Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ми фали бе ми фали плажа и сонце, едвај чекам да дојде лето, па да се шетам, па да не се прибирам дома па да облечам лесна облека, фустанчиња :)

    Вчера бев во Кичево, настапував и многу сум среќна, многу убаво ме пречекаа..
    Освен тоа почнав да снимам нова серија, и многу многу ми е убаво.. парички од сите страни, си го шетам гзот колку можам :lol:

    И ногата ме боли, а немам појма од што |( си легнав најнормално без болка и станувам не можам да се помрднам..

    И да, друго немам ништо попаметно што да кажам.. то је то

    Ќе се видеме некојпат у поарни времиња..

    Поздрав

    Ред :D
     
    На Chimera, Dog-lover и blond им се допаѓа ова.
  2. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Колку прости луге има на светот, не ми се верува не :@ ! Сите се прават паметни а незнаат ни две прости реченици да состават! Јас не сум таква да земам да копирам текствои и да ги раснезсувам по сите страни на фб... Она што е мое мое е и никој друг неможе да ми го земе! А некој ако не знае да состави ни два збора неможе да се прави дека се знае и да вели дека текстот е негов!!!! Аман веке Аман :@ :@ :@ :@
     
  3. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Конечно :x МОЛК
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Аууу како мириса штотуку испечениот баник на Мајка ми [​IMG] па и вкусен, мх мх, милина :mm:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Конечно конечно конечно!
    Значи вреди да се живее за вакви денови. Сончев пролетен ден...Што може повеќе да те израдува од тоа? Бесценето е кога ги гледаш штотуку расцутените цветови на дрвата, па звукот на осите и пчелите што се вртат околу нив. Звукот на ветрот што ги задева гранките на елата - priceless.
    Eдноставно ваквите денови ме мотивираат, ми ги полнат батериите - ме прават среќна :)
     
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Не те мислев за ваква.А се повеќе се покажуваш во лошо светло.
    Ако.Твој живот-твое право што ќе правиш.Твоја одговорност.Сама си ја носиш болката,сама си ја везеш тагата и сама си го скратуваш погледот кон иднината.Сама се доведуваш до тој степен на....безумие.
    Се сама правиш,под изговор: "уживам во животот,еднаш се живее."
    Немој.Опамети се навреме,ќе биде касно потоа.
    Запомни дека јас секогаш ќе бидам покрај тебе,иако ти тоа се почесто не го сакаш или пак бараш изговори за тоа да не биде така.Ќе сфатиш...
    Ќе помине време,утре ќе бидеш зрела жена...Но од тебе зависи како тоа ќе го изведеш.На овој начин-сигурно нема.
    Запомни веќе еднаш дека никој не е виновен за твојата состојба,дека САМА се носиш во неповрат.
    И секако,сама ги бришеш нотите од петолинието и си ја скратуваш песната,наречена живот.

    Толку од мене.
     
    На Stoimenovska, curlygirl, prettyliar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Денес предизборен молк, а ја па баш денес најдов тука да дојдам и да ве поздравам сите. Од секад сум била обратнопропорционална :lol:
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив,се возевме со љубениот.Пиевме по едно кафе и правец дома.
    Не како некогаш,не е како другите предходни избори.Се чуствуваа некоја напната атомсфера,грдо е некако.Воздухот е позагаден отколку што беше.Странци има на секој чекор,што никогаш воопшто недошле да го видат градот од кога се заминати. И друго значи,во сопствена држава МАКЕДОНИЈА да се чуствуваш угнетуван и омаловажуван од некои племиња надојдени од негде некаде.Нека запамтат дека живеат во земја која се вика МАКЕДОНИЈА, а не Албанија.И да нападнуваат и да те тепаат некого поради тоа што носел крст во колата,и поради тоа што пеел патриотски песни.Без никакваа причина.
     
    На sweet-star и Katerinceee им се допаѓа ова.
  10. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    [​IMG]
     
    На teddybear, simonna.a, SexiLy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК нештоо најдобро што прочитав денес... Денес е предизборен Талат :D Се превртев од столот :D :D :D
     
    На Someonespecial, pamelche, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  12. jovankatrim1947

    jovankatrim1947 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    da be ubavina so molkov, samo Latas ***** po televiziive.
    ubavina, utre pametno glasajte, da ne utnete, a moze i da vbe izlazat
    ajde cao :lol:
    Ubavina od sabajle na Vodno, tutma narod, mladi decinja ama i stari
    zicarata ne raboti
    :puke: :puke:
    sega rucek in se po red
    caos
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.720
    Допаѓања:
    43.774
    Пол:
    Женски
    Maлку сонце и светов веднаш е поубав и пожолт.
    Најмногу ја сакам пролетта, толку ми е прекрасна, толку совршена, а и ништо не го прави домот почист и потопол од сончевите зраци кои навлегуваат преку огромните прозори...го сакам овој контрас од пролетно сонце и студеникав ветер, кои ти го печат лицето и ти ја мрсат косата.

    А го сакам и него, повеќе од што мислев дека некогаш можам да сакам.Сакам да дочекам милиони пролетни сонца држејќи го за рака.И малку ми е што го гледам само за викенд...кратки ми се тие ноќи, малку ми се сите прегратки и бакнежи.
    Некои денови неговото присуство ми е се и знам дека ако не е тој тука да ме чека на крајот од неделата нема да имам сила да ја истерам...
    Го прашав дали ќе ми купува бонбони кога ќе бидеме стари, од одговорот ми се стопли срцето...
    Знам дека што и да се случи секогаш ќе бидам онаа која му го облежала постоењето, а тој ќе биде личноста која сакам да биде татко на моите деца...

    И сега единствено што сакам е да си ги преплетуваме сетилата уз ритам на песнава
    https://www.youtube.com/watch?v=VyRxTTegjXM ...
     
    На bittersweet, kravce, caroline.costa и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Само што бев излажана.
    Ах, тоа чувство кога ЗНАЕШ дека некој те лаже.. :fubar:
     
  15. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    10.451
    Бесплатен превоз за македонските граѓани во странство по повод локалните избори!Уште што нема да направат за само и само да се наместат на фотељите цццц,да се смеам или да плачам?На оваа криза ,се расфрлуват со пари ,наместо со истите да направат нешто корисно за државата.Да му се :puke: на човек уф леле празни глави,гладни за влас :envy:
     
  16. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Еееј колку бледо изгледа кога се зборува за пари, цени, интереси и одеднаш некој се јави со филозофски текст од страна ипол колку се не битни парите и интересите, како само треба да се поддржуваме меѓусебно, старата добра: ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДЕН...
    а што правиме бре другар кога имаме ситуација ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА НИКАДЕ,
    зарем мора мнозинството да функционира на грегарен мотив т.е. овчечка психологија “каде сите таму јас- немора да размилувам за последици и можни ризици“
    Па каква иднина не чека ако уште сега се откажеме од правото на сопствен став?? Зарем треба само како овци да стоиме собрани еден до друг додека не продаваат
    Извинете малку замарам :tmi: ама неможам да молачм, морам некаде да се пожалам од ова општесво глупаво..
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како сум му ја напишала пораката на мојот заменик утре-мислиш на премиерот му пишувам а не на 24 годишно момче :rofl: ама цел ферман :lol:
    па да му објаснам што, како-ова испага дека е малоумен :D ама да не испадне после е срце не ми кажа оти жими еден живот, ке земам и ке го отепам :!:
     
  18. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Колку пати сте чуле на комшијата да му умре козата? А колку пати сте го виделе тоа на дело?

    Предизборен молк. Као институциите не работат, партиските војничиња се пратени по врати, со насмеани лица држејќи флаерчиња и тетратчиња, убедувајќи дека нивната опција е Вашиот вистински избор. Заебете ги нив. Работат институциите со полна пареа. Тие се во потрага на нефискализирани работодавци, да лупаат казни и да билдаат процент. Финтата е дека секогаш кога ќе ви улета „редовна контрола„ на работа, не е редовна. Тие се испратени од вашиот комшија, незадоволниот муштерија или лошата конкуренција.

    И се ќе беше розевко како вестите од Шител, ама проблемот лежи во самата инспеција односно нејзиното најавување. Обичниот граѓанин не може да стори ништо без разлика колку пати ќе ја пополни апликацијата за нечесно правење пари или непријавени/неисплатени работници. Во држава дури и да пријавиш и да замине инспекција онаму каде што треба, мора да си моќен, во спротивно ќе останеш на бесконечно кликање со маусот. Неверојатно е колку пиончиња погрешно се движат на шаховската табла.
    И да, тие што најмногу се лупаат во гради дека се патриоти, не плаќаат данок, односно не куцаат на фискална имаат вемеровки шеќерчиња во нивните локали.

    Утре на избори ќе видиме колку се изнабогатија на грбот на обичниот народ. Мамата нивна!

    Tip: Знаете која е разликата меѓу згазен политичар и згазено куче на улица? Пред политичарот не се гледаат траги од кочење.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    ЗА подареното сонце денес. За прекрасното најутринско будење од мојата сончувка. За мојата љубов. За роденденот на мамичка. За успешниот диетален ден. За нарачаната кујна :P За фината италијанска музика во позадина. За храброста да го блокирам долгогодишното пријтелство на фб. За ладнокрвноста при отстранување на едно име од скајп листата. За денес, наздравувам со ладна чаша вода после 4 серии стомачни.
    За НЕК во позадина и тоа што Лаура ја нема, но ја има.

    http://www.youtube.com/watch?v=ZDk4hQdUzN8
     
    На Someonespecial, Trnche, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... ја пакуваме вујна ми, затоа што утре си заминува. Куферот е премал да си собере сите мали ситници кои им ги испраќаме на нашите таму (патем, само пороци испраќаме - цигари, ракија и лекови :^) ).
    Времето е прекусо за да си ги раскажеме сите маки, стравови и желби. Срцето е премалечко за да ѝ го подарам и да ја стопли кога е таму сама и тажна.
    Таму си секогаш туѓинец и си сам. :(

    Чудно, но вистинито, најмногу сакаат кога ќе добијат цд со наша, убава музика.
    Успеав да ги симнам сите прекрасни, стари македонски песни, за да си ги слушаат додека наздравуваат со нашата ракија. Го пикнав и Трето полувреме некаде помеѓу алиштата. Кустурица не ми легна фино, но сметам дека на вујко ми ужасно ќе му се допадне, со оглед на неговата воодушевеност од Црна мачка, бел мачор и Подземје.
    Внатре напишав и посвета: За вујко ми, зашто Балканот ќе те следи, каде и да си ...

    И си плачам, премногу разделби и збогувања ми се собраа.
    А посветата со Балканот, ќе ја сфатат само оние кои се родиле и растеле во ова јаболко на раздорот и тагата.
    Оние чии колена имаат траги од џумки поради вечно несфалтираните улици, и една ваква изведба ќе ги допре во срце... :l:
    http://www.youtube.com/watch?v=-b41JMNF1r8
     
    На Unica, Jagoda123, bittersweet и 34 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.