Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Ахххх каков прекрасен ден денеска ама... Сонце , викенд ,предизборен молк абе милинаааа , денов само за уживање па уште да беше покрај мене мх мх мх мераци али ете штом една личност ти фали се е празно :worried: :worried:
     
    На Someonespecial и kikav им се допаѓа ова.
  2. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Денов некако брзо ми помина, дали поради учењево..Сега оценки дека ќе ни ставаат и не бомбардираа со тестови и писмени..Човек да неможе да излезе надвор и да се изнаужива на времево :( :worried:
     
  4. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Модератор: Мислењето е избришано бидејќи беше копирано од друг форум.
     
    На Monna.Monna, lunicka, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    17.258
    Се видовме, после толку време.
    Истиот лепотан е, сега дури и поубав оти не е избричен. Променет му е погледот, ме глдаше поразлично од порано, а јас се стопив на тој поглед.
    Мислев дека ќе ме одмине, или дека ќе каже здраво. Ама дојде, се поздравивме ме гушна. Ми направи муабет, само ја незнам шо да зборам утка-ќутам.
    7 месеци чекање да ми пише, 7 месеци во исчекување да го видам, као случајно, 7 месеци не се малку.
     
    На bittersweet, kravce, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Pizza и да го заокружиме денов. П.С. правев и ресана колачиња ...
    Денов за мерак помина,вечерва со него уште поубава ! Па - па
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.309
    Луѓе што не ја читаат биографијата на авторот пред да ја прочитаат книгата се луѓе кои не ги разбирам, најсериозно!
    Како можеш да читаш нешто,а при тоа да не знаеш каков живот живеел неговиот автор, кои биле неговите причини и инспирации... Не ве ли интересира? Па пет пати позабавна е книгата потоа,освен ако не е хронично досадна...
     
    На Bozica1980, caroline.costa, sesilija и 7 други им се допаѓа ова.
  8. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Се вратив од слава...Тодорова сабота..
    Ќе се стопев од среќа дека ме сместија во собата со млади...

    Ахххх, да сум барем една недела повторно средношколка....
    Сите другари на Тодор...и другарки , секако...Втора средно...имаше и понекој 23-4-5 годишен...
    И секако јас, со моите 28, во соба полна средношколци...

    Ко класна да им бев ;)

    Сакав да кажам, сакам да се вратам во 3 средно...
    Имав 62-3 кг, имав најдобри другарки(на цел свет), симпатии, дечко...ама во мое време-тоа беа повеќе- ај ќе се држиме за рака на голем одмор-љубови, и ке киднеме од некој час заедно...уште бевме деца во 2000/2001 на 17 год..

    децата , т.е. тинејџерите ме изнасмејаа, ме орасположија, ми збореа за оценки, за професори, за девојките на бившите колку се ружни... :D

    знам дека неможе, ама сакам пак...само малку...една недела да имам 17 год..
    да влезам во клас, да се избацам со другарките, малку злобно да ги погледнам душмакните :lol:
    да збориме со Лале цели часови, да ги бркаме симатиите...

    -Ај јас ќе поминам, ти види дали ме гледа...
     
    На Hopeful, thinkerbell, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.679
    Допаѓања:
    253.182
    Се приметува дека ме нема во темите кај диети :D , ќе ме нема уште долго.
    Бремена сум, ќе бидам мајка :$ .
    Веста ја дознав пред некоја недела, и ете не можев да се воздржам и ви се пофалив.
    Знатете, ќе завршете и факултет, ќе се вработите и секогаш постои некоја возбуда, страв, среќа, но моментот кога ќе дознаеш дека ќе станеш мајка, не се опишува. Посакувам секоја од вас да го почуствува.
    Ќе бидам мама ^_^ .
    Се уште не ми се верува :wasntme: .
     
    На LittleFairy, Marilyn-Monroe, WildCherry и 114 други им се допаѓа ова.
  10. swatkoto

    swatkoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    Абе абеееееееее :( Господ да ни е на помош и потоа сите да си помагаме мегусебе!!!

    Значи зошто се родив овде :(, ни работа ни сабота, со факултети јазици и сете работи за дома да си седам и да си се нервирам..... а па и да си најдам работа ке ми дадат 8 000, и пак нервози за безпари...

    А си сакам да си имам работа да си се мажам да си имам детенце или дечиња, што повеќе поубо, ама кутрите тие со кои пари ќе ги гледам, во каква држава ќе живеат ...

    Кутриот ми дечко најмил мој и најсакан, :( му се изпонашав денеска како тој да е крив што ништо не може да се постигни тука .......... :(
     
    На Rna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК се оди како подмачкано во мојот живот.

    Kaрта за Iron maiden - check
    Маица Iron maiden (Aces High) - check
    Дуксер Led Zeppelin моја големина - check
    :wasntme:
    Љубов - Check :inlove:

    Now i can die a happy man :rofl:
     
    На kravce, blaa, SweetChild и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Ааааааааааа :D
    сакам да ви се пофалам едноставно многу сум среќнаа а тоа е добив ланче слон, сандали, прстен цвеќе и прстен кај што пишува forever и белезија <3<3<3<3 :$
     
  13. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    http://mkd-news.com/visar-vishka-gnidi- ... ata-zemja/

    Кога го читав ова како да си се читав идната јас и идната ми изреволтираност. Сега засега ми е добро, но после некоај година што ќе биде? Кога секој исправа само политика и ни сервираат само лаги? Кога ќе сфатат луѓето дека ич око не им трепка на Грујо и на Бранко? Тие секако си земаат пари. И, минималната плата дека била 250 евра. Како да не бе. Луѓето по конфекции што работат се среќни ако им даде 7 000 газдата, а се збогатува на нивниот труд. :!:
    Ах глупаво Македонче, до кога вака? До кога секој ќе не управува? До кога секој што од странство ќе дојде ќе ни ствара ред? Не ми е јасно, кој човек и со кој памет верува дека тоа што земјите од западот го прават за 15 години ние сакаме за 5 да го направиме. :fubar: Не бива бе луѓе.
    Веќе не се чувствувам како да живеам во Македонија. Ова не е нормално.
    Албанците кога ќе удрат Македонец велат оф! А ние? Па си ќутиме, многу јасно.

    И немало младите да си одат?! Ќе си одат, бегаат трчајќи од овде. Како може еден нормален човек да опстане и да седи во оваа трула држава? Не уништија. Секаде политика. Од директорот, до професорите и учениците. Море, дојде ред служителот да ми расправа политика! :@
    Изгубив почит кон професор што ми соли памет, а најгласен е на митинзи. :puke:
    Секој божји ден мора, ама мора некој да ме праша дали имам право на глас. Најлошото нешто што можам да го добијам. :@

    Си ја сакам Македонија. Ја обожавам. Ме ужаснува помислата дека ќе си одам од ова местенце. Ама морам еден ден да излезам од овој свет на окови оти ќе се побркам, жими мене. :nod:
     
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Денеска примив тежок удар. Уште еден. И да ви кажам веќе ми станува смешно. Не ме боли веќе. Само сакам да си одам. Да сменам се од корен. Немам воздух, а голема грутка ми е застаната во грлото и не ми дава да дишам. Не сум јас за ова сега што го правам тука. Јас сум за некоја приказна како оваа
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce, xoxo..gossip-girl и SEKERLEMA им се допаѓа ова.
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Многу се навредив и натажив периодов.
    Ми беше исклучително депресивен и несреќен... а според некои луѓе, јас и никогаш не сум била среќна, секогаш сум тмурна, нерасположена, намрштена...
    Не знам луѓе, како да бидам среќна, како да се смеам постојано? Имам дечко што ме сака, оцените ми се одлични, односите со моите родители ми се добри, имам леб за јадење и облека... зошто не се смеам? Што е тоа што ми недостига? Толку негативна личност ли сум?
    Не ми се излегува од дома, веќе не можам да поднесам луѓето да ме гледаат како исфрустрирана тажна личност... Не бев таква, ама со тек на време станав...не знам зошто, и не знам како.
    Можеби е тоа од моите родители, и тие не се многу среќни, многу, премногу пателе во животот...

    Ќе си нацртам една крива линија, една насмевка, да не мислат веќе сите дека сум злобна и зајадлива...
    Кога ли ќе го пронајдам тоа што ми недостасува? :(
     
    На bittersweet, Springy, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Многу размислував, и сакам моето мислење да го споделам со сите вас. Кога се зачленив овде на форумот имаше многу дружба, сите се дружевме на честот, контактиравме со лп и споделувавме многу мислења. А сега? Немам време многу да ве читкам, зафатена сум со школото и други обврски, понекогаш пишувам но многу ретко. Сега гладам во одредени теми дека има само неколку нови мислења од денес, а другите се сите стари, а порано на истите теми дневно имаше по 6 и повеке страници со нови мислења. Во последно време не ја осекам таа близина која ја имав со форумот и членовите. Некако како форумот да го изгуби квалитетот кој го имаше... Многу членови си отидоа, само останаа малкумина со кавлитетни мислења и добри совети. Се сменија и модераторите и се падна во вода. Можеби грешам некаде ама тоа е моето мислење...
     
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    не ми се верува значи колку го преувеличија ова со изборите..
    дечишта, уште во пелени што се вика до најстари, здрави, болни, наркомани, затвореници се само за тоа зборат, главна тема тоа им е..
    а највише ми е преку глава од статуси, слики за кого треба да гласаш и зашто :fubar: и као одма гледаш кој ти ставил лајк, па демек колку влијание имаш .. и што ако си напишал статус бе? што ако си го искажа гневот и си се испразни на фб. да не станеш утре во нова Македонија ? А?

    и од форумов више ништо не бива, порано со срце чекав да дојдам дома да се уклучам да видам што има некој да каже нешто интересно, да се насмеам, да се запознаам со некого..

    сега повише ми стана темата СДК и Што би му кажале како дневник и толку ..
     
    На anichka94, Rubiii и Katerinceee им се допаѓа ова.
  18. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Се мислам дали да гласам, ниедна партија не ми донесе локум дома !
     
    На Miss-Independent, kravce, Katerinceee и 6 други им се допаѓа ова.
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Жално е за еден град од 60 илјади луѓе да има само еден ноќен клуб.
    Мислам не е жално,одвратно е..
    Пред клубов треба да има брза помош,ништо смешно,неопходно е..
    Внатре луѓето припаѓаат...
    небитно.
    Ви се десило некогаш,со бившиот да си имате некоја типка,и си се крчкате цело време..
    Колку е очајна,колку е за нигде,колку е растурена..
    и по две години го гледате на клупа како разменува страствени пољубци со неа ?
    Ми падна жал за него,искрено.
    Уморна сум од градов,уморна сум од истите луѓе...
     
    На Oleeenka и WomanInRed им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.717
    Пол:
    Женски
    Во последно време толку се мачам со негативното расположение,понекогаш се плашам дека ќе си го загрозам здравјето.Лошо се чувствувам и емотивно и физички.Не зборувам за тоа со никого,зашто и никој нема да ме разбере,а и не сум сигурна дека ќе најдам вистински зборорви да го објаснам тоа некому.

    Има луѓе околу мене ,не сум сама,ама како да сум.Не припаѓам никаде ,не се вклопувам и не наоѓам начин тоа да го променам,да се одтарасам на оваа несигурност.Сама себе сум си досадна.Иако сите велам дека нема причина за тоа ме јаде нешто одвнатре.

    Не знам да се покажам вистинската јас-расположена,насмеана ,духовита...Толку се претворив во нешто спротивно,да понекогаш се прашувам дали некогаш воопшто бев таква.Каде е мојата самоувереност која знам сега да ја одглумам,не знам.

    Одете си од мене црни мисли зашто јас вака не сакам и не можам повеќе.[​IMG]
     
    На la-chicka, tweety26, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.