Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Немам време и пари за трошење за избориве и да не бев да гласам,али немам ништо против тие што гласале :!: .
    Денов беше значи одлични + 18 степени а јас организирав најдобрата семејна организација за чистење низ дворот :D . Па луѓенца незнаете како е само најубаво чуството кога крајот на денот гледаш дека трудот се исплател.Се во дворот си го најде свое место,и конечно со полна пареа ја почнуваме сезоната пролет - лето :lol: 8) :emo:
    Ми дојдоа неочекувани гости,две комшики кои не сум ги видела со години. |( . Добредојдовте .Ме натераа во 22 часот да пијам кафе зошто едната од нив добро гледала на кафе.Верувале или не се ми погоди дури и плановите :!: кои ги планирам во наредните 3 месеци :x .
    Мајка ми за денешниот труд и успешна работа не почасти со торта (чоколадна со портокал) и да е калорична или тешка храна пред спиење јас да си бидам искрена и да си кажам дека изедов дури 2 парчиња :rofl: .

    Добра ноќ,добро сонче. :*
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  2. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Среќна сууум :inlove:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.568
    Пол:
    Женски
    Ех, сакам пролет, да...
    Го обожавам сонцето и романтичните прошетки/излети, позитивната енергија, свежото ветре, расцветаните дрва и се тоа... но кога ќе закачам крлеж на првото излегување во природа - понатамошни коментари се излишни.

    Наравоучение - и најпрекрасните, навидум совршените работи во животот имаат грда, ГРДА страна.
    Тоа е таа животна рамнотежа...

    |(
     
    На kravce, bittersweet и Springy им се допаѓа ова.
  4. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Конечно и јас малце да се израдувам ми се јави еден другар со кој се немам слушнато цела година се изнапраивме муабет.. :D
    па со моите се собравме во дворот,дојдоа тетин ми и тетка ми многуу ме израдуваа.. :D си направивме скаричка,муабети...уживанција, и денот таман убавоо топло излегов малце на прошетка со кучето ахх ми го разубави денот :inlove: па малце со другарките на кеј отидовме :) и конечно дома се избањав се средив се,поучив малце колку да се рече. :D
    Посакувам сите деновии да беа вакви како што ми беше овој денес.. :D
    Имајте убава вечер.. :*
     
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Не сум среќна периодов... Има нешто тажно во секој ден.
    И самото тоа што сите околу мене се посреќни од мене, ме прави уште потажна.

    Неможам веќе.
     
  6. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Мака ми е од 15-годишњаци кои се расправаат околу Вмро и Сдсм.Мака ми е од продадени души.
     
    На swrcii и VIN.diesel им се допаѓа ова.
  7. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Пијат се веселат луѓево исто како на секој од нив, поединечно, лото да му се паднало.
    О Боже сачувај. Ако од утре кога ќе ги плаќате сметките за стуја * 13255523265 покачени не се жалете.
    Ниту за маслото. Ни за шеќерот.
    Ни бензинот. Ни парното.
    Ни лебот.
    Ни млекото.
    Ни Дукар млекото што е два пати проверено.
    Ниту кредитите што ќе ги исплаќаат нашите деца. или внуци.. Кој знае?
    И Талат Џафери респектирајте го како ваш министер за одбрана. Нели нема за напад?
    Кај нас има. Ќе измислат.
    И простете се од Кичево и Струга.
    Тетово, Дебар Гостивар... одамна ги изгубивме.
    Пак одете на избори. Можиби лотото "што се падна као пред избори" е во вашиот сеф.

    Си мислев дека ќе се свести народот. Ама не. Нема ни за една светлосна година.
    Одвај чекам Македонијо да те гледам низ ретровизор.
    А тоа ќе биди наскоро. Во мај!

    Адиос.
     
    На sweet-cherry, Miss.Ricci, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.717
    Пол:
    Женски
    Звуциве од телевизорот ми ги параат ушите,главоболката не престанува и по 4 кафетина испиени денеска.Времето за спиење се наближува,а очиве ококорени.
    Туку да се прошетам пред телевизоров као случајно....кога веќе се издепилирав денес...

    [​IMG]
     
    На kravce, bittersweet, encimenci и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Чекај, од кога љубов било ако ти донеси ружи пред врата!?
    Убаво гледиште девојче, интересно изгледа. А ако мојов ми носи чоколадо секој ден, тоа значи дека ме сака најмногу на свет :geek: !?
    Ма не те сака, ни мене не ме сака. Биди си реална и отвори си ги очите со време ;)
    Кога сме кај љубовта, се замислив. Вреди ли да му се даде шанса на некој кој не знае што сака, на некој кој е изгубен, некој кој не ти ветува љубов!?
    Да се стави на коцка се за таа љубов, да се стават сите твои победи и порази во рацете на некој, да се стават сите твои чуства во тие раце, за на крај секое твое делче од твоето битие да го посакува!?
    Ризик или не, јас решив. Дадов шанса. Се надевам дека ќе се исплати, дека ќе ги тргне сите негови пречки, граници, триста чуда кои ме убиваат.
    Не ветува многу, си ќути, ама не ме пушта да си одам.
    Ниту ме сака до него, ниту ме пушта.
    Ми струи страв низ телото, кај да се исплачам, ни со него, ни без него, не бива.
    Цело време велам дека кревам раце, ама не се предавам.
    Ќе се борам и овој пат, нека биде што ќе биде.
    Ако треба да биде, ќе биде
     
    На kravce и julie77 им се допаѓа ова.
  10. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Епа дури си сте овчички и си гласате за то па то, ке си седите дома и без работаа 8) јас ке си крцкам :D
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Солидарна цимеркa сум: и‘ варам какао дури учи.
    Want some? :wasntme:
     
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Не се овчички тие што гласаат, туку тие што ништо не вложуваат во себе и својата изградба како личност и професионално искуство/диплома/кариера и се надеваат дека партијата еден ден ќе ги вработи. [​IMG] Таквите кои живеат умствено во границите само на Македонија со исперен мозок се вистинскиот срам за ова општество. А впрочем и свесни се дека толку им е капацитетот, па се бутаат по штабови и се надеваат на некоја работичка од време на време хаха живи бруки. :)

    Само да се доизразам: Ваквите луѓе како што ги опишав ги има во тони (1000 kg = 1 тон) во Македонија. :D Пресметајте колку луѓе се тоа. Смешно, а и трагично истовремено.
     
    На gingerchild, ludoto19, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Западна Македонија скоро и да ја снема а вие си славите...
    Смешки...

    Ах, земјо Македонијо, за кого дедо ми ги остави коските по планините? Ни ден денес баба ми не знае каде загина татко и, каде се мачел, каде скапувал, ни достоен гроб нема за да се пордаде земјава... Повеќе им припаѓа на тие што загинаа отколку на овие што се сега.
    Албанциве, полека но сигурно до Голема Албанија :bow:

    Што славите не знам, за кого сите овие огномети и песни?
     
    На Stoimenovska, julie77, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  14. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Не е дека ја нема, само дозволуваме другата страна да биде погласна. :devil: Јас да сум премиер со му*а како што треба да биде нашиот, има една таква чистка да спроведам во западна Македонија да ни орел ќе прелета ни мува ќе се слушне. Зборам на чистка во смисла на оружје, дрога, проституација и нелегално поставување знамиња. Кога ќе се покажат заби работите ќе се сменат еднаш засекогаш. Лавот (во овој случај македонскиот народ, чиста коинциденција што и вмро има лав на симболот :D), молчи, трпи, ама кога чашата ќе се прелее, одеднаш избувнува и лом прави. :D Се надевам тој ден ќе дојде, затоа што време е. ;) И не знам уште што треба да се случи. Кога ќе дојдам на власт еден ден го имате мојот збор дека ова што го напишав ќе го направам, макар и ми бил извршен атентат од европските фашисти. :) Македонија мора и ќе остане наша, а тоа е на сите граѓани кои ги почитуваат нејзините закони (вклучително и албанците)!!! А тие албанци што копнеат за голема албанија го повикувам командантот да се врати и со заеднички сили да ги решиме. :)
    [​IMG]
    Се надевам не претерав, ама вака се сака Македонија, а не со глумење и продавање на нејзината територија!
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Знам дека е време да легнам да одморам тогаш кога почнувам да халуцинирам, па низ собава ми се појавуваат пчелки, пеперутки и некакви сенки со чудна форма. Мозочево ми вибрира, буквално го чувствувам како да ми врие во главава. Последниов период ноќите ги поминувам пред компјутер, напорно работејќи на неколку трудови паралелно. Па собирам податоци, преведувам информации, изработувам графички прикази, додека се релаксирам со слушалките на уши слушајќи онлајн радивце со музика од 80тите. Кога работам на некаков проект, целосно се вложувам, безразлика дали трудот, времето и средствата ќе ми бидат правопропорционално исплатени.
    Кафето и чајот ми прават дружба секоја ноќ, а ако телово не почне да ми дава знаци дека е доста од работа, никогаш не би го погледнала часовникот. Слепоочниците ќе ми експлодираат, а и 'рбетов има очајна потреба од лежечка положба.
    Одвреме навреме ќе отворам некој сајт на туристичка агенција, па ќе си фантазирам и ќе си правам планови за тоа како ќе го поминам летово. Па си се тешам и си викам: Кога ќе отидам на море, ќе се одморам од сите вакви напорни периоди и од сите стресови и нервози што ме демнеа од минатото лето. После море традиционално следи одмор на езеро, а на крајот резервирам подолг период за на планина.
    Ама до тогаш има време. Ме чека уште многу работа.
    Во меѓувреме ќе се задоволам со неколку часовен одмор во топол кревет, под миризливо јорганче...
     
    На tweety26, kravce, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Mala-Neskrotliva

    Mala-Neskrotliva Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Не можам да опишам колку сум гневна,истрошена и исполнета со омраза.Оддеднаш станав кошмар за самата себе за луѓето кои ме гледаат во поинакво светло и наскоро за оној поради кој сум ваква.Во ниеден момент во животот не сум била поразена,барем таква не ме познаваа другите.Никогаш не предадов недовршена битка,нема ниту овојпат.Се истрошив се променив се уништив,но ако.По секоја цена ќе се борам докрај,ќе се борам против оној кој мисли дека е моќен да ги надвладее сите,но самиот се појавува несвесен дека е изигран,исмеан,искористен.Да!Искористен од животот и сите предизвици што ги нуди тој.Марионетка управувана од грото очигледни идиоти.Очигледни за сите,но за него не.Играч на картата да го оправда своето мачо однесување пред онаа предмалку спомената група на безделничари,група на луѓе без смисла за животот и постоењето.Но емилог за неговото постоење нема.Епилог нема да има затоа што се гледа крајот,се ближи соочувањето со своето јас,со средината и отпочнувањето на свесно размислување.Но има ли некаква корист од сето тоа?Не би рекла.Преголема доза на самодоверба води кон дното,не си свесен за тоа нели? Нема ни да бидеш.Само поради фактот дека си ранет од златна чинија,не си се соочил со макотрпноста,секогаш се ти било овозможено и не го оспорувам тоа,барем не како лош фактор на влијаење.Но дали добро си го искористил?И додека го пишувам ова ги трошам последните сили последните солзи и последната надеж,да ти помогнам да сфатиш колку вредиш во моментов,а колку реално би требало да изнесува твојата вредност!
    Можам да ти се заблагодарам за се што направи за мене.И колку и да мислев дека е негативно сето тоа,сепак после долго време ја пронајдов светлата точка на крајот од тунелот,во буквална смисла.Се разбира твојот став секогаш бил и ќе биде самозаштитнички нели?Или тоа ти е маска зад која ја криеш огорченоста од себеси,свесен за постапките и во потрага по решенија за истите.Многу беше големо искушението со кое се соочив,голема беше борбата во која бев пратена да променам нешто,голема беше цената за живеењето на малкуте совршени моменти,но ќе го положам тестот верувај ми! Само поради фактот дека во ниеден момент не се откажав,не те повредив,а се надевам од денес и те научив.Те научив на вистинските вредности во животот,за многуте лаги претворени во вистина,за совршенството кое само еднаш доаѓа,и за корисноста и моралното богатсво од секое искористување на дадена шанса.За таа цел и мојот живот го промени својот тек.Се предадов целосно на задачата,за која добив позитивни оценки од другите,но не и од самата себе.Требаше низ сето ова да поминувам без емоции,но не можев да одолеам,не можев да го разубедам другото во мене,не можев тогаш да се променам.Но никогаш не е доцна!За лекцијата „Не посотои љубов“ неизмерно сум ти благодарна.Ти во неа ги опфати фразите од типот: „Убавината лаже,не сме вистински ниту ние самите“... „Човекот не се менува,промената може да биде само на полошо,никогаш со позитивен наклон“ и онаа древната „Човек на човека е волк“...Ме понесе занесеноста на совршенството,но не за долго.Веднаш потоа го почувствував дното од бунарот на безизлесноста,но еве ме пак.Овојпат огорчена и решителна повеќе од било кога да ти ги пренесам чувствата во овој момент,кои овојпат НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНАТ!Испливав на површината со невидени маки,маки во кои ќе се давиш самиот,ќе се уништиш самиот и ќе го почувствуваш мирисот на злото!Злото од огорчена девојка која го пишува сето ова само да укаже на тоа дека се ближи крајот на личноста која и уништи се,не и дозволи да ја живее младоста онака како што доликува и онаа која го изгуби највредното во себе вложувајќи во тебе,достоинството! Денес после толку денови тага и очај,јас сум повторно јас.Нова и непобедлива,сигурна во себе и препознатлива!Да,препознатлива по човечноста,чесноста и борбеноста.Оваа битка ме направи посилна, ме направи Ладнокрвна за ваквите како тебе,за многуте вакви луѓе,за оние наредни со кои нема да имам мака и тешкотии да ги преживеам за неполн час!
    Уште едно големо благодарам до тебе и едно ЗБОГУМ,ЗБОГУМ ЗАСЕКОГАШ!

    Некогаш твоја …..
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  17. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    деца експерти- куп идиоти насобрани на фејсбукот.
    Денешна тема: Полотички избори.
    Инспирација за ова тема: На татко ти глупостите што ги збореше додека јадеше во кујната.
     
    На lolita97 и Offspring им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера беше еден од најодговорните денови изминатиот период-барем за мене
    тоа од што се состоеше цела кампања беа смешки во споредба со ова што се случуваше-заглавивме цела екипа до 4 и 30 наутро со 3ца полицајци пред врата :lol: -најпоследни од сите во цела р.м. :!: а мојата замена побегна уште кога го слушна првиот резултат што не му се допадна па од Општински ми вршеа притисок да го најдам и да дојде да се потпише на записникот и до толку беа сите разгневени што дури и министерот Миле Јанакиевски ми се јави за да ме праша до каде сме, зошто уште ништо не сме доставиле-е тогаш мислам дека дамла ме удри :D убаво што кога се сменивме-тој дојде порано, отспав дома час и нешто, се одморив малку и најважно се напив капучино-да ме држи будна па колку толку помогна.
    Моите дома почнаа да паничат-да не ми се случило нешто-што искрено кажано теоретски шанси немаше, мајка ми само што не почнала да плаче кутричка :doh: се заради еден вол-претседателот на комисијата што не знаеше кога и што треба да прави-броење гласови, пополнување на записници, па се дојде одеднаш-се створи тензија, нервоза, ама после толку изминати часови во броење и пребројување КОНЕЧНО заврши :whew:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... тоа чувство кога доаѓате некаде, само за да го истепате времето кое ќе ја пополни квотата од 8 работни часови.
    Тоа е толку тапо и неисполнувачко чувство, ем сте рамнодушни, ем создава нервоза.
    Доаѓате апатични, си одите хистерични и - обратно.
    Чувствувам грст негативни вибрации, а којзнае - можеби и јас ги нудам. :( Што ќе посееш, тоа ќе жнееш работава.
    Ама не знам како да бидам насмеана и среќна тука, ме угушија сосем. Мислев дека тргна на подобро, а секој ден е се` поужасно.

    Прогнозата која ја нуди денов ми соодветствува во целост.
    Се налевам со чај и смирувам живци. Ми доаѓа да си плеснам автошлаканица со зборовите - свести се, млада си, не губи време и трпение на ваквите.
    А го губам, верувајте, ми нема лек. :|
    Рака им пружам на сите дебелокожци, на кои во едното уво им влегува, од другото излегува (а кај некои воопшто и не допира информацијата до увото).

    Не знам, ова е еден од тие денови кога навистина сакам да се исплачам во некое ќоше, додека некој грижливо ми ја чешла косичката и ми плете плетенки, а после ме нуди со топло чоколадо.
    :?:
     
    На kravce, bittersweet, Trnche и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Уфф колку мрзам некои чувства, што се почесто ме напаѓаат.
    Го мразам чувството на очекување, нешто помеѓу градите и стомакот ти мрда и те скокотка, се препотуваш и обидуваш да останеш смирена, а всушност неизвесноста те убива и те гризе до коска.
    Нешто слично е и со она чувство кога некој ќе ти плесне нешто што навистина боли. Е тогаш чувствуваш стегање во градите и си подголтнуваш кнедли, со сила пробуваш да проговориш нешто, или да развлечеш насмевка, а срцето ти плаче.
    Аххх, до кога ќе се уништувам себе си.....
     
    На Serafima и zhirafa им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.