Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Да успееш да спиеш 18 часа непрекинато, може да има 2 значења
    Прво,дека те заборавиле од дома.
    второ дека се се сведува на предобро поминат викенд.
    Ќе пробам да се утешам со второво.
    3 дена турбо на алкохол и високи потпетици.и врајќање во доцните часови.
    18 часа се повеќе од доволно.
    Втора работа.кога ќе видам на какви му ставаш надежни лајкови,молам Бога да ме прескокниш.
    М'дај није добар (задник,нога,деколте) све што видиш.
    ОК ти си знаеш голем си ;)
    Трета работа.сфатив колку немам врска од комјутерски програми.толку немам врска,што ми падна жал за себе ...
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    10.458
    Чмреам цел ден како болна кокошка!Си мислев да го пишам или не постов.Јас сум ви човек кој не може многу лесно да се отвори,речиси никогаш не плаче,најлошото си го чува само за себе ,дури и вака овде кога никој не ме познава.Секогаш сакам некого да расположам,но никогаш не и да растажам.Ова утро кафето ептен ме изгорчи,јас и така го пијам без шеќер,ама утринава ми застана на грло од горчина :puke: .Го пиев со мојата најдобра пријателка.Последниве 6 години,вкупно време колку и што ја познавам скоро секое утро го пиеме заедно,а понекогаш и попладневното.Уште кога се запознавме,се роди големо пријателство помегу нас.Не поминуваше ден да не се видеме .И она е како мене без ниеден близок во оваа туѓа земја.И нејзината љубов работи во друг град и го гледа само еднаш во неделата како мене.Имаме многу заеднички интереси,можеме да зборуваме со часови а да не се изнакажеме.Никогаш не сум имала таква пријателка вистинска.Но денес ми кажа дека ќе ја напушти земјава ,се враќа во МК.Срцето ми се здрви,збор не изустив,незнев со да и кажам.Абе што човек ќе бев барем да и кажев дека многу ќе ми недостасува.Но неможам ко од камен да сум .А цел ден ту ме препотува ,ту ми е ладно, незнам што ми е? Барем да можев да пуштам некоја солза да ми олесни уф.Па решив да го напишам овде може малку по друго ќе ми е,оти почнува да ме гуши. :worried: Се надевам ќе соберам храброст да и кажам колку ќе ми недостига следниов месец,уште толку ќе биде овде,се надевам ке и кажам дека за мене овие години ми беше како сестричка ,ми беше како мајка.Доста неможам ќе пукнам ќе го довршам друг пат,простете...
     
    На Moira и kravce им се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    Сум станала многу религиозна личност. И вие ќе станете да живеете до штаб на партија. :!:
    Цел божји ден се молев да не пумпаат пак, ама не, Господ решил да ме остави без спиење и учење мене. Сега и микрофон донеле и музика пуштаат. :@

    Друго што сакав да кажам е дека иако добив обичен сертификат за учество, не ми е мака. Знак дека треба да се потрудам повеќе наредниот пат. :)

    Едит: Многу мразам кога некој генерализира. Едно девојче, трета средно е, си фура нејзин стил и одма нешто изиграва. |( Дури и за мојот вкус некои комбинации се премногу, ама бог да чува, млада е ќе си го надоградува стилот. И велат, 90 посто можеле да се облекуваат нормално а таа неможела. Е, се додека размислуваме вака че си шетаме сите униформирани во едни исти маички, исти панталони, исти нијанси.
    Знам како е да се биде посебен и неприфатен од околината. Затоа и ги поддржувам сите што отскокнуваат од целината. :bow:
     
    На kravce и anichka94 им се допаѓа ова.
  4. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Леле колку ме нервират некој, ставиле слика од нив и со некој мајца со големо деколте и се им се гледа и + пуш ап и напишале ради пирсот, ради косата, праменот ЗНАМ ДЕКА СЛИКАТА ТИ Е СТАВЕНА РАДИ ПРАМЕНОТ, ПИРСОТ И 100 ДРНГУРЛАШКИ ШО ГИ ИМАШ НА ТЕБЕ ДА !! |(
     
  5. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661

    И уште не ја открив.. Освен ако не сум родена за бељи правење, за грешки повторување, за ништо убаво.
    Па ваљда не сум до толку јебем ли га.
    Или па можеби сум.

    НЕ ЗНАМ НА ДЕК ТЕРУМ, што би рекле од југот.
    НЕ ЗНАМ.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.314
    Моментот кога од еден сајт кој наплаќа за некаков си хороскоп ги откриваш како уствари ги прават хороскопите. А сајтов си викаш, галиба арен. Од друг сајт, само се потрудиле да ти ја преведат. Натална карта, за мерак.
    Море марш,мамето ваше хокштаплерско!

    И друго ми беше муабетот уствари... Толку помодарки,а толку малку жени со стил,страшно. Го шеташ центарот на Скопје и ги гледаш од дотерани,подотерани у најнова мода... и ова као демек е се со вкус и добро? Не... многу мода,малку стил. Ништо од себе,од личен печат. Ми се повраќа од пинк, праскесто, пудресто, розеникаво. Ми оди да се шетам со канта црна боја и да ги шљакам. А ја гледаш, сроната во секоја смисла... Безлични особи, и после очекуваш за друго да се на место кога се површни во најповршниот сегмент на живеењето.
    А замавот на ноктоправачките се гледа на секој чекор. Сон за надградените ноќти,гел во три слоја,ептен квалитетно,па уште и некоја сликичка,тамам да ги го земеш прстетот и со него да си брцнеш у грло да се исповратиш. Ај да сфатам сакаат надградба...ама толку воочлива и одвратна... и уште воодушевени...Среќо, како да ти кажам, тебе ти треба надградба на главата прво,па после на ноктите.
    Да се вработам, штикли да си купувам. Ох... и замислуваш како и маваш бокс.
     
    На Ordinary, Gea, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Iskreno

    Iskreno Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    31
    Само што станав од спиење.Се чувствувам одморено.Си јадам пуканки,пијам цедевита и пишувам на фемина,тоа е живот :lol: .Само можам да кажам дека сум среќна со тој што најмногу си го сакам и се надевам дека ова ке потрае. :)
     
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Чувството кога си го анализирате љубовниот живот и сфаќате дека сте дошле до нивото барам за озбилно - подобро да не најдам... :angel:
    Чувството кога ќе сфатите дека личностите од минатото одамна не ви значат ништо... :rock:
    Да, сфатив дека периодов сингл животот ми одговара, не размислувам за промена на статусот и рака на срце не сум се ангажирна воопшто околу тоа...
    Здравица за сингл животот :d:

    Туку други работи никако не ми влегуваат во глава...
    Можно ли е личности од 19,20 години да немаат желба за излегување? Можно ли е да немаат желба за забава? Можно ли е некој да е толку асоцијален и да се ограничи само на дечкото?
    И да, врвот на случувањата... Љубовта типката ја докажала преку тоа што со другарките се видела еднаш во 6 месеци и тогаш го земала дечкото со неа.
    Е ај разбери ако можеш... :geek:
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Бубби се инспирира да напише нешто, замислете .... :!:
    Што сакам да кажам....прво да побарам некој да е слободен и да има волја да ми ги среди ноктите? :geek: Ке му платам бус до дома ми. Не мора да е перфектен маникир. Само обично турпијање и лакирање. Јас сериозно не знам да си ги исечам сите нокти со еднавка должина па и после сите еднакво да ги истурпијам...нема шанси. |(
    Неможев со нешто по-банално да го почнам постов. Ц! :shake:
    Сакав да кажам дека кругот се врти и јас се уверив во тоа! Само не знам дали треба да ја носам гордоста или повторно да влезам на вртелешката. Уффф тоа е комплицирана тема...чекајте да помислам на нешто друго, ммм ...... :?:
    Сакав да кажам и дека сите газди се циции, стегнати и никогаш не им е доста профит. Не дека се жалам од работата. Никогаш не сум се жалела. Се што е обавеза ќе ја завршам крајно одговорно, ама дааај молим ти се ова не е робовладателско општество. Или може јас се лажам?! Не за џабе луѓето рекле “Викај УРАА...и кога ти е темно пред очи“.
    Ајде демек надежта последна умира.
    |( А јас овде дојдов да пишувам народни изреки или.... :^)
    Сакам да се осамостојам луѓе...онака асално да живеам сама, да заработувам сама, да пазарам сама, сметки да си плаќам и уживање да си терам. Како бе во другите држави полесно е човек да се оддели од своите а овде кај нас е наопаку работава?! Сериозно не ми е јасно. Не зборувам за луксуз, туку за оној нормален процес на постанување единка способна да расудува, да донесе одлуки, да организира и планира...
    Знам дека има млади кои и не го сакаат тоа, ама зарем не се чукнуваат онака со показалец во слепоочница дека неможе вечно да живеат со родителите и дека некогаш, кога-тогаш, ќе мора да научат да живеат самостојно. Ок, млади као сами единки или млади како брачен пар, сеедно, и за едните и за другите пишувам.
    EEeee....значи и мобилниве се закана више?!
    Таман се распишав, ми дојдоа мисли и виснав на телефон...
    Ај да си пуштам јас серија и да си гледам до заспивање, најдобро е така :?:

    И, ај нека си идат овие бабиве веќе....сакам сонце :sun: несакам пензионери во автобуси
    сакам сладолед
    несакам да се мрштам
    сакам да разелени пролетта
    несакам да станувам рано (пред 6часот)
    сакам да вежбам нешто (фитнес, аеробик или слично)
    несакам да сум сингл (сериозно ми треба човек со љубов и нормални расудувања, една потркрепа во животов)
    сакам да одам на планина (Водно не е планина, брдо е.....ок многу ниска планина, по-шмизлена планина, едвај е во класификација на планини)
    ееееее......незнам повеќе. Повеќе кратно прекината испирација. Има уште + и - ама Бискрем колачињата на маса ми го одвлекуваат вниманието и незнам што да напишам. : D

    Јас знам што сакам а што несакам.
    Вие?

    Добра ноќ луЃенца
    Сакајте да ведрината на пролетта
    Имајте убави денови :*
     
    На encimenci, anichka94, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    денес јас со тие моите и цел ден нанкајми нанкај :( женско бе се рекло тоа :!: и ајде сто цел ден јас со моиве работки па болки,па се наопаку и тие работи,згора на тоа требасе да си идам за македонија кај мама :devil: оној татко на маж мој се испомеса :x и онака ме изнервира па Човекот е газда демек и сега ова она ова она го изврти на мојов и нема да си идам дома кај мене :devil: и згора на све усте ова ми фалисе :^) а така си се радував и сега :!: така ти е кога други се месат хм :x
     
  11. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Ама ме фати носталгија по лето ааааа не можам да издржам веќе.
    Преку глава ми е од оваа зимска облека. Па сакам бре лето...летни фустанчиња - убавини.

    Друг проблем - учењево! Па не се нормални професориве веќе. Дефинитивно НЕ СЕ!!
    Уште некој месец се надевам ќе соберам сила да издржам па потоа се надевам дека малку ќе уживам во летото.

    Зошто толку бавно поминува времето кога чекам да дојде лето а толку брзо кога е лето :( ??
    НЕ Е ФЕР
     
    На pamelche, lovely91, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.251
    Допаѓања:
    140.591
    Одамна не сум имала толку променливо расположение како денес.

    Од депресија во екстаза и назад, и тоа неколку пати. Моментално сум благо депресивна, со надеж дека до крајот на вечерта пак ќе бидам во екстаза :D

    Каков сончев ден, а јас... на одмор! Сабајле отворив очи и си помислив - со што ли сум заслужила ваква радост?!?

    После долго време се појавив на факултет да завршам некои незавршени работи. Кој архитект ли ги проектираше битпазарските факултети, каква творба, не ми се верува! Еден саат бев во потрага по три кабинети. Прашував, и никој не ми даде точни насоки. Барем се чувствував подобро со сознанието дека не се губам само јас таму. И да, професори кои не се во своите кабинети во приемните термини кои сами ги одредиле.

    Ич не се сакам ваква. Ме јаде внатрешна нервоза, многу невообичаено чувство за мене. Најдобро да си легнам, ќе ми помине.
     
    На bittersweet и imelda им се допаѓа ова.
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Значи да расчистиме нешто.
    Има разлика од пензионери до пензионери.

    Првиве, се оние ,,најгласните'' и ,,најсилните'' во градски, го пцујат Бранко постојано макар правеле муабет за љубичици и саксии, имаат споени веѓи и намрштено чело проткаено со длабоки брчки - чиниш ќе те истепаат секој момент. Ако не им станеш уште при прво нивно влегување во автобус, почнуваат да те реметат индиректно - нели, цела младина е како што викаат тие Про-паст не-ви-де-на !!!! Има и еден трагичен момент тука. Баш овие се најтивките дома! Ова е да не речам, been there - seen that :D. Бубачиња, со неколкуминутна трансформација во вторник, петок и сабота во бумбари надувани! Нешто, како издувен вентил им доаѓа вожњата.

    Вторите, ги сакам најмногу од старт ќе кажам!
    За овие не знам какви се по дома :D - не ме ни интересира, ама како бе, како да не ти се разубави денот кога ќе седне до тебе некое бабе - како изгубено од сфемирот, и ќе почне да ти раскажува за внуци, правнуци, кое одделение се, каде учат и дали одат на курсеви (ова обавезно!) за снаата ќе ти се пожали, за дедето ако го има ќе ти каже како бркал женски. И тука ај не и прави муабет да те видам!? Јас кога ќе почнам во пензионерскиве денови да разврзувам муабети со вакви мили личности, ми нема крај! Од ниви со лозја, преминуваме на како се прави варено гравче со пиперки, или сарма како се мота :D.

    Свежо инспирирана од денешниов ден...

    А аспирација некоја за учење од никој никаде да ми дојдеше? Нешто ситно... Колку да се рече, м?
    :(
     
    На Hipster, sweet-cherry, Elichka и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    ...Чувството кога во 01.20 ноќе излегуваш од дома.Фаќаш автобус во 02.00.
    Се возиш дури до Белград...Ти се спие, ти се плаче,ама не ти е комотно, не можеш никако да се наместиш, а камоли да заспиеш.
    Стигаш наутро.Знаете што е најстрашното нешто што може да ве задеси во Белград?
    Да дува кошава!Побогу, мислев дека ќе полетам!Чинам, ветерот влегува и излегува од мене,ми зуи во главата, косава ми се претвара во гнездо,а јас упорно се искачувам по ,,планината,, наречена Балканска улица.
    Стигнувам на ,,Кнез Михајлова,,.Имам уште многу време.Седнувам да се стоплам и да испијам кафе.Со цигара , нормално.Внатре :) !Во тоалетот вадам од чантата штикли, ги облекувам и ја поправам шминката.
    Непроспиената ноќ и долгиот пат не можат да се нашминкаат,ама барем да се обидам да ги ,,замаскирам,, заедно со ,,гнездото,, во косава од кошавата.
    И ете ме пред мојата цел - интервју за работа.
    Добро пројдов, благодарам на прашањето :D .Ама, ова е процес кој ќе трае некои добри два месеци.
    И кога по непреспиена ноќ, многу тензија,исцрпувачко интервју страшна КОШАВА, 12 часа возење со автобус во два правца- вкупно 19 часа на ,,улица,, конечно ќе си дојдеш во својот топол дом, чувството е priceless.
    Се заборавив од пишување :emo: ...Всушност, поентата ми беше- се' за подобра иднина.
    А, колку сум јас спремна да си ја напуштам мојава сегашност,за подобра иднина?
    Нејсе, не правам сега планови.Ова го сфаќам само како добар предизвик.
    Веќе се ,,фатив за орото,,...
     
    На Elichka, bittersweet, encimenci и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Претерав денес со јадење.И тоа замислете цел ден јадам само благо.
    Јадам од досада не е од нешто друго.Страшно ми е досадно.А на бирово до мене ми прават друштво еден куп книги кои чекааат барем нешто да прочитам. Како што ми тргнала работава со јадењево од досада,излгеда ќе ги вратам веднаш килограмите што ги изгубив. :rofl: :rofl: А можеби и дупло повеќе,што му знаеш :rofl: :rofl: Затоа те замолувам драга досадо напушти ме мене,оди кај некој друг.Затоа што колку повеќе ми е досадно,толку повеќе апетит имам и така..
    Знам дека постов нема смисла но незнам што да кажам друго..сакам да кажам нешто но незнам што.
    Што би рекол еден мој професор,загреота не е оној што незнае,туку оној што незнае колку незнае.
    Е така.
    Ајде имајте добра ноќ и убаво спиете,јас одам на спиење и се надевам дека утре ќе успеам по се да научам.
     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.081
    Допаѓања:
    179.157
    Пол:
    Женски
    Денеска фино продува уинд оф чејнџ надвор... ама ептем буквално!
    Излагаш надвор таква средена тип топ.... и оп... уинд оф чејнџ прво те треска по глава (освен ако претходно не те тресне некоја откорната летеќа ќерамида) :) ..најнормално нели.. косата прва го мења оној првичен фриз и целиот труд околу изгледот ти е буквално сменет (чејнџ де) :D
    па..коа се враќаш дома родената мајка мисли дека си амерички андрграунд питач :D среќа зуцнав нешто на време иначе ќе ме треснеше со вратата по нос (ова последново го преувеличив малце :wasntme: наравно дека ме позна ауууууу) :D :D :D
    ****

    Ми се чита книга... Ниче на пример, треба да посетам книжара...треба, треба.. :)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Интернетов колку го сакам подеднакво толку и го мразам. Од една страна има куп корисни информации, од друга е извор на страшни дезинформации и црв за безброј сомнежи.

    Пред два дена блиска пријателка ми кажа многу непријатна вест. Здравјето на нејзиното дете е загрозено. Нажалост не е нешто пролазно, ниту вирусно туку можен, длабоко се надевам дека не е, почеток на нешто многу лошо.

    Се згранав. :doh:
    Останав нема на тоа што ми го кажа, немав зборови да и вратам за да ја утешам некако, а знам дека и требаше во тој момент. Јас, таа што секогаш има коментар на се, одговор, сталоженост и решение за сите прашања, останав со подзината уста и тап поглед.

    Зарем и него? Тоа мало сонце со толку многу живот и енергија во себе?
    Тоа срце што место не го држи кoга одам кај нив на гости, ужива да ми збори на Англиски и што се лизгаше со хамерите низ цела соба додека јас и мајка му правевме цвеќиња за неговиот "проект". Првото и единствено дете на кое му ги облекував фармерчињата после мочкање, во еден момент крена глава и збунето ми рече: Не може ова вака, мора прво гаќите. :?: :$
    Ме засрами така слатко што не знаев како да ја оправдам мојата моментална расеаност и тоа пред дете од само 5 години.

    Додека збореше не можев да си ги фокусирам мислите, а ниту пак сакав да споделам што се ми паѓа на памет. Не сакав од мене да излезе она што го знам, можеби грешам и не сакам да избрзам. Не сакав да ја потсетувам дека човек кој неизмерно го сакам го изгубив заради тоа.
    ;(

    Денес пробував со сета сила да и внесам надеж и верба дека утрешниот детален преглед ќе помине во најдобар ред. И велев дека сега не е време да чита на интернет за тоа, барем не додека се постави конкретна дијагноза, но јас не успеав да се држам до кажаното.
    Се молам само да биде се како што треба, тие работи што ги знам и по не знам кој пат ги прочитав да останат само прочитани, а не и доживеани.

    Легнувам со мисла дека новото утро ќе биде подобро и ќе донесе само добри работи.
     
    На Hipster, Ariel, Buttterfly и 27 други им се допаѓа ова.
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК се сеќавам дека еднаш прочитав дека единствена личност на која можеш да рачунаш си ти самиот. Помислив тој што го напишал ова нема ни родители, ни пријатели, ни љубов, ништо...За жал многу брзо се уверив дека вистината е таа. Само на самите себе можиме да си рачунаме и толку. Без разлика колку родителите, пријателите, саканите се грижат за нас и не сакаат ќе дојди ден кога нема да бидат тука за нас кога ни се најпотребни. Јас го доживеав ова, сите кажуваат тука сум за тебе, ја имаш мојата поддршка, јас се грижам, јас те сакам, но не сфаќаат дека поддршката не е само збор, ниту пак љубовта, ниту грижата.
    Јас постојано размислувам, два пати размислувам пред да кажам нешто, како ке изреагира мојот соговорник, дали е вистински момент да му се кажи нештото или можеби треба да почекам да му помини тешкиот период, да ги реши проблемите или барем дел од нив, па да кажам тоа што треба? За мене никој не мисли. Апсолутно никој! До кога? Се прашувам само до кога ќе бидам ваква? Кога ќе ми дојди паметот? Дали некогаш ќе успеам да се променам за да ми биди полесно или цел живот ќе го поминам во размислување се дури еден ден не ми прсни главата? :doh: :doh:
    И знам, знам дека никој не вреди за толку да губам скапоцени нерви и здравје, ама не можам поинаку...затоа што оние кои ги сакам, премногу искрено ги сакам и верувам дека ќе биди подобро, дека ќе се сменат работите, а знам дека нема да има промени. Но не можам, не можам поинаку, а сум вложила труд да се сменам самата, затоа што тоа е единствениот начин работите да се променат, но не успевам... :(
    За жал не поминува ни еден единствен ден без да се запрашам...ЗОШТО?
     
    На Hipster, bittersweet и anabel-a им се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    17.259
    Многу ми е криво од такви кои не си стојат на зборот.
    Јас се си сфаќам здраво-за готово.
    Ми ветија дека во март ќе ми купат конверс, кои толку време посакувам-дојде март, не ми требале патики. Ок, нека не ми купуваат.
    Ми ветија дека кога ќе најдам војнички панталони шо ми се допаѓаат ќе ми ги купат - најдов и такви ама не бе, ќе ми купеле од панаѓур обични фармерки. Не се лутам шо купувам од панаѓур, старно ако ти се погоди има квалитет, само криво ми е што ми ветија. Објаснувам колку се убави панталоните што ги видов, шо имаат, како имаат ама не бе, само ми рекоа „Престани да збореш, гледам Величествениот.“ Па да му се сненајде у Величествениот, поважен е он од моите желби. Ама ако!
    Душата ме боли, плачам за глупости. Ама, шо да правам-едноставно таква сум.
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    9.141
    Пол:
    Женски
    памелче а да го прашаш величествениот да ти ги купи фармерките :$
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.