Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    17.256
     
    На prettyliar, Ketrin.Moon, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Имаш мозок - не си убава
    Убава си - немаш мозок
    thats the way of life :/
     
    На BlondeGirl8 и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    СДК.. Среќен роденден на една моја многу драга личност!! :inlove:
     
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.802
    Допаѓања:
    4.941
    Пол:
    Женски
    Се ужаснувам од самата себеси. Со месеци немав отидено кај личноста која ме чувала три месеци откако сум се родила. Си ја повредила ногата, па се освестив и отидов. Си дозволив баба ми да ми ги отвара очите. Ми вика во една тесна собичка седеа, ама се нафатија и тебе да те чуваат.
    Не знам зошто им направив пат на горчината и на бесот во моето срце. Нема повеќе да ми се случи.

    До онаа што ми се прави другарка. Ти си најлицемерната личност во мојот живот досега. Знам дека со мене си само од корист. За сите знаеш да кажеш, а тебе не знаеш да се погледнеш. Премногу ди дозволуваш. Не сум малоумна да не знам која ти е намерата. А јас веќе немам намера да ги трпам твоите бесни глисти.
    И после, ќе немала другарки. Е ќе немаш мила. Никој не сака такви покрај себе. Како планираш со ова понашање да имаш луѓе што ќе те ценат и почитуваат? Единствено што можеш е да си најдеш некоја таква како тебе и заедно да си се водите, да се оговарате зад грб.
     
  5. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    When you try your best, but you don't succeed...
     
    На mysterious, sweet-cherry, zarah и 2 други им се допаѓа ова.
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    СДК И после се...утре е нов ден.....
     
  7. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    СДК дека денес, т.е пред неколку минути научив една голема животна лекција. Едноставно, некои личности не се способни да ми пружат нешта кои јас ги барам кај нив. Не можам да ги променам таквите личности, не можам да им наметнам став, за да ги задоволам сопствените каприци. Тоа е. Ова сознание ми предизвика некоја болка на духот, затоа што сфатив дека некои нешто без разлика колку ги мечтаам дека нема да се исполнат, од причина што луѓето кои јас сум ги избрала да бидат дел од мене, не се способни да ми помогнат во реализирањето на тие мои мечти.
    Не знам колку сум јасна, но можеби некоја од вас феминки се чувствува слично како мене.
    Изминативе 48 часа имав прилика да се сретнам повторно со дел од моето минато. Да се разминам со луѓе што некогаш ми биле секојдневие, а сега само обични непознати. Јас нив не ги познавам, а тие мислат дека ме знаат мене. Но не. Таа некоја девојка што била порано дел од нивните животи, веќе ја нема. Сфатив дека сум целосно поинаква личност. Верував дека новиот избор на живот е милион пати подобар од стариот. Но не е до толку, добро можеби многу малку. Порано сметав дека точно знам кој момент бил пресуден за мојата голема преродба, но сега веќе не сум ни до толку сигурна. Верувам дека промената на мојата личност била предизвика од синџир на повеќе настани, од мали умови во близина, од ниски и бедни лаги на мали умови, од непотребни озборувања, од сопствениот срам, од потребата за одделувања, и самото созревање.

    Денови на конфузни мисли. Како и да е, успеав да дојдам до солидна бројка со тежината, идеме понатаму. Сега само одржување. И константно одрекување од храна која што ја нарекувам амброзија. :P Овие 48 саати малку се опуштив додуша, ама јас така си правам одвреме навреме :lol:

    Мојот кавалер од северна Италија, целосно исчезна. Не знам зошто некоја искра во мене смета дека тој ќе попушти и ќе напише едно кратко Ciao Bella. Нема знам ... знам но не сакам да знам. Моето минато се повеќе и повеќе се оддалечува од мене, како да сака целосно да побегне и да не остави никаква алка да не поврзува. Се плашам по малку од тоа.
    Затоа решив да го вратам црвениот кармин на моите усни. Веќе подолго време бев на нежни розеви нијанси, но и тоа беше една промена повеќе која ме оддалечуваше од тоа што јас бев порано. ете кога веќе не можам да ги вратам изгубените луѓе, кога не можам да ги променам тие што ги имам сега, кога немам моќ да оживеам некои настани, барем можам да ја избришам таа розева боја од овие усни и да ја ставам бојата што одсекогаш го отсликуваше мојот дух. :*
     
    На zarah, julie77, Trnche и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Што е бе СДК како во предизборен молк? :rofl: Некако сите чекаат и слабо пишуваат,зафатени се или што е? Добро,и мене подолго ме нема во темава,но ќе се активирам пак :) Овие денови еден куп убави средби имав,си завршив некои работи,па времето беше убаво искористено :) Се читаме деновиве,имајте убава вечер :mm:
     
    На Gordana10 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Отсекогаш см се чудела на љубовта која ја имаат мајка ми и татко ми. Знаете едниот од нив е сталожен, а другиот бурен. Едноставно тие се различни! Видете, мајка ми сум ја чула како кажала дека во нејзиниот живот не искусила љубов, страсна, голема. Но пак што е голема љубов? Што е всушност ЉУБОВ?? Дали тоа меѓу моите е идеална љубов? Сметам дека за брак, за семејство ДА. Сметам дека двајцата мои родители си создале вистинска среќа. Дали е огромна, не. Но сепак е среќа! Имаат преубави (предобри) деца. Како што ги приметувам имаат прилично задоволително секс! И имаат разбирање и почитување. О Боже, јас мислам дека за секој брак почитта е најважна. Значи доколку се ограничиш на тоа дека сакаш да ја искусиш вистинската љубов во животот и да ја оставиш така чиста мора да се откажеш од бракот. Тие два поима не одат често заедно! Љубов и Брак!
    Доколу пак сакаш идеален партнер кој избезумено ќе го љубиш мора да се откажеш од деца, семејство, брак. Навистина сакам да бидам сведок на приказна кадешто двајца се љубат онака манијачки, вистински не можат да дишат еден без друг и да тие двајца си направат бебенце. И да таа љубов порасне во љубов на третта.
    Љубовта не е љубов ако нема страст! Ама колкава страст е потребна?! Ајде де како да ја најдам мерката на тоа. Дали ако одвреме навреме погледнеме некој друг освен нашиот партнер или се запалиме на некој друг, сеуште го љубиме нашиот партнер? Како сме сигурни дека тоа гледање кон некој друг не е опасно и не значи ништо важно? Ама дали ние можеме да продолжиме да љубиме откако ќе увидеме дека постојат и други луѓе по кои се вртиме, кои ни се убави и по кои ни треперат (вагиналните :rofl:) и обичните уснички?!
    Дали кога ќе запознаеме човек за кој сме сигурни дека е личност која ни е компитабилна (извинете како се пишува точно зборов :rofl:) личност која за нашите критериуми е чиста душа, убава и паметна душа - дали тоа е личноста со која би сакале да го градиме нашиот живот?! Дали е тој тој вистинскиот тој кој сигурни сме дека безизмерено ќе ги сака нашите соствени деца? И дека се ќе прави за нив? И за нас?! Оф Боже! Кога можеме да бидеме сигурни?! И не, не ми се потребни тие одговори како, ако вистински го сакаш нема ни да размислуваш за ова. Знаете дека не е така. Сакам искрени мислења. Сакам, сакам да знам каде да одам, сакам да знам дали моето его ќе ми го расипе животот кој би бил убав и разбирлив! Сакам да знам дали ризикот е преголем! Сакам да знам дали кога ќе најдете нешто кое отсекогаш сте го сакале, дали тогаш се смирувате и не измислувате нешто ново. И нешто уште?!
    Што е убавината во живото. Според моето скришно и изворско јас тоа е живот кој го живееш во еден здив. Живот до 30_те години, живот дотогаш исполнет со дела, значајни, живот во кој си нашол љубов по која душичката ти копнее и за која душичката ти грее. Љубов со мирис на планина, вода и зумбулов јоргован. Живот во кој ќе го освоиш стравот! Живот во кој ќе танцувач пијан и насмеан и така и че умреш.
    Леле една чашка висококвалитетен рум што може да ти направи! И љубовта.
     
    На bittersweet, teddybear, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Сакам да кажам..
    Ама не знам како. Не знам дури ни што.
    Дознав дека овој поим на потиснување на мислите пред нивно форирање се вика автоцензура.
    Има смисла, нели?
    Нештото што постојано се повторува е очекувано да се случи секој нареден пат (или истото автоматски се случува) ако се работи за некој процес во мозокот кој не можеме да го контролираме или несвесно го контролираме.

    И откако завршив со пишување домашни, се израдував дека времето се расипува сега кога треба да учам, престанав да се надевам дека ќе остане вакво уште неколку недели, пак остануваат сите оние работи што копнеам да ги осознаам, кажам, почувствувам, искусам.

    Се што знам е дека она што сакам да го кажам не е за кажување.
    Толку е збунувачко, толку е интимно, ме прави толку ранлива и ме остава без заштита што и самата сум заборавила што е за да не ризикувам некој друг да дознае.

    Никогаш не сум размислувала дека некој што ме познава ги следи и ги впива моите зборови.
    Ама изгледа постојат, оние луѓе што би се препознале.

    На колку од вас ви е пријатно во своја кожа и мислите дека кој и да ја дознае вашата интимност, да нурне во вашата длабочина, да го тргне оклопот и да ве изложи на студ и ветар, молњи и секавици, нема да може да ви наштети?

    Дали постои еден едениствен форумски лик (или една единствена личност зад корисничкото име) која може најискрено да потврди дека никогаш не ја заболело кога некоја нејзина слабост била искористена (или било пробано да биде искористена) против неа?

    Ако постои таква, и подавам рака! :handshake:
    Ама знам дека не постои.

    Големите очекувања, пустата верба дека сите се добродушни, искрени и вистински не спушта на земја со многу поголема брзина отколку кога не крева нагоре.
    А, боли кога ќе треснеш од високо.
    Болат очите при интензива светлина после денови, недели, месеци, години поминати во мрак.
    Болката е патот до свесноста и сите поминуваме по него.
     
    На Serafima, kravce и lunicka им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.404
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе се пожалам дека сум имала лош и смотан ден, баба ми често знае да рече:
    - Ќерко, кој те сретна прв утрово кога излезе од дома?
    - Не знам бабо, не се сеќавам, демек којзнае колку важно е. :^)
    И веднаш нејзината смирена лика се преобразува во нешто вакво :o .
    - Важно е, штом си имала лош ден, значи тој имал лоша полез. :!:

    Е, арноо. Убаво (со многу „о“ на крај). :D
    Не знам кој сретнав утрово, ама мислам дека не заслужив ваква понеделничка центрифуга - не беше фер; и онака два месеци сум во зимско-пролетен полусон. :yawn:
    И да - денов ми беше каша, со безброј трчаници угоре-удоле и среќна сум што заврши и што „славам“ уште еден досаден мандеј со чашка ... овошен чај, иако нели според татко ми, понеделниците се познати како празник на љубителите на чашката. :^)
    Кога сме веќе кај љубителите на чашката, многу пати имам кажано дека сум емотивно поврзана со мојата омилена чашка за кафе, чај и било каков пијалок (би пиела и виски во неа, да можев) и нели - утрото не е утро ако не почне со кафе. И ќе ве поштедам од глупостите и само ќе ви кажам оти ... оти чашката ми се скршила, дури уште не ми се верува и се прашувам како.
    Си стои напрчена наопачки, за да не го гледам делчето што фали, оти ме нервира. :D
    И после ова, очекував центрифугава понеделничка да ме промучка уште малце, ама сепак ме поштеди.
    Е, сакав да потенцирам дека уште еднаш се потврди непишаното правило околу познатото „внимавај што посакуваш, можеби ќе ти се исполни“. А чинам вчера беше, кога велев дека чашките во комшискиот маркет се милион пати поубави од мојата и дека морам да си купам нова.
    Ма не си ја давам мојата, бојкотирам.

    Не беше толку „жалописно“ како што опишав, после отров-турското во ретро-филџан, ко да се оправија работите или пак само ми се отвориле поспаните очишта и го зграпчив денот.
    И уште една докажана теза - многу малку ми е потребно за мотивација, една мини-трошкичка која максимално ја впивам и искористувам.
    Уште ми одѕвонува тоа „одлично, одлично сработено“ во ушите, кое чинам ... одамна го немав слушнато.
    ***
    А ... немојте да пиете зелен чај пред спиење. Освен нели, ако не сакате да останете будни.
    Па што можам кога и чајот од портокал и рум ми има зелено опаковче? :?:
    А си чувствувам јас таков горко-киселкаст вкус и си се тешам дека пијам овошен чај ... абе ајде, па кому му треба спиење !?
     
    На Hipster, bittersweet, ilipili и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК незнам што мислиш, што чувствуваш. Си станал ладен и не искажуваш емоции... Незнам дали е сето ова само едно обично губење на време, илузија или што...?
    Се чувствувам тотално мизерно... Баш вака..
    http://www.youtube.com/watch?v=Bpzxf_flm8M
     
    На Trnche, anabel-a и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Happy 20th birthday to me!!!!!!!!!!! :D
     
    На Marjan007, kate21, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Oдамна не сум се разбудила вака рано.Ги отворив очите во шест и некоја минута и послем пола саат вртење во постела решив да станам.Впрочем и се чуствувам наспано.Почнувам со цигара и кафе горчливо како денов.Радио со лајт песнички.
    Ја гледам пуфкава моја како спика и си мислам што би правела да ја немам неа .Да сум знаела која убавина е да чуваш куче многу оддамна ке сум уживала во неа .Толку невино и игриво просто да неможеш да му оддолееш.
    Никогаш нема да ги разберам оние луѓе кои несакаат животни .Како велат кој не сака луѓе тој несака ни животни ,ова го имам запаметено уште од малечка.Можеби така и е, зошто јас ги делам луѓето на добри и лоши.Мерилото е чистината на душата.

    Наздравје нека ми е кафето :coffee:

    [​IMG]
     
    На Serafima, Moira, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Стварно многу малку е потребно, за да вратиш на нечие - Добар ден, Добро утро, па макар и на најобично, најпросто па некогаш и ради реда кажано - Здраво. Отвори уста, возврати на поздравот, биди човек барем еднаш, чисто да разбиеме монотонија од закржлавеноста и затупавеноста во тој поглед.

    Влегуваш во продавница, од чиста култура поздравуваш.
    Не ти возвраќа на поздравот, едино што имаш повратно е накривена десна недочупана веѓа, или евентуално поткренато чело и превртувањен на очи. ( За ова последново ти требаат привилегии, да се разбереме, не секој добива ролинг ајс при поздрав :D ) Излегуваш, повторно поздравуваш, и тука ја добиваш целата игнорантност што може да биде насобрана во еден човек.

    Поминуваш на улица - или било каде, да не набројувам, гледаш некој што го знаеш од постарите генерации, ма да, ми се десило и од овие поновите да бидам игнорирана :D, го поздравуваш како што е ред и добиваш само поглед од страна, чисто да види кој е тој ненормален будала што вика добар ден на разминување, на улица што е постојано посетена од двете страни, на личност што ја гледаш еври факинг деј, и во најлош случај баш таа личност со куќата е припиена за твојата. Ноу сенс, нели?!

    Или пример излегуваш на балкон или во двор, ја гледаш комшиката како пружа алишта, и викаш Добар тетка Маја ( ќе нема смисла да и речам во продолжение - Колку убав ден денеска, конечно сонце огреа, или да почнам муабет за цвеќиња, љубичици, каранфили, пчели и општо за времето, ќе бидам прогласена автоматски за ненормална, па после на разминување нема ни поглед да ми удираат ;( :D ) и ти дава еден ват д фак поглед, у стулот ај ру токинг ту ми грл?!

    Па црнец да бев немаше толку рецка да не ми маваат.
    :talk:
     
    На Hipster, sparklie, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  16. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    ^ same here :D моите се бетер од твоите такозвани комшии....тебе барем поглед ти маваат,и тоа е нешто :D :lol:
    мене па ништо....ни поглед :!: ;( :D :D
     
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ама на крајот сепак паднете на такви заради нивната упорност, а добрите и повлечени момци ги изоставите иако можеби таков ви се допаѓа. :rofl: Упорен како вол во зеље и на крајот се исплатува, цурата попушта. :lol: Се согласуваш ли Витомир? :D[/quote]

    Апсолутно се со согласувам со тебе PussyHunter,неколку пати тоа ми се потврди,ма како неколку пати милион пати,инаку во теорија убаво звучи кога некоја ке ти каже дека сакам фини дечки со манири итн,но во пракса не е така,тие што се тешки ропаци сељаци тие ги имаат најградските и најубавите девојки во градов и тоа е факт,и го гледам тоа,а ние фините со алатот во рака,а зашто?затоа што на ниедна ние е гајле ти дали си добар или едноставно те сметаат за добар=глуп тип кој не е интересен за девојките.
    Поздрав друже
     
  18. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Единствена работа на која се враќам во минатото и кое ми влева топлина е периодот на детствотот .
    Бескрајните игри во маалото, седење со тогашните две најдобри другарки :lol: на гаражи и зјапајќи во вечерното небо, досадните муабети за нашите симпатии, не скриените желби за побрзо да пораснеме...
    Викајќи се едни со други од надвор застанати пред зграда и на цел глас ’Иванаааааа абе ај искочи да се играмеееее’
    Седењето до касно навечер во маалото и зборење за духови, вампири ... омг :lol:
    По некоја миженка ке се изигра, некој баскет а богами и фудбал ...
    Искрено да ви кажам најомилена ми беше играта кога се игравме Нинџи у маало, нели да го заштитиме маалото од лошите момци :lol: :rofl:

    И секад кога поминувам покрај зградата ми налетуваат спомени , она детско вриштење, бегање карање ....

    Сега ги гледам децава со кои израснав пораснале и сега ’чаршијата’ за која секое дете сонува им е секојдневие, шминките исто така ..

    Ме фаќа носталгија за тоа време, барем еден ден си викам да бидам паак тоа безгрижно дете кое све што знае е да стане од кревет да јаде и надвор да излезе да се игра.
    Колку пати само ке ги слушнам маливе надвор ми се иде да излезам со нив да се истрчам изиграм , и пак да си се вратам у нормала ...
    Ох детсво невино ...

    When you finally go back to your old home, you find it wasn't the old home you missed but your childhood.
     
    На encimenci, Monroe, ana-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Сакам да кажам....што проклето не е во ред со луѓево? Или пак може мене ми фали нешто....Ми фалат многу нешта, знам, свесна сум, ги знам сите до една...ама ова бе? Не можам буквално носот да си го приберам, ма каква ББ крема на Гарниер, какви бакрачи, какви ментоли, фишерменс френдс, бронхитис, сирупи и слични срања...се` отишло знаете кај (да не сум ептен некултурна па покрај медот шо го јадам во изобилство деновиве и еден бан од нашите семоќни администратори слеш модератори што и да се да изедам). Е грлото, тоа е сосема трета приказна. Еве вака, левиот крајник небаре е во војна со десниот, изгледа интересно им е да се натпреваруваат кој повеќе ќе гребе и ќе боли...Желудникот пак одвива да го обавува целиот процес на стегање/отпуштање, и да ви кажам право, воопшто не се чудам зошто - па и јас самата досега ќе пукнев од толку контракции (читај кашли/искашли).

    И така, на црешичката на сета оваа убавина, јас немам пари за ама баш никакви лекарства. Нели има уште една цела фамозна недела до први, до плата. Упс, мај бед, се извинувам, имам рамно 100 денари, ама тие се планирани, утре и задутре цигари - строго за тоа, па земјата уште милион пати да се заврти околу својата замислена оска тие пари не ги давам за ништо друго. Веќе коа умирам, изгледам као г**но, шмркам као идиот, ја потрошив цела хартија у канцеларија и ги иритирам сите колеги, барем да си отидам со стил, т.е. да одјавам во зајдисонцето со цигарче у рака :D Веќе си го замислувам филмот, сношти го сонував (измеѓу препотувањата и пресоблекувањата), мене ми е идеално, подобро и од крајот на оној цртаниот ако го знаете, Таличниот Том, коа одјавува во зајдосонце, само моево е со цигарче ]:)

    И на крај на сето ова мое давење, моите немале пари да ми пуштат за да преживеам до понеделник (до плата нели де). Океј, сфаќаам, немаат луѓето, не ни побарав, ама некако потајно очекував дека нема да заборават дека е крај на месец, нели и јас сум душичка, па 2 деца имаат мајке му...арно ама, види го ти изговоров шо ми го дигна секое влакно на ова мое изнемоштено и неиздепилирано тело - немале пари оти плаќале пензиско и здравствено за мене на приватно (да појаснам, работам веќе 4 години овде, ама не сум пријавена, со договор на дело сум) :@ Да се упукам у лево колено, да рипнам од Камени мост или да одам накај Гази баба и да побарам од ова крокодилов? А? Еј луѓе, кога еднаш ќе сфатите дека нема потреба да го правите тоа, ИДИОТСКО Е, зарем некој со здрав мозок ќе помисли дека на денешно време јас ќе доживеам 60 и кусур години за да ја земам таа мо***а пензија? Таа е поважна од моето денешно здравје? Каде ли тоа јас живеам? Уште пострашно, од кој тоа сум излегла.

    Земи земјо голтни ме. Те молам!!!!

    Твоја вечно благодарна Маги ;)
     
    На Nefertitii, kravce, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Меко кафе и џез. Некои утра знаат да ме изненадат и да ми направат филм.

    А да си имаш дечко што те учи танго, е жива радост. Шашардисав вчера! Малку опиени, малку заспиени, Готан Проџект и тоа е. Првите чекори против инаетот. Го љубам. Се шекнав. И плус, си ја смиривме телесната меморија. Да љубам, да те дарувам на себеси секој ден и ноќ, тоа значи. Ете баш така. И не жалам за ниеден миг, ниедна солза, ниедна насмевка, сите вкупни емоции што храбро ме косат и носат во некои нови предели, што не верував дека ќе се случат. Тоа ти е како дрога. Розевка пилула. Ја дозираш, се комираш, уживаш. Илузија во која најцврсто верувам и така и давам сила всушност.
    Денов е само за глетки во небо. Вчера имаше прљава Аурора Бореалис над Скопје. Толку розево небо јас никад нема да видам! Со мачоров излегуваме на балкон и се чудиме. Цигарето чури, животот влече некои нови музики, се вадиме од тактот, па пак влегуваме. Улавштини, улавштини.

    Сега прашањето е посилно од одговорот. Ако одиме заедно, тоа значи административни болки, тегнење по амбасади, туристичка виза, можни документи за пријава таму, јас да барам онлајн работа, да возиме километри и километри енергија... Но, некако немам страв. Имам, оној базичниот, за големиот Свет. Но, не сакам да пропуштам патека што животот ми ја дава, со се сета љубов на светот.
    Деновиве само тоа зборуваме, се караме, се смируваме. Ни се дешава се’. И ајде, со насмев напред, да биде нешто. Не сакав да мислам, ама просто ме окупира сево ова. Оладува, па се загрева. Ко некој мал вулкан пред силна експлозија.
    Во четврток ќе читаме во Матица на промоцијата на Марина. Се радувам, си купив и ново сиво мачор боја фустанче и ќе го носам часовникот подарок од колешките на мајка ми. Ситни скопски радости. Сиви, но така мои. Како сето тоа ќе го напуштам, не знам.
    Сега знам дека ништо не знам! Ете тоа сакав да кажам.
    Живот.
     
    На ines.h, Waka-waka, anabel-a и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.