Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    18.112
    Пол:
    Женски
    да не се фалам ама најубав и најсреден форум имаме :P
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Чим митингов се слуша ко кај мене во соба, можам да замислам како им е на тие во Аеродром, од озвучувањето може некој прозор е скршен.
    Ивица нека да дојде сам да го смени. :wasntme:


    Божем колоквиум ќе спремам, сега не ми бега митингов, посебно кога ќе заечи химната, може скриптиве да ги џитнам у знак весеља. :drunk:
     
    На Elennaa, Primavera, Stoimenovska и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Ете уште еден ден така ми помина, пред компјутер, а надвор шоубаво си врне, абе од милина.. Се истури од прееска, жими времето, еднаш топло, сонце пекнало ти иде да се соблечеш по гаки, после еден саат 3 јакни малце ти се |( Инаку имам за учење и сега се ми е интересно и интересна ми е и Ребека Блак (нз како беше тоа презимето) да ја слушам како мјаука, да ги реметам лугето од тераса, да смукам да чустам.. И после мама нека не се жале дека ништо не сум работела.. Ке ме бидува за домакинка да да :wasntme:

    хаха знам како ти е јас пред некој ден ги слушав, а па тоа кога ја пуштија тоа химната :worried: Али тоа е избори има де ;)
     
  4. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    СДК дека денеска денов ми започна многу убаво. Едни баба и дедо успеаа да ми го направат денот поубав, да ме развеселат, насмеат а во исто време и да ме разнежнат. Утринава кога бев во слаткара да се облажам, влегоа тие и се држеа за рака. Потоа си нарачаа една слатка. Додека ја чекаа двајцата се смееа и одеднап бабата го бакна дедото :inlove: А нешто што успеа уште повеќе да ме разнежни и да ми го направи тмурниов ден уште поубав е тоа што тие таа слатка си ја делеа, и верувале или не уште беа заљубени како тинејџери, како да се на прв состанок, а не како пар кој е заено повеќе од 40/50 години. Оваа случка успе да ми го направи денот поубав и и сега кога ми текнува на тој момент одма добивам насмевка на лицето. Ова ме уште повеќе ме тера да верувам во љубовта и дека таа е најубаво нешто што може да му се случи на еден човек.
     
    На Serafima, Stoimenovska и Barbie20 им се допаѓа ова.
  5. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Денот,започнат невообичаено,во 8 часот,со топло млеко и корнфлекс,стуткана на троседот,со новата ТЕА во рака.Рај. Обврските(математички),дури од десет.Тричасовно попладневно уживање и муабетење кај баба со нејзината превкусна баклава,капучино и топлење покрај ќумбето на дрва.Што уште би посакала?Најпосле,издувување на зумба. Јас сум среќна,засега.До наредниот пост,ве оставам со мислата:

    Животот е полн со убавина.Забележи ја.Забележи го бумбарот,малотот дете и насмевнатите лица.Помирисај го дождот и почувствувај го ветрот.Живеј го животот со полни гради и бори се за своите сништа. -Ешли Смит
     
    На Serafima и Doozy им се допаѓа ова.
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Лажен е 200%...
    Ама...ама коментариве се невозможни! :rofl:

     
    На Monna.Monna, sweet-cherry, sweet-star и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Нешто за младоста и староста да кажам.
    Мислам и кога ќе бидам 60-70 години, пак ќе бидам со ваков шашав дух. [​IMG]
    Такво сум си родено.Не ми замерувајте. Енергична, хиперактивна...водата стои, јас не стојам. Што би рекол дедо ми.
    Ете, кога го спомнав веќе...да кажам благодарение на него, знам да како да живеам.
    Ме научи на моралните вредности кои треба да се негуваат и покрај растуреново општество.
    Ме држи цврсто кога сум повредена. И, така сфатив дека да си храбар не е тешко.
    Само треба да сакаш...и да си сигурен во тоа што го сакаш.

    Јас сум само една гранка од неговото дрво. Гранка која секоја пролет, цвета со другите.
    Гранка, која се грани и понатаму...по негова заслуга.
    А, тој само горделиво си гледа од страна. Чат- пат и по некоја солза пушта од радост.
    Смртта за него секогаш била мал залак. Прв човек, што не се плаши од неа...

    А, не се плаши затоа што животот го живеел по свои правила. Затоа што ризикувал и постигнувал.
    Затоа што на секој пад, тој неуморно станувал и се борел.
    Неговиот 70 годишен живот е толку исполнет. Бил среќен. Уживал во хармонијата, уживал во околината. И, во право е што не се плаши од заминување таму горе...спокоен е.

    Ме научи да сакам и да бидам сакана. Да собирам во себе резервни фондови на љубов, почит и разбирање...дека еден ден ќе ми требаат, кога неочекувано ќе се најдам изгубена и повредена.
    Оти никој не е безгрешен, никој не е совршен...никој не е поштеден од повреди.

    Јас моментално уживам во мојата геометриска совршеност со околината. Ништо не се поклопува, ништо не е перфектно...ама научив да се радувам и на несовршеностите.
    Верувам, еден ден ќе станат совршености. Столбови на кои ќе можам да се потпрам, кога и да сакам.
     
    На marama, bittersweet, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  8. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Како си се местат коцките во последно време, мх мххххх милина. :)
    Посебно кармата каков мерак ми прави :wasntme:
    Што е убаво вака кога не преземаш ништо во свои раце, оставаш самото по себе да си дојде. А кога тркалото ќе се сврти, личноста од спротивната страна тродупло наплаќа за грешките.
    Ех, овие моменти ги чекав :devil:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Душава ме боли.
    Денес, личност од која најмалку очекував ми ја плесна вистината во лице, но истовремено ме свести и ми ја покажа вистината, баш онаква каква што е. Сурова и болна. Иако, подсвесно и јас го знаев тоа, но најверојатно сум го скрила длабоко во себе и сум се лажела самата себе дека тоа не е вистина и дека е се во ред.
    Секогаш се прашувам...зошто баш мене ми се случува сето ова?!? Не дека сакам друг. да го осети истото. На никој не му го посакувам ова што мене ми се случува, единствено на тој кој направи да се чувствувам вака. Бедно и омаловажено. Него, дури и полошо да му се врати!!!
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски
    СДК дека преку глава ми е со тоа изборите, митингот се слуша како дома да ми е...:///
     
    На kikav и Dog-lover им се допаѓа ова.
  11. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    пролетта многу убаво не угости со уби од врнење -.-
     
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Јас редовно останувам во супермаркети за да си дослушам песни. И уште го чекам денот кога случајно ќе ме заклучат во супермаркет или некој трговски.нДенови исполнети со детски соништа. Чекам чоколадо од брат ми а тој упорно заборава. Се претопувам со низа патници во Двојка и некако заедно си го шетаме Скопје. Скокнувам од тема на тема ама така иде се.

    Прееска се мотав низ дворот на баба ми. Можам да ја разберам како ужива да потоне во тој свет во свет секој ден. Кога гледаш како едно црвче само сака да биде оставен на мира за да се протне низ ронки земја, апсурдни се нашиве маки. Планина и селце, тоа ми е мајката.

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... VvkjuEAwgU
     
    На mims-89, kravce и teddybear им се допаѓа ова.
  13. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Гламстик прашање:
    Дали ако изедам цело family pack стоби флипс (читај:на суво) значи дека сум во тешка депресија од четврт степен?
    За да ви ја доловам целата ситуација, мислев да си направам цедевита ама на крај дигнав раце и од тоа.
    Ве молам за искрени одговори, стварно се избезумив.

    Мња :D
     
  14. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    истоо истоо прво поминуваат со комбиња од вмро па од сдсм.... :| па флаерии делатт а комшиите моии тешкии вмровции се и кога ќе делат флаери од сдсм им земаат мноуу за да немаат овиеод сдсм вишее да делат... :| аманн вишее доовлноо ги слушам на тв сеаа и под прозор... :@
     
  15. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
  16. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Прекрасен ден :inlove:
    Прекрасни желби, честитки, гушки. Имаше и по некои онака, без веза кажани „Среќен роденден“, без емоции. Со ладна скаменета фаца ќе ти каже и ти си одмилува денот. Добро, не им замерувам ни на татко ми , ни на дедо мој што не ми ја кажаа фразава. Ама ако, може криво ми беше. Тоа е. Понекогаш посакувам да имав по инакво семејство, ама и вакво не е лошо. Си седам во соба и си фурам филм.
    Сепак благодарна сум им на сите искрени честитки од моите најдраги! :* Другите и онака не се битни. Подобро ништо да не ми каже, да ме одмине, отколку така ладно да ми честита. Ме нервираат и оние кои цел ден, знаејќи дека ми е роденден ме одминуваа, за на крај да бидат најглавни фраери по социјалниве мрежи, некои и преку порака беа ептен добри, со добри зборови, слатко речиви. Ма ви се молам! Не ме ЛИЖИ! Мразам лицемерие!
    Како и да е прекрасно си поминав со моиве другачки, денот ми го направија посебен. Премногу ги сакам. И да му благодарам и на татко ми , кој наместо да ми честита роденден, малку да направи да се чувтвувам посебно, отиде да се пијанчи во кафанче, да не ни сметал на нас другарките. И на сите останати кои покажаа колку им значам. Ја знаете поговорката: Еден ама вреден? Денес се уверив колку вистина има во оваа реченица. Сепак прекрасно ми беше и најубаво си поминав. Многу спомени ќе ми останат од овој ден. Би требало почесто вака и без повод да си се собираме и супер да си поминуваме. :D
     
    На Serafima и teddybear им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Од кога велам дека ќе го баталам интернетов, или барем ќе го користам само за нужна потреба, во превод само за паметни работи, ама пусто само на глупости штракам...А не сакам, не ми причинува веќе задоволство седење пред екран, ме заморува скоро секоја информација која ќе ја прочитам и во најголем дел само превртувам очи, и пак како гуска седам и зјапам. И на крај се нервирам оти време поминало а јас ни малку попаметна.
    Ама штом признавам дека си имам проблем, значи го минам првиот чекор и на пат сум кон решавање, нели? Писмо до идната јас: Стани од компјутер.
     
    На JuLleE, anuskaNESTLE, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК Колку и да изгледа невозможно,недостижно,тешко и мачно секогаш упорно борете се силно за она нешто кое го посакувате,затоа што еден ден ке застанете и ке си кажете: го ПОСAКУВАВ а сега го ИМАМ!!! :D Добра ноќ
     
    На Stoimenovska, kala21, Primavera и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.406
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате на оваа песничка? Сигурна сум дека ја знаете, јас ја учев во забавиште пред ... пред (веќе) многу време. Одеше нешто вака:
    Ја сфаќам поентата (фала Богу!), ама жена (колку само ми е теткаст зборов) како мене која бара влакно во јајце или игла во сено - како сакате - кога ќе почне да мозга и тенчи „метафори“ од овој тип - не е на арно.

    Велат, љубов е кога истовремено боли и тлее спокој и блаженство во душата; други пак, велат оти љубовта е заболување на умот и при секој неуспех, болка или загуба на партнерот, боли од корен и таму кај другиот, боли проклето многу во градите.
    А кај мене периодов не да корне, ами сече на живо без анестезија.
    Дури си мислам - абе вистина е, се собрале сите свирепотии и лошотилуци на веков и почнале да ја глумат неа, Љубовта.
    И за миг се сепнувам и ми текнува на сите убавини и лудости кои секогаш ми краделе насмевки и знаете, почнувам да мислам дека всушност и не постои некое универзално добро, ами има добро со (умерени или не) дози на лошо.
    Зашто Јин и Јанг се едно цело. И зашто се неразделиви, како половите од магнетот.
    Зашто не може сѐ да оди кон тоа Доброто, оти ако е премногу добро - лошо е. Оти никому не му требаат очила во боја - и сивилото ќе се обои, само треба малку креативност и добри боички, маркери и четки за сето тоа да стане Наше дело. Зашто ние бираме боички и области кои ќе ги обоиме, никој друг освен ние самите, запомнете.
    А јас ... посакувам вечно да биде тука, да ме држи цврсто за рака и да боиме заедно сѐ додека ... ма засекогаш. Дури и после тоа.
    Го љубам, а секое многу после тоа љубам - малку е.
    Го љубам од минус бескрај до плус бесконечноста, квадрирано безброј пати, за никогаш да не добие негативна вредност. Па и нема, иако понекогаш и негативното е добро, за да сфатиме всушност што е тоа позитивно нели, ама тоа во друг муабет ...
    И уште сакам само да е тука, да ме држи за рака, да му потонам на рамо и да му го слушам срцебиењето.
    За да бидам спокојна, додека со целото мое битие ... го љубам до бесконечноста и подалеку.
     
    На anuskaNESTLE, Doozy, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    10.452
    Пред да се зачленам на Фемина имаав многу слободно време ,сега моето слободно време е Фемина,Се заразив знам :tmi: ама убавко ми е кога ве читкам,прекрасни,интелигентни девојки и женички има тука за читање тука . Феминки останете такви ,не се менувајте ,а јас и понатаму ќе ве читам ветувам чесен збор :* .Ајде сега да одам да нанам ,добар сон на сите .До следно читкање ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.