. :D Скршив огледало... едни гости ни го скршија стаклото од масичката, несакајќи... Не е битно, битно стакло се крши. :D Поломичу чаше од кристаааала... :D Лумперај, лумперај, лумперај ај ај ај... све ми дај. :music:

    Од секогаш, сум го мрзела прашањето: - Што сакаш да бидеш, кога ќе пораснеш?
    Ништо не сакам. Или уште од сега ме прашуваат на што факултет? Мислам Хелоооу. :D Јас не знам кој смер догодина, а не па факултет.
    Ma каква школа, какви факултет, какви испити... мене чека естрада. Певаљка и глумица ќе си бидам.
    Свет је леп када сањамо, када сањамо.... :music:

    И зошто секогаш мора јас да се сомневам во нешто? Кога ќе излезам од дома, 20 пати ќе се прашам, дали сум ја заклучила вратата. Што ако некој влезе? Па дали сум го исклучила компјутерот? Што ако загрми, удри гром и после јас да бидам крива? Па дали сум ја затворила убаво чешмата? Што ако има поплава? |(

    Вчера, требаше да земам нешто од кола. Откако се вратив, цело време ми се вртеше некоја мисла... дали сум ја заклучила колата? Па затоа ги терав моите дома порано да си одиме.
    Секогаш носам слободна во школо. Ама кога ќе влезе контрола во автобус, јас се шекнувам. А што ако сум ја заборавила во школо? А што ако не ја носам?
    Ма дааај Елено, олаааади.... диши малце. :D

    И да ви кажам право, доста беше... Секој ден одложувам за учење, кенкам, се терам да учам. И на крај нема да научам. Вака за денес, уште од сега кажувам: - Не учам, уво ме боли (не дај Боже). Ќе си уживам цел ден. И ќе си свиркам. И покрај тоа што не знам да свиркам. Ни со прсти, ни без прсти. :D
     
    На sweet-cherry, Summer.Love, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ако се обидуваш да се разбереш според мислењето на другите за себе ќе створиш слика во која не можеш да се препознаеш. :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    СДК многу убава вест примив денеска, нешто што го чекав 6 месеци :) да видам и јас некој денар и аир од мојата работа ;)
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    10.458
    Ваков е погледот кој секое утро ме буди,кој секое утро ми ѓи полни батерите.Но не и утрово ,дождот ме „убива„,ме прави тоа што не сум.Мене многуу ми влијае времето.А што убаво би било да престане ,да назирне сонцето во собава.Да разотворам прозорци да го вдишам мирисот да морето.А вака само до кујната по кафе одам и опет назат во кревет.Како дождот ја има силата да ме одведе до блага депресија, да ме ѓи испразни батерите .Во случај размислувам да земам да шетам по дождот со чадорче,ама тоа не би се случило никогаш, го мразам звукот кога се околу мене шлапка.Не! Или пак време е да го променам тоа ,да правам работи што никогаш не сум правела .Незнам дали :?: .Во двоумење сум дали да останам да ве читкам уште малку и да маснам уште некое кафе или да одам да шлапкам по дождот?
     
  6. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Моментот кога легнуваш во кревет три часа пред да ти заѕвони алармот. А, ни тие три неможев да ги преспијам.
    Од досада се превртувам во кревет како рингишпил. Лево, десно, менувај перница, менувај страна и така се додека не се раздени.
    Мислам дека од толку што ми беше досадно и звуци почнаа да ми се причинуваат.
    Уствари, не ми се причинуваше...

    Телефонот (без осет) ми титкаше на глава, немаше батерија. (Патем, полначот го барам веќе два дена, и веќе почнав да верувам дека можеби Земјата го голтнала :geek: )
    А, мислев да одам до кај комшијата, да си ја пробам среќата :^)
    - Здраво комши, една услуга, да ми го позајмиш малку полначот оти мојот бла бла бла...
    - Аааа, полначот...ааа...абе комшике не парира!
    - Абе универзален е, парира. Не ме за*бавај?!
    - Молк.
    Јас, кругче на лево и накај дома.
    Де, бе ај не парирал. Не само што парира полначот, туку и исти телефони имаме. :!: Ама, ок, ок, разбрав!
    Ни за ваква ситница не сакаат луѓето да ти излезат во пресрет, нема нешто друго да побараш. У три лепе, ќе те отера. Гарант.

    Туку, да се вратам на ноќта. На патешествијата.
    Едно телефончево се бореше да живот и ми ја наду главата со тоа тит, тит на секоја минута.
    Друго, едни кучиња под прозор ми квичеа цела вечер. Ми ги прегореа рецепторите. Дефинитивно!
    Трето, почнав да мислам и дека халуцинирам. А, оно сестра ми да ти било. Си зборува во сон, а од време на време и се прошетува низ соба. До едно ќоше, до друго, па ќе ми постои над глава малку и пак назад во кревет. :emo:

    И, остана само уште еден час до фамозната песна на алармот. Сам што решив дека морам да заспијам и еве го татко ми. Да му ја вратам картичката, заборавив. Па ја баравме...се испаничив оти стварно незнам уште во која ташна не ја преместив. Мисијата беше успешна. :whew:

    Единствено што ми остана да направам е да се напијам едно екстра јако кафе, за да ме држи барем наредните неколку часа, и така лабаво си седнав пред тв.

    И, оп, еве го алармот...само што сум заспала!
    Заклучок, спиев само 30 секунди?! :^) Зарем е можно...
     
    На eli25, Gordana10 и Doozy им се допаѓа ова.
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Во последно време ништо не ме радува како дремка после учење. Си легнувам на истиот тросед кај што учам,се покривам и си задремувам на саат време. Кога ќе станам пијам кафе и цеден сок и како нова сум. Така ми доаѓа како да имам два почетока на денот во 24 часа. :D Одма сум посвежа,посреќна и сите обврски со радост си ги извршувам.

    Имајте убаво попладне,мене ме делат уште само 10 страни до попладневната дремка. :)
    [​IMG]
     
    На anabel-a и MandyLane им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.694
    Допаѓања:
    22.952
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, освен горенаведеното, досега скршив две чаши додека миев садови (шо ми се нема десено со години) и повеќето работи на форумов ги читам поинаку. Нешто од типот на Вашата шминка низ солзи, наместо низ слики, именден место роденден и така. Ме урочи некој галиба :lol: .
     
    На Lepaaa, Gordana10 и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  9. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Добро утроо на ситее :) Знам дека е добар ден но јас сега станав, и пак нема школо, се разболе кученце.. Инаку имајте убав ден :)
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Чувствувам мало ослободување, всушност олеснување кое не е поврзано со физичката состојба.
    Една обврска денес ја тргнав од глава и веќе ги гледам работите од посветлата страна. Останува уште да издржам и терам според планираното, па здравје во Јуни ќе се самопрогласам за победник.

    Победник над себеси, колку нелогично и да звучи ова. :^)
    Се помирив со ситуацијата, скришно си подголтнувам секој пат кога ќе помислам на "луксуз" и се надевам само животов нема секогаш да биде вака скржав со мене.

    Денов можда е тмурен, но за мене е сонце, сонце кое допрва ќе почне да сјае.
     
    На kravce, bittersweet, Offspring и 16 други им се допаѓа ова.
  11. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува колку биле лицемерни некој.. Те гледа во очи и те лаже, а зад тебе гроб ти копа..Стварно не ми се вреува до толку ниско да стигнат некој :(
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Сакам да кажам сепак јас сум едно момче, момче чиешто опсесија е еден лик, едни очи кои имаат убиствен поглед а сепак знаат милно да те погледнат.Тие усни,ладни, а сепак имаат способност да даруваат топли бакнежи.Тоа е мојата опсесија,а не вечерните изглегувања, изгледот и девојките за една вечер.Ти си мојата опсесија секогаш си присутна во моите мисли, кога спијам, учам, пишувам а сепак паметот ми оди накај тебе, убаво ми кога си до мене и ми кажуваш за твојот ден а јас целиот од внатре вриштам и се обидувам да се воздржам да не го направам ова [​IMG]
    а верувај не можам повеќе да се контролирам некогаш изненадно ќе ми излета и ќе се случи тоа :!: :lol: :tmi:
     
    На LittleFairy, tweety26, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.738
    Пол:
    Женски
    Се мислев од порано дали да го пишам ова, ама постот на LittleFairy ме натера да се одлучам да го пишам.
    Не ми е поентата дека отишла Фејри, која што ми е една од најмилите форумџики. Мене ми е криво кога било која форумџика ќе си отиде, дури и ако не сум многу блиска со неа и макар и да сум прочитала само 2-3 поста од неа. Понекогаш чувствувам напнатост на форумов и не можам да го разберам тоа.

    Омраза, на форум!? Аман бе луѓе, па ова би требало да биде место за дружење и забава. Секако и дискусии, ама не толку остри и тензични како што се случува понекогаш.
    Не дека имам некое големо искуство со сериозни дискусии, не дека сакам да солам памет овде, само сакам добронамерно да укажам на повеќе позитивна енергија. Јас сеуште не мислам дека форумов е неквалитетен, има многу добри и мили личности кои ги почитувам и сакам. Не сум се скарала со никого и не сакам ништо лошо да имам со ниедна членка.
    Не, немам ставено розови очила, туку само секогаш се трудам да гледам на позитивната страна. :)

    Смирете ги топките, сите да се опуштиме и да се дружиме! ;)
     
    На hrcace, prettyliar, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    сдк дека обожавам да ги читам постовите на вљубените по форумот...
    ми будат некоја позитивна енергија,која така ми е потребна сега...
    како да ми носат светлина... :$

    вљубени и љубени, пишувајте за саканите,ве молам...
    ми носи спокој сознанието дека сеуште постои силна,длабока,искрена љубов...

    благодарам однапред :)
     
    На tweety26, Doozy, NoellePage и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Тешко е многу откако ќе се разделиш со некого јасно.. но мислам дека нема потреба од толку многу дигање врева нели? Смирете емоции не мора да ве слушне цел свет. Разбирам бес, гнев едно друго па и трето :lol: и тоа :*
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    Сакам да кажам дека животот не е фер не знам што сум згрешила толку само лоши работи ми се случуват... Тажна сум разочарана од се секоја вечер плачам и се молам на бога да ме спаси од овој пекол не знам што сум гледала и слушала се уништив од моментот когастапив во брак со човекот кој не ме заслужува кој не ме почитува и се смее на моите солзи,знам мора да бидам јака за бебето кое го носам но животот ми е пекол не сакам и моево бебенце да минува низ овој пекол мора да сторам нешто да се спасам и себе и моето бебе сакам да му обезбедам нормални услови за живот барем да не слуша и гледа расправии да се вработам и колку толку да можам да му пружам нормален живот исшполнет со мир и лјубов зошто овде под овој покрив за жал тоа е невозможно...
    Не барам многу ми треба само покрив над глава кај што ќе има мир за мене и моето бебе се друго ќе се трудам сама да му обезбедам но моите тоа не го сваќат се чувствувам напуштена без помош и подршка од никој оставена на милост и немилост и секој нареден ден се будам само поради помислата дека мора да родам здраво бебенце и да се трудам да му обезбедам се што ќе му биде потребно во животот тоа не е виновно за ништо во моментот живеам само за него инаку чувствувам дека мојот живот повеќе не вреди ништо.... ;(
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Денес ми е еден од тие денови, кога најдобро функционирам сама...односно НЕ функционирам, крајно сум не продуктивна, трескам глупости, зборувам и до крајот на реченицата заборавам што уствари сакав да кажам и која беше смислата на муабетот.
    Ете, и тука незнам како да се искажам... Баш лош почеток на неделава, со една светла точка-го положив колоквиумот, за кој прв пат во четиригодишното студирање ризикував. Мизерно научено, комбинации учев повеќе за на крај да се паднат само 2 прашања од нив! Ама претходното познавање на таа тематика и креативноста ми помогнаа да извадам 19/25 поени. :angel:
    Како било, петок ме чека уште еден "поход" на тема Токсикологија!
    Мизерија, па се' е токсично... Што да учам, знам се' е лошо и штетно.
    Сите болести ги имам и како што сум настината, потечен ми е крајникот па јас си дијагностицирав лимфом |( (пу, пу, скраја да е!).
    Мајка ми вика, оди лечи се, ти не си нормална! Од твојте луди идеи, ние попрво ќе се разболиме од тебе! :D

    ****
    Со него, фино е ... Му се налутив, му се испонашав и реков не му кревам до вечер.
    Ахм, да, уште не дозвонато, светна телефонов, јас одма:"Алооо!"
    Ама ова "алото", лошо, пошто нели лута сум, па несакам да кренам, па несакам да му зборувам, па...аха СЕКАКО! :|
    Избувлива сум на моменти, а во тие моменти тој па звони, тој, тој е крив! :D
    Ги проколнувам тие моменти, заради нив се нервирам!

    ****
    Дополнително, брат ми ме нервира! После неколкугодишна пауза :rofl: викендов пак се тепал, горд, сан против двајца, а мене ми се слоши ко разбрав!
    Вика, не секирај се, ништо не ми е, зарем ти се сомневаш во моите тепачки способности?! :talk:

    Орден за татко ми и мајка ми, зошто со ваков син ...и ќерка ко баба Марта, со триста радположенија и идеи во минута, богами и го заслужуваат! :rofl:

    ****
    Одам сега да учам, доста се трескав....
     
    На bittersweet, Artemission, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.694
    Допаѓања:
    22.952
    Пол:
    Женски
    Леле човече, вистина. Значи алал да ти е Someonespecial, имаш 16 години, но размислуваш многу позрело од некои на форумот кои се постари. Ама не разбирам. Имам забележано, на некоја тема сме имале различни ставови со некого, пример, после во друга тема се случувало ама баш исто да размислува како и мене.

    И сум ставала ѕвездичка и сум образложила подоле со коментар зашто се согласувам и после ми се избацува со коментар у кој ми докажува демек дека па и не ни е слично мислењето. Да не зборам коментари за моето лицемерие штом сум го направила тоа. :lol: |( Имало и ситуации и кога секој следен коментар кој одел контра моето мислење бил наградуван со „ :*: “ иако тоа мислење се коси со веќе наведеното од негова/нејзина страна. Абе опуштете се, луѓе! Баталете ја филозофијата на Полат „Непријателот на мојот непријател е мој пријател“ :D а одберете ја онаа на изронатата во суратот. Или пак, се дрзнува да те напаѓа само затоа што не мислиш како него/неа. Навистина, нема никаква потреба од зајадување. Заради вакви работи неколку пати и сакав да го напуштам форумот, но ете, не можев :$ заради малкуте Мохиканци што останаа со вакво размислување, меѓу кои сте и вие две, а тие вредат повеќе од сите негативни примери кои ги наведoв заедно.

    А и модераторите со нивниот однос ме натераа да се предомислам. Тука во први редови ги ставам RainBow и (тогаш) Annath. Сум зборела и зборела за нивните особини и нема потреба и тука од додатни коментари. :hug: :f:

    Шо се тиче Фери и мене ќе ми фали, интересна ми беше кога на чет ми забележуваше дека пишувам на долго и на широко, чиниш мислење на тема (што така и си е, признавам, затоа што не сум навикната на чет комуникација).

    Се надевам дека не` чита и ни` се поднасмевнува. :hai:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    17.259
    Си се заљубив у школски бе.
    Еј, у школски.
    Добро, не сум заљубена, ама многу е убав т.е. многу му се познава вилицата во долниот дел, значи кога ќе гризне се гледа како мрда :rofl: А тоа е нешо шо многу сакам кај машки.
    :D

    Добро де, имам за учење и сега се ми е интересно.
    Интересно ми е да бришам пријатели од фејсбук, да мијам садови и тако даље.
     
    На kravce, Elichka, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто но чустввам некоја празнина во мене, грижа на совест, тешко ми е, и да сакам да се насмевнам, но неможам.. Незнам дали јас сум сменета или луѓето околу мене се сменети.. Дали е до мене проблемот или до некој друг.. Немам зборови за да го искажам тоа што го чуствувам, се плашам некој да не дознае за тоа.. Знам дека ако некој дознае ке настане голема паника.. И таа што ја сметам за сестра, како да немам поверение веке во неа, некоој работи си ги прекутувакм некој и кажувам, но што и да и кажам таа секогаш ми вели дека сум грешела.. Што имам згрешено толку?? Зарем јас сум крива што тоа е така?? Јас никогаш не сум гледала вера, националнот.. Никогаш!! Од прееска се мачам ова да го напишам ова и кога ке напишам и го бришам одма.. Од саботата чудно се чуствувам, тажна сум, се смеам, но таа насмевка е лажна.. Се што сакав е само да му кажам “Чао и срекен пат!!“ знам дека повеке нема да го видам.. :'(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.