Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Е носи болка но сепак,барем си сакал некогаш...

    Подобро е да љубиш и да загубиш отколку воопшто да не љубиш.Андреас Мунк
     
    На Hipster, machka1, Stoimenovska и 13 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.694
    Допаѓања:
    22.951
    Пол:
    Женски
    Периодов му помагам во учењето на едно дете шо ни` е роднина. Проверуваме домашни, го испрашувам за разни предмети и тн. Се запрепастив кога ми рече дека за тестовите по странски јазици што ги изучува на школо книга не отварал, ни тој, ниту пак повеќето негови другарчиња. Вели лесно е. Баш му ги видов книгите по англиски и германски. Во право е. Дали е до програмата/книгите кои се погодиле тие да ги користат, ама навистина, колку што се сеќавам јас, тие работи сум ги учела барем три години пред неговата сегашна возраст.

    Ај тоа, кога пак ми кажа дека на физичко повеќе имало на клупа отколку што вежбаат, коса ми се крена на глава. Јазиците и физичкото воспитување според мене треба да бидат на врв на листата на приоритети на учениците и како такви треба и да им се наметнат од училиштето. Шо ќе им е физика, хемија, историја, без овие? Без познавање на странски јазици, изборот на работни места кои би им одговарале многукратно се намалува. А пак, без здравје и кондиција...доаѓа до нула затоа што пак за “седечките“ работни места треба познавање од јазици и компјутер.
     
    На Serafima, Annath, kikav и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Добро Утро или Добар Ден. За кого како

    Денот ми започна со глупости,
    утрово пишав порака намената за другарка ми а по грешка ја испратив кај татко ми |(
    ставив вода да зоврие за кафе нели и несакајќи го поттушнав плинчето и водата се истури, се испопарив :^)...
    имам ужасна забоболка а брат ми купил ресани, и како после да не се расправаме како ]:)

    Туку се чувствувавм многу по лесно откако вчера му признав се', како некој голем товар да ми паднал од срцево, сега барем знае се', свесен е за моите чувства, сега уште да превземе нешто и супер ќе биде :angel:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Зошто гомна јадете, кога ѓеврекот е 15 денари, ЗОШТО?
     
    На Trendafilka, crazylady и kikav им се допаѓа ова.
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Вчера телефонот ми падна у школскиот чучавец.
    Откако се најдов на раб на очај морав да посегнам по него, нели, и да го извадам, ама не успеав.
    Не ми е смешно. Не ми е ич смешно, ама не е ни за жалење.
    Добар телефон беше, уште подобро го снајде.

    У овие неколку години живот у Велес не оставив ништо, освен телефонов у канализација.
    И доста му е.
    За толку малку се селам..
     
    На Stoimenovska, kravce, DzingrlakaDzikica и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Денес сите го живееат туѓото БИ ТРЕБАЛО, наместо своето САКАМ....
     
    На Someonespecial, encimenci, Gray и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.738
    Пол:
    Женски
    Денешниве деца за жал се помалку личат на она што навистина значи овој поим. :!:
    Секој ден гледам деца од 7-8 години со ајфони, ајподи, блекбери :^)

    Јас на таа возраст бев помалку од 10 години, а толку беше различно. Тогаш ако едвај сум чекала моите да ми купат нешто, тоа била некоја играчка, книга за деца или милениче. :) И се радував кога ќе излезам пред зграда да си играм со другарчиња :sun: ...

    Не е сè во материјалното...јас дури и сега на 16 години, поточно пред некој месец, се радував на кученце повеќе отколку кога ми купиле мобилен или компјутер. ^_^

    А пред некој ден една моја комшика славеше 10-ти роденден во игротека што има еден дел како диско, и облечена како да има 14 години. :tmi: Koлку само сакаат да пораснат... :x

    Многу е поразлично од само пред неколку години. :!: Не дека сум против технологијата, ама децава уште малце па ќе заборават што значи излегување во маало, џамлии, жмурка, брканица... :|
    Деца, сакајте си го детството и правете работи што навистина се детски и оставаат слатки спомени за овој период... :)
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Не, не ви доаѓаме на митинг. Имаме за учење |(
     
    На Stoimenovska, kravce, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    79
    ПРЕКРАСЕН СОНЧЕВ ДЕН :f: :nod: [​IMG]
     
  10. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    И на форумов ли почнаа да се делат членовите на популарни и не популарни?! Ц ц ц :fubar:
     
    На Angel-Adriana, anichka94 и hrcace им се допаѓа ова.
  11. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    со малку ветер :D
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    А бе ајде....
    А се` ми се чини дека потајно и го посакуваше жолтото цветче, ако беше обратно немаше да ја силуваш темата за Храна и рецепти со мнооооогу опширни постови. |(

    Туку што сакав да кажам.
    А, да.
    Денес роденден на свеки, од сабајле така некако ко пригушена да ми е, ко тажна....и` викам радувај се, денес е твој ден. А таа-мф...ма мене секој ден ми е ист.
    А не, реков, денес ти е роденден, не може да ист како вчера, ниту како утре. :)

    И како добра снашка (деновиве сум екстра, ова со станов скрос ме преобрази, а и нив :!: ) сварив кафе, заедно да пиеме после којзнае колку време....требаше таа да вари, да части де....ама ај јас частев у нејзино име.

    Ене сега кујнана мириса на благо....нешто се пече, некое тортиче спрема свеки...ова пошто вака касно и изненадно го прави, значи дека најверојатно золва ми се најавила дека ќе дојде :?: , свеки спрема блашко изненадно само ако таа се најави :lol: ....па една ќерка има, нема 100. :!: Ова беше малку саркастично. :$

    Ај нека и` е среќен роденденот, да ми е жива и здрава, помалку да ме нервира, па до година здравје и јас од новата дома да и` се најавам дека ќе и` дојдеме на роденден. :)
     
    На bittersweet, kravce, CoverGirl10 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Не брее грешка си :D Се делат на рано зачленети и одамна зачленети ...Епа нормално е тие поодамна зачленетите да бидат по ,,познати '' на форумов
     
  14. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    Сеуште се прекорувам себеси за 3те изедени колачиња од изутринава. Не требаше да посегнам по нив. Намерно си ги ставив во украсен сад на клуб масата, за да ме потсетува дека тие колачиња не се за мене. За гости се, за украс, за надополнување на кристалниот сад. Но не. Шеќерот беше посилен, и подаде раче. Си ја задоволи сопствената глад и ме остави мене со прекорот. Не, не требаше да ги изедам.
    А диетата? А тенките ноџиња со кои се замислувам летово? Си викам кога не сте веќе долги барем да ве направам танки. Но и тоа тешко оди.
    Немав проблем со вишок килограми после породувањето. Мање више, кило или две сум иста ко пред бременоста. Барем што се однесува на бројките. Но мојата преспектива кон моето тело гледа и кажува друго. Де стомачето опуштено, де колковиите пошироки, па спојлерчиња од страните, лицето ми заликува на тинејџерче со бубулици, косата паѓа и паѓа. А си кажав дека откако ќе се породам ќе се посветам на елиминирање на сите недостатоци од физичкиот изглед. Тешко било да се напраави. Премногу лесно да се каже. Се трудам се да скријам да прекријам, да зашминкам, и ми успева. Никој ништо не приметил од мааните. Можеби и маж ми е во право, дека само мене ми се причинува, бидејќи и тој ништо не приметил.
    Сум станала премногу самокритична, така кажува. Но не. Јас порано се обожавав себеси. Насабајле додека миев заби си се восхитував на рефлексијата и тоа ненашминкана. А сега, при најава на гости трчам по пудра-пријателка ми. :$
    Изгледа не и било времето на диетата. Некаде читав дека диета се почнувало на ден кога ќе почувствуваш најсилна волја за тоа, на денот д. Ова мојот бил некој Ш ден и е далеку од тоа да ме догура до фина силуета.
    Битно на сончувката моја и ставив лигавче на кое пишува: My mom is hotter then your mom.
    Да се знае!!! :D Денот Д и без тоа е тука некаде, утре или задутре најкасно.
     
    На kravce, Mishela, Springy и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Отсабајле расположение на ниво! :D
    Комшииве си го средуваат станот и слушам врева, машки глас, ама баш машки! Очите во секунда пет банки бугарски ми се направија и со трчање гледам низ тоа окуларчето ( :^) ) на вратата и чекам да видам кој збори...
    Наеднаш пред око ми излегува едно типче, црномањесто :D , со сако струкирано и кошулче сино небесно! :o

    Уживам во глетката и само наеднаш почна да свири од Ѓорѓи Крстевски - Симонааааа, јас ваква :o !
    И типчево го вади телефонот, крева и вика: "Еј, мама?!" :tmi:

    Ми го сруши филмот со песнава, која веројатно е специјално за мајка му! :D


    А јас мислев дека Зоро ми дошол пред врата! :angel:

    ****
    Се гледа дека сум расположена, сите смајлиња ги искористив во постов. :lol:
     
    На Sanniii, sweet-cherry, ilipili и 22 други им се допаѓа ова.
  16. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Незнам како вие го сфаќате форумов,ама изгледа премногу сериозно..

    Луѓе ова е форум,секој со својата приказна.Доаѓам ако имам да кажам нешто, кажувам,читам што има и го продолжувам животот.
    Многу работи научив преку текстовите и советите на некои ликови овде,ама многу си ставате на срце бе,многу.
    Погоре го видов постот на Лин1,имаше напишано нешто за популарни и помалку популарни на форумов.
    Каде,каде?На форум? На местото каде што повеќето сме анонимни некои ги дели форумџиките на популарни и на не популарни?
    Незнам уште што ќе прочитам искрено.
    Премногу лично го сфаќате форумот. (ништо лично против Лин,само го земав постот за пример)

    Еднаш и јас демек се окажав,ама се вратив.Зошто? Се вратив бидејќи сакав негде пак да си се искажувам.
    Кога демек наводно се откажав од форумот фала богу уште функционираше и никој не се потресе толку многу.Зошто да се потресе?За личност од виртуелниот свет?
    Рака на срце,има овде девојки кои едвај чекам да видам дека напишале мислење за да го прочитам,не го кријам тоа.
    И така,не се потресувајте многу,имаме сите живот и без технологииве.
    А може немаат сите...

    Мило ми е,јас сум цигарче а ти го прочита мојот пост :D
     
    На bittersweet, kravce, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.315
    Слушнавте? Чао! Ова е жена со критериуми! :D
    А тоа што е како кифла ,она не гледа...
     
    На Sanniii, bittersweet, anuskaNESTLE и 7 други им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како што око може да боли, ниту еден дел од телото не може
     
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Не викај два пати, срцекршачке, некој ден и тебе ќе ти го скршат срцето. :D

    Туку, не знам што воопшто се замарате со неважни работи?
    Јас сум среќна, и не се плашам да сум како досега. Carpe diem, така беше?

    И јадам. О да, многу јадам. Има време до лето, нели? :wasntme:
     
    На jjoovvaannaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.