Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Си слушам пласибо ,грицкам црна чоколада,лакирам нокти во светкаво тиркизна нијанса ,и размислувам да се ставам на диета.Три,четири килограми повеќе,стомачето ми ѕирка од маичката со кравичка.ДЕнес така и се осеќам како кравичка со фенси маичка <смајли што трепка> .Чепкам низ пинтерест ,гледам тетоважи летово мора да се шкртнам.
    Ми се паднаа две шољи во кафе,под среќна ѕвезда сум родена .Сериозно размислувам да почнам да играм лото. :wasntme:

    Пласибо ви посакува пријатна вечер .
    http://www.youtube.com/watch?v=QSvkfy3ddrk
     
    На Trnche, kravce, Springy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Значи наставнициве немаат осет!Секој ден писмена,тест,испрашување!Аман,ми се одмили школото веќе! :@
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.711
    Пол:
    Женски
    СДК дали, според времево ,да ја китам елката или да купувам боја за јајца :^)
    Ајде пролет покажи се во вистинско светло,ме убија коскиве од болки.
    [​IMG]
     
    На Moira, kravce, CoverGirl10 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Деновиве ми се прекрасни со уште попрекрасни луѓе.Вчера стекнав нови пријателства со прекрасни девојки од кои што може да се научи многу и шират позитивна енергија на секое.Се чувствував ко цел живот да ги знам,некои се дел од ова наше катче и навистина ми е премило што ги запознав.Тие се сите различни,а сепак многу исти.Сите сакаат да се љубени и да љубат,сакаат да успеат во животот и покрај се се борат и живеат.
    Денеска повторно средба со моја мила најдрага личност со која што не сум се видела подолго време и двете бевме пресреќни на оваа средба.Си ги споделивме нашите мисли,чувства,слатки љубовни маки,се разбираме една со друга премногу бидејќи се наоѓаме во иста ситуација и навистина ми е мило што ја имам во својот живот.Среќна е и навистина ми е мило за неа,целосно е исполнета и сакана.
    Среќна сум и јас покрај се што ми се случува во последно јас сум среќна што живеам,чувствувам,сакам и сум сакана,а покрај себе имам прекрасни души. За жал и покрај се има една црна дамка над нас која што не дозволува да се порадуваме на среќата,цело време нешто ко да не демне,но не се предаваме знам дека се ќе биде добро,мора да биде добро.Животецов е навистина чуден,но што е тука е сепак ние мораме да живееме ,бориме,издржиме се што ни следува.Никој не знае што ќе ни донесе утре,но сепак мора преминиме преку се и да кажеме Да, Јас успеав.
     
    На Moira, elena.mak, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Ме опљачкаа во теретана...Едно иљадарче... :doh:
     
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Назад во реалноста...Има веќе неколку денови како народот е поделен на ваши и наши,жално,жално..

    Со чудни симптоми кои веќе одамна ме мачат ми поминува и овој ден,не е било каков период туку пмс,а лошото е што одамна ме измачува.
    Веќе одамна луѓето ми се чудни,ниту можам да ги разберам ниту можам да кажам до која крајност се подготвени да отидат за да си ги излечат комплексите и да си го наполнат сопственото его.

    Не ми се прави ништо,денес цел ден не успеав да функционирам..Крива сум си самата.
    Крива сум заради тоа што на некои луѓе не им дадов шанса,затоа што им ја затворив вратата уште пред да тропнат на неа.
    Ќе гледам да се поправам во врска со тоа..

    Демек имав многу за кажување ама изгубив желба за пишување..
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.312
    Допаѓања:
    158.279
    http://off.net.mk/bavchi/jana/femminizam-2013

    Денес кај мене на фб го споделија сите "мажи" кои никогаш во животот немале секс,а имаат по 27 години. Мислам,стварно никогаш немале секс. И такви кои се фиксирани за цицки,цицки,цицки и исто немале секс. И сите мажи кои не почитуваат жени,a имаат сестри,мајки кои не ги почитуваат. Ах и еден таков што ми се местеше за дечко, сега па уште и го споделува за да се пронајдам,зошто ми замеруваше зошто премногу сум сакала од животот, читај сум сакала да се образувам. А типот, патеше од хроничен страв дека жена финансиски ќе сака да го исцрпи. Епа сега бате, не ја пушташ да се образува,а нејќеш ни да ја издржуваш. Па смее ли да живее?! И исто...никад немал секс у животот со над 25 години. Не ме ни изненадува.

    А оваа умницава... нека бапне еден кисел курац (извинете што морам вака да се изразам,ама одвратна ми е) у уста и нека ќути. Не знам, можеби пошто е толку јака треба да оди да живее во некоја земја каде што сечат клиториси за да ја доживее поентата лично. Ама изгледа премногу му го точка на Трендо штом толку ја поднесува на сајтот. Никој не се расфрла со истото наоколу, само она го доживеала прелично што има веројатно поуспешни од неа повеќе од шашливата колумна,па да си каже збор-два како ја иритираат,а до тогаш ќе ги причи усните по слики пошто е она .... длабока.

    МАРШ!
     
    На Edie.S, bittersweet, elena.mak и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Небото плаче плачам и јас...некако си се поклопуваме со расположението... момент на слабост толку многу ми недостига мамичка ;( ;( . Колку е само тешко да живееш без мајка и без поддршка... сам да се бориш,да паѓаш по незнам кој пат трудејки се сам да продолжиш...Само безвезална борба која ми создава горчина,и еве хаос ми е моментално животот..надојде така ненадајно како дождот а јас се раскиснав чекајки да преврне,плачеме заедно со небото,со надеж дека ке не огрее сонцето еден ден. ;( ;( .Една неволја по друга ама пак продолжувам што можам друго... ;(
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Све дур постојат шоуа од типот на Велики брат, и продукции од типот на Емоушн продакшн (ако добро сум сфатила) што ги плаќа оние „учесници“, Балканов нема да има светла иднина. И можам само да изреагирам:
    [​IMG]
    вака.
     
    На Marjan007, sweet-star, Miss.Ricci и 7 други им се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    17.255
    Кој ли знае шо ми е.
    Го читам ова, го слушам и солзи ми навираат, ме лазат морници.
    Ах, бе...
     
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Што ли нема да видам? Девојче од 12 години на 43 килограми сака да ослабне? :fubar: |(
    Не разбирам зошто се толку преокупирани со нивната тежина, сосема безпотребно.Знам такви се нашиве тинејџерски години, али на 43кг да ослабне?? :?:
     
    На Dog-lover и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Упорно трчам а чувствувам како ништо да не постигнувам,и не знам дали денес ми е поголема болката во мускулите или збрката во главата.
    Лошо е кога ќе те научат како секогаш насмеан,па мораш да се смешкаш кога најмалку ти е до тоа а само ми доаѓа да вриштам на цел глас..не од тага од бес.Буквално.
    Се исцрпив целосно ,и умствено и физички...Надајмо се дека се исплати :)
     
    На pamelche и Monroe им се допаѓа ова.
  13. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Зошто само мене ми е вака? :?:
    Зошто? Зошто? Зошто? Зошто? Зошто? :worried:
     
  14. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    јас имам 45кг и планирам да се здебелам 2-3 килца ама тешко некако.. :D а не пак да ослабам некам анорексична да сум :|
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    што ке беше ова :x
    решив малку да се опуштам со црввено вино, од партија анганжмани пак трчај ваму-дреми ко будала за да дојдеш на ред-не ме оставаат на мира :!: онаму и уште дознав како Миле Јанакиевски и кажал на директорката на Паркинзи општина центар дека сум била исплашена-па како нема да бидам таа да беше на мое место во 3 и нешто наутро, папсана буквално, ти се јавува еден од министрите и те прашува за записникот-ко некој да ме поли со ладна вода бев :lol: и уште сама ме оставија да реферирам што и како се случувало-ни претседателкаста на кимот, ни заменикот, ни некој од членовите-сама буквално
    со еден куп прашања нејзините соработници што и како било и утре пак анганжмани :x
    а прееска кога одев за накај првиот анганжман, не можев да ги движам нозете-дури сега го чуствувам преморот :worried: дефинитивно ми треба масажа :!:
    најдобро да се изолирам од се и од сите и да си побегнам во планина :rofl:
     
    На sesilija и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Оваа вечер никогаш нема да ја заборавам.. Денес бев на роденден на една другарка, колку ми е мило за нејзе и таа наполни 14 :) Кога ке ми текне, се запознавме кога имавме само 6-7 години, толку брзо мине времето.. :| Но да се навратам на тоа што сакам да го кажам, седовме што седовме и станавме да си одиме дома, и сега по патот одевме 3-ца, јас, една другарка и другар, и тој нас ке не испракал, незнам што. Ја сипративме другарката и останавме сами двајцата, иии по пат како некој утки одиме и во земја гледаме, ни на него нему текнува да презбори а мене глупо ми е само јас да зборам, и неможев веке да издржам и почнав да му зборам, и конечно се разброевме почна да росе,но никој не носеше чадор, одеме двајцата и цел пат го наговарав па одиме од едно место што ем мене ке ме испрате повеке од пола пат, ем да не одам сама да има кој да ми прави муабет, сепак во моја корист од секоја гледна точка :lol: ама овој инат, никако да го наговорам, и така како што му зборев и наеднаш му кажав „ДУШО“ :o :tmi: и ми требаше 5 секунди да ми текне како сум се изглупсала бред него, и одма вадење, дека со другарка ми „се викаме“ така :tmi: И овој ништо само се насмеа и вика „Е шо другари сме нели??“ и јас „А, да да..Ама замисли некој да чујал и после муабети ке изваде, а убаво знаеш дека тоа најмногу го мразам.. „И тој „Абе уживај другари сме ;) “ и мене камен од срце ми падна, стварно многу непријатно ми беше пред него, ама искубав опаш.. И сега помина тоа и требаше да се разделеме, неможев да го наговорам да оди од таму дека што сакав |( и се разделивме. Како што одев сама по улицата, наеднаш почна да врни дожд. Почнав да одам бавно, а дождот се посилно и посилно врнеше, едноставно ги затворив за момент очите, се насмевнав, во мене почуствував некој мир, среќа, продолжив да одам. Одев пополека по тротоарот и со голема насмевка на моето лице, се загледав во некое место и продолжив да одам. Како што одев, видов дека сум стигнала дома, стигнав дома се истуширав и еве ви пишувам, дека ова никогаш нема да го заборавам :)
     

    Прикачени фајлови:

    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Oд сите глупости по веков и светов, уште Ава Карабатич ми фалеше да ми го зачини секое поминување на Сител |(

    Е тоа сакам да кажам. Ми се смачи од глупи поглупи емисии на Тв. Дискавери веќе го меморирав на 4 канали. Ко што му ја тргнав, чинам ќе го меморирам на сите 80 :geek:
     
    На Micheleljubov, sweet-cherry, AnaKarenina и 6 други им се допаѓа ова.
  18. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    еих, како да не бел ден неможеш да видиш |( :^) дај не се трескај, и јас учам во орце и секад имам слободно време, а имам една-две четворки само !!
    Па нормално дека нема да имаш време за спиење кога искачаш до 1-2 саат вечер !!
    Вторник или среда не, ама петок и четврток за што се ???? бог да чува, чудни луѓе има о-хоооо.... :| |( :x :
     
  19. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Неможам да ја поднесам вторава смена во школо :swear:
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Ми се згади од ова што го видов.
    :puke:

    Нели на фејсбук кога некој лајкнува нешто, излегува тоа во њузфид, и гледам слика на една рибетина, абе стегната, со цицки, газови, со се' по процедура и список, стандард купаќи гашти слика, стандард полугола слика. И нели коментари фрчат, ваква си, таква си, најјака, сите суперлативи и префикси и суфикси ставени.

    Ми падна во очи како еден дечко дава недолични коментари, искрено, немам такви фаци на фејсбук, ама ако имам некој од негов тип би го избришала во секунда без око да ми трепне. Нема веза, типов го гледам како го задева девојчето, става јазичиња :P , бакневчиња :* , срциња :inlove: ... Викам па не е можно на секоја слика тој да е, што е поентава.

    Луѓе му го отворам профилот, што да видам. Ми идеше да му акнам една преку монитор, значи ми се згади од него. Дечкото да ти бил маж, мажиште море, со две прекрасни дечиња и преубава сопруга. На профилот преовладуваат слики од алкохол, како некој ,,шмрка,, , стандардни и сеприсутни коли и мотори, мрсни вицови и шали, сликичиња од 9гаг, стриптизети и медицински сестри и докторки и и и ...

    Добро бе мајка му стара, добро бе. Биваше ли толку да е без осет? Жена му фантазија, држеча, негувана, одржувана, на солидна позиција, лепотица. Децата бонбончиња, исподотерани, налицкани, да ти е мерак да ги гледаш. Или е овој супер-дупер татко и сопруг кога не е на фб, или глуми така добро пред неа, или ја блокирал на фб (не знам која сопруга би сакала сопругот да го прави тоа што овој прави, верувајте се запрепастив) или таа го трпи и јака и душа.

    Да не ме сфатите погрешно, фб воопшто не е место за покажување на тоа колку е некој среќен и задоволен од сопствениот живот и семејството и љубовта и пријателите. Не треба сета каша таму да биде, не викам да има 13 албуми со децата, ама па до толку бе без осет? Ама да пишуваш коментари на девојчиња што можат ќерки да ти бидат, веројатно и да комуницираш секојдневно со нив, па слики, па некои ау-уау песни, ама, ама, АМА! Не е тоа нормално, жими мене, не е нормално. Не е нормално ни во врска, камоли во брак со деца. Што прават бе луѓево, имаат ли памет во тимбата? Или зимај си жена и прибери се, или не се жени, не е ништо под присила во државава.

    Дајте бе средете се, срамота. :puke:
     
    На 1209, Monna.Monna, imelda и 43 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.