Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.158
    Од утре е нов ден, нов почеток, добар или лош ќе видиме.
    Понекогаш немам време за себе, но сама сум си крива. Имам толку желби и амбиции, но што ме спречува да ги остварам? Јас самата.
    Животот секој ден се менува, навикни се на тоа. Некои работи не се исти како вчера.Не е интересно ако е се исто.
     
  2. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Колку е само убаво надвор вечерва, просто дома да не ти се влегува.
    Пријатно, тивко, не е воопшто ладно, свеж воздух колку сакаш, се чувствува и оној пролетен мирис во воздухот - како на цветови што цветаат :f: , жабите од езерото крекаат, па што уште да посака човек за да се опушти и да ужива барем малку?
     
    На HollyWoodGirl, kravce, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    А Тоше, нашиот Тоше не за џабе од секогаш сакаше да биде опкружен само со дечиња. Не знаат да те повредат, не ти мислат лошо, не се допрени од злото сеуште...
    Ех...
     
    На sweet-cherry, anuskaNESTLE, Angel.girl и 6 други им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... И кога ќе помислиш конечно се почнува да оди напред, да се радуваш на секоја новост ... нешто ќе ти лупне таков шамар, да не знаеш што следно животов ти спрема. Тоа што вчера ми ја дроби душава не ме остава на мира. :( Само го молам Бога да биде со нив, со нас ... само се да биде во ред, да се случи чудо па да се радуваме вистински на она што тој го дари на моите блиски.

    [​IMG]

    Господе те молам услишај ме и чувај ги!
     
    На bittersweet, ozbilnazena, Serafima и 19 други им се допаѓа ова.
  5. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    R.I.P Nora<3 ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     

    Прикачени фајлови:

  6. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Затоа ни е државата ваква.
    Бидејќи тие што можат да направат промена - молчат, а останатите, сите останати се задоволни со она што го имаат сега.
    „Може и полошо да биде.“ - Така не учеа.
    А, кој да ни каже дека може подобро да биде?
    Светот постојано напредува. Реформи, револуции.
    Да размислуваа црнците како нас, да немаше некој што ќе се издвои, уште ќе робуваа.
    Да се вразумеше некој дека во домовите не треба да тече вода од покривот, можеби ќе престанеа да се радуваат за фактот дека успеале да се „пикнат“ таму некако.
     
    На kravce и Moira им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... ден: прасе.
    Сѐ започна убаво и фино, глатко и нискокалорично, тивко и хармонизирано, а заврши со парче торта и мало чоколатце. И огромна главоболка. Не ми оди некои денови, па макар пукнала. Ајде, јово на ново од утре.

    На Хуго му пишувам денес на скајп: Сакам да одиме на излет, со салата и ракиичка, на сонце да се печеме и да си молчиме. Ми враќа: Ќе може М да се врати сега на компјутер?
    Навистина, каде е М?
    :?:

    Веднаш после немањето работа на пиедесталот за животни фрустрации, на вице премиерно место ја ставам - работата што ја мразиш, односно не сакаш да ја работиш.
    Не ти создава задоволство, не ти причинува радост.
    Колумната на Фемина ми причинува повеќе насмевка, отколку моите задолженија.
    Очите ќе ми ослепат од толку читање огласи за вработување, пардон - хумор и сатира.

    Навистина ми е потребна промена, и тука не подразбирам менување боја на коса или купување нова кошула.

    Пролетта секогаш ми носи некоја чудна меланхолија, и себеси се доживувам како ментален марсовец , кој не припаѓа никаде.
    :|
     
    На bittersweet, kravce, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Змејот стивнат, саксиите со љубичици вредни, сами си го отвориле погледот и срамежливо ѕиркаат во обид да ми кажат нешто - нешто повеќе.
    Денов запленет во сонце. Ширум отворени балконски врати, мирис на перени алишта, пролет и тивка меланхолија. Муви во шамански танц, обично во пар или барем пет беа денес.

    Утре со два пара очи ќе треба да го следам патешствието на Стринг Форсис. Ми дадоа мошне благородна, верна задача, да напишам нешто за нивниот буклет, концептуална желба што ќе се роди од емоциите преживеани и доживеани. Ерата на дигиталниот човек наспроти лебдачите по улици, ќе видиме што ќе донесе!
    Тој, донесе вино. Ручавме сите заедно. Ја отворивме и големата тема. Без трема :) Помирен ручек и повесели и во исчекување лица, одамна не сме имале. Некако, таму лежи сета тајна. Во Љубовта што се пренесува како магија. Го љубам од ножните прсти нагоре. Сега ми се јави да ми каже дека утре ќе ми биде скопски чаламџија и ќе ме води за рака низ светот. Со шамиче во ревер! Мајка ми го чита моето интервју за медиум и се насолзува од радост.
    Кој сака нека го прочита, контекстуално е точно онака како што јас си брборев додека Јасна ме интервјуираше. Редови енергија - http://medium.edu.mk/index.php?option=c ... Itemid=180

    Растеме, мошне правилно и со сета среќа што може некој да ни ја пренесе.
    Можам да кажам само дека сум благословена што ова го доживувам.

    Пролет, време на хероини и освоени битки за Доброто.
    Лебдете, допрете некои нови хоризонти.
     
    На Hopeful, Moira, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.314
    Знаеш дека си пораснал и си се ослободил од сите стеги кога научуваш дека нема ништо повредно од слободата и господарењето над сопствениот живот, а не бркање титули и позиции на кои ќе робуваш вечно. Да си способен значи да создадеш свое,а не да владееш со нешто веќе создадено.
    Некаде соништата за големи врвови ми се претопија во соништа за претопување со космосот. Бесконечна слобода на сопственото време,правејќи го она кое што најдобро го знам,а ми дава простор за удобност доволно за да се бањам гола и да сонувам на големо и без да бидам Бијонсе :D . Никако робување на она од кое излегуваат сите кои ги презирам за кои велев, јас да сум на нивно место,не би правела така. О колку наивно и детски. Што ако нештото те претвора во таков, а создаваш тажни и фрустрирани деца, тажен ти бидејќи сонцето е само временска прогноза,а дождливиот ден е само уште една временска прогноза што прави да се чувствуваш пошити отколку кога е сончево,но речиси исто,а не впивање на животна енергија.
    Да животот не бараше многу од нас, сигурно ќе бев некаде во земја од третиот свет и ќе подарував насмевки и ќе препелкав во прав,воодушевувајќи се на жирафчиња, зебричиња.

    Сепак,на крајот од денот, ако не си синот на кадијата, да знаеш дека страшно си го надркал. На овој свет се знае кој успева,а малкумина ќе те инспирираат ко Бил Гејтс, Марк Цукенберг и слични. Ама ова Скопје, полно менаџерчиња (за продажба, бидејќи продавач не е политички коректно) и нечии робови, сањаат за троцифрени суми без да се освестат дека ниту еден инспиративен лик не робувал никому, ами живеел со својот отворен ум во кој констатнтно му се случувал космосот за да и самиот стане космос. Иронијата е што подоцна се претвараат во хипокритични будали, но добро, јас инсистирам да верувам во бесконечните рачиња на добрината. Mуабетот ми е...и да успееш, ќе работиш за плата... ако не си нечиј син на "голем човек" за да ти го чува грбот како што тоа би се случило доколку си. Во овој случај само влечеш одговорност, страв, стрес и фрустрација, ако згрешиш ќе изгориш.

    Не сум истата од лани. Неспоредбено истата. Тоа ме радува. Растам со себе. Ми фали членот на мојата мини дружина, другиот е тажен и двајцата сме депресивни,останавме без верно пријателче. :(
    Тие сме кои што сме. Јас се чувствувам добро во она како го сфаќам светот и немам проблем со иднината,извесни нешта кои ме радуваат.

    Ако се прашувам јас, за мене се глупи оние кои тешко се прилагодуваат на реалноста, новите услови или ја одбиваат секоја промена. Прекрасно е кога воочуваш дека патот ти оди поинаку од првично замисленото,а многу,многу подобро,посветло и дека најголемата поента од живеењето е кога песочниот часовник ќе ти ги изброи последните зрнца песок си велиш,јас живеев и сакав,а смислата е во имањето комплетна слобода на живеењето во секоја смисла на зборот. Самите одлучуваме да робуваме, никој не ни е виновен за ситуацијата во која се наоѓаме. Хеј, некогаш е најголемата мудрост да знаеш кога да се откажеш, го кажав одамна,но пред некој ден се насмеав со еден твит, не велете никогаш не се откажувај, па видете го Драган Вучиќ! Па да, некогаш најверојатно едноставно сменете го патот на движење ако старата кинеска вели, седум пати падни, осмиот успеј, ако и по осмиот не чините... не сте за тоа,а не дека сте неспособни и глупави,глупави би биле ако бидете упорни да одите со глава во ѕид.
     
    На bittersweet, Annath, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Само повелете...Послужете се со мојата добрина,трошете ја мојата искреност,хранете го своето его и суета со мојата љубов,гмечете ги моите емоции како стара хартија...и знаете што?Залуден ви е трудот...нема да станете подобри,нема да станете јас,бидејќи ви треба и мојата душа,а неа не можете да ми ја земете...и се додека ја имам,јас ќе останам човек!
     
    На Stoimenovska, Hopeful, SOVRSENSTVO и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    23:45, конечно седнав на раат да испијам еден чај. Ми треба време со моите мисли. :D Одамна немав издржано овошно-салатно-супен ден (добро де, и сиренце и житарица каснав), и укопчав дека многу брзо и хаосно ми помина, што немав фора да мислам на јадење. Само лошо се одразува на моето ниво на енергија, мислам дека ако ги затворам очите ќе заспијам. А тек допрва ќе се бањам, ќе се сушам, ќе ги мразам сите. :D

    Утре малце одмор, хе, хе, имам мини-хајка испланирано низ Скопје. Откако ја извадив месечнава мислам дека по пет автобуси мењавам на ден. Прво ваму, па наму... Како да ви кажам. :D Спремам нешто, убаво де, ама трчање треба, и тоа бааги однапред. Ама со мерак ќе го изведам до крај. Затоа што, прво, си ја знам стоката :rofl: , знам на што ќе се израдува, а да се направам на три и пол со обично нешто, само ради тоа што ме мрзело да се потакнам... епа нема. Знам дека и за мене ќе го направи истото.

    И така си минат деновиве, се случуваат настани, се пијат кафиња, се шета Скопје, се смее, се полага по нешто, пролет стаса, а по пролет и лето. Оваа година нема да се сретнеме со летото, ни ќе се поздравиме за добредојде, ни па ќе си кажеме чао. Надежно, ама само надежно, ќе си кажеме чао, додека сум изолирана во некоја пештера (од типот на Берово спа резорт, демек не знам јас кај е убавото :rofl: ), на мирна планина, со чај од боровинки во едната рака и многу љубов во другата. :D Тако фино лепо, пак есен ќе дојде, пак зима, па пролет и лето и одново и одново и одново. Што би рекле моите сакани колеги, па треба да се женам после, онака загрижени целите :sweat: , ќе се женеле наскоро. :rofl: Шала на страна, која и да ги земе, нема да зажали.

    Ми фали другарка ми бе, и со неа ќе се разминам како со летото. Уффф. Јас нагоре, таа надоле, после обратно. Секој ден благословувам интернет и мобилни и се' по список.

    Сега сфаќам баба ми и дедо ми зошто сакаат да бегаат на планина, побогу, и јас добивам такви нагони, тек па за 40 години што ќе биде. Целосна изолација! Сите ќе ги мразам. ]:)
     
    На 1209, Monna.Monna, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.718
    Пол:
    Женски
    Шокирана сум по не знам кој пат од суровоста на луѓето,од нивната злоба и простотилак.И да овојпат не премолчав туку си кажав што мислам.И да знаете ми олесна,зошто јас да го носам товарот на тешките и злобни зборови ,нека го носат тие.

    ~~~~

    Не го поднесувам стареењето.Духовно.Сакам да останам со отворен ум,креативна,љубопитна,да си ги вработувам мозочните вијуги со нови предизвици,да сум отворена за нови искуства,да не ги пуштам своите мисли и чувства да тргнат по трасиран пат.Да ,сакам да сум искусна ,но вечно млада.Не сакам да се стеткам и збабам одвнатре.
    Физички-времето нека си го прави своето.Ќе внимавам колку можам,особено на здравјето,и полна ќе ми е капата ако некој ми каже дека добро се држам за свои години.Се плашам само од онаа старост кога телото откажува и не може да го прати духот.Ама и тоа е природно.Тажно ми е кога ќе видам жени кои се рват со природата.Зошто да се поистоветувам себе со своето лице?
     
    На bittersweet, ozbilnazena, Peppermint и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    И додека се препукуваат лугето со париите и изведуваат нечии потрчковци... јас си ја гледам мојата работа и не ги ставам ни на крај памет.Абе луге да се разбереме неможе бре некој да дојде и мене да ми кажува за кого да гласам.Абе јас на малоумна ли ви личам или имам недостатоци во мозокот па не сум во состојба сама да одлучам па имам потреба вас.Дај веке еднаш сватете дека сите кои имаат право на глас се луѓе полнолетни т.е над 18 затоа што се сметаат за зрели и способни да одлучат за кого ке гласаат.. нивно право е дали ке гласаат и за кого ке гласаат... БИДЕТЕ УМНИ НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НЕКОЈ ДА ВЛИЈАЕ НА ВАС :hai:
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.314
    Да се извикував себе си толку гласно како некои луѓе кои се наметнуваат, можеби ќе светев и посветло од нив. Велам можеби, а сега останувам да велам само благодарам,вие си знаете зошто, било за добро, било за лошо, луѓе сме се ќе речеме, ама многу ми е драго кога се пронаоѓам во вашите зборови, редови, инспирации. :) Но создадена сум за друг тип на спектакли. Ќе ја спомнам Љубам, нешто ко нејзините, но сепак не толку драматично интересни и светликави,ами пообични, можеби некогаш ќе станат и необични. Не друго, зошто така чувствувам дека можам и многу повеќе, само ако сакам, само ако сум храбра.
    Би рекла, сепак само обични луѓе... помирете се. Од себе си правите драма, посебност... зошто уживате да ги опишувате своите движења и мислите дека тоа се движења самовилски, лесни и магични...чуму тој егоцентризам?! Не разбирам... Да ви ги позајмам моите нови звучници кои ти го приближуваат чувството како да имаш шизофренија, гласови, убавина од звук, па не знам како не ќе се инспирирате, тогаш у друг свет ќе бидете бре! :lol:
    Едноставно не верувам на случајности. :)
    Се крчкам,се крчкам! Од каде ли ми дојде овој оптимизам... Едно реално нешто ќе те удри од глава,а е убаво, го гледаш под прсти како го создаваш и веќе живееш со полни гради!
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ете ме мене тука и назад дома,сама повторно :( .Деновите со него поминаа пребрзо,се навикнав на неговото присуство цело време да ме прегрнува, заедничките утра,појадоци,прошетки,аххх. Испланиравме се за нашиот ден и оп шлаканицата на животот повторно не удри :worried: и преубавиот викенд го засени таа лоша вест. Шок,неверување,тага но истовремено и надеж дека се ќе биде во ред и дека тоа мало душиче ќе се избори за живот.Зошто животот е толку неправеден икогаш нема да ми биде јасно.Цел ден ми е стегната душата,но сега добивме добри вести дека малечкото ќе биде во ред :clap: :dance: :party: .Борец е тоа,ќе се избори за својот живот и ни одржа на сите и тоа каква лекција дека животот е еден и дека треба себично да го чуваме.
    Ретки се оние кои што со цело срце би ни помогнале, а јас денес рабрав дека сеуште постојат вистински ангели со преголемо срце и душа кои што заслужуваат само најдобро.Благодарна сум од срце на тој ангел,да не беше таа неизвесноста сеуште ќе ја имаше а богами и надежта дека ќе биде подобро. Таа е човек со срце и душа во вистинска смисла на зборот.
    Ние ќе почекаме повторно до денот кога официјално ќе бидам негова,кога заедно ќе ја планираме иднината.Со голема грутка во градите и двајцата се одлучивме на тој чекор,но најважно е да почне да се развива нов живот и ние да можеме да почнеме да го живееме нашиот.
    Јас по не знам кој пат научив да го живеам секој миг како последен но не знам зошто не го практикуваме тоа се додека не не удри нешто по глава за да не здовболи толку многу па да се замислиме.
     
    На Monna.Monna, bittersweet, Peppermint и 8 други им се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Јас на овие години се набубуљичав. Како тежок пубертетлија станав. :envy:
    Што претставува зборот envy?! Дали тоа е моментот кога не ти успеваат кифлите, за тоа го набедуваш брашното, а под око гледаш кон туѓите кифли на комшиницата! Глу-по-сти на осмина!
    Кога македонската при Мадона ќе разбере дека жената не е шминка, ниту цице, ниту парче облека од Зара. Да, да жената за мене е како онаа прикажаната Роксана во филмот Александар. Леле каква е човече. Дивјак, мислам секси, храбар, дивјак. Леле ка-ква еее! Со високо напупено муце. А да не зборувам пак за Олимпија. Ауффф, таа со змиите кои и шараат насекаде. Сила се од жени. Енергија се која ги зашеметува мажите. Борбеност извира во нив до даска.
    А не некоја скопска лигла која се плаши да касне нешто повеќе од салата во скопските кафичи, а воедно истата е слаба, исушена, безенергична!

    Јас пак испив три тенџерина чај. И сега сум си полна како цистерна. Ама сакам да дрмнам едни камикази.
     
    На kravce, Moira и Offspring им се допаѓа ова.
  17. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    “Една„ изјави дека протестира против тоа ткаенината да мора да биде исправена, т.е дека пеглањето на алиштата е бедна измишлотина и дека нема никаков резон зошто тоа мора да биде така. Протестот беше лајкант од повеќе истомисленички. Јас се побунив. Зарем мојот терапевт ака пеглата, да ја снема? :@ Верувајте јас би наликувала ко емотикончево. Мене ми е најдобрата терапија против поголем наплив на нервоза, и многу ми е фино што ете низ испегланите алишта наоѓам спокој за мојата перфекционистичка природа. Си викам кога можам вака алиштава да ги скоцкам до сантиметар, ќе можам и другите работи.

    И ете мојот ден започна така. Јас виртуелно се бунев против изгужваната ткаенина, со фино горко кафе, со сончувката која ја облеков во испеглана црвена комбинација, и со сопствените мисли-ич мисли.
    За инат и пеглав денес, иако средата не е наменета за тоа. Размислував за се што се случува деновиве, за луѓе на кои залудно се обидувам да им угодам, кога тие очигледно не сакаат да им се угодува. Некои индивидуи едноставно не го поминуваа оној оригиналниот пуберт помеѓу 12 и 20 година, па кога ќе се појави оној фалсификатот од 50-65 се практично за избегување 24/7. Се разбира, доколку, законите на физиката го дозволуваат тоа нешто. Искрено, теориски многу ми е лесно да се телепортирам, практично никако да успеам. А те како ми треба, што да ви кажам. Ете, не е дека сум лош соживотник едноставно сум еден таков индивидуалист па ми е тешко да морам за сите последици да изнаоѓам причини за да задоволам нечие его, секако освен сопственото. Но ќе поминат и овие денови. Наскоро се селам, и тоа ми е доволно за и во моментов на лицево да имам :)

    Како и да е, Феминки, сум решила да направам to do листа и да одам по ред. Не за елиминирање личности, туку за остварување цели. За правење чекор напред, а не тапкање во место.

    За дела, а не зборови, како што кажуваат нашите квази политичари.
    Одам да нанкам, до утре :*
     
    На kravce, Moira, Trnche и 3 други им се допаѓа ова.
  18. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Чувството кога конечно ќе завршиш обврска, што 2 месеци си ја одлагал! - Priceless! ;)

    И така си сваќам дека во животот малите навидум неважни работи ме прават среќна... Инаку денеска добив резултат од испит, што не верував дека ќе го положам, и погодете што супер сум поминала! Среќа си одев по мојата логика што би можело да се падне, и оп сум ги погодила задачите :D ама затоа теоријата е тука да ме врати во реалноста.. Нели секогаш може подобро :) Како и да е сумасумарум задоволна сум. Oд сега ќе си знам и ке се потпирам на мојата женска интуиција. :)

    поздрав и добра ноќ! ;)
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК ПРЕМНОГУ СУМ СРЕЌНА ШТОТУКУ ДОЗНАМ ДЕКА НА НЕКОЈ НАЧИН СПАСИВ ЕДЕН ЖИВОТ....ПРЕМНОГУ СУМ СРЕЌНА
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дали некој од партијава ме мести или што се случува незнам ама дефинитивно не ми се допага што се случува :shake: се договорив со една госпога што е пред мене на еден од списоците да го делиме денот-6 часа јас, 6 таа во Недела за на крај да испадне дека тој список пу пу не важи :^) лудаци, нема што-немам коментар
    и сега ке треба да го контактирам мојот заменик-што го нема ни под дрво, ни под камен да видиме како ке се договориме ако не одговори, претседателот нека го бара-нешто ми мириса дека ке си бидам јас 12 часа, само уште тоа ми фали, па да ги испотепам сите од прв до последен-како што сум во ПМС што ми надоага една сила на моменти :D
    и конечно отидовме на кафе јас и другар ми-на моја другарка другар а од скоро и јас и тој почнавме да се дружиме-интересно типче е ,пред се џентлмен, мој врсник е инаку,физички :shake: ама е добра душичка, и така испадна што ме запознаа двајца негови колеги-едниот :geek: беше кога ме виде,отиде некаде и почна да вика по мене-ке се вратам срце, ке се вратам а јас :?: што му е на човеков, што се случи :wasntme: после сватив дека нешто не му е ок и така, не видоа многу луге рака под рака како се движиме по улица-па време беше да ме видат со машко, да не испадне оваа луда е , нешто и фали убава а сама Балкан е ова, афери-трачеви, можно е да има денес, која е од каде е хехе и ме испрати до дома-немало да дозволи да ми стане нешто, да не ме грабне некој-божем јас незнам да се бранам хехе а во последно време што сум се со машки од партијава е друга приказна а во приватноста речиси секогаш излегувам сама -преку ден, навечер ни ми е страв, ни ништо-мајка ми се плаши за мене, јас не, и кога сум веке кај тоа, кога конечно си дојдов дома :doh: мајка ми премногу висок притисок-наместо да ми се јави татко ми, да ми каже на мајка ти и е многу лошо доагај ВЕДНАШ дома :!: ама тато, нервозен, потпивнат-со еден збор-катастрофа
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.