[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Discussion in 'Кафе-муабети' started by Wild.Child, Oct 26, 2011.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,100
    Likes Received:
    6,361
    Gender:
    Female
    *Не ја полнете и темава со политика и со избори :!: само тоа имам да кажам!
    Ништо против никоја членка. :hai:
     
    VIN.diesel likes this.
  2. kikkki

    kikkki Популарен член

    Joined:
    Mar 31, 2012
    Messages:
    2,749
    Likes Received:
    4,848
    СДК колку е убав денов,за прошетки,за кафе со пријателите,прекрасно неделно попладне.. :tmi:
     
  3. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Joined:
    Jun 14, 2012
    Messages:
    752
    Likes Received:
    1,912
    Добро, тешко ми е, и неможам да се расправам со видно глупави личности.
    Не знаат сами да се борат со зборови, па бараат поддршка од други.
    Па се здржуваат во група, демек со многу ''усогласени'' мислења. А, уствари креирале задруга на глупавоста.
    И, ајде сите заеднички...ВО НАПАД! Оти нападот е најдобрата одбрана, кога немаш со што друго да се браниш. Да се најде тој ''едниот'' во тесно, и да попушти.

    Добро би било да се изнесат факти и аргументи. Да имам за што да дискутирам.
    Ама, со оваквите неможе да се дикутира. На секој твој збор добиваш негирање, некоја навреда, и здружен напад. |(
    Во екстремни случаеви, може да ти налетаат и на тепачка. Да, до толку се неморални!
    Ги иритира ладнокрвноста, и тоа што неможат да бидат во право. Па, со таков речник, каде бе?! :^)
    И, плус...фер е да се прифати кога не си во право. Поголем човек си тогаш.
    Се воздигнуваш над соговорникот кој упорно се удира со главата во ѕид (знаејќи дека не е во право).
    Но, заедно сме посилни нели. Па, ајде нема везе што е правилно.
    Ѕидот ако е бел. За нив до последно е жолт. И крај на разговорот.
    Нема смисла да трошам зборови, ниту нерви.
     
    NoellePage, kravce and Gordana10 like this.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,575
    Likes Received:
    69,569
    Gender:
    Female
    Уф стари коски... Сум закржлавела зимово, ко мечките сега се будам од зимскиот сон. Битно се разбудив.
    Не отидов да гласам, им го давам мојот глас што сакаат нека прават со него. Ми се чини дека никогаш во животот не сум била порамнодушна кон се што се случува во државава. И онака се чувствувам ко странец тука.
    Сега ќе си мавнам еден туш, па ќе се оптегнам и ќе си го правам второто најомилено нешто, ќе си уживам во читањето. :)
     
    anabel-a, anuskaNESTLE and teddybear like this.
  5. mysterious

    mysterious Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2010
    Messages:
    1,491
    Likes Received:
    2,661
    Не знам дали ви имам кажано девојки, ај еве да ви кажам.

    Се откажав од цигарите. Има некои две недели од како си немам купено кутија. Имам запалено, да, некои пет, шест цигари се на се во овие две недели, сепак, пушач бев 6 години не оди така лесно, но битно е дека имам волја.

    А сосем случајно испадна, не ми ни беше во план да ги откажувам ама ете така ... И тоа на сред колоквиумска. Сепак е храброст. :)

    Не знам до кога ќе ме држи, некако не дека ме избива на јадење, ниту сум поправена ама како м ие тргнато може да се поправам и нема да можам да мислам секој пат дали ми е од шо не пушам, така да може пак да почнам. :D

    Битно со кафето, после јадење најбитно не го правиме тоа. Па ќе видиме.

    И плус, пари имам со товари .. :D Испаѓа дека уствари за тоа сум трошела многу пари, што ми беше веќе јасно, но не го прифаќав ...


    Have a great night! xoxo
     
    Lepaaa, tweety26, Springy and 10 others like this.
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Joined:
    Aug 15, 2011
    Messages:
    636
    Likes Received:
    724
    Kај сте феминки, гласавте? :D Баталете политика, it's bullshit. :)

    Туку мислете му ја отсега после следнава порака на мудрецот Јунг. :D


    И за крај, го ставам на гласање предлог-амандманот за усвојување на следнава сликичка да стане дел од официјалните смајлиња. :D Ајде чирлидерки, дадете масовна подршка. :lol: :lol:
     

    Attached Files:

  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,809
    Likes Received:
    52,996
    Недела. Свежо цеден сок од портокал и моркови, па домашна пита. Сум се тушируела, сум се средуела и правец на гласање. Немаше смисла, дечките пред мене што стоеа во ред зар со мрсна коса да ме гледаат :wasntme: Толку неодлучност, па и сега кога веќе заврши се прашувам, дали правилен избор направив :^) Ме радува што многу луѓе излегоа, не дека ќе има некоја голема правдина во целата работа, ама ме радува. Дали навистина им треба промена, дали цврсто веруваат во нечии ставови, дали конечно сфатиле колку значи нивниот глас? Од која и да е причина.
    Јас, пролет, јас, цветови. Како облачиња малечки, памукчиња на дрвцата. Бело, розе, жолто. Уметност, инспирација. Се надевам заврши заразата. Грда слика кога на крајот на работниот ден во кантата имате повеќе фрлени паломи отколку непотребни хартии. Бар не сум осамена, вирусот изгледа шета низ фирма. Едно време се двоумев да го допишам газдата на гласачкото ливче и него да го заокружам. Ама што тоа ќе промени де.
    Знаете, едноставно не е доволно да сочувствувате. Да, браво за мене, човек сум, чувствувам...и што со тоа? Немоќни во многу ситуации. Кога ќе се одалечиш од сите, товарите на кантарот се полесни. Спласнав како кајсијата на комшиите. Во секое ќоше ги замислував нејзините движења. Знаев точно каде и што прави и како го прави. И сите тие работи со време преовладуваат. Можеби и сум простила или само заборавила. После толку време, дури денес забележав дека баба ми навистина ја нема. Забележав и дека дедо ми го нема. Барем не оној горд, исправен човек што секогаш пиеше кафе во огромни шољи и ни даваше ситни денарчиња за да си купиме сладолед. И што дека плачев, како што плачев и за кучето што го згази кола пред некој ден. И кога видов дека коските на неговото тело се познаваат како коските на кучето, едното прегладнето, а тој...Депресија. Дали е или не, начинот на кармата, болен е. Кога ги гураш цел живот луѓето од себе на крајот...ова ли останува? Ќе свртите нова страница, нов убав живот, и некогаш ќе се свртите назад и ќе сфатите дека за нив ништо не се променило. Всушност, отишле во некоја длабока бездна. Или само спомените изгледаат поубаво? Немоќ, страшен немоќ. И надеж дека утре не очекуваат промени.

    Понекогаш ми изгледа како цветовите навистина да сакаат да ни удоволат. И на нас и на пчелките и на мравките и на светот.
     

    Attached Files:

    Serafima, bittersweet, Moira and 9 others like this.
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Joined:
    Feb 26, 2010
    Messages:
    4,099
    Likes Received:
    5,547
    Денес симболично се означува денот на тие со партиски книшки како нивен празник, а оние како мене што до 18:30 се мислеа што да нацртаат на ливчето буквално не се понесени од атмосферава..
    Во нашава државичка само во избори се инвестира, во друго работи тешко.. Башка интересно ми е што таква раздвиженост низ улици одамна не сум видела, ма нека има почесто избори оти на луѓето не им текнува да се дотераат и на излезат од дома да прошетаат..

    И што?? Одлучивте кој ќе не краде наредниве четири години.. Ајде сега вечер нека слават, многу големо достигнување е ова..Најинтересно прашање е -Верувате во живот после избори? Верувате ли во плата после избори ? Во остварени проекти после избори? Не сакам да одговорам ми се темни пред очите..

    И така спортот во државата ни е крш па мора политиката да ни биде најбитна споредна работа во животот. Жална црна Македонијо..
     
  9. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Joined:
    Nov 2, 2012
    Messages:
    81
    Likes Received:
    149
    Ми падна чудно и смешно... Додека бев малолетна никој не се замараше со мене, а штом ќе наполниш 18 веднаш стануваш битен. (Макар да и малолетните стануваат силно политичко оружје во последно време). Па те сметаат доволно возрасен и важен за да пред тебе презентираат проекти, те прашуваат за мислење, ти ветуваат и можно и неможно за да станеш дел од едните или другите и да растрчуваш низ штабови, да се распрашуваш за кого ќе гласа овој или оној... И ќе ти се јават да проверат дали си гласал.

    И лани можев да го разберам истото што го разбирам и сега... Ме интересира како во тие 365 дена меѓу 17-тата и 18-тата година од дете сум станала доволно возрасна за ова?

    Прашав неколкумина што се во тек со политиката, бидејќи јас самата не сум, што е поентата во приклучување во некоја партија? И откаде им дошла желбата и потребата за истото.

    Накратко, испаѓа дека поради тоа што нивните родители и тие самите членуваат во некоја партија, нечија баба добила пензија, некој добил стипендија, некој работно место ... Е, тука ги запирам и станувам по малку остра... Зошто сите овие работи ги сметаат за награда? Леле, ми дадоа стипендија! И тоа не затоа што сум освоила 1 место на државен биологија, туку заради тие 2, 3, 4 часа неделно што ги поминувам занимавајќи се со работи кои и не ги разбирам. :inlove:
    Овде изгледа треба да се направи еден екстра чекор - правиш се што по пропис е потребно, минуваш некој период со горенаведените активности, па можеби го добиваш она што ти следува.

    Не можам да разберам, зар треба да сум член на партија за да добијам стипендија, работа или пензија за кои ионака ги исполнувам сите услови? Како што ми изгледа од она што сум го видела во мојот 18-годишен живот, нажалост да.
     
    pamelche likes this.
  10. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Joined:
    Jan 6, 2012
    Messages:
    322
    Likes Received:
    642
    Јас пак си станав рано, како и по обичај, и си викам ајде, пред традиционалното неделно чистење да одам и да си гласам.
    Нема да ги споделувам своите политички ставови тука, не сметам дека е вистинското место, но некако апсурдно ми е одлуката да не се гласа. Прво,гласањето не е само граѓанско право, туку и обрврска.Да, Ваша обврска е да одите и да се потпишете, па макар и го прогласиле ливчето за неважечко. Настрана тоа дека може да гласа некој место вас, со вашиот глас го кажувате што мислите за политичките субјекти, задоволни , незадоволни, од кого сте незадоволни, од кого сте задоволни... Дури и неважечките ливчина зборуваат за себе, кажуваат дека не сте задоволни од понуденото, така да не гледам што се постигнува со неизлегување на гласање...
     
  11. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Joined:
    Mar 9, 2013
    Messages:
    148
    Likes Received:
    170
    Gender:
    Male

    Во Македонија е национален спорт да си во партија . Сите влегуваат во партија за своја лична корист за да успеат полесно во животот да ги остварат своите цели. Сите имаат извадено членски книшки некои луѓе и по две членски книшки од различни партии.
     
  12. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Joined:
    Jan 27, 2013
    Messages:
    883
    Likes Received:
    1,756
    Gender:
    Female
    ОХХХ КОНЕЧНО ДА МИ СЕ НАПРАВИ КОМПЈУТЕРОТ!!! ФАЛА БОГУ!! Од петокот нејкеше да се уклуче, цел викенд не работеше инат ми тераше и сега кога таман реков ај ако не се уклуче ке фатам да учам и баш сега најде да се уклуче |( Инаку да се пофалам, во саботата почнав да читам книги, да да тоа е многу чудно, мајка ми кога ме виде со книгата во рака почна да се чуди Како тоа кученце да и текнало да фати книга?? :lol: А денеска ама ме зезнаа баба и дедо.. Дедо ми се јавува и ми вика “Дојди тетка ти дојде на гости, и земи го и брат ти, дојдејте заедно..“ (дека тетка ми е мажена во друг град) И јас се спремам и го викам брат ми и идеме накај баба и гледам нема ја колата во дворот, малце чудно ми падна..И викам си “Ај може и бато (прв брачет ми е ама дека јас сум најмала од цела фамилија морам да ги викам бато, дадо :lol: ) дошол па со колата отишол до град..И така влегувам внатре и слушам музика, галама.. И кога влегов во собата го гледам баба и дедо си седнале на креветот, го пуштиле тоа телевизорот до 50 и се надвикуваат.. Јас “Дека е тета??“ Дедо:“Абе маце (така ме вика дедо :wasntme: ) треба тетка ти не дојде, туку чичко ти биле кај нив и ви пратила подарок..“ Е ова кога го кажа, ми идеше и дедо, и баба и телевизорот преку прозор да ги фрлам |( (уствари баба не е крива, ама она го наговорила да се јаве) И ете и денеска недела.. Се знае ИЗБОРИИИИ!!! Кај нас во град уште сега се надвор со тапаните, знамињата и песните..И да не го заборавам она традиционалното “В М Р О ДПМНЕ, ДПМНЕ, ДПМНЕ..“ Кога имаше митинг кај нас, сите фаца напраиле, абе мислеш идат во војна, толку..Гужва, одвај можеш да се разминеш, па и одогвора ја пуштиле онаа песната “ВМРООООО, ВМРОООООООО, ТИ СИ НАША ИДНИНА“ и таква некоја мелодија има, мислеш гледаш некој филм од времето на Втората светска војна.. А сега сосема друга слика.. Сите идат со знамиња, сите разкезени од 6-ка до 6-ка, песни се пеат, се дерат..Па и некој паметен викнал и циганите да свират, ора се играт, колите тоа пипките им прегореа, а мене ми ги дупнаа ушите.. И од зградата нема пенџере шо нема глава подадено, и оној комшијата јак вмровец е па и преку терасе се дере со знамето во рака, песни пее маки нема, :rofl: :rofl: но сепак ми се допаѓа ваква атмосвера, оддамна немало нешто вакво што цел град ке се крене на нозе и ке излезе на плоштад и ке почне да игра да пее, не за друго овој е ВМРОВСКИ ГРАД, НЕМА ТУКА.. 8) Едноставно, гледката е преубава одозгора го гледаш сите.. И секако да не заборавам да ве поздравам со песната “Земјо Македонска“ бидејки ечи цел град, а посебно зградава, се треси.. :D И да вечерва нема да спиеме пак до 3 саат, НО сепак ВМРО победуваат сигурна сум 100% :rock: (не за др и јас сум јака врмовка хаха)
     
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2013
    Messages:
    1,758
    Likes Received:
    3,685
    Gender:
    Female
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2011
    Messages:
    4,464
    Likes Received:
    7,845
    Gender:
    Female
    Дефинитивно најглупавата фраза што може да ти ја каже машко е
    Кажи ми дали болеше?
    Што тоа ?
    Кога како ангел падна од небото... ?
    Абе не знам дали е за смеење или за плачење, јас цел ѓавол тој глупости ми вика... дочекав и ова да го слушнам во живо што мислев дека е најсмешно/ глупава фраза :^)
    Сношти како да се вратив во минатото се осеќав кога си бев во средно. Убави времиња, секој Петок и Сабота безгрижно можеше да си излезиш, а сега ако треба да излегувам грижа на совест имам. Си ја сакам најверната другарка, најмногууу, со неа нема утка кога се излегува. :* :* :*
     
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2011
    Messages:
    2,399
    Likes Received:
    6,337
    Ме праќаат во продавница по 4 работи, ги запишав на лист да не ги заборавам, го заборавив листот луѓе...
    Што е со мене? :(
     
    kravce, bittersweet, kate21 and 18 others like this.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,830
    Се мажив јас.
    Зоне побегуља :D :D
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Joined:
    Jun 1, 2011
    Messages:
    910
    Likes Received:
    1,769
    Човек човека му е волк. Тоа е се што имам да кажам. А, зошто- бесцелно е да се трудам да прашам ил разберам.
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,264
    Likes Received:
    44,091
    Главоболка.
    Поезија.
    Чат пат по некој гладен мачор позади зграда со очите о.О како чека мини оброк, а јас зевам.
    Цел март е откачен. Не ми се ни мисли што понатаму.
    Просто, ме фаќа умор и ај за да не се предадам, лупам со нозете по под како да фаќам такт, ама некако не бива. Па си викаш - недела е, може да биде сра*е, дозволено е!
    Слушам еден Исланѓанец, музичар на своето емотивно бреме, и ме лекува. Така, некому нечија болна инспирација, нам ни е иљач. Ко што бива. На масава колачи и Пелистерка Мохито. Ждригање соништа.
    Одморот чекам да ми го одобрат и ми се кенка што не договорив ништо. Сакам да мижам, да не ми стигнуваат мејлови, распореди, проблеми, ситни и крупни. Сакам да отсонувам еднаш на раат што се’ сакам, без пречки од аларми, можни возбуди, панични напади и брзање со автобус.
    Соработуваме со Репер, новото виртуелно издание што секоја недела треба да го облагородува просторот за читање паметни или ако ништо друго испилени и компетентни зданија од литературните ќошиња и милјеа. Многу сме загрижени, така еуфемистички, да не речам. Бушко ја извади веќе новата книга, Мане исто, сега и јас од април ќе ја комплетирам својата приказна. И како што ни рече професорката по теорија на книжевност - ние сме новата пролет. Се надевам доволно свежа и будна.
    Цел живот на тоа го посветив(увам), мислам дека еден ден ќе ми збоктиса и ќе се прекфалификувам за главен шеф во ресторан. Да. Тоа би било исплатлива конотација и обид.
    Пишувам, пишувам, и само тоа правам, кога ќе видиш.
    И некако тоа се поврзува со некоја друга страна, Другиот. Да даде совет, мислење, зелено светло, палец угоре илу удолу, да удостои со аплауз или тежок критицизам.
    Се прашувам дали сета таа потреба за чкрткарање е само уметниковиот страв од недефинираност пред светот. Па бараш потреба. Како и секој со својот израз.
    Забегана недела, i must say.
    Доријан мудро молчи, Фиши и Дина ме опсипаа со комплименти за есејот. Сега само да ми потврдат кога сакаат, ќе го објавиме и тоа.
    Ред е Новото човештво да доживее блесок и сите стрвни усти за бол и негативизам, да почнат да гладуваат.
    Olafur Arnalds, стварно човече ти си направен од облак Аурора Бореалис. Непознато другарче, баш. Со маркица и на неа срце залепено, ти праќам скопски поздрав.
    Се’ е лудо деновиве, ко на воз без правец и застанување сум.
    И ме болат одредени зборови што можеа да останат некажани или барем само вибра во воздухот.
    Но... Истите тие зборови не се невини.
    Утре е нов ден. Социјалистичка смена од 7 до 15. После тоа обид за спасување на викендот со понуди за Банско, ако конечно се наканиме да отидеме и да се печеме ко гуштери.
    Сакав да кажам дека, некогаш ми се бива полжав. Да си спорувам и да јадам фотосинтезирани лисје.
    Поедноставно е.
     
    Trendafilka likes this.
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,579
    Уште еден доказ дека луѓето денес или не те слушаат или те слушаат парцијално, згора на се‘ па и никако не можат да си дозволат да признаат дека нешто не знаат, е кога на јасно и концизно прашање добиваш одговор, кој хм, е многу далеку содржински од очекуваниот, често избеган е сосем од централата, па ти доаѓа да ги потапкаш по рамо за трудот, бидејќи очигледно да се одговори нешто е подобро од ништо и за напорот што се мачеле да го соџвакаат срамот да не биде прозрено незнаењето, како тоа да ќе е причина Земјата да ја запре својата ротација и да им речеш - другпат не ми помагај толку, ќе си талкам сама во мракот на своето незнаење :D ...

    И друго нешто си мислев денес, знаете кога некој се распрашува за некого, па ако има дежурни желни да споделат информации (а такви кај нас ,,информирани,, никогаш доста), како најпрво ќе се фатат за најлошата особина како клучна за опис, имај ти милион доблести, ама една срамна случка, е по таа една ќе те (за)паметат ]:) ... Не знам, може им е и начин нивните најубави на мајка, синови и ќерки да добијат повеќе поени, иако упс, и тие се вреднувани на ист начин од другите. Од друга страна пак, кај нас и се пати од синдромот на самобендисаност, самопрепишувачи на особини во суперлатив имаме да извезуваме, па на крај ако сакаме реална вредност на било кој човек, тоа е средната вредност помеѓу онаа со која околината се обидува да го девалвира и неговата лична преценетост. Се‘ повеќе сфаќам и дека сите на крај се претопуваат во конформисти, џабе младешки илузии дека ќе го менуваш светот, кога луѓето сакаат едноставна удобност и ќе се продадат себеси за истата или ќе се прпелкаат демек бунтовнички во обид да не си го признаат тоа, во секој идеалист тлее изгледа голем конформист, кој сака да се мешколи во дом, кој мириса на сарми и тазе испрани алишта во недела попладне...

    И нема ништо срамно, ни за презир едноставно такви се луѓето и затоа денес се толку несреќни, бидејќи наместо да си имаме лежерен дејдриминг, третина нација е депресивна, другата третина анксиозна од што не знаат како да го искрпарат човечки месецот, ех, не ја заборавив последната третина тие ти се буџетари и за нив дејдримингот е активност за во работно време резервирана, за да го исполнат нели со нешто :rofl: ... Пред некој месец, кога излезе тој календарот со голи Твитерџики во хуманитарни цели, читав потоа и за мајки кои се соблекле за да не го укинат училишниот автобус во Шпанија, па фудбалерки кои се соблекле бидејќи клубот немал доволно средства и донекаде се изнервирав, демек и натаму жените се само парче месо кое се промовира, па зарем биле залудни напорите да се стекнат зголемени права кога и натаму со голотија се остваруваат цели, ма колку и да биле тие благородни и хумани и така деновиве, ми се совпадна и овој чин со теоријата за луѓето дека сакаат да живает со вложување најмал напор... Бидејќи реално наместо со месеци да собираш и тоа со молење пари, една фото сесија сигурно не одзема повеќе од еден ден и така ем волкот сит, ем овците на број. Ама денес токму тоа на човек му е ускратено правото на едноставен живот :| и сите да се соблечеме тоа не се добива ок, ова беше малку црн хумор, јас не сум љубител на човечки голотии, не дека тврдам дека сум поморална од оние кои се соблекуваат, бидејќи сите опции се во игра и да сум и да не сум и да сме тука некаде, ама гајле ми е за туѓите општења, поентата ми беше за некого е тоа најлесниот начин да се дојде до целта, за некого истиот е најтежок... а сите сакаат да поминат најлесно. Секогаш. Дури и оние жртви кои секогаш се жалат како ги бираат најтешките патишта кон успехот и бла бла, ја знаете веќе приказната. Затоа што во суштина луѓето се слаби, кукавици и потклекнувачи и колку и да не звучи ова гордо и охрабрувачки, всушност е многу блиску до вистината, а таа скоро никогаш не е ласкава, имаше добра аналогија за вистината со меч, дека колку што е просветлувачка, толку е и прободувачка...

    Ајде, доста ми е :lol: ...
     
  20. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2013
    Messages:
    472
    Likes Received:
    642
    Следуваат статуси од резултатите од изборите - останете на фб.
     
Thread Status:
Not open for further replies.