Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК се ужаснувам од некои работи.Дали некои луѓе имаат некое си свое достоинство, самопочит? Дали знаат некогаш да се извинат онаму каде згрешиле? Дали воопшто знаат за зборот - извини? Зошто упорно се некој гледа како другите живеат? Зошто се интересираат, до толку што знаат дали другиот ја сменил четката за заби или не, а за сопствената заборавиле и дали воопшто ја смениле? Сега, не дека стварно е за четката зборот. Изгледа немаат, не дај Боже да се извинат некому, егото ќе им падне, после нема мир да имаат.Па можеби и треба да го симнат своето его, да не збори се што не треба, кога и не е време за тоа.А ако успеат да го симнат своето его, неколку пати, уште подобро за нив.Незнам како сметаат дека другите луѓе немаат его.И јас имам, ама знам да го заќутам, кога тоа е од повеќе потребно.А дали знаат за простување или за време на празникот официјално и патем лажно си простуваат, а до следниот ден можат и очи да си извадат? Бидејки нели едноставно сите се грешни, а тие безгрешни.Абе ајде...Ако сакаат да мислат дека пингвините можат да зборуваат, нека си мислат.Како незнаат дека за некои работи е доста? Нели им текнува дека можеби и не треба толку да се занимаваат со туѓи животи? После ќе ми речат, „не е фер“. Епа многу работи не се фер, но незначи дека имаат право душа да му извадат некому.После се лутат ко ќе им бидат кажат работите токму такви какви што се.Нека се лутат, комотно и нека се носат со тоа.
    Пред некој ден, загледав еден филм за едно момче од Африка, каде неговите умреле од болест, покрај тоа што старешината го лажеше момчето дека и воопшто не станувало збор за болест, туку за клетва, сепак тоа детенце ја знаеше вистината и му ги отвори очите на својот народ, преку предавања, по што луѓето почнаа навреме да се заштитуваат од болеста, со цел да не бидат тие кои ќе патат од болеста и умрат.А јас како и секогаш, кој филм и да го гледам, никако од почеток, се од сред филм почнувам да гледам, незнам како ми успева тоа, но битно суштината ја фатив.Колку ли само таквите филмови, ја претставуваат реалноста? А и воопшто се знае што се случува таму, но барем филмот истакнува дел од реалната слика, секако со некоја цел.Додека едни преживуваат од ден за ден, други се лутат зошто егото им било повредено, па мораат на разни начини да го демонстрираат.
    Секој човек греши, не е тоа некаква апстракција.
    И повторно со цел да не бидам погрешно разбрана, ова не беше наменето за никој од тука.
    Едноставно, пмс е, нишчо друго.
     
    На ilipili, Serafima и tami1 им се допаѓа ова.
  2. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Се мислев дека ќе ми се случи само ова не.
    Абе влегувам во дневна и ја гледам мајка ми плаче ли плаче.Ја гледам жената се чудам оти сама беше дома и викам мамо шо ти е ма?Вика абе гледај колку е жално.Ја гледала индиската серија „Разделба“ и плачеее ма ќе се утепа. :clap: ма жено викам.Јас мислам којзнае што било она серијата. |(
     
    На kikav, WarriorAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. tami1

    tami1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    Трудете се што повеќе време да поминувате со оние кои ги сакате, а не со оние кои имаат потреба од вас..
     
    На Divinebutterfly, kate21, GordanaL и 4 други им се допаѓа ова.
  4. sladok-bitola

    sladok-bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    46
    СДК ... дека ке беше баш убаво да си најдев друштво за вечерва :o
     
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Откако петочно се нафукав тавче на гравче, мајка ми ми рече дека направила колачиња со дупчиња. Па каде да ги сместам? Ајде, кој е за младенчиња, по повод денешниов празник Младенци, нека повели. Оти кај мене веќе нема место. :D

    И да, вистина е. Како што ќе дувне ветерот, така и јас по него. Повторно имаше борба помеѓу мојата члакната коса и бесниот ветер. Наместо во школо да учиме за насоката на дување на ветерот, ние учиме за насоката на некоја Лоренцова сила. Ми потребала. :D
     
    На Someonespecial, Serafima и pamelche им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.717
    Пол:
    Женски
    Едвај се довлечкав дома..[​IMG]
    Имам ново фризурче такозвани боб.Абе како Викторија Бекам сум.Веѓите средени,од мустаќи нема ни трага ни глас...Детергенти купени и средства за чистење,овошје и зеленчук колку треба и не треба,најмногу портокали,се давам во нив..фрижидерот повеќе не е ваков [​IMG],маж ми дреме,син ми плеска на компјутерот,ќерка ми скита а јас во некоја зен фаза..идила...
    Во пижами ,со кеса пуканки и сецкано овошје пред мене ,ќе го чекам Танцот со ѕвездите..а за утре имам закажано кафе,да ја промовирам новава фризура де..
    Заразена сум со смајлињава...ме загрижува тоа искрено [​IMG]
     
    На kravce, Monna.Monna, imelda и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    18.112
    Пол:
    Женски
    не можам да поверувам дека направив 405 милиони на играта зимски ѕвончиња и неќеше да ми ги регистрира :@
     
  8. Iskreno

    Iskreno Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    31
    Тажна и осамена.Мразам глумење лудило демек ме сакаат којзнае колку,а сите позади грб те оговарат.Е фала такви не ми требаат.Осамена сум си,ама важно не се нервирам до толку,не се ни замарам со никој.Тука е фемина,филм,книга,доволно ми е.
    Не ми треба никој.Чао.Не сакам со никој да разговарам.Бидејки знам колку се искрени.
    Денес ме повреди личност која што многу ја ценев.Мислев дека е жена за пример,дека јас сакам кога ке пораснам да бидам како неа,ама ми се гади од неа,не сакам повеке да разговарам.
    Како вика баба ми-елимине :hai: .
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ете ја и Ади, после долг временски период :D
    Ги растури Ади колоквиумите, ја растури и математиката, срцка ми е мн си се сакаме да ви кажам право :wasntme: , поминаја и овие, помина и пола семестар, како вчера да почнав на факултет,
    Друго стварно немам шо да ви кажам, уште сум ула како и секогаш :D , немам спиено 1 недела сега, и зато паѓам пред компјутеров, ама за брзо одам да си легнам.
    Сакам да завршат овие изборите, едноставно ме дават со секакви реклами, и секакви глупости околу нив, ама едно знам дека сите се мизерија најголема |( и не можам да ги поднесам.
    Од утре си посветувам време на себе, веѓи меѓи, коса моса, црвена пак :wasntme: депилации ова она, вамте тамте, очајна домаќинка ќе бидам утре по пазари. :D
    А сега одам да навивам уште малцеее

    MACEDONIAAA !!! :party:

    Како и да е ви посакувам убав викенд, топлете се со вашите сакани :hug:
    Јас немам со кој да се топлам :doh:
    Кисчее, Your Adi :*
     
    На Miss.Ricci, Divinebutterfly, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Сте се чувствувале изгубено, заробено, безизлезно? Кога ти е тешко и нешто ти се стега во срцето, а сепак не знаеш зошто е тоа така, дали си почувствувал како да не припаѓаш на местото во кое се наоѓаш?
    -Е па, јас моменално се чувствувам така... ИЗГУБЕНО! |(
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Го сакам мирисот на Охрид! Знаете оној мирис кога завршува летниот ден на плажа и вие така ноншалантно полумокри се враќате накај чаршијата. Тоа најчесто е накај осум часот, сонцето самошто заоѓа, а и тогаш почнува она охридско ветре. Најубавото ветре кое ви ја испреплеткува косата и која ви го зајакнува осетат за мирис, за мирисот кој го носите на себе си, кој се тркала по вас во вид на ситни капки украдени од езерото.
    Е токму овој мирис го почувствував накај 6 часот во една скопска населба додека го шетав моето куче. Ист мирис поради кој ми надојдоа илјадници летни спомени. Илјадници емоции кои ги делиме само јас и езерото. После мирисот кој ме потсетува на селото на татко ми, а кој ми е прв врежан во градите, ми е мирисот на плажата и Охридското езеро.
    Ах ах аххх лето :*. :rofl: :rofl:
     
    На kravce, sweet-cherry, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Напред Македонија!!! Многу сакам да победиме :D :D ке има причина за славње а сега заминав да ги бодрам нашите МАКЕДОНЦИ !!!!!! :D :D
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Не ми се учи... :worried: :x
     
  14. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК дека колку помалку се замараш,толку поубави работи ти се случуваат... 8)
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.692
    Допаѓања:
    22.939
    Пол:
    Женски
    Таков се погоди денот другар, сега скоро сите се на утакмица. :D Ајде, без гајле, викендот е пред тебе.
     
  16. sladok-bitola

    sladok-bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    46
    има и некој кој не се на утакмица :)
     
  17. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    некако место не ме држи..... хиперактивна сум веќе неколку дена! не знам од каде таа енергија во мене... можеби дека е пролет се се буди или нешто така, па и кај мене се пробудла некоја внтарешна енергија. еве веќе два-три дена не можам да престанам да зборувам, на сите дома на глава им се качив, на сите другарки исто така. веќе не сакаат да ме дружат :D :D :D :D не можам да седам на едно место само ми се оди некаде.....да бидам во движење! леле колку живот има во мене :D
     
  18. sladok-bitola

    sladok-bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    46
    место не ме држи повеќе .. ми се оди негде ама незнам каде ни самиот... 8)
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК, па вие немате поиииима колку многу сум јас заљубена :wasntme:
     
    На kravce, ludoto19, anuskaNESTLE и 10 други им се допаѓа ова.
  20. cute12

    cute12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    47
    живот иде даље...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.