Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Некои спомени остануваат. Подредени во фиоките на срцето, уредно наместени и секогаш на дофат.
    Некои заминале со времето. Ги однел ветерот. Можеби останале под некоја планина, до брегот на некое езеро, под гранките на некое дрво... Ама постојат.
    Колку чудно!
    По толку години, ќе се случи да дувне повторно тој ветер. Ти ги носи во лице истите спомени. Некои те милуваат, некои срцето ти го параат.
    Некои остануваат заробени во тие спомени. Но, не се живее од нив, од нив се учи.

    Сфаќам колку неправилно сум ги перцепирала работите околу мене. Колку првиот впечаток може да те излаже, колку на луѓето му е потребна само малку добрина, добар збор, утеха, подадена рака... Колку се жедни за тоа. Заборавиле на се добро, а гледаат само темнина пред себе.
    Станавме програмирани машини. Не програмираат како да работиме, а на крај не фрлаат како амортизирани и неупотребливи.
    Тажно!
    Треба навистина да тргеме од себе. Премногу розово од моја страна, но така ги гледам работите.
    Кога ние ќе дадеме од себе искрено и другите ќе возвратат. Можеби првиот пат ќе не изневерат, но потоа ќе сфатат дека не е се темно како што изгледа.

    Темнината е недостаток на светлина. А светлината сме самите ние :) .
     
    На WildCherry, stylishh, AnaKarenina и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    До каде ли води се` околу мене?!
    Како осцилираат работите, просто не ми се верува!

    Само што ведрина ми излезе на лицето. Само што помислив дека животот повторно ми се насмевна...
    Сфатив дека подобро е ништо да не помислувам.
    Колку болка може да поднесе човечката душа? - Прашањето кое секогаш ќе биде на тест. Ќе не искушува до последно!

    Одсекогаш сум ги сакала оптимистите, оти јас сум дел од нив. Неуморно верувам и се надевам...
    Но, како и сите...имам моменти кога едноставно сакам да се одморам. Да се препуштам и да не размислувам.
    И пак сакам да се насмевнам од срце, ама стегнато е!
    И пак кога имам најмногу мотиви за радост, мене некој црв ме јаде болката.

    Сакам да заспијам...да ја прескокнам бурава. И кога ќе ги отворам очите пак да можам да бидам вистинската јас. Онаа која ужива во не/убавините на животот....
     
    На anabel-a, kravce, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Седеше сама во офисот мрачен,
    со болка во грбот, рамена и вратот
    поглед низ прозорец, саде птици пеат
    а овде ни музика, нит смеа.
    Мрдни се лево, мрдни се десно
    џабе е, газот се здрви в место
    хартии залегнале на пустата маса,
    месецот пројде, за обработка стасаа
    Очите плачат, молат за трева
    пролет е, ми се седи в ливада
    Стани си порано, легни си покасно
    време нит за себе, нит за луѓето.
    Другарка саде гејма, не излага од соба,
    а јас ѕвони и како заљубен пубертетлија
    Сонувам за Шпанија, лето на море
    а овие во Ѓорче, три дена се бројат
    Врска веќе немам што сакам да кажам
    а со кажам и рима добра не можам да најдам.
    Што ли за ручек дома да правам? :^)
     
    На Annath, bittersweet, la-chicka и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Чувството коа све иде по план, све као што треба и нема ништо посебно навидум да се забележи, а ако се свртиш околу себе и размислиш подобро, сфаќаш дека... ништо не е како што треба, апсолутно... и одеднаш ти се мења изразот на лицето, стануваш разочаран и сфаќаш дека ти е доста од СЕ! Под се, се подразбира она што те прави несреќен...

    ... ма да не филозофирам, остајте ме раат, сакам мир. Губете се веќе сите.
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ден се смееш ден ќе плачеш, се знае дека во моментот кога целосно ќе и се препуштиш на среќата ќе се случи нешто лошо...

    Дедо го задржале во болница, не дека работите се страшни ама не можам, не можам да се сносам со тој страв во животот дека некој што го сакам ќе го изгубам засекогаш, не би го поднесла јас тоа, од сега ми се тресе срцето иако знам дека нема да се случи такво нешто... не е фер животов.
    Зошто едноставно работите не може секогаш да бидат вакви какви што се? Нека не поминува времето!

    После се и него го видов, уште тој ми фалеше... прегратката што до пред некој месец секоја болка ќе ви ја намалеше сфаќате колку ви е недостижна кога после 4 години разговорот се сведува на кај си бе? еве бе. Како странци... и тешко е, боли, корне... секој ден ги потискам и ги закопувам болните чувства и се за џабе затоа што секој ден место да се намалуваат тие растат...
    Глупав вторник, глупав, скапан, нека заврши побрзо!

    Можеби утре се ќе биде подобро.
     
    На green.eyes, Moira, anabel-a и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Имам еднаш спомнато дека животот не е еден, туку НАЈеден. Не сме свесни дека ова е тоа земското, дека овој е тој ден денешен кој ако не направиш нешто значајно ќе се изгуби, нема ни во човечката меморија да се засади. И да, лошо е да преовладува незнаењето и незаинтересираноста. Никаков прогрес, никакво движење, макар и во круг... И навистина: "One day baby, we'll be old and think of all the stories that we could have told"

    Елан и живот сакам; за љубов и радост живеам.

    :sun:
     
    На Moira, la-chicka, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.287
    Сме пораснале кога место да криеме работи со страв од нашите родители кога прави беља и при тоа се молиме да не не дознаат,преоѓа во "па не,не им кажувам да не се секираат". :D
     
    На Hipster, Moira, anabel-a и 11 други им се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Најпрво да се заблагодарам на tessie и Serafima
    кои бар за миг ми помогнаа да не гледам толку црно на некои мои маки гушка и бакнеж за двете :hug: :*
    Инаку сакам да кажам дека секогаш се трудам да издржам во најтешките моменти,но ете за миг и јас знам да подлегнам на шамарот кој знае да ми го лупне животов.Сепак нема да дозволам да бидам полна со деструктивни мисли.На крај на краиштата животот е тркало неможе секогаш да си горе нели?...Па затоа Rici.aaaaa главата горе и пркоси му на животот....секогаш беше победник...не дозволувај сега да клекнеш на некој проблем кој мудро ке го решиш...Некако си влеав позитивна енергија но најмногу благодарност до вас две...убаво да ве има човек за пријател
     
    На Serafima и tessie им се допаѓа ова.
  9. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Добро, ти си најпамета од сите.
    Разбравме.
    Сега можеш да престанеш да ги навредуваш другите за да поставиш бариера меѓу тебе и нив. :!:

    Ми се повраќа од такви суштества.
    Самоуверени, лицемерни, супер функционираат во опшеството, а од нив чади иронија која се шири насекаде во воздухов, допира до сите.

    Па да, во право си, глупави се другите.
    Глупави се што дозволуваат индиректно да ги навредуваш (дури и директно понекогаш), а се уште да го бакнуваат патот по кој газиш.

    Ама, и ти душо не си толку паметна како што мислиш.
    Се пријавувам за доброволец да ти покажам дека тоа е така. ]:)
     
    На francais, anabel-a, Scar.Tissue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Имам три желби:Да заработувам пари без да работам,во школо се да знам а да не учам,да јадам а да не се здебелувам. :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Ете си ја поклонив душата пред својот олтар, си ги прегризав усните, си го пречекорив зборот.
    Сега сум со уште еден грев во куферот. Вината ми ја распарчува душата, само затоа што не чувствувам вина. Бездушна сум. Уште еднаш си покажав сама на себе. А за другите, длабоко во мене ќе ја закопам тајната, ете никој да не дознае. Никој да не слушне.
    И ќе го сторам тоа повторно, и повторно.
    Бидејќи душата ми е бесмртна, и бидејќи не се задоволува. И бидејќи не ја наоѓа среќата.
    И бидејќи сум човек-најклише изговор. Само има разлика, јас не барам изговор, бидејќи нема.


    Душата ми е заморна. Телото е весело, разиграно, хиперактивно, ама душата ми тлее.
    Ова нема да трае долго.
     
    На Moira, kravce и lunicka им се допаѓа ова.
  12. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    10.412
    Значи не толерирам кога луѓето незнат да кажат БЛГОДАРАМ!Кафето пред нос ќе и го донесат ,а она едно фала не знае да рече.Мислам кој е твојот проблем?Никој не е должен да го трпи твојот „облачен„ден :!: .Неможеш твојата „култура„ да ја покажуваш кога тебе ти одговара :fubar: .Закон според мене е да кажеш БЛАГОДАРАМ :lol: .Трпам ,трпам ама кога ќе ми пукне филмот :devil:
    Те пратам извесно време ,гледам дека зборот благодарам не припаѓа во твојот речник.
    Мала што се замислуваш, а?
    Извини ама морав да изреаѓирам така и затоа реков:Знаеш се вика фала :tmi:
    Да ви кажам вакви примери ѓи има многу.Луѓето се премногу неблагодарни.Не е работата да се каже благодарам само кога ќе ни направат некоја услуга.Од мала насмевка и едно БЛАГОДАРАМ нема да ни се изедат усните ;)
    П.С:Благодарам што ми го прочитавте постот :) ;)
     
    На Someonespecial, Divinebutterfly и Serafima им се допаѓа ова.
  13. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Другарка ми има алергија, ми ја немаше денес нашколо. Во еден здодевен момент се тргнав настрана, седнав во последната клупа, го наметнав палтово врз рамењава и како кученце само посматрав. Многу тешко ми падна.
    Да ви ја опишам сликата: Оние деца на кои родителите им овозможиле по пристоен живот, пристојна облека, модерни телефони, седеа в круг. Се снимаа на телефонот, се глупираа до пескрај. На моменти ми идеше од главата да им го скршам. А од страната имаа и публика. Оние дечиња кои се од село и кои немаа толку модерна облека и најнови мобилни телефони седеа настрана и со тој невин детски поглед посматраа. Верувам дека нема човек кој не го знае тој поглед. Тоа многу ме погоди. Тие мораат да го чекаат автобусот до два часот надвор, без разлика на временските услови. Се враќаат во темно, сега е подобро бидејќи е потопло времето. Тежок е овој живот, дури уште од сега, уште толку рано почна да не каса, барем некои од нас. За гревче е. ;(
    Ама не, оваа наша мала општина мора некако да се крене на нозе. Мора да се изнајдат некои решениа. И нема да гледам за возрасните. Сакам прво да се решат проблемите кои ги имаме ние учениците, особено децата од село и нивниот превоз. Се надевам новиот ни градоначалник ќе се свести. А ако не, ќе пишеме писмо со класнава. Па Хеп да не се викам! Неможе вака во место да си тапскаме и да се правиме како ништо да не се случило, не иде.
     
    На OneDirection и encimenci им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.287
    Убаво е некој да ти се посветува...АМА, жени што се толку досадни за внимание и цело време мислат дека треба некој да ги думка у раце пошто немаат попаметна работа у животот, НЕ СФАЌАМ! Глупи сте и досадни,а пред се неисполнети и без интегритет. Ако једино ве прави среќни мушко внимание,онда вие не сте жени,девојки, вие сте лигли!
     
    На Monna.Monna, sadangel, Johny и 9 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.690
    Допаѓања:
    22.872
    Пол:
    Женски
    Трчање, мојот нов лек за ослободување од стрес. Прекрасно чувство.
     
    На Moira, kravce, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    :(
    [​IMG]
     
    На Someonespecial и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не сум светица, не се ни обидувам да бидам. Баш напротив, јас сум личност која ненормално многу греши.

    Ама, искрено, еве нај искрено од срце кажувам дека секогаш ама секогаш доколку сум повеќе спремна по некој предмет на факултет(и во средно) и да ме праша некоја другарка дали имам време да дојде дома да и објаснам, без мислење велам да.

    И сега, дојде време да се најдам јас во нивна ситуација и ај као немале време, не можеле дрн дрн и веднаш гледаат да избегаат од темата.
    Грев е, греота.
    Мајка ми ми вели постојано, не ти дојде паметот уште откако во основно ги решаваше тестовите на "другарките" околу тебе а секогаш те оставаа на цедило. Па нема да ви го земам знаењето бре...
    Ех Господе..
     
    На Hipster, la-chicka, Springy и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Сите таксисти се во Скопјево толку расположени за зборување и покрај тмурното време како вчера тој што ме возеше или се погодил овој од ретките? :D
    После факултет надвор врнеше(онака примамливо, значи не паѓаше силно дожд) и си реков и покрај тоа што немам чадор ќе одам пешки. Секогаш кога ја носам поголемата ташна чадорот го носам во неа, ама овој пат баш се погоди да носам друга помала чанта и во неа не ми го собира чадорот. И ајде, се решив ќе одам пешки, нема да чекам автобус(зошто скоро секогаш си одам пешки од факс до дома и обратно, обожавам да пешачам, а и здраво е, така да, да се движам пешки ми одговара) информација плус е тоа што секогаш до 7ми спрат последниов месец почнав да се качувам по скали, па дури и по нив слагам место со лифт, освен кога носам некој тежок товар ко куфер или некои потешки кеси. :emo:
    Е сега, да се навратам на муабетов, како што си одев јас вчера вечер, одма после еден километар се покајав што сум тргнала пеш, зошто времето *немногуврнежливо* ме излажа и почна посилно да врне и да ме кваси, па за кратко време бев направена ГУЛЕ :D ајде не баш, да не претерувам, ама бев бааѓи водена. Си продолжив да одам и секако врвам низ гтц и на крајот имаше како секогаш кога врне едни што продаваат чадори. Застанав, ми кажа дека еден е 100, друг 150, а третиот 200, го гледам и си викам до сега кога дојдов пешки без чадор, ионака се наврнав ќе си продолжам без него, а и да дадам 100 денари за него, одма после или ќе ми се расипе или во краен случај можам да го заборавам некаде, па исто како да не сум го купила и си правам пресметки, ако си фатам такси, ќе платам приближно како да сум купила чадор, па исто ми се фаќа. Понатака, си фатив такси на 10 минути до дома со кола, 20-25 мин пеш и си влегувам нормално како секогаш, му викам здраво на таксистот и му ја кажувам дестинацијата. Едно влегување ми вика: "Ти се се наврнала, како една претходно што ми дојде блаблабла" и почна нешто да ми кажува, а јас од што бев занесена не ни запаметив од што ли му се жалела претходната муштерија :lol: . Таман што помислив дека додека стигнеме ќе уживам во тишината, застанавме на семафор, а тој целиот насмеан, почна да ми зборува за чадори како небиле квалитетни и како татко му уште од 1948 година од Германија донесол чадори и до ден денешен си биле како нови, за разлика од кинеските, па почна да кажува како Кинезите правеле многу неквалитетни работи, се тоа со насмевка, богами неговото расположение му пркосеше на тмурното време, иако ми се пожали дека многу мразел кога врнело, дека прозорите од колата му се правеле со капки и многу луѓе место да чекаат семафор-претрчувале на пешачки.
    По втор пат, таман помислив дека завршил со зборување, почна да ме прашува дали сум слушнала за таа фризерката што продавала станови и што успеала да излаже многу луѓе, меѓу кои и познати личности. Ми рече дека требало тој со колегите да станат фризери за да заработеле пари како неа и дека требало да и се даде орден што успеала таа будала, да излаже луѓе кои очигледно биле побудали од неа, требало да се награди што била толку сетена да заработи толку пари на таков начин. :!:
    Само му реков да, да, и си помислив дали еднаш ќе излезам од таксито зошто стварно не ми се правеше муабет вечерта со него, не посебно за актуелни случувања од вести, се што сакав е да стигнам побрзо, да се пресоблечам и да се одморам зошто бев капната. :fubar:
    Не знам дали беше инспириран од врнежливото време за зборување, мада нема ништо инспиративно во него, освен желба за фаќање добра позиција во кревет и читање на некоја добра книга, ама ете, човекот си беше разговорлив, а јас му ја прекинав тишината и му дојдов како порачана за муабетење, ако ништо друго, освен неколку кратки реплики, барем го слушав, а тој си се искажа. :)
    Таксистите исто како фризерките, можат да се изнаслушаат секакви приказни од најразлични луѓе, ама и обратно, и ние муштериите можеме да се изнаслушаме се и сешто од нив.
    За крај, ептен ми беше филмски да одам така по дождот без чадор, улиците празни, мирисот на дожд и звукот на неговото паѓање одекнуваа, додека јас си правев филмчиња во глава како сакам да пробам бакнеж под дожд, значи уште некој ми фалеше до мене за тоа да се исполни :P
    :hai:
     
    На VIN.diesel и pamelche им се допаѓа ова.
  19. la-nina

    la-nina Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    27
    СДК дека оваа недела сум преоптеретена со многу учење, сите ставаат оценки се наближува крајот на третото тромесечие :devil:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... безличен ден, во кој спасот и насмевката дојдоа сосем неочекувано - со една торта. :D
    Значи 3 пати рече девојчето (забележувате како гуска бројче еден :?: ја унапредив во девојче? Ја гледате ли моќта на чоколадната торта драги луѓе?) :D
    Значи каде бев... да, три пати нѐ покани, овие за заблејале во мониторите, како Марија да дели гратис Бонукс.
    Па си станав и си отсеков парче, кое мислам дека ми имаше ефект врз телото, како nos бустерот на колите во Fast&Furious.

    Ми доаѓаше до таван да скокнам, или во најмала рака да ја бацам двапати в образ за таа вкусна торта. Го чувствувам уште вкусот на темното чоколадо и потпеченот крцкав бадем и мед, инстантно ме расположила, освежила и насмеала.

    Ма дајте им на луѓето да јадат торта, и онака се прејадоа го*на!
     
    На Micheleljubov, bittersweet, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.